Секако дека смееш да излезеш. Сонцето е клучно за имунитетот и општо, за да се чувствуваш добро. Битно е да не се мешаш во групи.
Сега баш и во другата тема пишував, јас може сум во ретките што уживам да сум дома. Или дека не бев неколку месеци дома, па сега ми е уште послатко да си седам. Знам дека досега веќе пишале ама ете и јас ќе ги споделам занимациите од дома. Прво и основно КНИГА. Кој е подобар начин за бегање со мислите од читање книга. Сакате некоја лесна, сакате драми, мистерии...може што имате низ дома во печатена форма, или има онлајн како странски така и македонски. После серија. Почнете некоја серија за која сте немале време до сега. Дајте им шанси и на тие што сте ги одбегнување или изгледајте ја по втор пат омилената. 3. Филм. Сакате анимиран, фантазија, комедија, порно...ваш избор...штом имате Интерент, во секое време имате на располагање што сакате. Јас вечер ја почнувам Хари Потер...дел по дел 4. Учете јазик. Земете нотес, пенкало и маркери. Читај, пишувај, подвлекувај, изговарај гласно. Колку толку ќе научиш по неколку реченици. 5. Ако имате инструмент дома сега е време да се посветите на него. Јас имам гитара. Вежбав пред некое време, ама поради обврски баталив, епа сега е време пак да се навратам. Барам на Јутуб гитаристи и учам. 6. Фамилијарни игри како пантомима, карти, монопол, погоди кој сум... 7., Цртање боење и пишување. Иако не знам да цртам сепак деновиве изигрувам уметник. Си цртам и бројам за моја душа. Исто и пишувам. И песни и кратки приказни, секако за себе 8. Интернет, тв...Штом имам интернет никогаш не ми е досадно. Милијарди страници и корисни и за губење време. 9. Двор и тераса за да бе фати малку сонце. Имам огромен двор, па можам да вежбам надвор во природа или да си чепкам нешто за занимација. 10. Слушајте приказни од родителите или баби/дедовци. Од нивната младост, живот, авантури, обични денови...верувајте сите сакаат да споделуваат приказни и плус така ќе се зближите уште повеќе со семејство Сигурно нешто заборавив, ама од прилика тоа е тоа. П.с. немам миленик или дете, ама верувам околу нив има дополнителни обврски и занимации. П.с. 2...Имам милиони канали за вежбање кардио и јога. Ете тоа да дополнам.
Да додадам, што помалку замарање со статистики. Очекувано е да расте бројот, нели. Ама ова постојано известување може и те како да го полуди човек. Друго, поминувајте барем триесет минути на ден на сонце. Имунитет плус расположение, идеално. Терасата или дворот ни се секогаш на располагање. Пренесете ги активностите таму, ако работите на лаптоп правете го тоа таму, читајте, пијте кафе надвор. И не се плашете да ги искажете емоциите на начин на кој на вас ви е најприроден. Не е срамота и не е необично да бидете нерасположени, лути, дури и гневни. Јас вчера плачев... по подолго време ми се случи. Немав некоја посебна причина, едноставно ми се насобраа информации, постојана паника и притисок. Но сите сме во иста ситуација и треба да се поддржуваме. Ќе помине и ова.
Јас имам подготвено што ќе правам во наредните 5 саати: Прошетка/перформанс низ "Hermitage" музејот во Петерсбург, Русија. Патем, има доста музеи и галерии што нудат виртуелна онлајн прошетка.
Скоро сите овие ствари ги правев последните 5-6 месеци и тоа со големо задоволство. Кога слушнав препораки за седење дома си реков па конечно веќе не морам да се правдам на никој зашто ретко искачам од дома. Е дојди сеа натерај ме да гледам серија или да читам книга. Абе за инает ништо не ми се прави, ептен почнав да запаѓам психички. Единствено ме смирува седење на тераса ама планирам од утре со книгата на тераса, милум или силом мора да се активирам малку.
Излези си со книга и какао/чај на тераса. Читај си тоа ако те смирува. Пушти го мозокот на пасење и сконцентрирај се на книгата/ликовите/дејството. Сите ги фаќа по малку нервоза така дома, ама ќе издржиме. Рачунај не си сама. Сите што имаат свест и совест, од цел свет, сме дома изолирани и така ни поминува денот. Или јави се кај некоја пријателка/сестра/братучетка и прави си муабет...И тоа мене ми помага. Зборував прееска на телефон и времето ми летна.
Мене не ми менува многу "карантинов" секако одкако сум на породилно 80% од денот го поминувам дома. Излагам само кога треба да појдам во продавница или во двор да го изнесам бебчо. Во 7 месеци дали 5 пати имам излезено да шетам. Неколку пати сум пошла до школо големиот да го земам и толку. Среќна и присебна сум додека сме здрави среќни и послушни.
Ако имате steam апликација, купете си "Uno", од 10 евра намалена е на 3. Може и мултиплеј да се игра со луѓенца што ги знаете, јас тоа го правам веќе 2 дена, се утепав од смеење играјќи.
Абе чистете дома Пеглајте, бришете прозори, прередере ја кујната... Јас втор ден сум дома, почнав да копам у двор за да спремам за садење расад. 160 квадрати ги сметов, пребришав, немам непрени алишта, појадок, ручек и вечера готвени за тројцата, ужинка за сите посебна, а и работев од дома паралелно. Јас сум родена домашарка. Се сончав на сонцето, игравме на детски песни Забава ми е цел ден.
Јас преку ден сум супер. Работам од дома, готвам, пишувам, читам, средувам, си правам ритуали за нега, не помислувам на ништо лошо. Кога ќе дојде вечер обично ме напаѓаат лошите мисли. Воедно, денеска наидов на неколку корисни линкови и видеа на темава https://www.washingtonpost.com/life...87faf2-67b8-11ea-9923-57073adce27c_story.html
Здрави, среќни и присебни за време на карантин? Здрава сум, присебна исто, ама за среќна... Читам книги, разгледувам по интернет што има, вежбам. Најмногу ме израдува МНТ со претставите ама штета што неделава бев втора смена и немав можност да ги следам. Едвај чекам да помине кризава, а слушам очекувања дека ќе биде полошо.
Дечки предложете нешто што да се прави вака по дома, ние совесните што си седиме? Ми остана уште да си ја чукам главата од еден ѕид во друг.
Трчај од еден ѕид до друг со наведната глава и кога ќе стигнеш до ѕидот назат врати се. Физичка активност.
Гледај серии, симни си игри играј, боенка за возрасни купи си и бој си (доста се смирувачки, интересни), организирај си исчисти си дома, направи нов распоред (да смениш да не биде исто ). Пушти си workout програма некоја и вежбај. Тоа ми текна во моментот.