Пријателчиња ми треба едно мислење ,идеја. Излегов од едно годишна бурна врска.Со кавги. Пред еден месец . Тешко за почеток но навика . Последниве денови почнавме ненадејно да се сретнуваме и направивме договор за кафе. Додека го пиевме кафето ми кажа дека терал живот. Журки забави.Толку тешко го поднесив тоа што ми наврнаа солзите ,па станавме и отидовме на страна за муабет. Најпрвин ми кажа дека има друга и не можеме да сме заедно повеќе но потоа рече ме тестирал безврска. Не можејќи да издржиме се изгушкавме и бацивме толку силно. Си отидовме по дома вечерта ме побара да ме слушнел на кратко. Наредниот денешен ден ми се јави на телефонот да ми пренеси дека разбрал оти сум имала пишувано со некое дете а не ни имам излезено со него обично пишување. Ме изнавреди и ми рече дека не излажил дека навистина имал друга.И жалосно било за таа другата што веќе еднаш излегол со мене. Го проколнувал денот кога ме запознал.Веќе се распаднавме но тешко ми е..Не збам ни што да очекувам дека ке ми излезе со таа некоја пред мене..Залудно е се а во голена заблуда .
Кога едноставно човек забележува дека нешто не оди кон добра насока колку и да е тешко мора да се прифати самата дадена реалност дека потребната "хемија" за една врска ја нема и колку и да се труди човек и да се треска упорно со глава в ѕид кога не бидува не бидува. Зборот ми е дека со сила убавини не бидуваат девојче мило. Не е изговор лажењето за другата и пишувањето со друг за да опстане една врска верувај, врската се гради со многу љубов, почит на туѓите чуства и обостраната доверба, а ваквите дриблања од ваша страна ништо нема да спасат, туку можат само се повеќе да ве дотуркаат кон дното на взаемната пропаст. Да така помири се со ситуацијава и со врскава дека едноставно не ве бидува за да бидете заедно и продолжи со животот, верувам дека си млада и доволно паметна да си најдеш друг со кој ќе се чуствуваш среќна и ќе бидете на иста животна фреквенција, не си го губи времето со ваков тип бидејки автоматски на овој начин си ја губиш и твојата среќа низ младоста. Дај си шанса и време да ја запознаеш вистинската љубов.
Ваки на вас да ви каже драги мои,повредени женички и девојчици Сите мажи функционираат на ист принцип,додека се у врска со особа шо ги сака и се грижи за нив они се свесни за тоа ама не го ценат,си викаат ај бе ме сака оваа шо морам да се трескам од земја. После раскинувањето сите мажи искачаат се журкаат глумат џек паланс као ЧАО ТУГО ПРЕБОЛЕО САМ ТЕ ајде бе мајката,колку сакаат нека си ги дистанцираат емоциите,ама одвнатре ќе се јадат само. Еден ден ќе се вратат сигурна сум,зошо секој маж се враќа кај искрената жена што му подарила љубов и убави моменти.
Ми треба совет.. Заедно бевме скоро 3 месеци со дечко што на почетокот воопшто не сакав да го гледам, не можев да го засакам.. Па покрај тоа мое однесување, тој едноставно се одтргна од мене, и се врати на бившата, па потоа и неа ја остави па се фати со друга.. Сфатив дека не ми е сеедно и дека го сакам баш тогаш кога се одтргна од мене, а не беше скоро, средината на Ноември... Одтогаш досега не можам никако да го преболам, не можам да ви опишам колку сум затрескана по него, ни како се чувствувам, ни што имам претрпено овие 6 месеци.. Ми има кажано да си барам друг, да тргнам по свој пат бидејќи тој веќе го направи тоа, ама не можам ете... Некој совет? Како да престанам да мислам на него, опсесија ми е..
Најлесно ќе го преболиш ако си фатиш друг. Тогаш и нема да мислиш многу на него. Секако дека има и други начини, но овој е најлесен.
Го сакаш само дека ти станал недостапен. Психа е во прашање. Речи си вредам повеќе него да се враќам на стари работи и насочи ја енергијата кон иднината.
Се чуствуваш така бидејќи те одбил кога си го побарала пак. Она што го посакуваш, а не можеш да го добиеш е всушност тоа чуство. Најдобро е да го заборавиш, и да фатиш некој друг.
Фрли се што те потсеќа на него , избегнувај места каде што сте излегувале заедно , не слушај срцепарајучи песни , биди нон-стоп нешто активна, шетај , запознавај луѓе, избриши му моб, избриши го од социјални мрежи , едноставно кажано сама направи да го снема. Додека он ужива во животот , не вреди да се уништиш . Да те сакал и да требало да сте заедни , ќе било .
И јас излегов од едногодишна врска пред некое време и многу ми е тешко. Претходната подолго траеше и и искрено не ми беше волку тешко. Претпоставувам дека е така зашто не го очекував раскинувањето. Знам дека имавме лош период, ама не мислев дека ќе се откаже така брзо. Се надевам дека ова чувство ќе исчезне по некое време. Цел викенд искачам за да не мислам на него, се надевав и дека ќе најдам некој друг колку да запознаам, за флерт, за муабет, за дејтање и не испадна ништо од тоа и сега сум дури и исплашена, како да уживам во сингл животот ако во исто време не можам да престанам да мислам на типов, а не можам да најдам ни некој за флерт? Што ако ова трае подолго време? Мразам раскинувања.
