Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да му ги отворам очите и да го променам?

Дискусија во 'Врски' започната од TheLibra, 26 ноември 2018.

  1. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Проблемот тука е што ако не е таа ќе биде некоја друга која ќе се излаже по него и ќе потклекне на сите тие глупости од нивна страна само заради тоа што нема да сака да го изгуби, а женско кога ќе се вљуби се активира глупоќата и слепоста во неа.
     
    На Lolo5, Milobebence и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    хаха у право си, у пресметкава ја заборавив работната рака јас хаха
     
    На WildMk и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  3. TheLibra

    TheLibra Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Ти го прочитав коментарот, му имам спомнато за шофери во Европа, ми вика луда ли си се знае што прават жените додека мажот вози, мислеше на онаа работа.
    Инаку сакам деца ама сакам и услови.Ми е криво бидејќи колку и да зборам не се смени никако.
    Имам една братучедка, она се омажи одма после факултет ама работеше работа сврзана со факултетот уште пред да дипломира, имаат нивен стан, патуваат зет ми многу ја почитува и сакав и јас така, бидејќи е повозрасна од мене секогаш сум ја сакала и гледала за пример, блиски сме но сеуште не знае за мојов проблем.
    Има сега ќеркичка, од кога се породи беше неколку пати на службени патувања низ Европа, маж и си е рамноправен со нејзе, не знам како и одмори, и дете и работа навистина ми е инспиративна.
    Не викам дека нема фини деца во село, ама неговиве другари од петни жили се мачев да му ги тргнам, му викаат жена е за дома, плус мајка му му влијае, зетот, сестра му и таквите.
    Имаат роднини во помал град каде што кажуваат дека е нормално тоа што им се случува, бидејќи по потекло се од Демир Капија само доселени во Ск.
    Имаме едно дете од село во другиот клас, лани стипендија зема за одличен успех и најпослушно и нај културно се однесуваше на сите досегашни екскурзии, планира факултет ок си е, не е како дм..
    Ме бендиса кај дм само што беше со мене фин,ама дека ќе биде како татко ми или зет ми не ми се верува..
    @AngelOfArh сакав да се докажам и да му покажам дека греши пред да заминам бидејќи инат ме фати да бидам постојано виновната затоа морав да пишам.
     
    На Lolo5, Milobebence, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. TheLibra

    TheLibra Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Инаку во разговор со мајка му кога и кажував за ризиците од прерана бременост т.е од кога роди сестра му, мајка му на дм само накриво ме изгледа и цинично ми кажа-
    Вагичке, па ако не родиш сега млада кој ќе ти помага за децата? Кога ќе ги одгледаш?
    Погледни колку родилки починаа на пораѓај, тоа е се заради што касно раѓаат.
    Кога и вратив со неколку агрументи дека не е така, само ми одговори-ете золва ти (не знам зашто ја вика золва кога уште не сме во брак)
    што и фали? Инаку сестра му знам само дека нормално се породи така ни дадоа информации. И врвот беше-тие порано почнуваат со домакинство и ќе бидат поголеми ДОМАКИНКИ од сите вас! И се налути и јас излегов виновна.
    И како да се докажеш на вакви?
    И што е најболно братучедка ми во нивните очи е немајка, бидејќи работи со странки, со луѓе е постојано
    и заради тоа се дотерува, мислам нормално не провокативно, ама фризури, нормални нокти и чиста облека постојано има.
    И зет ми бил глупав бидејќи бил среќен со таква жена, требало да ја тепа и да не и помага околу малото, да не ја чека на аеродром, да не готви дома и да му слугува она, иако и двајцата работат.
     
    На Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    @TheLibra зошто мораш да му покажуваш? Зошто?
    Абе остави го таму, секој ден како си со него е ден губење за тебе, гледај си ја иднината за да не страдаш еден ден.
     
    На Nausicaa, blackwave, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  6. TheLibra

    TheLibra Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Сега сме заладени, чекам да расчистиме.
    Ми беше да му кажам бидејќи секаде ме претставува во лошо светло, другарите негови во лице ми се имаат смеено бидејќи им кажува дека сум неспособна за мајка, нешто ми фали, и највеќе ми е од инат..
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Девојче остави и дечко и инат и све. Нема ти ним што да им докажуваш, тие секогаш ќе си бидат во право. Ти е гајле и за него и како те преставува на негови другари. Собери си го умот и чуствата додека не те забременил па да си имаш маки за цел живот. Млада си ќе си најдеш дечко каков што гледаш си нашла братучеда ти.
     
