Либра, за раскинување не ти треба согласност од него или да ти одговори на телефон, да се сложи или прифати. За започнување врска треба двајца да се согласат, за раскинување, доволно е еден да сака. Никој никогаш не ке можеше да раскине врска или брак ако мораше и другиот да се сложи и да речи - важи , под претпоставка дека тој другиот не сака да се раздели Не ти треба негова дозвола за да раскинете. Му кажа што имаш, ако сакаш прати му мејл или нешто, и потоа- блокирај го секаде...послушај ги сите предходно што ти кажуваат и извлечи се од турскава серија. Не дозволувај после да ти се умилкува и да те разубедува. Прекини секаков контакт.
Најлошо е што ако им успее за некоја година ќе ја читаме за темата разводи и проблеми на релација снаа свекрва. Нека му раскине преку телефон, за да избегне физичко малтретирање и останати навреди.
Може да се каже дека и кај мене има “машки“...Леле колку ќе им оди на нерви тоа. @WildMk ќе се плашат од тебе Респект,оти си секогаш феминистка (иако не делиме исти политчки ставови,ама те обожавам оти си многу храбра ). Се некако мислам дека сака да им успее.Си бара оправдувања зошто да не му раскине,а самата е свесна дека си става трн во здрава нога.Страшно како ја манипулира
Нема оправдувања тука, типот е сељак и нема тука потреба за додатна дискусија... Она сакала да им успее пред да сфати колку е часот.
@TheLibra 1. Ne si ti taa sto treba da pali svekja tuku toj da gradi crkva sto te imal vo zivotot. 2. Ne dozvoluvaj da te ponizuva i da re navresuva edno govedo koe nema osnovna elementarna pojma za zivot. Glava gore prepametna si za tamu. 3. Raskini mu po poraka po mail kako sakas i zavrsi so toa rabota I NI SEKUNDA NEMOJ DA POMISLIS DEKA NE VREDIS, DEKA NEMA DA IMAS SREKJA, DEKA KJE SI SAMA, ITN ITN ITN. Zasluzuvas najubav zivot a ne zivot vo 16ti vek Uste nesto: majka ti i tatko ti ne te gledale kako kapka na dlanka za nekoj da te unistuva. Kreni si ja glavata gore i odi si po patot koj si go zamislila.
Што веќе да се каже кога кажано е се бегај од таа врска и од тоа семејство. Гледаш се обидуваат психички да те скршат за да ја имаат контролата врз твојот живот. Млада,убава,паметна,амбициозна зграпчи го животот и живеј го,зспиши се на факултет ,уживај шетај вложувај во себе во знаење во вештини работни навики . Ќе запознаваш постојано нови луѓе,кругот на пријателства ќе се проширува ќе си запознаеш и дечко каков што заслужуваш се во свое време, не се оптеретувај со врски уживај во животот и младоста млада дамо. За се има време и за врска и за брак и за дете ама баш за се те .
On sto e neandrtalec glup i prost ajde, nikat nema da se smeni jasno e ko den, ama lugje ocigledno i ona e sto voopsto e so nego i sto na 18 godini neke da go ostavi (pokraj se ova sto procitav) ko demek nema da najde drug asolen, jas da gi imav tie godini nemase voopsto da mislam na ovie raboti ko ona. Ma dajte bre ne si trosite vreme na vakvi gluposti. Tuku me interesira od koja nacionalnost e deckoto?
Не, нема ни да ја читаме пошо прво ќе биде презафатена со деца и домашни обврски,а второ социјализација па и преку нет...што беше тоа? леле читам и уште не можам да си поверувам дека е вистина ова и дека баш кај нас се дешава.Изглеа ја сум малце закоравена што мислев дека такви племиња веќе не постојат а и ако постојат ги има у Непал. @TheLibra девојче мило, како само издржа со таков две години? сериозно ли очекуваше дека ќе се смени? а и ако се сменеше, доволно си моќна и неговите да ги смениш? па уште те правел од шит подоле и упорно сакаш да го смениш и да му се докажуваш дека си попаметна од него и другарите негови? не бе девојче, на 30години ќе се каеш што уопште си трошела време размислувајќи за таков. Па и муабетот за братучетка ти дека не смеела да работи, да се дотерува, дека ќе живеете со парите од свадба (серизно прашај го колку мисли дека се зема од свадба), хахахахаха не бе гарант некој филм глеал и он и неговите па ти глумат сеа. Зарем добрината на човекот е што не пие? Зарем утре ќе те гази под нозе и ќе си речеш ќути бар не е пијан? Светот е полн со добри мажи кои не пијат и кои го ценат тоа поред нив само малце треба да прошараш.
Христијанин е, исто и јас само што не сме баш традиционални, неговите се многу побожни и суеверни исто и сестра му во такво семејство се омажи, инаку на фб ми пиша да си најдам друг дечко што немало да ме вара, што ќе ме сакал, што ќе планирал иднина со мене, што ќе ме шетал на кафе или ќе ме запознавал со сите, бесен е му се гледа..
Makedonec e ako nesto toa ti znaci. I ne, ne se dvoumi ona, oni ja tolcat i sakaat da ja simnat na nivno nivo.
Братучедка ми заради работата се случува да отиде на службен пат, но имаат со зет ми навика да се дружат со други луге заедно, додека неговиве другари ги оставаат дома жените, они скитаат или кафани, или по жени, седат со други жени или одат било каде сами и му се смееја дека сакав секаде да одам со нив..
Толку е со нас, ете го ме отера у пм, сега ќе се женел, криво му било што не сум му кажала порано за да најдел подобра и до сега да имал израснато дете. Не знам што да кажам. Го блокирав.
Ајде ќе видиме убедена сум дека ако тоа се случи ќе ми пише од фб на жена му или ќе направи нов со цел да ми се смее дека сум сама, ама сигурна сум во тоа ептен!
Dete imas 18 godini!!! Kakva sama zivotot e pred tebe. Tolku li ti isprale be tie mozok? Ajt tamu goni go, izlezi si so drugarka nekade na kafe, nasmej se i reci si Fala bogu!!!