Странички такви јас не знам. Јас сум олд фешнд уеј, тетрис и такви ми ти. А да и Бабл Трабл. Ама сега немам време за гејмање. Маж спушти некоја игра пред 2 дена со зомби. State of decay 2. Ако ти фаќа око.
Каме, еве тука има игри и некакви квизови. Ја имаа постнато во оваа тема, а има и други интересни идеи како да се пополнува време за да не се излегува па можеш да ѕирнеш.
И јас такоЏе ама тетрисот на тел го свртев, бабл трабл не знам на тел дали има... фарми и градови и кенди краш Не можам да не дочитам книга ако ја почнам, ама ќе се натерам да ја дочитам оваа иако е мех, па белким следната позабавна ќе ми биде... #деновивоизолација #големаедосадата
Ќе набројам неколку активности кои ми се интересни додека сум дома. Според мене, мислам дека е битно во денот да извршуваме повеќе различни активности, а не истата активност да ја правиме цел ден. Јас на пример, тоа што не сакам да го правам, го правам прво за да го завршам што побрзо. Така да наутро чистам, средувам по дома, се што ми е како домашна обврска. - Цртањето ме опушта, па сега е погодено времето за тоа. - Гледање филмови. Ако сакате можам да направам листа на предлог филмови. - Вежбање дома. Јас ја следам програмата Insanity и е доволна за да се размрдате во денот. Исто така може да се проба и Јога. Кој вежба нека предложи по која програма се води. - Играње игри. Има најразлични игри кои можете да ги симнете на Steam или Microsoft play store. - Ми искачаат предлози за онлајн курсеви а вчера и Били предложи во фмќ па да спомнам која јас ја користам edx - https://www.edx.org/ . - Кој може и сака да се релаксира со домашна купка или да направи маска за лице. Исто и пиењето кафе на тараса опушта, треба да се земе чист воздух.
Јас деновиве ги искористувам за пишување. Слушалките на уши и почнувам Ако сега не искористам време да напишам книга, нема кога Stay tuned Можеби наскоро ќе ми се оствари и таа желба
https://www.facebook.com/Музички-Карантин-ЧелинЏ-100129314964941/ Не знам дали сте ја ставиле досега али е најкул ствар засега. Одлични се.
Се' си мислам нема Венко да рече Ана надвор, нема осигурање, ако не дај Боже дојде до тоа. Не се секирај На темава дојдов да кажам, дека сите што имате повеќе слободно време периодов, а познавате некое учениче/средношколец, може да се ангажирате и да му помогнете со некој училиштен предмет. Пример, имам неколку средношколци во околина и се договоривме дека секој ден ќе имаме часови онлајн по 4 предмети за коишто можам да помогнам - македонски, англиски, географија и историја. Математика се договоривме да вежбаат сами, затоа што во книгата има и решенија, а јас сум баш за'рѓана по тој предмет. Идејата беше многу добро прифатена, ве охрабрувам да се понудите и да се организирате. Лекциите воопшто не се тешки ако имате барем некои минимални основни познавања, а на Интернет имате и повеќе од доволно материјали и вежби. За историја може да гледате заедно и документарци, а истото важи и за географија. За жал, не можам да помогнам со природните науки, но подобро нешто отколку ништо. Барем да не испаднат скроз тутурутки после ова Алатки за групен чет може да најдете на следниот линк - https://www.fossmint.com/make-free-group-conference-calls-or-video-meetings/ Онлајн табла - https://ziteboard.com/ Ако ништо друго, барем 1-2 часа во денот ќе отепате и тие и они. Јас продолжувам редовно со работните обврски + уште две други обврски што ме чекаат но бидејќи нема каде да одам, сакам да почнам и со ова... па ќе видиме како ќе издржи и групата и учителката И еднаш или двапати неделно е подобро од ништо. П.С: @friendy читав дека другарчињата на синчето излегувале и тој се чувствува неубаво.... нели споделив дека имавме слична ситуација... кај нас многу помогна тоа што јас седнав и дел по дел и' објаснував/преведував од статијата што ја споделив пред некој ден, се фрапираше откако сфати што всушност се случува, и рече дека сака да им раскажам и на нејзините другарки/другари. Поентата е да се фатат со убаво, со полека, и да им се објасни со факти и бројки... јас тоа го направив и функционира. Имаше уште неколку членови со сличен проблем но ги заборавив никовите
