Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да му ги отворам очите и да го променам?

Дискусија во 'Врски' започната од TheLibra, 26 ноември 2018.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    И нокт на малио прст :puke:
     
    На cresa-jagoda, Lolo5, Maša8 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Биди среќна што одма те оставил на раат. Ми личеше на некој психопат што би праел проблеми. Вака нека му најде мамичка некоја за да се ожени синчето. А ти уживај си, младоста е пред тебе.
     
    На cresa-jagoda, Lolo5, Martka и 9 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Мило, љубовта не е доволна за да опстане една врска, еден брак .. есно семејство.
    Љубовта е можеби битниот зачин за почеток на нешто вистинско и убаво но не е клучниот фактор за створање на едно семејство или на пример за опстојување на двајца млади кои што треба да уживаат во врската, најпрво да започнат да градат однос како пријатели, вистински, па да имаат и да успеат спонтано за проблемите да најдат некој компромис и средина ме сваќаш? Треба да се има почит спрема различностите, прифатливост, пак ќе кажам компромис и разбирање за се она што го доживуваме, живееме..
    Се ова горе наведено е различен но значаен фактор наречен љубов.. врска.

    Можеби би вредело да пробаш да разговараш, да му ги објасниш сите овие работи на него, да пробаш да му кажеш дека од љубов не е живее, треба финансии пред се за да опстои еден брак итн. Не можете само да се земете и како во прикаските да имате среќен брак со многу деца!

    Пред се за тие деца се потребни финансии, потребна е спремност на мајката, на таткото .. да може да биде психички и физички способен и спремен за дете, да искуси, да знае низ животот да проба разно разни искуства, да се соочи..
    Зборот брак не е едноставно нешто иако изгледа како збор, зборот брак е уствари комромис и прифаќање разбирање на туѓото а свое. Зборот веќе деца е сосема и покоплексна тема
    А да не зборуваме за човекот што не работи а од каде памперс? Млеко? Облека ? Шишиња цуцли лекови..
    Се тоа кошта.

    Како прво тој треба да се смени у смисол да почне да бара работа и да работи па потоа да мисли што ќе мисли брак, деца..
    Не ми е јасно како може човек бајрам на умот да си прави или да си раскажува прикаски за мали деца кога не знае да работи не сака нема навика?!

    Немој мила, немој да си ставаш здрава нога во трн.
    Те читам, вака мала, на факултет, се спремаш и радуваш на матура, на сокласници, на факс..
    Не ми изгледаш воопшто нит спремна нит заинтересирана за брак па и за деца..
    Дечко, дечко што не е спремен да те почека, да се радува со тебе да твоите успеси, да бара стабилна работа, да не прави компромис, да не размислува трезвено и да те турка со сила на нешто што не сакаш не можеш и не си спремна не е дечко.. не е љубов..

    Не велам дека нема случаеви и дека не успеале али ова е различно..
    Тотално различно и од тука можеш да си навлечен огромен проблем, проблем за кој што ќе нема назад.

    Пак ќе кажам. Љубовта е разбирање, радување на успеси, издигнување, компромис, подршка..
    Шетање, комуницирање итн..

    Не е она што го живееш ти.

    Размисли и пробај да се потргнеш малку на страна, да му дадеш време на него да размисли што сака а и ти да размислиш дали вреди и дали треба да сте заедно кога веќе сте тоталбно различни и немате компромиси.

    Не избрзувај.
     
    На Milobebence, Sandrush12, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Не можеш да му отвориш очи на некој кој не сака да му бидат отворени. Ако дечко ти израснал во таква средина, нормално дека нема да е ништо поразличен. Таквите размислувања ми се прости и дно дна. Светот оди напред, не знам зошто упорно би се враќале назад. За мене е срамота девојче од 18 години да се мажи и да раѓа ама сериозно. Учете, шетајте, работете, уживајте има време за се. И подалеку од таков, кога ќе го оставиш ќе сфатиш дека има и подобри, попаметни, поубави. Не треба да бидете со луѓе со кои не можете да бидете она што сакате и да си ги остварите целите во животот.
     
    На blackwave, Martka, Girly90 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не е проблем да е на 18, проблем е да е со некој, со кого не сте она што сакате.. она што сте навистина :)
     
    На Martka, Milobebence, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Мислев на било која возраст. Не гледам причина за избрзување, подобро ќе си седам колку што е можно подолго дома додека не сум сигурна дека тоа е тоа отколку да се мажам со некој ваков. Не би можела да бидам во брак/врска со човек ако не можам да седнам на кафе со другар да си направам муабет, да не смеам здраво да кажам на колега на улица, да не смеам да се облечам убаво, нашминкам и средам и сл. За жал не е само дечкото ги има многу со такви размислувања, демек за твое добро е се тоа. Партнерот треба да те подржува, а не уназадува. Очигледно дечкото има проблеми со самодовербата, затоа сака да ја ожени девојката па да ја задржи само за себе. Сум го видела веќе ова, се плаши ако излегува често или се запише на факултет дека ќе најде некој подобар и ќе го остави. А секогаш постои и подобар и поубав и попаметен.
     
