Форумџика на годината

Како да му се помогне?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од poetesa09, 6 февруари 2011.

  1. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    имам дечко со кој сум веќе 11 месеци...многу пати се случи да се скараме па и да се смириме...последниот пат кога се скаравме мислев дека е крај а и бев решена да биде така..потоа тој ме молеше да се смириме затоа што сфатил дека ме сака повеќе отколку што бил свесен и дека сака да биде со мене и некогаш да бидеме и нешто повеќе...вети дека нема повеќе да ги прави истите грешки и дека се ќе биде подобро...јас секако дека така лесно не поверував но му дадов шанса да го докаже тоа...и навистина беше променет,но кога дојде момент да од дома му направат нешто и јас почнав да му велам тоа дека не е во ред,дека треба да се буни,тој се сложи со мене и се извинуваше што во прв момент ме нападнал,но потоа се продолжи во поголема караница па почна да збори дека јас сум ги навредувала неговите родители(што не е вистина),дека како сум можела така итн итн...веќе бев пребесна и казав зборови кои можеби не требаше...но во кашата во која тој е вовлечен заради однесувањето на неговите родители го вадам секогаш јас...тој знае само да каже да не е убаво така што направиле....но не прави ништо да го смени тоа...цело време го потикнувам да се спротистави а и го може тоа...тој само молчи и ништо...а дел од тие нешта влијаат и на нашата врска и затоа не премолчувам...тој како да не сака да прифати и самиот си признае дека тие луѓе навистина прават погрешни нешта...не сака да се бори...еднаш ми спомена немал храброст...и упорно продолжува да трпи...а јас му реков да проблемите си ги реши таму....а не тој таму нема храброст да се буни и сета таа нервоза од нив како да ја истура на мене...како да ако признае дека тие прават погрешни нешта ке треба да се бори со нив.како да не сака да си признае дека без разлика што се родители ако ти штета треба да се бориш,како да не сака да признае,како не знам веќе што да кажам...многу пати ми е нестабилен,..во еден момент вели дека греши во друг не...во еден дека треба да се смни во друг не...во еден дека ке се бори и се криви и дека е лут,во еден не..ми вели дека се смирил зашо мислев дека јас ке се сменам...а збор стануваше за он да се смени и така сам тој велеше...некако како да е врзан за неговите како 2 годишно дете,па и тие се послободни...некако ова ми е многу чудно дури и ненормално,возрасен човек така да реагира ако некој спомене што направиле и го посоветува како да спречи нареден пат така да не му се случи..ве молам за совет...искрено ваша ФЕМИНА другарка :( :(
     
  2. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    како да му се помогне?итно !!!

    А што поточно прават неговите родители? Биди малку појасна, сепак треба да знаеме кој е проблемот, ние да процениме објективно, бидејќи ти се наоѓаш во таква ситуација кога не секогаш е лесно објективно и непристрасно да се согледаат работите.
     
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    како да му се помогне?итно !!!

    Ако е тој така воспитан (истрениран) тешко дека ќе се освести- уште потешко на постари години. Тој нема да сфати дека неговите родители се лоши, злобни луѓе се додека не го повредат директно него (а тоа не верувам дека ќе се случи) :?:
    Искрено се заглавуваш во тешка ситуација! Остануваш со некој кој е слеп пред вистината, црното го прави бело иако ти му ги истакнуваш фактите. Најверојатно му е тешко да се соочи со вистината и сигурно премногу е приврзан со родителите.
    Мој совет ти е да паузираш малку со оваа врска, да видиш дали работите би оделе во друга насока....ако му значиш тој ќе те побара, но доколку тој и понатаму остане верен слуга на родителите подобро да си бараш друг ;)
    За него секогаш родителите ќе бидат во право, а со самиот страв покажува дека е кукавица :!:

    И да! И јас би сакала да знам што прават неговите родители :?:
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!

    Малку ти е хаотичен постов, и единствено што добро разбрав(ако воопшто разбрав) е дека тој има родители кои му пречат во нешто, му прават проблеми, иако не наведуваш што уствари му прават. Дечко ти како што разбрав, ги оправдува тие работи и не сака да се соочи со нив, зошто веројатно сеуште зависи од нив. Велиш дека е могу поврзан за нив, и не сака за ништо да им ја префрли вината.
    Јас никогаш не би се мешала во домашните проблеми на дечко ми, и мислам дека ти воопшто не си ни требала да започнеш. Сепак, доколку дечко ти таа нервоза ја истура на тебе, нема причина зошто тоа би го трпела.

