- Работев во една фирма 2.5 години, со околу 15 колеги, со оваа девојка не се дружевме многу во период од 1 ипол година, а во моментов има дечко и 29 години. На кратко после тие 1 ипол година, лани летото прв пат од нигде никаде таа стана потопла со мене да биде близу до мене после тоа кога ми беше роденден мислев само ќе ме гушне обично но таа самата дојде ме гушна силно и долго и после на срамежлив начин прокментира за мојот изглед и рече многу си голем и висок нема потреба да растеш веќе, си реков можеби е таква но пред мене не гушна никој од другите колеги а и ни после мене кога нив им беше роденден, ни коментираше за нивниот изглед ништо, ова е првиот главниот пример затоа што вака почна исто така стана срамежлива, да се смешка срамежливо и да гледа надоле кога јас бев близу до неа, а инаку со сите други многу зборлива, но никако не сакаше да ме запознае повеќе или нешто слично, никогаш не праша ништо за мене, кога туки таму ќе пробув да се дружам да зборувам со нејзе ако беше за работа зборуваше, ако малку муабетот отидеше на нешто приватно ке и станеше срам и ке го прекинеше разговорот, но не се тргаше од мене напротив стоеше блиску, овие работи се случуваа ретко односно ретко да зборуваме, она повеќе од времето ме игнорираше, ако и кажам нешто или сум до нејзе ке се насмее срамежливо, а за работа ако зборуваме тогаш зборуваше, и не притискав не правев ништо посебно. - И сите овие топли, ладни сигнали ми направија да ме стане "crush" што го викаат затоа што и мене ми се свиѓаше ниска симпатична, но не до тоа до толку на почеток но во рок од 1 година полеа полека се повеќе и повеќе си го заглавував умот со неа, ке имаме некоја интеракција на работа и се повеќе и повеќе, некоја фантазија туки таму и ми се развиваа емоции се повеќе а не требаше, и со тие топло ладно игри, со нејзиниот изглед, ито така почнав да гледам други девојки и да ги барам истите карактеристики што таа ги има, како ниска, ситна, симпатична насмевка итн. - Сега значи после 2.5 години и во тие таа 1 година како ми се свиѓа си заминав од канцеларијата, се разделив со сите а и со нејзе на добар начин со прегратка,( и таа треба да си оди за 2-3 недели, така да и да останев исто ќе беше она ке си заминеше ) но јас заминав пред неа и сега веќе 3-4 дена како не сум таму и ми е тешко многу, никогаш не дозна како се чувстувам, не можам да си го спасам умот од неа и покрај тоа што не ја гледам, исто така ми недостига, моментите ми недостигаат со неа и слично. Не можев ништо да направам да и кажам затоа што имаше дечко цело тоа време, а и работвеме на исто место и други колеги ако дознаеа ке беше многу лошо после. И јас не можам да поверувам како си го заглавив умот со ова. - Некој ке се смее на оваа приказна, исто така ова не беше заљубување затоа што една девојка била малце љубезна со мене, туку имаше повеќе од тоа во подолг временски период, но како и да било, јас сум се затрескал и сега не можам да се одглавам од неа.