Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го преболам?

Дискусија во 'Разделби' започната од Diamondkiss, 31 август 2011.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    @Hrita девојкоооо, ајде прибери се одма. Што сакаш, да се разболиш ли? 33 кг викаш, си се стопила..
    Тешко ти е, лошо ти е, си го сакала и уште го сакаш ама свесна си дека вака е најдобро, за да утре не те боли глава, и тебе и него и раат да сте од проблеми и несогласувања.

    Ајде, ќе помине, што не поминало. Обиди се да се развеселиш, слушај весела и релаксирачка музика, најди некое хоби или занимација, не вежбај ако не ти годи, ми делува како да сакаш да се казнуваш и изгладнуваш на тој начин. Побарај и помош од психолог, разговор добро би ти дошло во овој период ама никако не дозволувај ептен да паднеш со духот. Продолжува животот, и тебе ќе ти се појави некој сличен на тебе со кој навистина би се согласувала и супер би функционирале и он ќе си најде некоја соодветна на него.
    Не мисли толку и не се депримирај. Млада си, цел живот е пред тебе.
     
    На Hrita и st-el им се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @Hrita Во психолохијата има термин наречен "емотивна уцена".
    Тоа е кога партнерот ќе те пресече со зборовите дека врската ќе заврши, ќе раскинете, со цел да добие контрола над тебе, за да му ги исполниш желбите и замислите.

    Во тој случај може да добиеш и чувство на страв и вина, дека правиш нешто погрешно штом одма не му пристануваш на ултиматумот.

    Затоа ти уплашена дојде првиот пат во другата тема, се плашеше да го изгубиш и беше спремна на компромис.

    Дури и неретка е таквата post-реакција. Мислиш нема да преживееш без него. Може и физичка болка да чувствуваш. Но, сето тоа е одраз на недостаток на себе-љубов.

    Сега запрашај се зошто ти недостасува некој кој буквално не се плашеше да те изгуби?

    Запрашај се зошто толку малку се сакаш себеси, до степен да си го загрозуваш здравјето? Каде ти е лојалноста и љубовта на тебе кон самата себе?

    Во животот ако не се сакаш себеси, ќе дојде ред тоа да го сториш на потешкиот начин.

    Well, ете го. Дај му време на времето. Верувај дека сè ќе се среди. Само дај си рака на себе :hug:
     
    Последна измена: 8 јули 2024
    На TheGoldenPeach, Hrita, Ena05 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Site clenki ti pisaa ubavi soveti.
    Nema covek sto ne pominal bar ednas vo zivotot niz takva ljubovna bolka. Mora da naucis da se cenis i sakas povekje. Isto mnogu e bitno da naucis da gi reguliras emociite i da razgranicis koi se zdravi emocii, a koi ti nastetuvaat tebe licno. Ako ti e tesko isplaci se, no digni glava i prodolzni ponataka. Dokolku smetas deka ke ti pomogne zboruvaj so nekoj, odi na psiholog.
    Ne moze zivotot na druga licnost da ti e povazen od tvojot zivot. Samo ti samata si odgovorna za svoite emocii i zivot. Ne ja davaj taa mokj vrz tebe i tvojot zivot na drugi lugje, posebno ne na decko.
     
    На Hrita му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.928
    Допаѓања:
    267.612
    @Hrita верувам повеќето на таа возраст сме доживеале ужасно разочарување и болка да не знаеш кај да појдеш.

    Сè поминува во животот. Без секого можеш, освен без сама себе. И рано е уште, времето ќе те однесе на прав пат. Посвети се на себе, посвети се на другарките, тоа што го правиш (читаш, шеташ..) продолжи да го правиш.

    Издржи, тука сме да муабетиме кога ти е тешко.
     
    На Hrita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mariаna3

    Mariаna3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Дај му време на времето.
    Ќе заборавиш, ќе ти биде подобро не дозволувај да запаѓаш ни физички ни психички за некој.. Верувај постои некој што ќе му бидеш се
    Посвети се на себе излегувај, шетај само не запаѓај.
    Без секого се може
    Ќе видиш со тек на време, ќе бидеш добро :hug:
    Кога и да сакаш слободно пиши ми :l:
     
    Последна измена: 9 јули 2024
    На Mendelez и Hrita им се допаѓа ова.
  6. Hrita