    На Nausicaa, blackwave, smooch и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    @TheLibra чекај и дечко ти ли ги има истите ставови? дека жената е слуга? Ако да, тогаш е неандерталец, извини. И не знам што бараш со него.
    За тоа се знае што прават жените, може да се каже се знае и мажите што прават. Некој ако сака да прави нешто со некого нема потреба да оди едниот на 1000ци км подалеку. Тоа да си го запамтиш ти за тебе лично, бидејќи е многу битно и ќе те олабави од љубомора понатака у животот.
    Со оглед на тоа дека се заладени односите, и најверојатно си спремна за раскинување, слободно можеш да ги испичкариш сите тие луѓе, али на фин и културен начин. Што чисто се сомневам дека ќе разберат со оглед на нивото на едукација и нивниот комон сенс. Ова ти е еден заостанат профил на луѓе, ко да се од село со 10 куќи каде нема тв и интернет, а не од скопско! Со момакот нема да имаш разбирачка и во сингапур да отидете да живеете, нема да му се отвори мозокот. Ни му се работи, ни му се дели од мама. Животот може само пекол да ти биде ако завршиш со него, батали го колку и да е фин. Мене сите бивши ми се фини. Финоста не е показател за ништо, особено не во заеднички живот. Сите сме фини со сите во краен случај. Фина си со шанкерот у диско, фина си со матичната, фина си со школските.
    Друга работа инспирација дефинитивно треба црпииш од успешни ликови, само немој да очекуваш дека некој ќе биде баш како зет ти, татко ти, или па дека ти ќе бидеш ко братучедка ти. Едноставно не можеш да знаеш. Тоа треба да ти е мотивација ти да направиш се за да бидеш најдобра ти, колку што сметаш дека е најдобро, нормално.
    Јас исто сум земала примери, и сум имала некоја замисла за животов, па сеа да ме прашаш дали излегло се така, ќе ти кажам не, дел се исполнило од тоа што сум сакала, дел не. Не можеш да планираш во детали, не секој има стан, не секој го работи тоа што го завршил, не секој завршил (најголемите бизнисмени јас што ги познавам се без високо образование), не секој има партнер од цирих, не секој има партнер милијардер. Едноставно животов пишува романи.
     
    На Milobebence, Kitten и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  9. TheLibra

    TheLibra Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Затоа и ја спомнувам, не дека ми е роднина ама ете успеа мене ми е мерак бидејќи на сите им затвори уста дека со дете може и работа, и среќен брак и секогаш средено дома, и шетање и одмори, блиска си е со зет ми, он и со моите се дружи, културен е се нај.
    Инаку немам односи со него, мислев дека до тоа е проблемот затоа што е ладен ама рано ми е премногу, така да знам дека нема да дозволам да ме забремени а и до пред некое време бев малолетна и нејќев да чујам за таа работа.
     
    На Orthophill, SeaMermaid и violetblue им се допаѓа ова.
  10. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    @TheLibra а колку време сте во врска со типов?

    И памти, да, може се да се постигне, со вистински партнер до тебе, и образование, и работа и деца и фамилија и одмори и се! Многу луѓе го направиле пред нас и многу луѓе ќе го нарават после нас. Нормално со тек на време и со мноогу труд.
     
  11. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    @TheLibra после се што прочитав уште не ми се верува дека постојат такви луѓе најдобронамерен совет ќе ти дадам да го оставиш. Гледам дека и другите феминки истото ти го велат и тоа е најдоброто решение. Не си губи време повеќе со него. Очигледно е дека сте два различни света и дека не сте исто раснети и воспитувани. Уште сега ако се менува во односот со тебе што останува ако за некое време му бидеш жена?
    Најдоброто за тебе е да си продолжиш со животот како што ти си го замислуваш. Видов дека од сите имаш поддрша што е најбитно. Тоа што не те крие, кажува на сите за тебе е најнебитното во оваа ситуација. Верувај дека има некој со кој ќе имаш исти погледи и ќе го уживаш животот, додека со сегашниот ќе си го ставиш животот самата во кафез. Уште во врската нели ви се меша свекрвата што ли се ќе ви прави во бракот, а како што заклучив и мамино синче е, за се ја слуша.
    И да од парите од свадба не се живее како што тој си мисли.
     
