Јас и онака не излегував многу освен за на работа или понекогаш на некое денско кафе или ручек со ептен мало, одбрано друштво. Така што, ова не ми е ништо ново и необично. Седењето дома не е проблем колку што е самата причина, за која сме сите свесни. Деновиве и јас работам од дома, толку се внесувам што времето ми поминува неосетно пред компјутер. Убаво ми дојде изолацијава за да се посветам на некои нешта што ги одложував подолго. Знам дека не треба никаде да одам, не брзам и темелно си ја завршувам работата. Готвам, читам, пишувам, си посветувам време на себе, за нега и разубавување, спијам до касно, слушам музика, гледам Youtube со часови. А тоа дека фаќа сафра, да. Едно е да си дома еден-два дена, друго е постојано да се зборува дека мора да се седи дома. А ја знаеме човековата психа, тоа што не смее, тоа го сака Инаку, знаете веќе дека страдам од анксиозност и се нервирам што беше период кога осетив подобрување и почнав да излегувам малку повеќе, а и времето се разубави. Сега ми доаѓаат црни мисли, не ме плаши вирусот како вирус туку општиот хаос и паника, луѓево се како полудени, ме потсетува на некаков апокалиптичен филм кога ги гледам како се грабаат за зејтин и брашно по маркетиве. Е и најјака психа да имаш, влијае... Поминав неколку панични напади деновиве, но не се давам. Ајде, да издржиме подобро сега, додека се помалку случаите, отколку да ја направиме ,,големата'' Ви праќам позитивни мисли на сите, ќе биде подобро
Вие кој не знаете што да правите на профилот на министерот имате многу идеи што да правите дома. Јас ги издвоив најинтересните, а доколку уште идеи посетете го профилот на министерот.
За тие што сакате да си вежбате по дома, заследете ги Yoga with Adriene и MadFit. Едриен е класика, има прекрасен смирувачки глас и супер ќе ви дојде малку растегнување и медитација. Не мора да пробувате стој на глава и акробации ако немате искуство, ама има прекрасни вежби за сите делови на телото. А и јога е, прекрасно ќе се чувствувате, ви гарантирам. А Меди од MadFit каналот е баш забавна, мене ми е откритие на месецот. И тие што имате деца, ќе можете со нив да скокате на пример, на Јами јам од Џ. Бибер. Бира песна и вежба во склад со ритамот, ем вежбате стомачни, ем играте. Тука можете да си слушате аудиокниги. Не се симнуваат, си ги слушате од пц или мобилен и изборот е огромен. https://vk.com/best_audiobooks Од тука да си спуштите електронски книги (претежно на англиски), има и стручна литература. http://gen.lib.rus.ec/ Други совети и препораки засега немам, ама ќе имам оти сигурно ќе ми текне нешто друго, па ќе ви пишам.
Супер тема!!! @Doozy сум ти кажала многу пати дека те сметам за препаметна личност и личност од која може многу да се научи и уште еднаш благодарност во име на сите кои се справуваме со анксиозност и панични напади, верувам дека предлозиве ќе ни се најдат на сите за полесно да го минеме периодов. А бидејќи има корисни совети кои одлично би се вклопувале и откако се' ќе се врати во нормала, мислењево ти оди во специјалната тема за мислења кои треба да останат запаметени. Досега сите сте споделиле корисни совети за што може да се прави дома, па јас само ќе се приклучам со коментар за што правам јас деновиве. Најпрвин да кажам дека сум интроверт, но не сто постотен интроверт. Поточно најголемиот дел од деновите ми се останува дома, но имам и денови (едно по друго) кога ми доаѓа желба за најголем дел од времето да сум во движење, со друштво. Па од овој аспект, немам огромен проблем со останувањето дома засега, но понатака верувам дека ќе имам кризни периоди. Сепак, здравјето е пред се', па терасата и дворот ќе ми бидат соодветна замена за градските гужви. Изминативе денови готвев по нешто, чистев, гледав серија, уживав со топли напитоци и музика и од денес иде на ред учење. И покрај тоа што веројатно се' ќе се помести со полагања, сепак супер ми иде што сега ќе си почнам па за понатака да ми биде полесно и помалку напнато.
