Они си беа во врска, мајка му цело време и викаше-ајде има ли ново, ајде пак ли ти дојде циклус, ајде нели работите, така да не е само ради бременост, мајка и и татко и ко да сакаа да ја шутнат од дома. Му се јавив и чекам да дигне најверојатно нема да се видиме во живо, не знам како ќе реагира..
Кажи им на твоите. Како ќе реагира, ќе реагира. Ти ќе си се секираш за твојата мака, тој за неговата. Не се објаснувај долго, оти ќе се обиде да те завитлава. Право кажи му што мислиш, со прости зборови, во една кратка реченица.
Другарка една така и' праеја: Ајде, до кога ќе те чуваме, брат ти се жени, нема место кај да спиеме сите
Мила се сакам ептен, сакав само да докажам т.е да им ја тргнам искривената слика што ја имаат за мене. Лани одлична поминав ни браво не кажаа. Од класот бевме во посета на музеј, организиравме хуманитарен настан, не рекоа алал да ви е, не прашаа како е во Европа, не знаат што е музеј нешто што бебе да прашаш знае. Затоа решив кога ќе ми се јави да му кажам дека е готово, верувај ми многу се дружам со класот и никогаш не сум ги гледала школските како потенцијални швалери, бидејќи толку се почитуваме, грев е да се пожалам. Врвот е што сестра му беше со нас во клас, ги знае истите деца, знае дека не сум таква а они пак ме мислеа за таква. Затоа сакав да му докажам, бидејќи мајка ми вика дека никоја нема да го трпи, они знаат за ова, разговаравме и се на моја страна. Нема да раскинам во живо.Чекам повик.
Заебана работа за девојчето, иако е свесна за ситуацијата во која се наоѓа, сепак не презема одредена очекувана реакција. *Девојко, најдобро разговарај со твоите родители или со некој повозрасен член од твоето семејство. Тебе во овие моменти ти е потребна помош т.е. подршка за да добиеш храброст и да расчистиш со нереалната ситуација.
Да ама за таквите е срамота под кирија. Он затоа сакаше да се земеме, за ем на мајка му да сум помагала (имаат земјоделие) ем да сум имала време за повеќе деца, и да докаже дека може да има жена и деца. Инаку сестра му ништо не зема од наследство, јас не знам ни како неговиве не се во затвор или да платеа казна знам дека средното е задолжително, ама дали свекрвава нејзина плаќаше не знам, дали воопшто законов е со парично сум тотално аут..
Сестра му кај ништо не зема, уште ако се разведе и кажаа да не помисли да тропне на врата. Јас не би имала срце на мое дете така да направам. А инаку што е толку финтата да мора детето да е машко? Татко ми во ниеден момент не се разочарал од мене, дури имам познати што имаа син, и сакаа второ само ради да имаат и девојче.Кога им се роди ќерката, децана им се ко близнаци, мала разлика, исто гледани, иста облека, колку за едното толку за другото не знам за што мора да е машко мене искрено ми е сеедно
Оти од истото тоа излегува и она со размислувањето на дечко ти и неговите. Жената е за 'давање' и кај мажот треба да чисти, да раѓа и да гледа деца. Буквално, ко мажите да се само луѓе, а ние добиток ко да сме.
Инаку ми вика дека никон немало да ме сака, сите сакале млади, плус имам вишок кг заради што малку имав со држење диети проблем и немав време за вежбање, ми вика дебели грди и грозни никој не сака, немаш добро друштво, нема како да запознаеш нов, сите ќе ти бидат полоши и пак другарите ги спомнува..
Да јади ла*на да му кажиш! Јас 120 кг имам, па немав проблем никогаш да си најдам ни дечко, ни без маж останав.
Баба ми што е стара не мисли вака, ниту пак другата баба, мене ми е чудно како вака мислат, инаку неговиот татко му е од Д.Капија а мајка му од село во Валандово и таму сите роднини што ми ги спомнува му се такви како нив, и они биле супер јас не чинам
Не сум на 120, туку малце сум здебелена бидејќи зезнав работа со едни диети, ама се менува и тоа. Ми викаше дека сите другари му викале што видел во мене, што и да кажам се во мене ја бара вината..
Абе супер се, за овци пасење , оти поголем ментален капацитет од тоа немаат Баш ти чиниш. Ќе си завршиш факултет, ќе си најдиш работичка, ќе си шеткаш, ќе си патуваш по други држави, ќе си запознаваш различни луѓе, ќе видиш дека таквите ко него, се малку... Таквите ко тебе се повеќе, и ќе имаш огромен избор
Ти си за него премија, запамти го тоа. Ич да не ти е битно мислењето на ропаков и неговата неандртална фамилија. Врти нов лист од денес, бриши сељачаната од социјалните мрежи и ич не му кревај телефон. Ќе се смееш за ова еден ден, ама само ако сега постапиш правилно.
Девојче, доста ни објаснуваш каков е. Јасно ни е дека родителите му се заостанати, ама тој уште бетер е изгледа. Сите сме со тебе собери храбост и раскини му, те очекуваме со такви вести.
Немам баш многу познати по другиве градови, имам само далечна роднина од Куманово, ама преселена во Германија и не сме се виделе. Некој повозрасни пријатели на моите ама тие се возрасни и немам со нив баш информации. Уште ми викаат вие во Скопје многу модерни изигравате, они се во Петровец заради баба му, дојдена заради работата на дедото на дм во Железара, инаку се од Д.Капија, ама некако така останале во Ск. Мислам дека за да го земат имотот на село се овде, ама што луге ќе беа па под дефолт тие во Д.Капија, Валандово и сл?
Епа тебе не ти е неубаво да си со некој кој те навредува? па и другарка да ти е, да ти речи, што бара онај со тебе, ти грда си и дебела, треба да ја отераш у три лепе, не пак некој, со кој размислуваш за живот во иднина. Толку не се цениш? Нека не ти ја паѓа самодовербата. Така прават насилниците, ќе те направи да не се сакаш, да се осеќаш неспособна, па ќе те завладее и ќе те команда, да му го прајш ќефот после.. Па ко ќе дојди за ќотек, и фала ќе му речеш, оти крива ќе се осеќаш ти, дека ти си го 'предизвикала'. Па ќе те изолира од роднини и пријатели. Е така функционираат насилни врски и бракови. Затоа жените не си одат од насилниците, туку трпат. Оти се чувствуваат неспособни и сами.
Прво не би рекла дека е трол. А и да е, бар разбирливо пишува. Но, сум сведок дека има вакви луѓе. Поготово во некои скопски села колку затуцани фамилии има, ја се чудев до пред некое време, но сега со секојдневно мешање со нив искрено не се чудам... Без навреда, не се сите такви, си има и нормални луѓе ама некои се стварно заглавени пред 5 века. Од дома се учени на истиве овие работи што ги пишува девојчето, раѓаат одма после средно, а некои уште у 4та, не ни довршуваат. За жал, се ова го има и тоа во големи размери. А ти, бегај и спаси се. Тука никаква иднина немаш. Се глеа дека си океј девојче ама полека овие ти го перат мозокот. Ваков ни 2 месеци не се трпи, не па 2 години. Било што било, на почеток може за да те придобие глумел, но толку е. Со овој само мајка на 3 деца на млади години, несреќна, неостварена во животот и фрустирана дека не си ги исполнила амбициите можеш да си. Инаку не верувам дека нешто добро би ти донел. Ваков конзерва тип и конзерва фамилија, што подалеку од тебе, тоа подобро.