    На Martka, violetblue и Sandrush12 им се допаѓа ова.
  12. TheLibra

    TheLibra Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Те разбирам знам дека никој не е со никого ист, јас ваквите успешни ликови ги земам бидејќи сакам да станам подобра, а не да ги копирам, она пример е добра со едно јас со друго, знам дека никој нема да биде како татко ми, зет ми, соседот, школскиот или било кој.
    Но стравот ми е што е со ваквите како дм? Што ако сите бидат вакви?
    Дм вика радувај ми се, да беше друг ќе те тепаше, ете пр. другар негов жена му ја истепа бидејќи направи минимална кујнска грешка, бидејќи детето му дигна температура и она беше виновна, дека сакала на кафе не знам како успеа со вакви да се здружи.
    Уште мајка му се налути бидејќи некој од неговите роднини ме покажал на фб или инстаграм каде што сум сликана на кафе после школо (навика уште од 1ва година)
    не требало да шетам се смееле роднините, после на друга слика па на трета наоѓаше маани, а сестра му нема инстаграм само фб, и е ок бидејќи има само слики од детето и семејни.
    Затоа сакав да му кажам да гледа да си го олесни животот а не дека јас мислам лошо на некого..
     
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Премногу си млада, ќе појдеш на факултет ќе запознаеш многу нови луѓе, пријателства, не си го загорчувај животот уште сега. Ехеее уште колку прилики во животот ќе имаш, да бираш дечковци. Се гледа дека си разумна, батали докажување и инатење со такви луѓе, јас на 30+ не се замарам да се докажувам со официјалната свекрва, а не па на 18 абер немав ни од свекрва ни од такви глупости :)
    Едит. Не се сите такви како ддечко ти, еве сите девојки и жени овде ќе ти кажат дека има мажи што се тотална спротивност на дечкото и не се ретки, остави го него и неговото друштво, нормално дека тие сите се исти. Цел живот е пред тебе, ќе си најдеш некој што те заслужува, а не да те уназадува и враќа во 10ти век.
     
    На Martka, cresa-jagoda, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    @TheLibra Искрено ќе ти кажам, не ми изгледаш ни на приглупа ни на проста и прилично си свесна за ситуацијата. Зошто одолговлечуваш тогаш ?
    Запрашај се само дали себеси се гледаш во таква мизерна околија. Дали мислиш дека не заслужуваш подобро ? Уствари најубаво тргни од тоа, што би советувала друга членка, ако хипотетички друга ја има пишано твојата ситуација, што би и кажала ? Вероватно би и пишала да бега подалеку од такво сељачиште.
    Е тоа треба и ти го сториш.
     
    На Nausicaa, blackwave, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  15. TheLibra

    TheLibra Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Не ми е свекрва, она така си мисли, не знам зашто ама напорна е со тоа.
    Она мисли дека готово сме во брак или не знам како гледа, јас искрено не знам што му збори дома, се што сум слушала беше кога бев до вц на веридбата на сестра му ама не ме виде, и онака кога ме мешаат.
    Се обложувам дека му пере мозок.
    2 години, со предходно онака ни јас не знам на што бевме, ај еве како другари-позаници.
    Знам дека може да се оди на одмор, тоа е една недела или 10 дена еве макар и викенд, еве соседка имам магистрираше со 2 деца или докторираше, ама добро она работеше со јазици, патувања и затоа покасно магистрираше или спремаше некаква програма, не знам што направи.
    Ама децата и одат во градинка, маж и кога она учеше он и помагаше, он кога одеше на работа она ги гледаше малите и се надополнуваа постојано.
    Јас на одмор кога и да одам гледам куп мајки со деца, семејства,а мојов и неговите другари до Охрид не сакаат да одат, еден другар негов жена му дома ја остави со децата за он да оди во Ц.Гора со другарите на одмор, не знам што да кажам..

