Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да му ги отворам очите и да го променам?

Дискусија во 'Врски' започната од TheLibra, 26 ноември 2018.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Добро бе, нели е ова со сестрата противзаконски?! Завршувањето на средно е задолжително, за малолетничкиов брак проследен со отпишување од школо мислам дека парична казна би требало да следува. Како досега не им лепнале една, па да видат после како ќе одомаќинуваат 17-годишна девојка и да чекаат внуци од исто толкавата женска на братот, оти сестрава го зезнала и претркала... (facepalm) Фујјј бре! :puke:

    Ова не е допустливо никаде во 21 век, живеење во село не е никакво оправдување.

    @TheLibra, штом дечково до 20+ години не се оттргнал и спротивставил на менталитетов, не можеш ни него да го промениш, а камоли семејството - а поради истата причина, не знам што и може да ја привлекува една просечна современа девојка кај таков.
    Бегај и од него и од тоа неандерталско дувло што подалеку!
     
    На ku4ence, Harper, Nausicaa и 16 други им се допаѓа ова.
  2. TheLibra

    TheLibra Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Вистина е, имам и други познати но од друг град со ваков семеен случај.
    Инаку живеат во село во општина Петровец..
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Боже Боже (facepalm)
    Не ми се верува што прочитав.Батали го ако неќеш да чуваш деца на 20години и ни Ф од факултет да видиш.Не ти треба.
    Чим така мисли така ќе почне и да се понаша према тебе, ко роб да си му.Машина за деца правење..кретениште малоумно.

    Јас би му дала клоца и би му одржала лекција, да не знае кај да си ја пикне главата освен во суќњата на мамичка.
    Ваљда не си трол :!: :wasntme:
     
    На Lolo5, WildMk и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Чудно општина Петровец е една од нај урбанизираните приградски општини. Па и селата кој се наоѓаат таму. Секаков народ има како викаат " Од селото ќе излезеш ама селото од тебе не".
     
    На cresa-jagoda, WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    @TheLibra девојче не се мачи да го смениш дечкото, вол не се мења (со извињење).
    Во 21век, родителите да дозволат 17годишна ќерка да се омажи за 40годишен па уште да викаат дека можело и порано, да и дозволат да напушти задолжително образование и да ја тераат да биде домаќинка левел експерт...па тоа ни на индиска серија го нема.
    Па и дечко ти на 22 (ако убаво израчунав) години да вика дека е стар за искачање и дека треба да се жени и да има деца :o :o :o
    захвали му се многу за убаво поминатите денови и остави го да гние таму.
    сериозно, вака како што се претставуваш паметна, начитана, прошетана, не дозволувај да те заслепи љубовта на 18години. Ти можеш да бидеш само брука во нивна фамилија ако бидеш пообразована.Т.е факултетот нема да ти вреди ако од јутра до сутра домаќинуваш по дома на 20години, ако најубавите години од животот не ги поминеш со друштво, искачања, проводи и сл.
    Немој да се буташ во фамилија со заостанати сфаќања.Сама ја жалиш другарка ти, ти можеш да бидеш бетер.
    Он ќе си почитува адети и ќе биде јак прч у село дур навечер место книга пред спиење му масираш нозе у леген.
     
    На Nausicaa, Lolo5, Martka и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Pcelka1315

    Pcelka1315 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    Не би да те напаѓам, секако доста познат ми е тој крај натака и доста знам кои прошле низ истово дури и полошо, ама се додека можеш бегај од таква фамилија инаку ќе се казниш самата себе.
    Не е проблем да се омажиш млада (мислам на 19 - 20години) секако факултет ќе си изучиш пак не дека бракот значи робување и раѓање деца туку мора да е исполнет со љубов, разбирање и подршка од партнерот, а во вашиот случај е само - 'Синче мамино галениче' така да ти ќе си патиш секогаш, ако не се опаметиш и не се тргнеш побрзо од него само кавги ќе си имате бидејќи ќе ти зборува само за брак и што побрзо да имате дете.
    Што понатака?
    Тој не работи.
    Има сфаќање на работите како од 19 век, ти кажал дека ќе живеете од парите од свадбата:fubar:.
    Не барај решение воопшто туку живеј си го животот на страна од него:!:
    .
    А тоа што не пуши, не пие и не иде по друго жени не го прави идеален маж.
     
