Тогаш кога раскинавме бев четврта средно, и ми се поклопи со зимскиот распуст, + на тоа што не се дружев со многу луѓе тој период, и 2-3 недели буквално сама седев дома и гледав филмови, ич волја немав за ништо. Пред дечково одев со еден неколку месеци, и мислев дека никогаш нема да го преболам, нели но ми помина за некој месец. Сега ми е смешно и слатко кога ќе се сетам на тоа. Но, за ова ама ич не ми е после две години.. Тоа ми е страшното. За излегување, ехее до пред месец-два 24/7 дома ме немаше. А за амбициите, мрднав малку од место, се одлучив за промена на факултетот, сакам некои други работи да сменам, ама тешко оди. Не е се до мене. Ајде, да не те давам и јас, фала ти мила..
Јас да сум ќе му се вратам баш да видам што е тоа после толку време што ме држи за него, постои тоа навистина или тоа се само импресии од некогаш што останале како силно сеќавање
@blueeparadise само нов дечко може да го избрише тоа од порано. Не мора да се работи за сериозна врска, една кратка авантура може да смени се. Кај мене успеа. Продолжи да излегуваш и да се дружиш, еден ден ќе го сретнеш тој што треба да го сретнеш.
значи луге подолг период не сме заедно ме има мн повредено навредено....ама јас не можам да го забравам ниту можам друг да имам наместо да го забравам ја секој ден се повеке и повеке го сакам мн грозно се чуствувам веке не знам шо да правам.....
Ако не се лажам веќе некое време пишуваш за истиот дечко, врска неколку год, така нешто беше ... слушај, дете си сакала во животот тоа е убава работа, ама се има и почеток и крај. Ајде малку од друга страна да ја погледнеме ситуацијава, ти го сакаш, тоје веќе тебе не, така изгледа работава ... ако го сакаш ќе го пуштиш со љубов и ќе му посакаш се најдобро ако вие двајца не сте можеле да бидете среќни заедно ќе бидете со други луѓе. А ти, дигај дупето од фемина и од нет и мрдај со другарките што знаеш зад кој ќош те чека некој. Чекор по чекор тоа момчето што не те воле више да си пее ,,, другови ми стари писмо писали да ме моја драга не волиииии нема даму биде сеедно, верувај ми.
не знам колку ке ми веруваш ама тоа и го правам искачам правам работи шо никогаш ги немам правено шетам до раните утрински часови со друштво ама никако и никако да го преболам како како мине времето се повеке и повеке да го сакам веке почна и страв да ми е......не се препознавам самата себе....
Ништо не ти е, болуваш дете, ќе помине, љубавни јади не се заебанција хаххаха се шалам. ЗАПАМТИ, ЗА СЕКОЈА БОЛЕСТ ИМА ЛЕК, ЗА СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ПОСТОИ РЕШЕНИЕ, САМО ДА ДАДЕ БОГ !!!! ЌЕ ПОМИНЕ!!!! Ја сакаш љубовта не него веќе само уште не си свесна.
не знам шо е само знам дека морам пред сите да глумам силна личност всушност сум мн слаба чуствувам дека живците ми се прикрај немам сила за ништо......
Девојче, бракови се распаѓаат, деца страдаат, жени страдаат и мажи, жени трпат малтретирање, мажи простуваат изневреувања (ретко ама дешава се) и сите преживале, ќе преживееш и ти. Ама многу важност му даваш на тој твој биши. Што е толку посебно кај него, што беше посебно во вашата врска за тебе, знаеш ли дадеш одговор ? Па, да видиме каде лежи зајакот.
Кажи кој е проблемот што сте раскинале , може ќе ти помогнеме со совет. На крај клин со клин се избива ако овој дечко не сака да бидете заедно пробај биди со друг дечко кој ти се свиѓа. Знам дека се многу години но не ја прави истата грешка што и јас. Со тагување ништо нема да смениш, само ќе се изгубиш во океанот од солзи. Кога имаш барем добри другарки се е полесно излегуваш, запознаваш нови личности, најди си хоби, занимација со која нема да мислиш на него.
Ubavo poenta kaza @Outlook deka ti ustvari ja sakas ljubovta sto ja custvuvas, a ne licnosta prema koja si ja custvuvala. Bolkata e od vrzanosta i prazninata bidejki toa sto go custvuvas sega e blokirano. Kako da se preboli? Lesno e da kaze "So tek na vreme". Ama od licno iskustvo mozam da kazam deka procesot moze da se ubrza ako pravis samoanaliza, razgovarajki si vo sebe ili na zapisuvaju na list hartija i gi osvestil nekompatibilni raboti megju tebe i nego, site maani sto toj gi gledal vo tebe, ti si gledala vo nego. Na toj nacin ke osetis vo sebe "Fala Bogu sto ne se veke zamarame eden so drug. Isto taka mnogu moze da ti pomogne ako si dozvolis da imas nesto "neseriozno" so drug. Ponekogas kaj nekoi zenski toa znae da deluva magicno.
Тогаш ???? егото ти е повредено ? треба да разбереш секое лошо е за некое добро и да му кажеш фала, друже што ме остави затоа што треба да дојде нешто што е за тебе, кога ќе дојде времето за тоа ќе ти текне што сме пишувале овде ... опушти се, нормално е да тагуваш малку, никој не е имун на тоа ако сакал и ако е човек, а не емотивно шуплива будала. Релакс и насмеј се малку на некој дечко, не боли
Со последново се сложувам, нек ти направи некој окус покус @***nekoja*** пушти душа малку, нема да живееме 100 века па,еден нему ќе му подариш.
можеби со тоа се и тешам за цело време секое лошо за добро е....и тоа да знам дека кад тад ке сване шо изгубил...