Советите на сите членки се корисни и доста продуктивни Ве читам сите и си се смешкам бидејќи овие работи јас ги правам веќе 1 година и пол Бев на патолошка бременоста дома, после пороѓај, па со бебе дури се навикниш, па зима дојде, сега пак дома.. Карантинов нема некое значење за мене, и претходно така се чувствував... И исто вежам дома, слушам аудио книги, плус Опра ја научив напамет, прочитав 3 книги и плус 1 пдф . Ко можев јас, можиме сите! За кога ќе дојдат топли денови да бидат полни парковите, кафичите.
Чистење шпајз и онаа фиока која служи за предмети ,,ќе се најдат‘‘ верувам се основни и сите ги поминавме. Почнувам со генералка на станот, прилично е голем, па во неколку дена ќе завршам. Им се спремам и на теписите рачно да ги зарибам. Вежбање од дома, погоре поставиле линкови, готвење, време за себе - спа, маски за лице, тело, се‘ она што од брзање не го правам во тек на работна недела. Едно кафе во денот е наменетно за со пријателите, вирутелно го пиеме. Некои од предлозите што ги најдов од УНИЦЕФ за онлајн бесплатни курсеви: Alison, EdX, Kolibri, Khan Academy, Coursera. На линкот можете да најдете и други. Онлајн филмови, серии има на primewire.li ; 123movies.com.
https://www.sporcle.com/ Јас играм на Споркле, има игри од разни категории, логички, забавни, географија... можеш да играш сам или во дуел... вежбам типкање, брзина, главни градови, судоку... Способна сум цел ден да играм на странава без да ми здосади.
И јас сум интроверт. Вообичаено ми е дома и работа само, на јога и надвор со малиот. Сега нема ни тоа. Минатата недела работев од дома, претешко е. Среќа разбира сега малиот па се заигруваше сам до 16-17 часот. Тоа што го правам на работа на компјутер за неколку часа, од дома дупло подолго ме фаќа. Плус подолга пауза за ручек измеѓу. Викендов максимално за игра го искористивме. Денес со друштвени игри. Плус чистење дома. За јога ќе почнам со каналот што го предложивте, а јас ќе ви препорачам и вежбање зумба. Мене многу позитивно ми влијае, музиката, плус размрдувањето. Години наназад си практикувам зумба дома. Од серии ќе ја преизгледам Outlander на Нетфликс. До книга не сум стигната, а имам неколку спремни. За анксиозноста не ни почнувам сега, мора да се држиме периодов.
Сакав да напишам сличен пост, но Дузи ме претркала. Патем дечки, како може да ви здодевно дома, во вашето омилено катче, храм? Не треба ниту да сте интроверти за да сакате да минувате одредено време затворени, доволно е само разумно да го користите како што впрочем Дузи веќе ве советувала.
Би седела и цела година да не е стресов од целата ситуација. Мислам сите истото не мачи, не е толку седењето дома колку неизвесноста, стравот, лошите вести.
Не ми е тешко да сум во карантин. Повеќе готвам, готвењето ме опушта. Денес чистев повеќе од редовно. Си најдов боички што си имав купено па може ќе ми се најдат. Филм навечер обавезно. Некои серии имам да догледам. На моменти ми фалат прошетки ама мрдам на балкон. Вчера кафе пиев и одмарав под сонце на балконот. Се трудам да избегнувам да читам вознемирувачки информации што шират само паника и страв. Повеќе гледам да се релаксирам со музика, комедии и додека трепнам поминал денот.