Де, чим ја не испуштив душа не му се секирајте па вие Имав долга врска, типт животот пекол ми го праеше, го сакав трпев и еднаш решив да ставам крај.Пеколни денови ме снајдоа, аве до девети круг стигнав..али накрај чистилиште ме пречека хахах шала мала , не ставајте све на срце лошо за вас, единствено сфатете животот е еден, вие сте најважни и уживајте колку можете.Дечковци има трпение - спасение.А ако не најдете сродна душа па здравје боје неоженет/немажен отколку статус разведен или вдовица. шала Лето е ајде ќе најдете нешто за занимација.
Еве веќе три години се трудам да го преболам но никако не ми оди, последниве 5 месеци контактираме и се повеќе и повеќе се навраќа во мојот живот.
Анаконда, сепак се зависи од тебе колку сакаш и колку се трудиш да заборавиш некого кој што не бил за тебе и не сте биле за врска. Подобро човек да се потруди да заборави и да избледнее со чуствата одколку со години да се навраќа на некого и на нешто што не вреди и што очигледно животот му се упропастува со дотичниот. Кога нешто не оди не оди а со сила убавина не бидува, подобро да си ја бараш среќата некаде на друго место обидувајки се да бидеш посреќна и поисполнета одколку да тапкаш во место со човек што знаеш дека нема иднина и дека едноставно хемија меѓу вас нема.
Во декември ќе бидат две години како заврши она нашето, не раскинавме на стандарден начин, јас дознав дека имал паралелна врска, девојка во неговиот град веќе година дена.. Тој ме молеше да се смириме, јас нормално го игнорирав тоа, го деактивирав фејсбукот на една недела и тоа беше последно од нас... Го немав видено една година, и овој декември го видов пак, на журка во Скопје со друштво.. На блиц беше, стоеше неколку метри пред мене и се направи дека не ме знае. Не знам, во моментот не почувствував ништо, само посакав да е ок и среќен, но после тоа со недели не можев да си ја извадам сликата од глава. И што знам.. Прва љубов ми беше, онаа според мене вистинска, ми беше многу тешко, месец дена од дома не излагав, неспиење или спиење со денови, нејадење.. После некое време почнав да живеам, но не бев истата јас, многу ме промени, буквално го немам истиот сјај во очите, пропаднато изгледам и се чувствувам и ден денес.. Го продолжив оној пат на кој бев тргната уште кога почнав со него, можеби и тоа ме докрајчи. После него, имав две-три кратки "врски" ,од кои со едниот најверојатно зошто ме потсеќаше на овој, ми тргна баш убаво, супер се чувствував, и накрај и тој ми го направи истото - паралелна врска. Тоа ме дотепа, и тогаш се обидов да сменам се надворешно кајмене - се ишишав кратко, се исфарбав.. Мислејќи дека така ќе го сменам тоа што го чувствувам. Него го преболев за брзо, запознав потоа префин дечко, и тој ме остави, можеби јас бев виновна, а и преразлични бевме. И покрај сите нив, јас никако не можам да го заборавам првиот. Не го сакам сигурно, но има оставено голема трага во мојот живот, и ништо со никој не ми е налик на она што го имав со него, не можам да се заљубам, и онака општо не сум среќна, не се зезам, не се смеам од душа како порано.. И се плашам, се плашам зошто многу време помина, а јас се чувствувам како времето да запрело уште од тогаш, и не сум се мрднала од истата точка во која сум била тогаш. Сакам да сум среќна, исполнета, амбициозна, да имам соништа кои ќе ги бркам во животот, да засакам пак... Но, како?
@anaja1 Ех, да беше така лесно. Пишав и во текстот, имав неколку пократки врски од кои од ниедна не испадна ништо добро. И уморна сум веќе од пробувањe, ако форсираш нешто посекако нема да се случи. Ама кај мене и спонтаниве врски не испаѓаат на арно...
Пушти брига на весеље што е твое ќе си дојде Ако еден 55 годишен човек вика така Ти си сигурно помлада Ти верувам дека е тешко,ама тоа е животот,успони и падови
Месец дена од дома не излегуваше ? Што љубов ќе беше ? Добро првата љубов не се заборава лесно ама со тек на време тоа што ги светнува очите се менува и сега пак да бидеш со тој првот ќе сфатиш не е тоа тоа. Врати му се ќе видиш сама и ти ќе го оставиш ако тоа ти значи нешто. По ова што го читам првиот баш и не се претегнал да се смирите ... постои нешто што се вика заљубеност во љубовта ми се чини тоа ти се случува. Убаво што си се ошишала ако си бунтовник, борец во душата затоа со финиот дечко сте биле различни ама мила фините се чуваат за крај, не лошите. Не го разбрам тој дел кога времето запрело и не си амбициона, амбицијата е зезната работа, порив од внатре што те турка кон нешто што секогаш не е среќа ама проклето исполнува некогаш, така што не жали мн за тоа, а од друга страна и не е ок без тоа зависи што си сакала да постигнеш во животот и до каде си со тоа. Можеш и сама да бидеш среќна и насмеана,сакај се малку себе си, а дечкото ќе си дојде и тоа тој што е за тебе. сама ако не се сакаш и не се почитуваш и цениш не очекувај од друг такво нешто. Ќе ти викаат дека си самобендисана и сл. тоа не е важно, важно е да знаеш ти што сакаш и да излезеш од таа летаргија какво неизлегување од дома за дечко, ни под точка разно такво нешто.
А девојче кад се сетим што викаат хаххаха излегувај од дома и уживај ама со граница, на кратко јаже држи се, будалче преубав е животот посебно младоста и слободата.