@malecka89 на Луци постот не се однесуваше на тебе. Ти не си мала за да не знаеш што сакаш. Едноставно помири се дека не сака да продолжи со тебе и готово. Мајка му ако се умешала таа не виновна за распадот на вашата врска. Како може мајка да му делува на возрасен изграден маж. Ќе го преболиш лесно, а потоа ќе си се смееш сама на себе колку си била глупава. Не го барај, а најмалку да му одиш на работа. Ужас.
Па му се јавив и он рече сам сум денес на работа дојди ако сакаш ќе разговараме а и плус да ми измиеш садови. И кога отидов разговаравме и увиде дека не му се покорив за да му попуштам и да си игра играчки. И ми се јави во исто време брат ми да праша дали сме се смириле и брат ми разговараше со него. Некако чудно изреагира и рече оди си или ќе ти викнам обезбедување. А постојано ме викаше да му мијам садови на работа кога колешката негова не беше таму.
Батали девојче. Колешката нека му мие, нема ти што да одиш таму. Те викнал само садови да му миеш, а не за разговор.Гледаш и самата дека не оди меѓу вас, свесна си дека сте на различна бранова должина и пак удираш со глава во ѕид. Поштеди се себе од поголеми стресови, а верувам дека периодов ти е стресен. Ќе помине ќе преболиш, треба време ама подобро сега отколку подоцна.
И покрај тоа што ме викна на работа, не требаше да му отидам. И секогаш за миење садови. Толку е глупаво тоа некој да те вика за тоа. Па беше мамино галениче, кажуваше дека и мајка му влијаела на претходните врски. После се ми кажа дека на претходната и раскинал затоа што требало да се дели имот на 4 дела, дека она имала имот и сепак мајка му сакала девојка со имот. На крај сватив дека он бара девојка без мани и со имот. Одлуките негови за било што зависеа од мислењето на мајка му (за купување моб, за менување на работно место). Жалосно.
Нема преболуење сега,готова си. Барај си манастир за замонашуење. Де бе шо им се замарате на дечковците толку ко цел живот од нив да ви зависи? Олабаете се малце.
Два дена откако раскинавме..... ме изневери. Заедно бевме скоро 1 година..... не можам да се соберам, по цели денови плачам, не можам да спијам, не можам да јадам, не можам да учам, не сакам ништо да правам. Се потешко и потешко ми е.... Што да направам.... кога ли ќе помине оваа болка?
Како да го преболам? -Некои се фрлаат од мост во Вардар -Некои се фрлаат на пруга -Некои сечат вени -Некои си го сечат Но ти немој такви работи, фати си друг одма.
Нема правило и нема брз лек. Освен ова: не поттиснувај, не се залажувај дека си океј. Те повредил, оставил, ватевр, имаш право да не бидеш океј. Малку одмори се од се`, но не се запуштај ни физички ни социјално. Една бонбониера is an order во вакви ситуации но, само еднаш тоа. Исплачи се убаво, крај краева прати по некоја срцепарателна порака, па излажи дека пијана си била битно испукај се гајле ти е. Ова не го препорачувам, да се разбереме, на шала го реков, но многу од нас го имаат направено и/или им го имаат направено и кога више се десило не е нешто ов а биг дил. А и да се усрамиш, супер, причина повеќе што ќе те тера во таква кревка состојба да се држиш на страна од него. Е после избегнувај ситуации во кои ќе го видиш или ќе сте сами и сл. По некое време, тој труд ќе се измеханизира и ќе стане рутинска работа и нема толку да те боли. И по некое време (времето зависи од интензитетот на чувствата, развиената блискост во меѓувреме и сл) ќе почнеш да го гледаш 1) како странец, 2) како човек со којшто те поврзуваат само убавите спомени а лошите се длабоко некаде закопани. Моите преболувања така викаат сеа. Може сум грешка. И ондак то.
Секогаш кога ми е тешко плачам и да полесно ми е. Ама овие 3 дена ми се кошмари, како ли ќе издржам. Не можам ни да учам, ништо не можам да правам. Иако цел ден се трудам да не останам дома, доаѓа вечер и тогаш заспивам плачејќи и се будам со мисла дали и денес ќе плачам?
