Читај книги, вежбај, играј игри на фб, игри на, форумов, муабети на камера со пријателки, прередувај плакари, уживај во кафе на тераса, слушај музика, запиши некој онлајн курс, гледај филм/серија/документарец, готви, цртај...
Има кај мене во село 3-4 што се во карантин. Ама нивните блиски си се шетаат без гајле. И не ми се искача за да не се заразам од туѓа неажурност и незаинтересираност.
Искочи сама со маска и ракавици хахаја Одејќи пешки по некоја патека нема да се заразиш. 10мин колку да протегнеш нозе Избегнувај контакт со нив ако ги видиш бегај.
ни здрава ни ни срекна ке останам немам слобода како во затвор да сме и се плашиме да излезиме до продавница и со едно 10 кила плус
Затоа што почнав да не соблекувам пижами, да станувам летаргична и депресивна од средата си воведов нов режим. Сабајле станувам, веднаш правам целосна утринска рутина во тоалет и соблекувам пижами. Си спремам доручек и кафе, седнувам со тефтерот и правам план на обврски за тој ден. За тоа време воопшто не отварам телефон. Може да проверам да не ме барал некој, но никако не читам вести и не отварам социјални мрежи. Завршувам работни обврски ( околу 3-4 часа ), а во меѓувреме пуштам машини за перење. Правам ручек, ручам и почнувам со домашните (лични) обврските кои сум си ги испланирала за тој ден. Вежбам 45 мин, се туширам и ставам маска на лице или средувам нокти, се чупам... зависи за тој ден што сум си определила Си спремам нешто за вечера, и легнувам да гледам нешто на netflix. Што обврски си имам зададено од прилика за деновиве: Да прередам фиоки во соба, да средам козметика, да исперам четки за шминка, да го средам накитот, детално да си го исчистам тоалетот, да го подредам гардероберот... Секој ден си правам некој ритуал за нега на тело/ коса/ лице. И најбитно ГЛЕДАМ ДА ПОМИНУВАМ МИНИМАЛНО ВРЕМЕ НА ТЕЛЕФОН.
Можам да зборувам само за себе и мојата ситуација А верувај има и многу луѓе кои се без деца, а сепак не се чувствуваат добро За слободна, па и не сум баш. Имам одговорност над 7 вработени за кои морам да мислам да останат здрави и да добијат плата нареден месец. За деца, имам еден предлог. Моја блиска го применува за децата да и се изморат. Два пати на ден вежбаат зумба/ пилатес/ јога за деца (на youtube има видеа)
@Avery и јас од утре планирам да се средам малку, летаргичноста ќе ме убие. Прво ќе станам порано од малиот и нема да останам по пижами. Ако треба и ќе се нашминкам. И нема работење од кревет со лаптоп во скут. Ќе наместам уште вечерва на маса се што ми треба за да работам од утре. Се запуштив целосно плус, денес дома генералка правев, ама од утре и за мене средување.
Лап-топот ми е на маса, работна атмосфера околу него Денес плетенка си направив, венче ставив Кога морам да излегувам до работа, банка се подзашминкувам под маската, смешки... Ама мора менталното здравје да си го чуваме, мора некоја рутина да се запази. Рутината е тоа што не држи. Посебно за луѓе како мене кои имаат дијагноза. Секој ден се заблагодарувам за технологијава што можам да работам и од дома, што инструкторот ми праќа вежби за да вежбам дома и што си имам скајп сесии со психијатарот
Јас многу тешко се справувам со ситуацијава. Обично сум постојано излезена. Моите не одат на работа, тоа ми е мило што бар они ќе одморат од толку рмбање цел живот, но јас немам приватност вака, не можам ни со дечко ми да се видам, немаме услови каде. Ни кај него дома можеме ни кај мене, а и доста далеку живееме. Можеби ќе ме осудувате сега дека ми дошло до дечко, шетање и не знам што, но анксиозноста ме убива, другарка немам од маало да можам бар еден круг да свртам да истегнам нозе. Времево лошо ќе биде наредни десет дена, уште повеќе ме убива.. Не работам моментално.. Не знам како ќе издржам, ни до пола не сме. Извинете за депресијава, стварно ми е тешко.