    На Martka, Dadusicka, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Девојче,бегај,бегај подалеку од заостаната фамилија.Нема да го смениш никако,па и 100 пати нека не пуши и нека не пие.Не ме чуди што мајка му има таков став,со 4 одделение,веројатно и нејзе така ја воспитувале.Ама тој? Сестра му ја омажиле,и таа ништо.Абе ќе го пријавам,како смее така.Ти си колку неа,се гледаш ли во нејзината улога? Сакаш домаќинка да бидеш? Сакаш да ќутиш и да наведнуваш глава? Деца да раѓаш? Да бидеш роб? Не,сигурно дека не.Ако останеш со него никогаш нема да ти дозволи да се запишеш на факултет,илјада пречки ќе ти постави.Млада си,не си видела уште ништо.Кога ќе се запишеш на факултет,ќе го промениш мислењето драстично.Ќе прошириш видици,ќе си ја сфатиш сопствената вредност.Уште не си жена,не си зрела.Не впуштај се во нешто,за што кога ќе се свестиш,ќе биде доцна.На 22 години кога мисли тој дека е стар...Се ти кажува.Размислувањето му е плитко,ќе сте живееле со парите од свадбата :rofl: Сакал деца,не излегувал оти стар е (facepalm) Ниту ќе му го смениш мислењето,ниту другарите.Тој живее во различен свет,и нема што да бараш со него.Ќе созрееш,ќе најдеш човек што ќе го сакаш,некој со современи сфаќања,некој кој ќе те гледа како жена,рамноправна на него.
    Пошивинистичко нешто одамна немам прочитано.Па ова го немало ни пред 5 века,повеќе достоинство имале жените.Мене да ми рече некој така,:punch: ќе му го направам.Да се свести до каде е неговиот сељачизам.Со какви го делиме воздухот :puke:
    Не можам да ги сфатам (facepalm)
     
    На VDT2906, Nausicaa, Lolo5 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Паразити и примитивизам.
    Почист опис амин.
     
    На VDT2906, Nausicaa, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Мила, јас мислам дека ние, феминкиве треба да пробаме да ти ги отвориме тебе очите и да го промениш дечкото. Личи на мамино синче.. Немаш просперитет со такво. Смогни сили, кажи му чао и уживај во студентските денови исполнети со забава и дружење. Има време кога да бидеш домаќинка, мајка, кога да учиш да сукаш и такви работи.
    Гушки и памет во глава за секој чекор понатаму!:hug:
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Тебе ти е проблем твојот дечко така ако сметаш дека не можеш да го следиш остави го.
     
    На WildMk и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  11. Dr.Zzz

    Dr.Zzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Очигледно дека работите ги гледате на различен начин, и имате различни планови за живот. Немаш иднина со ваков дечко, животот не е еден или два дена, очигледно и тој потпаѓа под влијание на заостанатите ставови на мајка му. Разбирам ете можеби го сакаш, ама застани пред огледало и размисли дали е за тебе и дали можеш да прифатиш таков живот. Совет седни поразговарај, кажи му искрено како си се замислуваш себеси во иднина, дека сакаш да заврши факултет, буквално се, види му ја реакцијата, и сама ќе сватиш не сте еден за друг.
     
    На WildMk, Sandrush12, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.178
    Допаѓања:
    169.583
    Не треба ти да му ги отвараш него очите ТРЕБА ТИ ДА ГИ ОТВОРИШ ТВОИТЕ ОЧИ и да се тргниш од тие пештерски луѓе
    кратко и јасно
     
    На Hipster, VDT2906, Nausicaa и 17 други им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    @TheLibra само еден најдобронамерен совет - БЕГАЈ ОД ОВАА ФАМИЛИЈА!!!!!!!! БЕГАЈ ШТО ПОБРГУ И КОЛКУ ПОДАЛЕКУ МОЖЕШ!!!!
     
    На Alpha010, VDT2906, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.156
    Допаѓања:
    168.858
    Пол:
    Женски
    @TheLibra продолжи си со животот без дечко ти . Не си ги троши најубавите години на вакво нешто
     
    На Martka, cresa-jagoda, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам, се запрепастив.
    Бегај што подалеку од тие примитивци, бегај и не свртувај се назад.
    Не си го упропастувај животот свесно пошто ќе се каеш еден ден. Памти ги зборовиве.
     
