1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го променам мојот карактер...?

Дискусија во 'Психологија' започната од lidija17, 14 јануари 2011.

  1. lidija17

    lidija17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојќи сега ке се жалам овде... И дечко ми е уморен од мојот карактер (брзоплета,нервозна,избувлива,недоверлива,скептик, несигурна) а за моите дома да не правам муабет... Не сакат да ме смислат.. Ве молам некој совет како да започнам подобар живот како да се сменам за да бидат сите задоволни а и јас сама.. Има ли некои правила како се прави таа промена или едноставно не се мени магаре па нема ни коњ :D
     
    На elimkd, IamSexyAndIKnowIt и BetiBup им се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Доволна е само едната тема да ти коментираат што ја отвори во љубовни проблеми, нема потреба за едно исто да отвараш 2 теми.
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Девојче имаш само 17 год. тие особини се типични за твојата возраст знаеш во пубертет си.Што се однесува до дечкото се уште си млада за многу да се секираш за неговото мислење за тебе.Сега мислиш или тврдиш дека си вљубена и дека се сакате,така што ако мислиш дека така треба пробај да бидеш помила со него, понежна ама не се замарај многу многу за него, мала си за да имаш вистинска љубов, поважно е да се школуваш, да станеш свој човек.Односот со родителите е многу поважен, почитувај ги , слушај ги нивните совети, твојата мајка нека ти биде најдобра другарка, верувај дека секогаш ќе ти треба покрај тебе. Биди вредна, помагај и на мајка ти колку можеш претворете го во забава заедничкото време, еден ден ке ти недостига кога ќе се омажиш. На пример кога ќе готви врткај се околу неа, помогни нешто,понуди се да пружиш алишта,не само што ќе помогнеш туку и ќе научиш нешто,излезете заедно до пазар или на кафе зошто да не.,едноставно зближете се и така ќе ТЕ СМИСЛАТ.Сакам да кажам биди добра ќерка на мама и тато,учи од сопствените грешки, не го прави она што ги нервира, и отворено разговарај со нив, каѓе те си што ви лежи на душа.Тоа е мојот совет, кажувам од искуство.Со среќа во подобрувањето.
     
    На baby-star и lidija17 им се допаѓа ова.
  4. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Се согласувам со тебе Лолита! :)
     
  5. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Хелоуу! Има некој? Да го промениш карактерот? ПАМЕТНО! Во овој период се гради карактерот, сега во овој периот се најчувствителните години, немој ништо сериозно да преземаш, едноставно биди понасмеана, помила и поблиска со сите, па нема да има проблеми! И, да. Се согласувам со Лолита помогни им на на родителите, немој многу да се распараваш со нив, и ќе видиш како се ќе си дојде на место! :* Good Luck!
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    За да го промениш карактерот треба да имаш што повеќе комуникација со различни луѓе со различни карактери. Така ќе се доизградиш. Ќе научиш нешто од другиот карактер, ќе вградиш нешто негово на себе и тн.
     
  7. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Успеал некој до сега да си го смени карактерот ? Мене не ми оди ... не можам темата за откажување да ја најдам па, овде ќе го поставам прашањево. И вечерва седам и размислувам, сама себе се убедувам да се откажам од одредена цел или желба не знам како точно да го дефинирам тоа, и не ми оди, не знам да се откажам, не знам кога ќе ветам нешто себе си да отстапам од тоа и тоа ме јаде и создава фрустрации :headbang: :headbang::headbang: едноставно не знам поинаку :(
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Волја, желба, инспирација, мотивација, истрајност. Ова е она што ви треба за да промените нешто кај себе.
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Јас бев брзоплета, избувлива, љубоморна ама во текот на времето и во комуникација со различни луѓе ги постиснав овие особини. Се трудам да си изградам поцврст карактер, фино да си стојам на земја.
    Со одредени луѓе сум на дистанца, со одредени сум блиска.
    Треба уште малку да поработам да звучам сериозно во некое поле, ќе биде и тоа.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Како се менува карактер? Книги совети давајте! :) Како да се контролирам?

    Никој не е совршен.Тоа е факт.Секој си има свои маани.Како да станам по комуникативна? Теми за муабет да бирам? Да не бидам одбивна? Како да не сум сама? Некако нешто кон добро,позитивно да сменам?Како да реагирам без брзање да размислам па да кажам? Многу сум тивка,неприметна дури. За обврски секогаш на време завршувам и помагам колку можам и некому ако ми побара помош но.. ете имам сепак проблем. Знам дека не е едноставно и ќе биде тешко но ми се потребни мноогу вашите совети. :/ Фала однапред
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Редактирав- сега видов дека темата е стара но јас сепак сакам да го изнесам својот став.
    Јас пак мислам дека баш сега си во години каде што треба да си го изградиш својот карактер. Затоа што кога ќе излезеш од пубертет и продолжиш вака да се однесуваш, карактерот ќе ти остане ваков.
    Што се однесува до дечкото и што кажа некоја членка погоре дека не треба да ти биде гајле за него...јас мислам дека не треба да се занемарува неговото мислење затоа што се совпаѓа со мислењето на твоите родители што значи дека проблемот лежи во тебе поточно во твоето однесување, а не дека на дечкото не му се свиѓа како размислуваш па сега сака да те смени бидејќи немате исти погледи кон животот. Не значи дека ако имаш 17 години треба да ти биде прв но не и последен. Можеби тој ќе биде љубовта на твојот живот. Затоа треба врската да се гради со сакање, разбирање, доверба. Кога сакаш нешто треба да се трудиш да го постигнеш тоа. Значи ти треба самодисциплина, контролирање на нервозата, избувливоста и таквото непотребно реагирање доколку не сакаш да ги повредуваш твоите блиски. Кога ќе го примениш сето ова ќе бидат задоволни блиските, а и ти самата како што и сакаше.