    Ти ги прочитав и другите мислења и можам слободна да ти кажам, дека врската која ја имате е толку лабилна и несигурна, што ја не разбирам зошто сеуште си во неа.
    Очигледно дека дека дечкото нема да се смени, а како што прочитав доста сте се карале, па смирувале, па тој сакал слобода, па ова, па она...
    Тешко се менува човек, а уште полошо што ти си се нафатила за тоа. :|
     
  5. ambasadorka

    ambasadorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    5
    како да му се помогне?итно !!!

    Оф во тешка состојба си мила едноставно што можам да ти кажам е дека кога некој предмет ќе се скрши и кога ќе го залепиме тој нема да биде ист како претходно, така да исто е и со врската кога една врска ќе се прекини тоа изгледа баш така. Кога некој ќе каже дека ќе се промени тоа не верувај го, за некоја личност да се промени и треба многу време да го стори тоа, а најлошото е кога момчињата се приврзани за своите родители и постојано ги слушаат нивните размислувања и немаат свој ставови и се под нивно влијание. Мој совет е да прекинеш со него иако го сакаш народно казано Боље сречи него лечи.
     
  6. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!


    секако дека не би се мешала...ама кога мене ке ми се истура за други...башка не сакам да страда...па зашто го сакам?затоа и сакам да му помогнам а не да бидам слепа пред вистината...башка некои нешта влијаеле врз нашата врска
     
  7. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!

    сега ќе кажам дел од нештата што се случуваат...постојано го тераат да учи..иако тој учи и повеќе од довоно за нив не е..па заради тоа еден период тој немаше време за мене и така се раскаравме...ако тој довие 9 а не 10,а тој премнг се труди,тие не се задоволни...има така кревет кој нешто не е ок и наместо да му купат,тие за нив си купија...за ужина не добива пари...за излегување премалце...му префрлаат ако отиде во ресторан..а тој само со мене почна да иде...за книги може да се случи да му дадат помалце и ќе речат да земе од мене па после демек ке ги дадат...мене воопшто не ми е за парите...мнпгу работи дури и мебел за во негова соба тој си купува...ако ужива и си купи нешто за него некој парфем му префрлуваат...студиите ги плаќа друга личност зашто немаат толку пари...многу пати се лиши од задоволство и потреби и тоа купени со негови пари затоа што ќе му префрлале...не му веруваат кога ја кажува цената за книги,велат ќе проверувале,а тој е сепак чесен...приметувам дека сообено мајка му на свое дете многу финтици му прави...нешто последно што се случи според мене безобразно е тоа што тој ми рече ќе одиме во ресторан ќе ме частел...јас велам ама ок е не мора ако немаш пари...тој рече не ме одбивај уживај ти..и тој цела недела штедел пари и собрал...утрото пред да иде на факс барал пари и мајка му му дала пари...ама таа да ги земе неговите заштедени пари дур тој не бил во соба и да не му каже дека се неговите...како таа да му дала...тој си ја купи книгата...и кога вечерта тој да види ги нема парите и тогаш му кажала...мислам дека тоа е крајно безобразно...и многу пати му чепкаат сегде,се гледаат контролираат,се мора да знаат...му земаат пари комотно од негов паричник итн итн...само му звонат кај бил зашо го немало цел ден итн итн...е па не може ова да е ок и на ова да треба да се преќутува...не еднас цел живот...а ја прашав и мајка ми дали така би направила...таа вели на комсијата не,а не пак на свое дете...се надевам сега малце е појасна ситуацијата...
     
  8. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!

    облека сам купува и ред други нешта...
     
  9. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    како да му се помогне?итно !!!

    Значи опасна е ситуацијата. Уфф, ама се нервирам од вакви родители :@ Родителите на мојата најдобра другарка се такви, т.е. татко и, мајка и е подобра. И таа беше така, од една страна знаеше дека тоа што го прави татко и е погрешно и дека не е човечно, ама од друга страна пак го толерираше тоа, заради тоа што станува збор за родител. Но откако замина на брод и беше таму 6 месеци, се врати како сосем поинаква личност. Претходно не му се спротивставуваше на татко и, а сега му се спротивставува, свесна дека не е добар родител и свесна дека во таа куќа не може да остане да живее. Значи, сепак има надеж дека дечко ти може да го смени односот спрема родителите. Пробај да го сфатиш, тој сега се наоѓа во многу тешка ситуација, не е лесно да си признаеш сам на себе дека родителите не те сакаат и почитуваат доволно. Колку и да е погрешно тоа што му го прават и колку и да е свесен за тоа, сепак него го боли затоа што сепак, му се родители. Биди покрај него, подржувај го, а ако некогаш го истури својот гнев врз тебе, не реагирај веднаш, туку почекај малку да се смири, а потоа со разговор објасни му дека не е убаво што ти плаќаш за грешките на неговите родители. И начни ја темата за осамостојување, предложи му да се исели од дома. Кажа дека е на факултет, ако е во друг град, тоа му оди во прилог.
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!