    На VDT2906, Nausicaa, smooch и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Абе селски деца се у принцип многу вредни, мене ме чуди што он на 22 не студира, ама не ни работи. Зошто така? Од парите од свадба не се живее, бидејќи колку ќе дадеш на организација, толку ќе си земеш назад, најчесто е така. Нема да земете милион евра од свадба па да кулирате до смрт. Треба да се работи, се друго е плус.
    Девојче што да ти кажам, горе се ти кажаа. Различни сфаќања имате, ти го сакаш она што 90% од нас го направиле и што е најнормалниот тек на работите, да завршиш факултет, да фатиш било каква работа, да се забавуваш и шеташ, па после да си дојде маж, деца... А он на 22 вели дека е стар за забава... Ако е стар за излегување, таман е за работа, за труд! Хаха Ова со работава го спомнувам бидејќи сметам дека е доста битно, така би запознал други луѓе, со комуникација би осознал други мислења, ставови, и плус би научил да работи и би заработувал. Автоматски со тоа би добил и некоја сигурност и слобода од неговите.
    Што и да се случи, неговата фамилија ќе ви биде главен извор на проблеми, бидејќи имате различни ставови. И утре да се омажиш, сигурна сум дека не знаеш да сукаш, ете ти проблем, нема да сакаш дете, ете ти проблем, да се земете откако ќе завршиш факултет, сте чекале многу, ете ти проблем, пак нема да сакаш дете одма, ќе сакаш работа прво, ете ти проблем, нема да сакаш кокошките да ги храниш, ете ти проблем, нема да сакаш у заедница да си, ете ти проблем, ќе фалат пари, ете ти проблем... да не набројувам.
    Ако стварно се сакате со детево, и ако гледаш потенцијал у него и во вашата врска, да му кажеш човечки и искрено што сакаш ти од животот. А најбитно е сама да си размислиш дали се гледаш во иднина со него. И да му кажеш да не легачи, туку да се фати за работа. Зошо не му ги знам квалификациите, али ќе претпоставам дека има возачка, нека земе да полага за камион, и шоферлукот да си го фати. Така ќе заработи кешарица, плус ќе биде малце на страна од неговото опкружување, плус ќе види бели свет, бидејќи најчесто се вози во западна европа, млад е, виугите ќе му се отворат, додека ти студираш. Ова со гледање на бели свет не е баш шетање зошто возат, ама имаат и они слободни денови и има простор и за тоа. 3 месеци на пат, 3 дома. Неам појма колку плата земаат шофериве, али да речеме 1500 евра месечно да му остануваат, израчунајте си. За 4 години ќе заработи и пари за свадба и за кола, и плус ќе му останат. И карактер ќе му се смени и погледи кон светот. И ти ќе си го направиш своето и после ќе правите муабет што и како...
    Што знам, ете ја ви испланирав.. :rofl:
    Сеа за сеа игнорирај што велат неговите, што прават неговите другари, со него е најбитно отворено да си поразговарш. Али прво да видиш ти што сакаш. Мислам, ако се гледаш како нечија жена на 18 и со дете на 19 и си океј со тоа, more power to you! :)
    ПС- стварно е примитвно размислувањето на неговите...
     
    На Lolo5, Dr.Zzz и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.168
    Пол:
    Женски
    Или бегај или чекај некој ден трудна да останеш па да те зезне после. Тој за инат може да го направи тоа. Мани го таму, не се потресувај, нит ќе го смениш нит ништо, а и да го смениш утре задутре кога ќе бидете ете фамилија свекрва ти ќе ти управува со животот, јасно ти е? Сакаш со таков да створиш фамилија?
     
    На Nausicaa, Lolo5, VDT2906 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Пари од свадба да имавме ама бидејќи ни платија од двете страни, ние младите немавме бикаков трошок.
    И не се живее со нив ние ги потрошивме истата година, а само четрвртина од спратот реновиравме па види сеа ти колку тоа многу пари се.
     
    На cresa-jagoda, WildMk и Sandrush12 им се допаѓа ова.
  19. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Абе само едно вц да реновираш е 2000 евра..
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Зависи колкаво е вецето, ако е поголемо само за плочки и мајстор ќе ги дадеш толку :)
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.