Не можам више.. Значи колку и да сум јака колку и да се трудам дома и овде да сум јака колку и да е чудно дека после нецела недела седење дома побудалувам така е.. Кое зло не снајде..да не можам да искочам другарките да си ги гушнам, да не можам мајка ми и татко ми пред спиење да ги бацам, да не можам на сонце да искочам да прошетам или кафе да пијам. Не ми е за кафето и за шетањето поентата да не ме сфатите одма грешно..поентата е дека ни се случува ЗЛО НА ГЛОБАЛНО НИВО. Никој не иде во школо, никој не иде на факс, сите сме по дома, молови продавници..Сѐ е затворено Многу ми е криво, не знаете колку се јадам од внатре.. Последните месеци од 4та година ќе треба да ми поминат изгледа дома..матура изгледа нема да се слави. Вака ли да ги памтам најубавите години?Ова треба да ми се најбезгрижните месеци во животот кај што единствен проблем ќе ми биде ,,Дали сега да одам на кафе или попосле” ,,Дали сеа да научам 5 лекции за матура или вечер” А сега..доведена сум во состојба да лежам по цел ден затворена во соба, да гледам нон-стоп филмови и серии, ако искочам да оптегнам нозе приморана сум сама да шетам, ни желба за учење немам а морам. Кој ни го направи ова зло луѓе, нѐ опустоши за век и векова. Да умре да даде Господ тој што ни го направи ова зло! Да гледа прво блиските како му патат и самиот после да умира во гадни болки. Вакво зло ни на душман не би му посакала. Седиме како кучиња на ланец дома, и 10минути да искочам нозе да протегнам фрлам после се на перење, рацете ги стружам, лицето го трљам. Од нервоза веќе и по дома пребришувам сѐ што користам најмногу.На пола саат и рацете ги пребришувам, лице мијам соба луфтирам Неудобно се осеќам во своја кожа.. А најкриво ми е што татко ми само иде на работа (мајка ми е официјално во пензија од годинава) а он е во апла критична група..а не може да не оди, од што ќе живееме. Два-три месеци еве ќе и да пројдат, после?
@Feminka22, обично, јас секоја зима патам од некоја блага форма на сезонска депресија и безволност. Плус анксиозноста што си ја ,,влечкам'' со мене откако знам за себе. Обично на пролет, кога се разубавува времето и кога сакале нејкеле поминуваме повеќе време надвор, на сонце, ситуацијата ми се подобрува. А сега... Не сум многу по собиранки и излегувања, ама кога е убаво времето обожавам да сум надвор. Сонцето и дневната светлина ми даваат елан и волја за живот. Факт е дека не се издржува долго вака. Тешко ми е зашто не можам да поминувам барем малку време надвор. Ми фали да ги осетам сончевите зраци на лицето, да видам насмеани луѓе, безгрижни. Технологијата никогаш нема да го замени контактот лице во лице. Факт. Да не се лажеме. Дури во вакви ситуации човек сфаќа колку се значајн секојдневните, ,,мали'' нешта што си ги земаме здраво за готово. Нема поголемо богатство од здравјето и спокојот. Само нека помине ова што е можно побрзо.
Најбитно од се, не ја читајте темата за корона на форумов. Такви апокалитични сценарија од самопрогласени експерти со тројка по биологија во основно, сулуди теории на заговор, чул- не дочул муабети со комшијата или колегата претставени како инсајдерски информации, хистерични и психотични испади, би фрлиле у депресија и човек со јак карактер а што останува за почувствителните, или оние кои веќе имаат проблеми со анксиозност и депресија. Направете си услуга и скокнете ја темата.
Абе нема да ме вратат, ама ќе треба приватно да плаќам. А тоа не е баш ефтино, При платени придонеси, да немаш здравствено само затоа што си сменил фирма. Тоа само тука го може!!!
Фала ти Сигурна сум дека ќе биде. Јас дома седам, пазам. Маж излегува само за пазарење... ќе преживееме некако.
Мене деновиве пак ми се вратија тахикардиите. До пред две- три години често имав напади, па после поретко и последнава година ич, и еве деновиве пак. Земав да си учам за испити, иако појма немаме кога ќе полагаме, по еден предмет не знаеме ни скрипта уште која ни е. И испосимнав куп игрици на телефон, дури бришев слики да имам меморија. Ќе издржиме
Како нема, ако знаеш која, напиши на гугл „име на книга, download pdf free" или нешто во тој стил и ќе ти излезе нешто. Ако не знаеш која, одреди жанр, па види кои книги најчесто се нудат и што оценки имаат. Има и тема на форумот со предлог книги, а и тема каде што се споделуваат пдф книги . Патем, некаде ми излегуваа вести низ фејсбук, славните пејачи си правеле концерти од дома, мислам дека такво нешто направил Chris Martin од Coldplay, сега и John Legend. Можеби има и други. Исто, дали беше во Њу Јорк или не знам каде, ќе има опера во живо. Дел од музеите низ светот имаат бесплатна онлајн тура каде може да се разгледува што има во нив. Извинете што немам линкови, пишувам само идеи што би можеле да побарате на интернет .