    Hrita Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на поддршката, но тешко оди и излегувам и шетам ама џабе, седнувам на кафе плачам, шетам со сестра ми плачам, вежбам и плачам одам на работа се тргам од сите и плачам секој момент со него ми е пред очи нејќе да се тргне,ноќе не спијам имам грутка в стомак мислам дека ќе ме побара ама ништо од тоа и стварно не знам како да бидам јака ко сум психички уништена, ќе си речам самата на себе тој не плачеше по тебе ко те остави си продолжи по неговиот пат не проба да го реши проблемот со тебе и ја избра куќата него љубовта ќе бидеш јака и нема да мислиш како што не мисли тој на тебе. И џабе се тоа го кажувам ко после се навраќам на истото
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Прочитав што си пишувала и претходно за да добијам малку подобра претстава што претходело.
    Мислам дека иако се јасно сте си кажале и тој и ти (дури и мајка му) што сакате и кои ви се очекувањата еден од друг за во иднина, како да не ги имаш сфатено или прифатено до крај. Мислам, јасно ти е дека се различни, ама само на логичко ниво, а на емотивно уште не ти се прифатени и јасни.
    Жалиш за минатите денови, ама тие денови реално биле добри и убави само зошто и двајцата сте си живееле секој со својата претстава за тоа како ќе ви изгледа заедничкиот живот понатаму. Ниту ти си знаела што сака тој и што го прави навистина среќен, ниту тој истото го знаел за тебе. И двајцата сте си имале партнер каков што сте си замислиле а не каков што реално е. Зошто ни двајцата не сте знаеле дека имате различни вредности, цели, очекувања, амбиции во животот, т.е. дека не сте најдобар спој еден за друг.
    Многу подобро е што тоа сте го зборувале сега, а не подоцна, кога влогот во врската би се зголемил (мислам на секаков вид влог и емотивен и финансиски и временски). Тогаш чуството на загуба би било поголемо.

    Не треба да жалиш така да речам по врската што си можела да ја имаш во иднина, по твојата претстава за тоа како треба да биде твојот живот со партнерот. Тоа не е загубено. Сфати го како одложено додека не се сретнеш со некој друг што истото го посакува за себе и со кој тоа заедно ќе го остварите. Не треба да се откажуваш од своите идеали.

    Мораш во срцето да прифатиш дека тој живот со овој дечко немало да го биде. Ако некој од вас двајца направел компромис за да му угоди на другиот, тој самиот ќе е несреќен во иднина. Малку е покомплексна работата од тоа дека се откажал од љубовта или од тебе заради материјалните работи. Тој сфатил дека сакате различен живот воопшто и дека сосема различни работи вреднувате, планирате и посакувате. Подобро е што сте ставиле се на виделина, колку и да било болно. Мораш да ги погледнеш работите какви што се реално и да ги прифатиш и да не го идеализираш него. Ти си била вљубена во некој свој идеал, не во човекот каков што е реално.
     
    На TheGoldenPeach, Milobebence, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mariаna3

    Mariаna3 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Дај бре жено
    Ќе умирам за некој што не ме рецка 2 %
    Ма има да сум најдотерана, најскоцкана ќе искачам знам дека е тешко ама ќе правам нешто да не мислам на него.
    Вреди ли да се уништиш за некој?
    Вреди ли твоите да те гледаат како пропаѓаш за мамино лигле? Опрај се млада, права здрава ќе пропаѓа за смрдло.
    Ќе добиеш депресија вака леле ама ме изнервира аии
    Не си свесна само колку вредиш :inlove:
     
    На SummerGirl, Hrita и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Млада си? Претпоставувам, а и да не си не е ни важно.
    Зошто си дозболуваш да пропаѓаш поради некој, па и здравјето да си го уништуваш???
    Зошто тој тебе не те побара, не проба да реши било што? Што е он повеќе од тебе?
    Ако треба посето и психолог, разговарај, плачи, ќе ти олесни така, ако чуваш во себе нема.
    Сигурно нема животот да си го уништуваш на село или на нива, 21 век со се живо пред тебе, слободен пат за било што, факултет, младост, се останато.. пробај да се фокусираш да станеш најдобра верзија од себеси.
     
    На ♡ Cinderella ♡ и Hrita им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.557
    Пол:
    Женски
    Нормално е да поминуваш низ сето тоа @Hrita . Како ти пишуваат некои коментари, ко да е туку така лесно за еден ден да прифатиш и преболиш. Воопшто не е. Треба да помине време само, навикната си на него а и се' уште го сакаш. Донесе храбра одлука, секогаш кога ќе ти текне на убавите работи што ти фалат, сети се и зошто прекинавте. Само знај дека ќе биде добро и води грижа за себеси.
     