    A од каде му се парите ? Некој му дава или работи? Според мене твојов проблем е исклучиво само за пари кои пак не се поврзани со тебе ,туку со дечко ти и неговата фамилија и мислам дека ти тука немаш зошто да се мешаш.Тоа си е сепак нивна работа и повеќе не би коментирала.
    Околу тоа дека му се јавуваат по телефон и го проверуваат каде е ,мене тука не ми е ништо страшно.И јас кога го очекувам сопругот да се врати ,а него го нема му се јавувам и го прашувам каде е и тоа не затоа што јас сум радознала ,туку за да се поштедам од грижа каде е ,да не му се случило нешто.Мене и ден денес иако имам 31 година понекогаш ми се случува да ми се јави мајка ми и да ме праша каде сум ,затоа што не ме нашла дома. Мислам дека најверојатно твоето и неговото семејство функционираат многу поразлично и дека токму затоа ти е чудно сево ова.
     
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    како да му се помогне?итно !!!

    Па вака ова што му го прават него неговите родители е стварно безобразно седни и искрено разговарај со него кажи му што ти смета кажи му дека го сакаш дека ти значи многу и не можиш да гледаш како едноставно го малтретираат родителите кажи му дека треба да разговара со нив ти си таа што треба да му дадеш подршка сигурно него му е премногу тешко не знам зошто ги трпи ама мора да има причина кажи му дека ти секогаш ќе бидиш со него дека никогаш нема да го оставиш на цедило и дека не му мислиш лошо туку не не можиш да гледаш така да му прават и дека премногу го сакаш(мислав ова сето кажи го ако навистина го мислиш тоа а не да му даваш лажна надеш) па види тој како ќе реагира не треба ти присилно да го тераш да разговара нека разговара кога ќе е спремен ... а иначе колку год. има дечко ти?и види што ќе направиш па со среќа ;)
     
  12. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    како да му се помогне?итно !!!

    има ли дечко ти брат, сестра, дали и на нив им прават вака родителите или само него го “малтретираат“? седни си и разговарај со него, охрабри го да им се спротивстави на родителите, иако ќе му биде тешко, сепак “родители“ :sweat: кажи што ќе одлучиш и со среќа. позз :*
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!

    Искрено мислам дека ти малку можеш да направиш. Ова е ситуација во која единствено самиот може да си помогне. Иако ти си му девојка, реално гледано, не си голем фактор во ова што се случува, зошто ова траело одамна и веројатно неговите намаат намера да престанат.
    Со неговите немој ни да се обидуваш да го решиш проблемот, очигледно тие се луѓе со проблем кои имаат се, освен родителски ставови и односи.
    Од твоја страна доволно би било да му кажеш дека таквата ситуација и тебе те става во неповолна положба, и дека ти не си должна да го трпиш сето тоа. Дај му последна шанса да се промени, да застане зад своите права и ставови како секој нормален млад човек, а доколку од ова нема фајде, искрено ти посакувам да ја прекинеш оваа врска и да си ја побараш среќата со друг. Доколку самиот не е во состојба да се одбрани себе си, тогаш каде си ти тука?
     
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    како да му се помогне?итно !!!

    Најискрено мислам дека немаш ама баш никакво право да се мешаш во тоа,со што си ти уствари оштетена...затоа што го терале неговите да учи и он немал баш доволно време за тебе...леле греота...мислам дека ти немаш никакво право да се мешаш овде,значи ти си воспитана на еден начин тој на друг,може и него твојот однос со твоите родители не му е ок,па ти сметаш дека нема ништо ненормално тука,така?Ако не ти одговара цела ситуација,финансирај го ти,зашто да не,мислам дека неговите нема да имаат ништо против,нели?Ти ке смееш да му се мешаш на дечко ти кога тој сам ке работи и заработува,кога ке живее сам и кога неговите пак ке го контролираат...ако се случи тоа еден ден(иако мислам дека е невозможно да го контролираат тогаш и уште по невозможно он да не се спротистави) е тогаш ти настапуваш на сцена и му викаш-алооо,освести се,не живееш веќе со нив,они не ги заработиле со ништо тие пари и немаат никакво право да те прашуваат кај ги трошиш и што правиш со нив...сега за сега,ќути си
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    како да му се помогне?итно !!!