Малечка89 леле колку мразам кога некој ќе дозволи во врска да му се мешаат мајка, татко, баба, комшијаа ... ? Викаш дека сакаш сериозна врска, ако тој сега дозволува мајка му да се меша голема е веројатноста дека и во бракот ќе ви се меша, отвори во темата снаи и свекрви и прочитај како изгледа тоа од прилика. Се гледа дека е мамино галениче и дека без мама тешко му оди. Со одењето на работа најискрено си претерала, макар и тој да те викнал. Помири се веќе еднаш со факотот дека сте раскинале, не сте заедно и така ќе ти биде полесно да го заборавиш.
Секое прекинување боли, без разлика дали е тоа прекинување на некоја љубовна врска, некое деловно партнерство или пак пријателство. Тоа е едно од најтешките искуства во животот на секоја индивидуа, затоа што во тој однос можеби сте вложувале премногу, сте се труделе и сте давале сè од себе, за да на крајот сето тоа да пропадне. Меѓутоа, важно во животот е да знаете кога да продолжите понатаму и кога е време да почнете да се грижите за вас и да почнете да се поставувате себе си на прво место. Секој почеток е тежок и не оди на сила, туку поминува низ одредени фази. Фаза: Лутење, бес и чувство на изневереност Сте вложиле премногу време во некоја врска, пријателство или во кариерата за да на крајот да се соочите со прекин, па затоа не е ни чудно да се чувствувате изневерено и повредено. Можеби сте споделиле време од најдобрите години со некој кој што не знаел да ве цени. Веројатно е да почувствувате негирање, лутина и депресивност пред да бидете подготвени да прифатите дека навистина е крај. Наместо да се обидувате да ги потиснете тие чувства обидете се да ги прифатете и да научете да се носите со нив. Ако не успевате во тоа, побарајте помош од најблиските или од некој психолог. Во тој момент потреба е искрена помош за да можете најпрво да се соочите со состојбата. Фаза: Свртете се кон иднината Размислувањето како „што би било ако би било“ не е ни малку корисно и наместо напред ве носи вас назад. Минатото не може да се промени, а единствено на што можете да влијаете е сегашноста. Признајте си самите на себе дека тој однос ве повредил емоционално или финансиски. Колку тоа порано го направите, толку побрзо ќе отидете напред. Фаза: Работете на ново „Јас“ или нова конструкција на смислата на прекинатиот однос Бесот, тагата и чувството на повреденос ќе поминат, но како и за сè во животот треба време. Процесот на подобрување ќе трае сè додека не се ставите себе си на прво место. Најдете време и посветете се на активности кои ве радуваат, за кои до сега сте немале време да ги правите. Наоѓањето на нова смисла на искуството или работењето на своето ново „Јас “ ќе ви помогне да се ослободите од стегите кои сте ги имале во врската, на работата или во друштвото. Фаза: За простувањето треба време Најважниот чекор во новиот почеток е простувањето. Обидете се да си простите самите на себе си и на поранешниот партнер, пријател или пак колега, затоа што огорченоста сама по себе ќе ви влијае негативно и ќе ви прави пречки во вашиот натамошен напредок. За простувањето треба време, па затоа немојте да се обвинувате ако не го направите тоа во брзо време (неколку дена по самото случување), но имајте на ум дека и другата страна најверојатно во границите на своите убедувања ќе се бори со своите грешки. Фаза: Нов почеток Во оваа фаза вие го прифаќате фактот дека е крај и сте успеале да простите. Сега дури ќе разберете дека во вашиот однос имало и добри и лоши моменти и дека е најдобро секој од вас да тргне по својот нов пат. мислам дека ви помогнав
Лесно е да читаш вакви работи или да слушаш некој да ти дели совети ама ајде направи го тоа да те видам. Не е така лесно да се придржуваме до некои си правила. Процесот после раскинување си го минуваме на свој начин и тука мислам дека не може да има влијание текстов погоре. Зошто? Затоа што тој процес зависи од тоа кој е тој што раскинал, има разлика ти да оставиш и ти да си оставена, зависи колку време траела врската, зависи од интензивноста на љубовта, зависи од причината за прекин, зависи од карактерот на личноста. Јас тој процес два пати сум го поминала и тоа на различен начин заради тоа што различни беа причините што ги наведов погоре. И на вакви совети не се придржував.