Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да му ги отворам очите и да го променам?

Дискусија во 'Врски' започната од TheLibra, 26 ноември 2018.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Наместо да си седне со свекрвата да научи да тегне баница и сука зелник, она ќе оговара по форуми. Не знае дека тоа највеќе ќе и се најде. Сарма не се учи да се мота на факултет.
     
    На cresa-jagoda, blackwave, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    :rofl::rofl::rofl:

    Сериозна си бе??
     
    На realnaa и Abeja им се допаѓа ова.
  3. Bella15

    Bella15 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Девoјченце биди сигурнa декa ќе си нaјдеш нoвo гaјле и веќе немa дa ти е гaјле зa стaрoтo гaјле. Хепи енд.
     
    На realnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    хаха така си е, мене најголем пропуст ми е тоа. сеа мора кај мајка ми да одам сарма да јадам, среќа што ми пакува и за по дома, па има и за следниот ден :rofl:
     
    На realnaa, Feminka22, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.172
    Пол:
    Женски
    Валандово какви еманципирани луѓе има ти не си свесна, овој нема врска од кај е, и од Дебар маало да е ист ќе е. Извини стварно ме интересира ти од кај си? Имав една школска вака како тебе размислуваше, многу ме потсеќаш на неа, она додуша има 30 сега ама ко нејзе да ја читам. Кај бе со вакво размислување?
     
    На realnaa, gjoker4e, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.151
    Допаѓања:
    112.867
    Пол:
    Женски
    Се фативте за тоа село град од цела оваа приказна?? Тоа што сака да ја мажи на 18, што дале дете од 16 години на 40 годишен, што он е како неандерталец од камено време кај што жената била само за приплод и тепање не ви боде очи?? Ајде сега удрете и и вие на психа дека не заслужува подобро и да ја мажиме. Навистина значи сте невозможни. Прво вера која се, па она од каде е . Аман бе полека лечете си свои комплекси на друго место.

    @TheLibra само напред и не се враќај таму. И те молам да не кажуваш веќе кој од кај е зашто овде некој се наоѓа во муабетите.
     
    На Carissa, m.i.g, душленце и 13 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.172
    Пол:
    Женски
    Тоа од старт и го кажавме да не и биде опција, не се ни коментира, тоа е нешто што не е нормално едноставно. Таа се фаќа за селото и градот како дефиниција за човек, затоа се трудам да и објаснам дека тоа не го дефинира човекот, познавам многу селани кои се сега големи луѓе и многу граѓани кои се свињи.
     
    На candy.cane, Abeja и Milobebence им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Она сама потенцира од каде е дечкото, а секако ваквите девијации посвојствени се за селските заедници, не велам дека во град нема да наидеш на вакво зло, ама сепак подоминантни ваквите појави се во руралните места и тоа и ти го знаеш. Јас го нареков сељачиште сто пати и уште сто пати ќе го кажам, ама под тој збор у ниеден момент не го подразбирав местото од кое потекнува, туку како приказ на неговото однесување.
    Не ја носи темава у друг правец..
     
    На VDT2906, Elenpelen, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Девојче јас мислам дека ти си доста квалитетна и паметна особа и самата си свесна што треба да направиш во ваква ситуација. Свесна си за своите квалитети, имаш планови за својата иднина и не треба да му робуваш на некој кој нема цел во животот, а воедно сака да ги сруши сите твои соништа и желби,.
     
