Не не не не сфатив лично туку ме нервираат поделбите град село населба човек си или не си... Зошто мора тоа да се спомне? Најмногу ме изритира оговарањето..раскажа од а до ш почнувајќи од потесно семејство па се околу.. тоа е невкусно според мене.
Па како ќе праша за совет, ако не изнесе што ја мачи? Иначе, и мене ми е глупава поделбата.. и меѓу град-село, и Скопје-провинција. Во Скопје сум, ама ќе си зборам битолски, дури сум жива. На кој му смета, нека си ги затни ушите
Точно се сложувам ама што би и сменило ако каже другарите ги тепаат жените и слични други работи, што од тоа би го сменило нашиот совет ? значи безвезе е . Тука за него прашува а не за тие околу него. Совет може да се побара и без таков потсмев и оговарање на крај краева таа не проба да го промени иако првично таков совет бараше туку му раскина.
Кажува во какво друштво е. И тоа е дел од проблемот. Кога некој изнесува проблем, колку повеќе детали ќе каже, толку полесно можеме да процениме и да донесеме поточен заклучок.. па и да понудиме посоодветно решение. Мислеше дека некој ќе го оправда него, затоа прашањето и беше: Како да го променам? Ама на темава, ни една не и' даде поддршка за таква 'налудничава идеа' и ваљда и' се потврди сомнежот дека не ја заслужува, ама ич!
@Independiente девојчето е дете уште, не можеш да и замериш за поделбата град-село. Јас сум сигурна дека таа го кажа сето тоа за да си го истури гневот што и се насобрал од навредите и омаловажувањата што толку долго ги добивала од него, едноставно колку да го навреди со нешто, било што, таа нема цел да навреди група луѓе, не ни размислува дека го прави тоа. И требаше издувен вентил. Сите го правиме тоа во афект, ќе кажеме се и сешто, а не па едно 18 годишно девојче. Таа ако била со такви предрасуди за градот и селото немаше да се дружи со сестрата негова, туку ќе ја исмеваше пред класот, а па со него сигурно не би се ни запознала. Рачунај таа има со него долга врска, сите сфативме каков вид на врска и тоа е премногу за нејзина воздраст. Замисли сета таа тортура и почнала на 15-16 год, период кога започнува да се оформува како карактер и зачини го сето тоа со еден таков дечко со таква фамилија што и солат памет и ја навредуваат ко на улица да ја нашле. Изнесе толку податоци за него и неговата околина само за да го оцрни пред некого, како тој што и правел неа, и најверојатно и требаше потврда и подршка дека е кретен, дека таа е во право бидејќи нели самата таа кажа дека секогаш гледал да ја најде за се' крива. Имаше потреба девојчето да биде во право и да и го птврди некој тоа. Малку психолошки треба да гледаме на однесувањата на луѓето и во предвид да ги земеме и годините. Не можеме исто да го судиме секој за нешто што кажал. Да го кажеше истото ова некоја 30 годишна, јас прва ќе те подржев тука. Работата ми е таква, со тинејџери и ги гледам секој ден нивните однесувања, муабети, прозирни лаги, чувства... тие си мислат дека успешно го прикриваат сето тоа и дека го гледаме само она што тие ни го сервираат ама воопшто не е така. Наместо така сурово да ја искараш, можеше со убаво да ја посоветуваш, бидејќи најчесто таквото однесување на воздрасен кон тинејџер само го зголемува револтот и наместо да ти ја разбере поентата на муабетот од инает ќе ти се спротивстави и ќе те убедува дека е во право. Зошто баш на фемина го прави тоа? Според мене затоа што сметал дека феминките се курвичиња, ете за инает негов (типичен тинејџер) и затоа што жена на другар негов пишувала тука, па јадела ќотек ( сака да каже: ете таа е храбра, ќе де спротивстави, ќе пишува тука и не му се плаши). Тоа се тие прозирни работи на тинејџерите што мислат дека не ги гледаме. Јас ги гледам и студирам секој ден. Поздрав и секое добро
ја зачитав првата страна и последнава,сакам да прашам што се случи во меѓувреме? И баш ме интересира мајка му на дечкото од кое село дошла и зошто после долги години живеење во скопје не си го смени менталитетот? Маж је не презеде ли нешто?