    На ♡ Cinderella ♡, TheGoldenPeach, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.878
    Допаѓања:
    7.014
    Пол:
    Машки
    Време рана лекува.
    Секоја загуба е тешка, без разлика за што и да е, природно е и нормално човек да тагува и пати по некого или по нешто, зошто човек е, составен од многу чувства, емоции, таква е човеката природата. Нема човек без чувства, некој потешко некој побрзо пребродува и прифаќа.
    Мора да ја прифатиш одлуката што сте ја донеле, тоа е што е, исходот е овај. Сега колку побрзо се соочиш со реалноста, толку подобро за тебе.
    На почеток исто така е нормално да те боли и патиш повеќе, но како што ќе одминува време, така ќе заздравуваш.
    Плачи, ако ти се насобираат солзи, плачи, празнија душата за да ти олеснува, но од друга страна мора да се бориш, да бидеш храбра и да се соочуваш со предизвикот, да бидеш истрајна. Можеби светот од едната страна ќе го гледаш со темнина, но затоа од другата мора да дозволиш да те грее сонцето.

    Биди физичка активна повеќе. Работи, учи, пешачи, трчај, вежбај, троши го времето и енергијата за да не стоиш само во место и да размислуваш.
    Животот е не предвлидлив, ќе има и падови и упеси.

    Колку и да е тешко, не смееш да застанеш тука и да си нанесуваш штета на самата врз себе, особено не врз здравјето. 33кг се премалце, не смееш вака. Ако мислиш дека со самоказнување на себе си и глад ќе направиш нешто, ништо нема да биде. Само ќе си наштетуваш сама, ќе ги нажалуваш и родителите и блиските околу тебе.

    И него не муе лесно. Можеби во тој момент реагирал така, но сега никој не знае како муе и низ што поминува.

    И не чекај дека ќе ти се јави, пиши или побара во некој момент, на точка не ставај запирка, никогаш ама баш никогаш. Сврти нова страница и стави се ти на прво место сега, прво да заздравиш а потоа гради се и носи правилни одлуки.

    Остани силна. Ако немаш со кого да разговараш, имаш еден куп армија тука на форумџики/форумџии на кои можеш да им се обратиш.
    Stay strong :muscle::hug:
     
    Последна измена: 9 јули 2024
    На SummerGirl, ~Maca~, Hrita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Не е крај на светот,секако дека ќе ти е тешко те разбирам но си наштетуваш себеси.Запрашај се дали вреди да си го правиш тоа за некој кој не те цени.НЕ ,не вреди,треба да продолжиш понатаму,ќе запознаеш нов дечко со тек на времето кој ќе те цени и сака.Биди силна ти го можеш тоа. И да можеш да го преболиш.Имаше пишано си ја одбрал куќата,за таков ич не вреди да патиш,туку да се радуваш,си се спасила на време.
     
    На ♡ Cinderella ♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    486
    Не разбирам како ви се умира за некој што си го избрал својот пат. Разбирам да патиш една недела, но со денови,месеци тоа е премногу. Или сте емоционално несозреани или сте слаби личности.
    Луѓе умираат на болнички кревет, губат родители, плачат затоа што добиле некоја неизлечлива болест, вие плачете за дечко. Пази, богати за дечко ко да ќе е крај на светот и ќе останете сами. Тотално не вреди, ни секунда да мислите на него,а не пак да плачете. Дај малку позитивно гледајте на нештата, главите горе, ќе биде се во ред ќе дојде време и за вашата среќа. Животот е толку убав што е жално да го посветите меѓу четири ѕида и тон солзи за некој кој не вреди!
     
    На ♡ Cinderella ♡, Mic18 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Hrita

    Hrita Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Во право бевте сите дознав дека цело време ме изневерувал и не пуштам повеќе солза за таквоо гнасно суштество.Господ имал причина што ме тргна од него, колку и да е тешко си ветив самата на себе се обвинував дека ја сум крива ама кривицата не била во мене. Фала ви на сите за целата поддршка:l:
     
  15. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Не вреди тој ни да го преболуваш,наместо тоа продолжи си со животот како ништо да не било,со тек на време ќе си најдеш некој што искрено ќе те сака,цени и почитува.
     
    На ♡ Cinderella ♡ и Hrita им се допаѓа ова.
  16. mukusjowk

    mukusjowk Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    nemoj ne se unishtuvaj ne vredi za nikoj,i jas toa samata na sebe si go velam, i jas raskinav pred 3-4dena, probuvam da si najdam nekoe hobi,izleguvam,shetam no sepak seushte mi e vo mislite no drugarkite probuvaat pak da bidam polna so pozitivna energija kako shto bev porano,mi gi trgaat loshite misli iako jas koga sum sama doma placham se nerviram zoshto toa bilo taka,dali go imam zasluzheno ova…
     
  17. Hrita

    Hrita Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Така бев на почеток сега е друго и пред очи да ми излези (а ми излезе) не осеќам ништо буквално ми се гади на каков човек имам губено нерви и време. Будала сум била што завршив по болници и психолози али сето тоа било лекција. Сега сум појака од што сум била се осеќам многу повеќе исполнето, слободно и посреќно. Ќе ти се тргнат мислите секако само треба време.
     
  18. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Како да направам тие да ме преболат мене? :lol:8):rofl:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.