    На Martka, VDT2906, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Не сме ние невозможни туку ти не си го прочитала воведот во темава. Не спомнавме ние дека некој е од село и според тоа е заостанат, она си кажа самата. И нормално дека од тоа ќе почнеме, да си расчисти во мозокот дека нема врска кој од каде е. А тоа кој се мажел на 17,кој на 30, кој на 50 години си е негова работа и е застапено и во град и во село. Може да се омажи и малолетна со претходна дозвола од родители. А тоа дали некој дозволува да биде тепан си е до човекот.
    А и девојкава не е од вчера со дечко и туку во врска се подолго време, ја знаела другарка и, како го знаела брат и, ја знаела мајка им. Што не и одговара сега. Не може она да менува луѓе како на нејзе и е убаво. Може ете тој сака па неа да ја смени да и ги отвори очите како тој што сака.
    Штом дошле до прашање-како да го сменам? тука нешто не штима, нема љубов. Наместо да се окупира со прашања од таков тип и да се замара со човек каков што не сака покрај себе, нека се ориентира кон факултетот и кон барање човек од град кој ќе и ги исполни бараните квалитети.
    Малку е себично да бараш некој да се менува заради тебе. Остави го, дај му простор да најде некоја која нема да сака тој да се менува заради неа и ќе го сака каков што е. Може и на него не му се допаѓаат твоите.
    Па ваков бил, па онаков бил. А никаде не пиша дека некој те присилува да бидеш со него.
    Тебе не ти одговара врската па мешаш другари што си ги тепале и изневерувале жените. Како ти се знаеш за сите, и за другарите и за сестра му, кој бил тепан, кој изневеруван.Сконцетрирај се ти на твојот живот, твоите проблеми реши си ги, не се секирај за другите, си имаат мозок, колку толку.
    p.s. Опааа татко му од Д. Капија, а мајка му од Валандово.
    А ти @TheLibra не кажа од кај си.
     
    Последна измена: 28 ноември 2018
    На kravce, gjoker4e, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Ја исчитав скоро целава тема, додуша згора-попреку. И се чудам што сум првото машко што ќе коментира.
    Прво и основно, не ме чуди ова што го пишува девојчево (иако ми личи на тролање). Пред некое време имав можност да ги увидам овие навистина заостанати сфаќања, за кои раскажува девојчево, во семејство на еден мој другар, каде сите се високообразовани (доктори, адвокати и инженери). За жал снаата ја третираа баш како слугинка (вработена по струката и таа високообразована), а таа кутрата дури и беше среќна што така ја третираат. Нормално само роднините на маж и` ги фалеше и се дружи само со нив. Нејзините - толку; било, поминало, сега е во друга фамилија. На смеа, на шала, на вистина, почна свекор и` да ја убедува да ми бара некоја братучеда нејзина ко за мене, ама “за жал“ немала повеќе слободни, сите биле мажени уште пред да завршат средно. Останав зачуден.

    Девојче, ако не си трол, според она што го прочитав, откако раскина, да си побараш стручна помош од психолог. Не е срамота. Сосема ти е уништена самодовербата. Ич да не ти е гајле, ни дали си според калапот на манекенките, ни според калапите на околината, без разлика дали е физички калап или пак е калап за однесување. Биди си своја и живеј си го животот онака како што ти одговара. Еве на пример мене, а и многу други, физички ме привлекуваат дебелки девојки. Јас во слаби не ни погледнувам.
    Можам да ти кажам дека дури и не ти е време да имаш дечко, времето ти е да се посветиш на учењето и на идниот факултет. Кариера треба да градиш, а за сопруга и мајка ќе бидеш. Има време и за тоа, откако ќе се дооформиш како личност. Посебно никој не заслужува да се замара со психички пореметени личности, без никаква самодоверба, на кои им смета ако партнерот лајкне или напише коментар на личност од спротивниот пол. Да имаат самодоверба ко што глумат, ќе си знаеја дека тие се такви ко што се претставуваат и немаше да се замараат кој кому лајкнал, коментирал, кој со кого разговарал, шетал итн. Гледај си ја младоста и работите (како на пример факултетот) кои се соодветни за твојата возраст.

    Знам дека сум досаден, ама морам да пишам. Божовни луѓе, како што се претставени родителите на дечкото, своите деца не ги поттикнуваат на блуд, ниту пак поддржуваатбило чии прељуби.
     
