Абе и такви се. Сум праела муабет со вакви луѓе. За нив 20 е 'старачупа' и ред во мажење-женење, мора да има, срам е ако се омажи/ожени помалото, а поголемото да не е уште мажено/женето. На времето ова било стандард.. И тоа не пред кузнај колку време, во 50тите било вака. Американците и Русите се спремале да одат на Месечина, кај нас жените в шупа ги оставале да спијат кога имаат добиено. Срам е невиден, денес, со интернет и телевизија и можност да прочиташ и да видиш, дека има свет надвор од овие 200 на 200 км и дека не се жените 'слуги' и 'инкубатори'. Прост народ. После.. Африка не чинеле.. Ама ние среќа имаме шо сме на Европскиот континент физички, да бевме тоцкави во Афричкиот континент и без ресурси, ќе не каменуваа по калојте оти не сме биле 'умни'.
Кај некоја ќе им успее. Ама нека биде и таа со такви сфаќања. Нема ни да се тревожи за вакви работи. Ако е поначитана, ко девојчево, има да си пукни. И предвидувам многу грозни сценарија.. ама ич неубај.
Леле и тоа што викаш Дај да организираме со некој од форумов машки член да испадне некој доброволњц нека направи 2-3реда муабет со девојчево Да види дека не се ни приближно такви машките како овој кромањонецот што го нашла.
Гледам само @WildMk ги спомнала нејзините а јас од вчера се думам кај се. Ај ти заслепена си, млада си и не си го сетила. Твоите не го видоа во 2 години што рзак е? Ти кажувам како студентка, немој да си дозволиш да немаш студентски живот заради некој како него. Нормално е за 18 годинишно девојче да сака да седни на кафе, да појди на забава, да оди на одмор со другарки, да шета по концерти, да флертува, да се забавува. И не, не се сите како него, баш напротив, вид во изумирање се. Приметив уште една работа. И помагал со децата, со домашните обврски? Како и помагал? Тој не живее тука? Не е исто родител како и таа? Не е помош туку е должност. Ова за нареден партнер, не за тенџерево. Имаш многу потенцијал во тебе и не дозволувај да не блеснеш заради некој како него.
А.. и ќе живееле со парите од свадбата Абе, сенкир сто илјади евра ќе извадат, па да не му ја мислат 10тина години Не е печалба, свадба е! Додуша, некои и ќе извадат 100 илјади, ама тие веќе имаат двеста, и гостите им имаат по толку.. Овие.. чисто сумњам.
Абе не ли сфаќате он сака (или пробуваа) без пари да си помине за невеста инаку такви како они што ги сакаат ги купуваат од соседна ни земја од селата за 1000-2000 еуричи
Ах леле.. ми се плачи од то шо прај сиромаштијата на жените.. Финансиската зависност. Од ко ќе се родат, дур не умрат, ко терет ги сметаат некои... А ние овде мелиме за рамноправност... Со кој? Одат невладиниве, држат трибини, тие-па тие, на истите луѓе. Ами како ќе информираш народ, ако не се мешаш со нив и не прајш проекти со обичниот граѓанин??? Да не зборам за условите државата што ни ги 'нуди'. А да, и да не заборам.. многумина ич не сфаќаат што значи бракот. Значи не е тоа, ќе се видиме денес на два саати, ќе се избаацваме, ќе се изе*аме, и се' супер. Ко ќе живеете заедно, се' е поинаку. Секој ден ќе треба да се соочувате еден со друг, со вашите навики, размислувања, желби, потреби. Па сметки за плаќање, па деца одгледување. Ако не се согласувате во погледите за иднина, финансии, одржување на домот, начин на одгледување деца, работни обврски итн.. ништо од тој брак. Таа 'љубовта' има да им се згорчи по некој месец во иста куќа.
