Луѓе, ако го постирам ова во „интересни групи на фејсбук“ мислам дека никој нема да го прочита, бидејќи темата не е активна веќе со години, а мислам дека вам убаво ќе ви дојде . https://www.facebook.com/CarlLBradbury Лично јас сум му ги гледала само prank видеата, каде што им пишува на непознати луѓе lyrics од некои песни, притоа искористувајќи го нивното име. Некои ќе сфатат, повеќето не... Има многу вакви видеа наназад, можеби сте сретнале негово видео порано случајно на фејсбук, имаше период пред некоја година кога постојано ми се појавуваа неговите видеа преку други групи, па така и го открив. Се надевам ќе му се допадне некому .
Дечки,дали воопшто излегувате на кратко барем?Мислам на прошетки,во природа негде,на чист воздух.. Се мислев утре да пешачам малку покрај Кејот,барем на пола саат.. што мислите?
Од Балеа sheet маските Aqua и Beauty effect секогаш имам на залиха. Последно купив едни корејски со кокос, беа на промоција во ДМ. Од sheet маските ставам 1 до 2 пати неделно. Два пати месечно ставам трака за црнките на носот или црна peel off маска.
Не. Никаде не излегувам. Мислам дека така ќе терам додека не се промени ситуацијата. Не знам. Можеби и не
Да. Нема врска ако не си во гужва, јас пешачам покрај езеро, никој нема во моја близина, иако има луѓе, сите сме раздалечени ептен, 10 метри минимум.
Да. Излегувам на кратки прошетки, особено ако има сонце. Добро ми влијаат сончевите зраци, и многу пати е истакнато колку е важно тоа за имунитетот. Ај па ако не да се затвориме дома и да не излеземе два месеци, не корона ама други болештини ќе закачиме. Освен тоа, секој ден одам до супермаркет или до трафика по цигари, така што сакала или не, излегувам. Сакам да кажам, ништо страшно не е ако излезеш на воздух. Важното е да не си во гужва.
Едвај чекам ова да заврши. Едвај. Еве ме моментално симнувам Симс, и читам веќе шеста или седма книга откако почна ова, не ни знам колку сезони на разни серии и рандом филмови изгледав периодов. А не сум ни цело време затворена, работам. Се трудам максимално да ги почитувам сите мерки, и во процесот на почитување да не ми се распадне кожата на дланките од миење на најмалку пола саат и мачкање гелови за дезинфекција. И секоја комуникација со кого било почнува со: Кај вас како е со вирусов? На работа си или од дома? Имате заболени во градот? Аман веќе. Мислам дека клучното во останување присебен е лимитирање на колку информации за вирусот примаме во денот. Јас ја чекам официјалната бројка околу пладне, па после уште еднаш приквечер проверувам каква е генералната состојба и дали има некакви нови мерки. Првите денови се опседнував со вирусов и постојано читав, што влијаеше катастрофално за мене и ми се вратија паничните напади и тахикардии. Сега некако функционирам.