    На blackwave, JoanaS, Ygritte и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Јас сарма на мои 35 уште незнам да мотам :worried: Среќа не останав без свекрва :lol:

    Туку, ќе давав и јас совет, ама додека да стигнам девојчево ептен мудро завршила работа :clap:

    Со среќа во иднина, и не си го троши повторно времето на вакви кромањонци :)
     
    На cresa-jagoda, blackwave, Dr.Zzz и 6 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    40 имам и не знам... а и не планирам да научам :lol:
     
    На poenta, Elenpelen, BlackNight и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    бре сме се собрале све недомаќинки... ха
    NAJE0d0.png
     
    На WildMk, Ygritte, gjoker4e и 7 други им се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Ти затребало:lol:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Не за џабе постои разлика меѓу сељак од град и селанец од село.
    @Abeja некако работава ја сврте на она ''девојките заслужиле да се силувани зошто самите си го барале пошо носеле ептен кратки фустанчиња''. Е така ми делуваше со твоето што има она да го мења типот.
    Веројатно дефиницијата град-село и е (по моја претпоставка) дека градовите и размислувањата во нив се понапредни од селата и нивните размислувања, што се согласувам дека не е точно. Може девојчево си делува вака паметно и се, ама од друга страна ја има ослепено љубовта, сепак има 18 години, може и бил прв, може не знам што и бил и она сака пак тоа нивното да успее како што било некогаш и сака да му го откорне тоа негово закоравено размислување, не гледам зошто е лошо да проба, зошто на некој е лошо да му ги воочиш работите, иако во овој случај секој труд е залуден пошо тоа е цела фамилија, другари, маало што ти знам што уште не.
    оффтопик Имам другарка од Скопје која се омажи за дечко од Валандово, му воочи дека Скопје е поубаво за живеење зошо има повеќе избор за работа, места за искачање и сл. додека другарите негови му се смееја дека е папучар што си ја слуша девојката и што напушта родно место во чија куќа требаше да живеат со свекор, свекрва и девер.Па ич долната не и чуе, кој што збори битно топ им е на двајцата.
    И девојчево му ја знае фамилијата и другарите и сака да проба и тоа е тоа, виде со какви си има работа и си тера даље...ваљда.
     
    На Someonespecial, WildMk и nena2010 им се допаѓа ова.
  17. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    Таман помислив дека кај нас веќе нема луѓе со такви размислувања, го прочитав ова.
    Тој тебе не те заслужува незнам што уште се надеваш нема шанси да го промениш, бегај од него ќе си ја промениш иднината.
     
    На Martka, WildMk, Elenpelen и 2 други им се допаѓа ова.
  18. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580

    Ти си заглавила во семејство на психопати, неизживеани и луѓе со сомнителен ментален капацитет.
    Ако не се тргнеш од таму со време, само ти ќе си крива и нема да можеш да зуцнеш дека некој друг од нив ти згрешил. Као, ти одредуваш во кој правец ќе ти се движи животот. И твоето психичко здравје, коешто колку шо можам да проценам уште е стабилно.
    Жалам шо не делува дека имаш родители шо можат да те поддржат или да ти објаснат колку е ова страшно. Годините што ги имаш се ПРЕмалку за да го разбереш светот на возрасните, затоа не инволвирај се во вакви работи. Ја немаш снагата за да ги преживееш работите во кои се впушташ. Заврши си го средното, запиши си факултет ако сакаш, проживеј си ја младоста како што доликува, а ако ти е за дечковци, едночудо можеш да ги смениш. Не си се заљубила ти лудо во овој дечко, па сега мечтаеш да имаш семејство и деца со него, не. Тоа сакаат само неговите шо те гледаат ко нивни предмет.
    Бегај си.
     
    На crimson, VDT2906, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Уф уф уф..
    Либра каде си, да не се омажи?
    Значи не можам да сфатам, отвараш тема прашуваш за совет како да го промениш човекот, после 3 дена раскинуеш ( да не беше форумов може ќе се омажеше те предомислија членкиве, срам да им биде :)
    Во меѓувреме раскажуваш толку интимни ствари за сите околу вас. Озборувачка една..
    Ако ги знаеше и ти сметаа ситегоренаведени работи зошто не раскина одма туку чекаше зелено.светло од форумов кое за да бидеш сигурна дека ќе го добиеш мораше да раскажеш се. Срамота.. и да си знаеш кога веќе спомна иако си едно дете на тато.и мама невоспитана си.
    И да заборавив да кажам од село сум,а ти ... од населба ..
    :envy::puke:
     
    На Maša8, Abeja, WarriorMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Зошто лично го сфати постот?
    Не те нападна тебе, за нив зборуваше.
    И моите се од село, па не се навредив.
     
    На Someonespecial, Milobebence, Independiente и 4 други им се допаѓа ова.