Премудар одговор по мене, онака мајчински. Не ми се верува дека има вакво нешто по Македонија, стварно не ми е за верба. Ако е сево ова вистина, и ако не живееш блиску до нив, туку си од друга населба, блок, крај, без објаснувања, посебно не на неговине, искачај, шетај со другарки, забавувај се, и моли се овој не да не те бара, ама сосем да те заборави. Штом ти вели дека треба да си среќна што не те удрил за твоето сосем нормално однесување, верувај не е далеку од тоа. Тој потпаднал одамна и под влијание на неговите и под влијание на другарите и тука сестро ти не го оправаш, па мајка Јана. Да не грешам, ама со самото тоа што ти го анализираш толку ова негово размислување, па се прашуваш дали би нашла толку фин како него, како да стануваш полека и ти колеблива. Немој! Не е чудо, како што ти рекоа другите и да бидеш убава, дотерана, атрактивна и да имаш сопруг и деца и работа, напротив нормално и пожелно е. Нивново е ненормално, забегано и нечовечно. Сметај дека нивното влијание и на вашите деца би го пренеле, па дали би сакала и твојата ќерка да се мажи за некој поднапиен средовечен чиче на млади години и да кршите закон оти не завршила средно. Бегај, и кратко по телефон соопшти му дека е крај, не му кревај, блокирај го од секаде, терај шеми, откривај го забранетиот свет за него, он е за срам и неспособен штом децаќе рани со пари од свадба. Ни опрема бебешка нема да купи со нив
@TheLibra никој не е како никого. Сите сме различни и тоа е океј. Јас ти гарантирам дека деца растени во село можат да се добри партнери ако имаат грам памет малце да се тргнат од тој селски менталитет. И деца растени во град можат да бидат најголеми гадови. Се има по светов. Работава е што твојов ги дели истите мислења со неговите и тука лежи зајакот. Како што пишаа, ќе јадеш шамари и многу ќе ти биде лош животот ако завршиш така. Бидејќи имало вакви ситуации, прашај ги твоите, баба ти, дедо ти сигурно ќе ти кажат милион вакви примери. Раскини си, најпаметно ќе ти биде.
Така е и јас сум против, ама во селата од моја околина има еден куп вакви невести, фабрики за деца, чистење, гледање на стари и со погледот во земја, нигде не прожетани и кажуваат ова било луксуз за разлика од предходно како живееле. Е имаше една млада ја купија троа поскапо оти помодерна и од град и стварно женава беше и убава и згодна и се на медто ама жената бизнис си правела на тој наачин за 2-3дена ја летна со се злато и пари од куќата. Е сега ќе ја чека следнаата жртва
За девојчево мислев конкретно, за жал. Полека полека ќе ја придобијат на своја страна. Види, она нигде не спомна дека ќе го батали, пази она бара начини да го промени него, да го тргне од другарите, да им докажува на неговите дека можела да иде на факс, преку раскажување нечии си животни стории. Не спомнува оставање , туку бара совет како да продолжат.
Море и по градовите има, и тоа не се 'купени' ко стока. Оваа хоштаплеркава, не ја рачунам Какви глупости имам слушано и од блиски, да ти се крени косата. Маж е тој, ти ќе си ќутиш. Маж е тој, ќе си го слушаш. Како да ти е нечисто дома, шо ќе речат свекрва ти, луѓето ку*ле-ма*ле?? Како не сакаш сега деца, па кога ќе раѓаш, ко ќе не можиш? Како не сакаш да се омажиш? Како сакаш да се омажиш со некој што не е македонец? Како само едно дете? Штета што немаш машко. Кај бе таа да оди на работа, таму швалери ќе брка! Сакам ко ќе си дојдам дома, салата и ракија да ме чека. Нема шо јас да се расправам со куќата, то на жената е работа. Ќе пијам со другарите до сабајле, шо ако има температура детето, ете ја жена ми таму е... со мајка ако треба, и на бајач и на доктор ќе го однесат! Абе... шо е - шо е.. држава ќе сме праеле... со кој??? Нека продолжи де.. ама ќе ја читаме тука после како жртва на семејно насилство и трудна по 5ти пат во 5 години.
Многу ме интересира, девојче кому ќе покажуваш и докажуваш? Зошто? Што сакаш да те затворат кај него некој ден и да не можеш ни дома да си одиш? Па очигледно овие се неандерталци, само тоа и очекувај од нив. Мислам не знам како не приметувате? Разговарај со твоите, ќе видиш дека и они исто ќе ти кажат. Зар до толку не се сакаш себеси?
Ко што не сакам ќерка ми ниту да наиде на наркоман, пијаница, коцкар, швалериште, така не сакам ни на ваков. И поеманципирани ликови од овој со примеси на застарени сфаќања не се добар избор за современа, урбана жена, а за среќа се повеќе жени се такви. Ова е врв на дебилизам. Ем шуто, ем боде. Не работи, не рзмислува за работа, сакал деца, сакал домаќинка. Не разбрав ни дали имаат некаков род или добиток, па од тоа да живеат.Небитно, тури ми пепел, ова не се менува за ништо, и не му отворај очи отвори си нов лист за себе!