Мене уживанција ми е седењево дома. Не ме правете ненормална, освен на факс ретко одев некаде, а и претходно секогаш распусти 70% од времето додека траеја го проаѓав дома. It's a lifestyle. Обожавам проаѓање време дома и избегнување контакти со луѓе. Е, сега дел од активности што може да ги примените се: - вежбање дома кое може многу ефективно да е, дома вежбам веќе 3г, некогаш многу попосветено ама не е битно. Еве ви видео со лесни вежби, баш за почетници, телото многу се затегнува од нив доколку ги правите често, од лично искуство. Кој има и орбитрек или било каква справа дома за вежбање време е да ја активира и да не му служи веќе само како закачалка. Мене ми е мултинаменска, 1ч у денот за вежбање ми служи, 23ч ко закачалка. - Играјте карти, не лути се човече, јамб... Ние се утепавме од играње вакви друштвени игри по дома деновиве. И за распуст ова стално сме играле со брат ми. Тој е чиста спротива од мене, збесна дома, па го занимаваме вака со игри. - Симнете си Duolingo. Летниот распуст почнав да учам и италијански и француски, па и шпански да повторам ама дека немав време го забаталив. Сега таман си продолжив да доучувам. Сега е време да научиме уште некој јазик, бар основата де. Ќе почнам да ве поздравувам у ФМЌ со "ciao". - Исчистете ги небитните пораки на меил. Ја имам 2, на едниот ништо не ми стига, на другиот 3000 пораки се собрале. Таман момент беше да го средам. - Веќе спомнав некаде и за козметичкото катче, средете си го ако не сте го направиле уште тоа и ќе се зачудите на колку продукти им прошол рокот и се за у ѓубре. Измијте ги четките, бјути блендерите, се. Ако ми текне уште нешто ќе допишам. За мене не е проблем ова и цела година би седела дома. И имам работа, тон материјал за учење ми е насобран, дури немам време ни досадно да ми е. Камоли да имаше опција електронски да се студира цело време...
Доволно ми е само тоа што имам дваесетина нови непрочитани книги. Тоа ми ја полни душата. Мислам дека засекогаш би можела вака, седам дома, а патувам низ страниците во други светови.
Јас воопшто ни не мислам на вирусот, се нешто имам работа и избегнувам да мислам затоа. Вчера поголем дел од денот го преспав, бев трета, станав ги извршив секојдневните обврски, вечерта гледав филм и отишол денот. Денес си чистев, си пуштив музика, читав книга. Од утре сум 2ра смена, нема да имам време за ништо. И јас како @Dream-Girl уживанција ми е седењето дома, некогаш и откажувам средби за кафе или за одење некаде на гости за да си седам дома.
@kristina.k, како да ми ги читаш мислите. Јас обожавам да поминувам време дома, во својот свет, со слушалките на уши, со добра книга или истражувајќи со часови теми што ме интересираат. Готвењето ми е исто така страст Ама овојпат е различно. Иако сум дома, како да не се чувствувам безбедно и постојано сум во некакво исчекување, како некој облак да е надвиснат над мене. Тука има замешано прсти и анксиозноста, свесна сум за тоа. Како и да е, успевам да ги оттргнам мислите. Сега скоро цело попладне работев, станав од компјутер само за ручек и толку беше. Сега правам пауза на форум, и неосетно дошло девет. Така што, брзо поминува времето ако се задлабочи човек во некаква активност. Многу важно, помалку гледање вести. Знам дека е примамливо и дека сите сакаме да сме во тек. Ама и новинарите како да си бараат сензација, кликови и поголема гледаност. Секако, тоа им е работа. Секоја чест на оние што се целосно објективни, ако останаа такви воопшто.
На МТВ1 од понеделник до петок ги даваат Friends, во 21:35ч. Еве што да гледате, и во моментов оди епизода. После тоа, вечерва во 22ч ќе го емитуваат „Мајки“ од Милчо Манчевски. Вадете пуканките и ќе гледаме филмови и серии. Како се погоди периодов, Elite нова сезона на Нетфликс, Westworld нова сезона на HBO, убавини. Ќе има што да се гледа.
@prominent ќе издржиме, само да сме добри сите. @Mishela ме потсети да го пуштам Мајки во 22ч. Сношти беше Пред дождот.
@Mishela ме потсети да го пуштам Мајки во 22ч. Сношти беше Пред дождот.[/QUOTE] Го гледав и него, уште ме држи меланхолијат од филмов. „Мајки“ го немам гледано, ептен се радувам. Ќе даваат сигурно и други, можеби целиот негов репертоар, ќе следиме.