    Е аман девојки ама ја нападнавте, а ставете се на нејзино место, вашите дечковци да имаат таков проблем и вие ќе збеснете.Семејна работа е ама влијае и на нејзината врска.И јас ќе се лутам да не можам да искочам убаво со дечко ми зашто скришум му земале пари или да не можеме да се видиме, зашто замислете имал 9ка на испит. :^)
    За жал, мислам дека немаш доволно моќ да ги смениш работите, а и ако имаш е потребно многу време.
    Што значи или ќе бидеш трпелива или ќе го оставиш. :|
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!

    Па Фемина и јас тоа го кажувам.
    Вистина, тоа е семејна работа, но зошто таа да има влијание врз врската? Зошто девојката да биде должна да трпи такви работи, да и се упорпастува врската, да не можат нормално да излезат? И згора на се , да се стави во ситуација да го финансира?
    А ако тој самиот не е способен да застане зад своите проблеми и да ги реши, уште помалку па таа ќе влијае врз него. И навистина, тешко дека со нејзната трпеливост ќе успее да го смени. Штом до сега не направил ништо.....
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    како да му се помогне?итно !!!

    Абе таа можи да му кажи дека е тука за него во секое време да му даде подршка да го охрабри можеби тој сака да му се спротистави ама сепак нешто го кочи затоа ќе седнат двајцата ќе си направат муабет како воздрасни луѓе и ќе се потрудат тоа да се среди а како тој не е незин проблем па таа оди со тој дечко таа му е девојка можеби утре другиден ќе се земат и тоа сеуште нема да биде незин проблем |( мислам дека баш тоа е од двајцата проблем затоа што тој проблем му влијае на врската а таа не мора да се меша можи само да му даде подршка тој да знае дека има некој што не би го издал и не би го повредил
     
  18. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!

    значи со него милион пати е зборено на убав начин...и многу пати сум молчела....но тоа веќе не може така...јас знам дека не треба да се мешам но да појаснам...не се работи само за денес,ако ова не се реши секогаш ќе биде вака и ќе произлезат поголеми проблеми...второ не се работи за тоа они и убаво да го прашаат што е како е,туку тоа е арогантен начин со префрлање...а како може некој што го сакам да седам на страна и да гледам што му праат само со цел да не се мешам,нели?зар не е љубов за некој да се грижиш...а за тоа што се однесува до немањето време и јас си имам може дома проблеми но за некој кој го сакам секако ќе најдам време итн итн...и плус кај нас не се гледаше за често гледање...и не може јас со некој со ми е дечко да скоро ич не се гледам....и плус јас не се бунам за парите туку за тоа што му го прават...а што се однесува до парите тоа се негови лични кој ги добива од стипендија и за тие пари му префрлаат....а студиите не ги плаќаат они...тој што ги плаќа не праи така...и многу други негови лоси однесувања произлегле од тоа што му го праат и во него се насобира негативна енергија...а тој знае секогаш дека сум тука за него...а после карањето вчера го нема да се јави нигде,а немам ни јас намера...зашо тој е виновен за такво понашање...и со самото тоа потврдува дека нема намера за него да сфати....и го ценам сечие мислење ама ставете се малку и во моја ситуација...
     
  19. poetesa09

    poetesa09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    како да му се помогне?итно !!!

    и јас најлесно е да се тргнам и да го баталам па он што сака нека прави...ама не е тоа целта...
     
  20. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    како да му се помогне?итно !!!

    Незнам што да кажам нема коментар па тој кога не сваќа дека ти го сакаш и дека му мислиш добро и сакаш да му помогниш тогаш нема повеќе што да правиме муабет ... најдобар начи е да го оставиш што сака да прај едноставно тргни се од него и продолжи го живото без него не вереди што и да направиш кога тој тоа не сака да го свати и не презема иницијатива да си го реши проблемот тогаш остави го нека страда а ти продолжи си со живото можеби е сурово ама тоа е реалноста