    За одмор доволно е да се тргнат пари само, одмор од работа слободно време и тоа е одморот, макар и едно шетање до парк или Водно за мене е супер.
    Ама неговиве ни тоа не го сакаат.
     
    На Sandrush12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Сите да се такви? Девојче бе, вакви заостанати семејства не се ни во малцинство, туку веќе се ендемски вид во изумирање. И во рурални средини се напуштаат овие малоумни традиции.
    Не знам ни кај си го нашла таков, па и со другари истомисленици... И јас како што спомна друга членка поназад - баш од Петровец имав три соученички во средно и две колешки сега, еве ги завршуваат факултет со нормални младешки врски. Сето ова ми е надвор од памет, како турска серија да раскажуваш или да доаѓаш од друго време. Па уште и си се навикнала на сет тој мајндсет, можда сите биле такви, добар бил оти не пушел и не пиел...
    Батали ги и него и другарите, не вредат ни збор веќе да пишеш за нив. И камо полиција и закон во иднина да ги стигнат за пештерсково понашање, да ги научат на 21 век.
    Уф :x :x :x
     
    Последна измена: 27 ноември 2018
    На VDT2906, Nausicaa, blackwave и 10 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Зошто ги гледаш другите,зошто им даваш значение... кога ти бараш спас за дечко ти а добиваш контрадикторни одговори.
    Сите ти велат да го оставиш, а ти сакаш да го оставиш ама и да си ја свитка опашката и да те бара, да сфати дека има погрешни сфаќања.

    Е тука си грешка, тој треба да оди против неговите за тебе, а прашањето е дали ти толку му вредиш или ќе си најде друга девојка која ќе сака да биде млада ''виолина".
     
    На SeaMermaid и Sandrush12 им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ете што мислат за она што сакаш да бидеш ти. Дека ќотек треба да јадеш!
    Не биди будалче, иако сите исто ти рекоа, ама навистина, не биди будалче! И не е дека е од село, туку оти е тиквар, тикваросан. Не го менуваш ти него, па ако сака светот нека се преврти. И во градовите има вакви тенџериња. Сум среќавала

    . Ако за основи замисли за иднина не се согласувате, нема што да бараш со него. 18 години имаш бе. Сега ти почнува животот. Ти од дома нема да мрдниш да си со него. И не само за по кафичи, ами патувања? Ќе одиш на излет на река во лето и то ќе ти биде 'луксуз'. Не си играј со животот, еден е.


    И кај кои те претставува како 'неспособна'? Кај тие тикварите кои ги кажуваш? Па ти не ги цениш нив, а и не се за ценење и почитување. А пошто не се за почитување, што ти е гајле за нивното размислување за тебе? Како и за било кое нивно искривено размислување што не треба да ти биде гајле, така ни за ова.

    И не во живо. По телефон скарај му се. Пресечи секаков контакт. И не се објаснувај. Оти сигурна сум дека ќе те убедува, а во живо можно е и да ти плачи, да ти се лигави, да те убедува, или да ти стегни некоја по муцки, па да останиш со него од страв или 'жал'.
    Од далеку, на сигурно..

    И кажи им на твоите! Нека знаат!
     
    На Nausicaa, Milobebence, Martka и 13 други им се допаѓа ова.
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Овој и ќе те тепа и неговите ќе го одобруваат тоа да знаеш!
    Гледаш како индирекно ти кажува да беше некој друг како демек он не е таков ама верувај бетер е штом се воодушевува на прикаски како другарот ја истепал жената.

    Еве јас ти потврдувам дека не се сите такви, не знам што се плашиш да раскинеш секако бетер од овој не можеш да најдеш јас се чудам во која џунгла растел.
     
    На Nausicaa, blackwave, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    А луѓе приметувате ли дека сакаат да и ја снижат самодовербата како ти за ништо нечиниш, за ништо не те бива баш и да си ја подвитка опашката и да си слуша се.

    Друга варијанта е што другарката твоја останала трудна од 40годишниот и морале да ја омажат и сега како да не даваат слабост како еве ние одобруваме и синот зема исто млада и имаат дете.
    Нешто како тешко им е ама да не дадат слабост пред народ и сакаат да докажат нешто.
    Прост народ.
     
    На Nausicaa, blackwave, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.