Е то-то.. Баба ми, Бог да ја прости, мажена беше од едно село, во друго 1946... Дедо ми, Бог да го прости и него, не ја пуштал кај мајка и' да оди на гости. А имам и една блиска, што ми викаше: Сношти маж ми си дојде, во 4 сабајле (ова одма кога се зедоја). И ја прашувам: Ти како изреагира? Ми вика: Па никако, за да не може после да ми приговара дали, кога и колку одам кај мама
@TheLibra ја исчитав цела тема и едно ќе ти кажам. БЕГАЈ!!!! Раскини и сврти се. Еве ме мене 40 години не сум мажена не ми ни паѓа на памет, си работам си имам диплома самостојна сум. На форумов имаш милион успешни мајки, жени, студентки, и ти ќе бидеш таква. А знаеш што? Ти гарантирам дека ако му раскинеш, за 3 месеци ќе му најдат некоја друга за да го женат да не е брука пред село дека сестра му прва се омажила. Бегај дете, спаси се додека е време. Не е проблем ако ТИ сакаш на 18 да се омажиш, ако ТИ сакаш на 19 мајка да станеш, ама ова е робство!!! Буквално РОБСТВО!!! БЕГАЈ!!! И не е лошо да се посочат овие со име и презиме да не се заебе некоја друга.
Раскини му девојче, не си го запустувај животот со таква фамилија. Ај кај ти ќе се уништиш ами замисли имаш ќерка или ќерки со него и ги присилат да се мажат на 15 год. Ами ако имаш ќерки гарант ќе те тераат да раѓаш додека не добиете машко пошто во таквите фамилии нели мора да има наследник. 21 век сме сите одат напред, не оди ти назад од слепа љубов кон него. Маж е, можеш да си најдеш друг, да го смениш. Тој е осакатен со таква закоравена фамилија и она што му е всадено од неговите од бебе што се вели, задоен со такви примитивни идеологии бе не можеш ни ти ни ниедна друга на светот да го смени или да му ги отвори очите- како што се изрази ти. Рачунај колку е тешко со луѓето за некоја ситница да се разбереш и да им објасниш дека е погрешно, а не па за ова што сакаш ти да ги вразумиш. Не си ги троши залудно месеците/ годините трудејќи се да ги смениш оти криво ќе ти биди после тоа дека си потрошила толку време од животот на нешто што не се менува. Искористи си го времето и силите за нешто полезно, што ќе те исполнува и што доликува на твоите години. Мажење на овие години и не ти доликува. Имаш уште 10 години ко ништо за да ги најдеш својот сопруг и воедно да созрееш, оти реално, и од искуство, 18 год воопшто не се зрели години иако човек станува полнолетен. Имаш пред тебе цели пекари бурек да јадиш додека да стигнеш до таму.
Знаеш во право си. Кога искачав почесто до навистина доцни часови, си гледав повремено мој роднина со две (тогаш) мали деца со друштво мушко и го прашувам како се , каде се сопругата, како се децата и сл. Ми вели болни се. Типецов добро ситуиран, модерен, ама ете смета дека жена му е должна мака да мачи со две мали, болни деца, а он да шета. А она... Зошто па она да се мачи? Оти мајка... Ахам... Друго... Уште не изумре и арно го спомена, исконското, вековното, зошто едно дете? Е зошто де? За чисто мешано. Оти така сакам. И ќе ти брои пари, и ќе ти зборува дека си себична оти едвај чекаш твоево да направи четири-пет па да живнеш. И ова се од оние,, модернине,,. Имав и јас еден таков, што мислеше дека жената по склучувањето на бракот нема работа со нејзините, дека сопругот не треба да живее сам со сопругата (без бабата и дедото) во стан на нејзините или нејзин и треба да се мкнат под кирии, да фрлаат екстра пари по газди оти срамота било!!!! Ахам и машкото наследувало, џабе му толкувам јас Закон за наследување, врска сум немала. Нормално, па и за среќа брзо си го покажа лицето, многу скоро по разделбата се препородив и не зажалив!!! А каде каде понормален од горенаведениов.
Да тргнам од моите: машкото наследува повеќе/или се'. Кај подалеку од тоа? Ние имаме една ќерка, па по нивнава логика, ваљда на некој внук треба да им оставиме се' што ќе спечалиме .. или да се испотепаат внуците сами за имот, пошто моево на буниште треба да го фрлам.. дека женско де Ама научив дека не чини нивното, туку моето. Овој тикваров, тешко дека ќе научи, пошто мајка му, другарите и сите во негова близина, се како него и го поддржуваат и тапшаат по рамо ако покажува дека е маШ!. Ако не го мрдни га*от да прошета, поднаучи и смени друштво, ќе скапи со тој ум. Имав и јас дечко што ме вардеше на дуќан по цел ден, да не ми се пуштел некој. Братучетка му била ку*ва, оти избегала за еден комшија и трудна била (што беше лага дека е трудна, избега чупето оти го малтретираја и тепаја домашните).и ред други работи... И ко ќе му речев дека ќе му се скарам, плачеше, ќе се џиткаше од тараса (будала и јас, жали го!, абе турни го, поможи му ако сака да се џитни), ќе ме изудираше Знам како е, сум видела, сум поминала. Среќа што се откачив. 2 и пол години ми требаа, за да престане да ми се заканува и да ме малтретира! Да останев со него... ќе бев 2 метра под земја... гарант.