    На Milobebence, Sandrush12 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    723
    Бев 1ипол година со човек што не ми веруваше, пробав да го променам, ги прифатив сите предизвици, сите болки, и имав голема надеж. Додека еден ден не ме остави на буквално цедило.
    Буквално ако останеш, и пробаш некого да променеш, доколку тој е токсичен со тебе, ти самата ќе станеш токсична, ете сега, после 1ипол година, го преболив, да, но траумите од него сеуште се во мене. Пробувам колку што можам но сепак доваѓам пак до истите тие. Девојче, млада си, имаш огромен живот пред тебе, не се уништувај, ако едно дрво е криво, криво и ќе остане. Продолжи понатаму.
     
    На Milobebence, Sandrush12 и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    929
    Пол:
    Женски
    Леле што читааам! Ова е она-да не беше трагично, ќе беше смешно... Овие сите-семејство, пријатели и тако даље, ко да се со временска машина пренесени од некоја вукојебина од 16ти век!
    Девојче, Либра, читајќи те, на моменти извини, ама помислив дека не задриблуваш... Прилично писмена си и со говор кој повеќе личи на повозрасна особа. Како и да е, ти кажаа топ совети-светлосни години подалеку од типов и слични на него. Ти посакувам да си најдеш некој со којшто ќе леташ...
     
    На blackwave, Carissa, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Што се чудите за вакви случаи, по скопскиве села што знам пола и повеќе се имаат испомажено на 17/8 години и веќе деца имаат...една дури и бегалка одеше:Dда не грешам душа има и луѓе на место не е пресудна средината, знам и такви од сред центар па со некои затуцани размислувања, се е тоа до воспитањето од дома.
    Во секој случај од ваквите подалеку, па мене баба ми од 75 години ми збори да си завршам школо и работа да си најдам па тек после на мажење да мислам, а не па млад човек со вакви размислувања во 21 век е страшно(facepalm)
     
    На blackwave, Lolo5, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    За овие работи треба да се протестира а не да се седи што мислите дали е среќна сестрата на дечкои? На 17 години ја ''дале" и што ако се омажиш кога секој ден ке пиеш дијазепами битно пред него да си се во ред и за во кревет спремна и за во кујна и тако даље. Најди си некој сличен на тебе што оди на факултет што има амбиции што има прошетано најмалку во 6 7 држави што е учтив, и најважно што знае да ја почитува сестраму ја кога видам некој сестраму за коса да ја кубе или понижува знам каков е и во врска.
     
    На Lolo5, Deni87, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    А ти од кај си?
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Што е битно тоа во темава?
    Рековме, секаде има такви.
     
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Ле ле,што не ќе прочита човек (смајли што се крсти)
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Битно е, бидејќи нејзе и е битно. Таа е личноста која почна да прави поделби село/населба/град. Дури и кажа од каде е дечко и. Затоа прашав она од каде е, чисто да направам споредба. А "селото" се спомна уште во првото мислење како многу "значајна" околност.
     
    На kravce, baba Rada, Sandrush12 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Многу е важно од причина што во следно мислење фамилијата од Петровец ќе биде и именувана.
    @Abeja ја сопнува.
     
    На kravce, baba Rada, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Може избрав па ја.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    :D Вистина ли?

    А, Абеја? :)
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    И така и тргна да прави реклама на Петровец "зона сумрака" сакав да видам шо мустра е. Изразов од турска серија ми е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    :rofl::rofl: Ју бич! :rofl:
     
  20. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    ХХАХХААХААХАХАХАХАХАХАХАХАХ ама ме насмеа овака пред спиење ххахахахахахаа...

    Иначе и јас во средно коа бев во 4та год имав дечко што беше на секој жив околу мене љубоморен, на секое могуче машко па макар и братучед мој бил сите ми ги избриша сељакот од фб а јас проста не реков ништо. Не ми дозволуваше слики никакви да објавувам од мене на фб поготово не каде што има деколте бидејки имам поголеми гради и ке ме гледале ке се палеле . Еднаш дури на една слика кај што немаше буквално ич деколте ама се гледаше белата прерамка малце од прслукот и готово испаничи зашто сум ја стаила може некои ги палело тоа :fubar:
    Трпев трпев и на крај ми пукна филм намерно стаив слика нова на фб го чекав моментот знаев ке избувне го отерав у три лепе и ајт позз го блокнав. Ме аднуваше од фејкови пишување од кај сите пријатели негови не знам ти што (иначе исто сакаше да ме зима за жена после средно хахаха ) само среќа неговите не беа затупени Господ грев ке ми пише ако кажам лош збор за нив. И намерно од коа прекинав ставав нови слики се дотерував искачав. Он по некоја година затрудни една 17 годишна ја зема и дете чува сеа ама знам дека и ден денес не може да ме заборави.
    А јас од коа го блокирав се преродив буквално и ич не се каам за таа одлука, така да БЕГАЈ што подалеку од такви немаш иднина со него. Уствари да имаш, да му слугуваш по дома да му чуваш деца и куќа а он да си ашикува со другарите дебилски.
     
    На cresa-jagoda, KateKane, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.