Гарант и му има бидено дадено два и пол пути. Каква глупост откачи. Кај го образложив моето мислење ама гледам не си го разбрала. Реков дека е себично да сака да го менува тој со кого излегува и веројатно го сака. Како он сега нејзе да проба да ја менува, да и рече смени ги другарките, немој да гледаш вакви филмови гледај такви, не пуши, не јади тоа, откажи се од твоите дома, дебела си ослаби или ќе ти раскинам, офарбај се плава, стаи силикони итн... Штом иде со него, го засакала таков каков што е. Ако сега одеднаш не и се допаѓа нека го остави, на некоја друга ќе и се допадне. Не знам како успеа да го поврзеш силувањето во цитатот со моето мислење, или колку да се напише нешто. И немојте да цитирате некого и да му вадите поенти од ракав, нешто што нема врска со неговото мислење. Тоа што некој сакал да го каже, го кажал, нема потреба од субјективно толкување на неговото мислење. Едно е дали се сложуваш или не со мене, друго е да ми измислуваш муабети. Туку, напротив тролчево го снема нешто, да не се омажи? Може го послуша мојот совет и отиде да учи да мота сарма.
За што сакаш да знаеш што се има случено во меѓувреме? Планираш да ја советуваш, или онака... да си знаеш само?
Сосема е небитно кој од кое село е. На голем дел од нас нашите родители имаат потекло од село, па ништо. Вакви прости и неизживеани луѓе има насекаде, па посебно по градовите. Еднаш почнав да се дружам со еден доста фин колега, за кој имав многу океј мислење дури да го запознаам, потоа почна да се изјаснува дека девојка што имала дечко требала дома да си седи да не излегува со дечкото, немала што да бара низ град со другарки. Потоа кога ќе се женел сакал жена домаќинка, три оброка да готвела доручек, ручек, вечера. Аха ок, идемо даље. Сите жени биле к...и, прва прилика ќе изневереле и некои слични глупости изнатреска во 2/3 наврати од тогаш го избегнувам само на здраво сме. Исто другарка моја имаше дечко кој ја држеше многу строго, од страв дека ќе нашла друг се земаа денес се кае ама тоа е. Се на се, треба внимателно да се бира. Не би сакала да завршам со некој ваков кој нема самодоверба, па жената сака да ја држи строго да не најде друг. А сите знаеме дека има подобри, поубави, попаметни и така
Не ви ги читав постовите. По она што го пишало девојчето... колку и да звучи сурово дечкото е воспитан и израснат по одреден ментален склоп кој за нејзе очигледно не е во рамките на нејзините сфаќања, бидејќи од она што го прочитав она сака да се образува и слично не да живее на некој начин подчинето или домаќински да пере-готви-чисти и тоа да и биде секојдневна и застарена женска рутина. Не се работи тука за поделба село-град, туку според мене за предодредбата дали жената треба да биде модерна или домаќинка. Да бидеме објективни дури и да се земат иако станува збор премлади особи, таа некоја негова позадина односно неговото семејство секогаш ќе бидат присутни и тоа може да предизвика многу посериозни комплицирања кои ако ескивираат се знае развод е неизбежен. А како што читам он не покажува дека стереотипите на неговите му пречат штом малава почнува да сака да бега односно "бара начин" да го промени што по мое е невозможно пошо тој до сега би покажал особини дека му смета таквиот начин на домаќински живот. Самата треба да одлучиш кои ти се целите во животот. Дали сакаш да растеш и развиваш, образуваш и надрадуваш како персона. Ќе најдеш некој кој ти е сродна душа со исти или слични животни цели. Ќе се залажуваш дека ќе го промениш или навидум ќе делува дека е така пошто ќе почнеш да му ствараш притисок за промени. Може да резултура со негова промена невелам не. You are lucky ако испадне тоа. Се зависи од самата тебе. Поздрав.
што ќе ја советувам кога уште на првата страна многумина и објаснија,но одеднаш ја снема што знам може дошла тука да се најде во муабет.... Згора на се многу бизарен е табиетот на дечко и па прво ме интересира што се случи со нивната ситуација а потоа ме интересира (мада не морам ни да дознаам) дали уопште ќе се најде некоја будала да се нафати да му биде жена
Девојчето кажа дека се разделија уште тогаш. Чим не пишала повеќе сигурно завршија и толку. Па и нема потреба од повеќе детали, праша што праша, и кажавме. И тоа е.
Значи од љупопитност... па да имаш уште една 'приказна' во репертоарот за оговарање... а? И ти си по оговарањето? Провоцираш за да пише пак.... а?
Нема што да мислиш ти. Ако си каже членката арно, аако не не вадете само верзии тука. Или сега ја провоцирате тука оти сте радознали па да си се докаже.