Дали ви се случило да купите фустан што не е ваш број само затоа што е на попуст???? Мене тоа постојано ми се случува... не знам како да престанам со купување на гардероба што не ми треба. Имам толку многу накупено работи што се уште со етикети не доаѓа ред да ги облечам. Имам работи што не ни знам дека сум ги купила, стварно обожавам да се облекувам различно ама пошто носам униформа на работа и не доаѓа ред да ги носам алиштата... Секоја недела мора да купам по 2-3 работи, а ако има попуст(а секогаш има) и по повеќе. Дури купувам се осеќам убаво, а после дома знам дека не требаше да ги купам ама сепак ги чувам. Само си ја натрупувам кредит картичката, а на крај на месец ми е страв да прерачунам колку пари на гардероба имам потрошено. Дали некој го има истиот проблем како мене? Како да намаламсо купување на непотребни работи? Ве молам пишете совети ако знаете и ако сте во иста ситуација.
Kako da prestanam da kupuvam nepotrebni raboti? Тоа е зашто имаш пари и можеш да трошиш.Совет-едноставно заборави ја картичката дома ,носи само кеш.Колку ќе имаш толку ќе потрошиш.
Фала за советот луничка абе сум пробала ама пошто одам обично со една другарка и ми се има случено да позајмувам од неа а за пари тие што ги заработувам ги трошам, а и која не работев од јадење ќе скратев само да купувам
Kako da prestanam da kupuvam nepotrebni raboti? викаат пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата,искрено јас и да имам повеќе во мене и да видам нешто знам бе брате неможам да си дозволам и толку,непотребни работи? јас го немам овој проблем
Kako da prestanam da kupuvam nepotrebni raboti? Може некогаш ми се дешава, поготово за накит, продавница со се магацин може да отворам. Но не до толку,дека ако е на попуст морам да го купам.Тоа еднаш ми се има десено, во мисс шус,имаше 2 пара 700ден. и немаше 38/39, па си земав едни 37/38, и сега ни едните ни другите не ги носам.Од тогаш ми дојде памет и сум си рекла,ако нема и ако не ми е ептен ептен потребно не купувам
Кај тебе е ова психички проблем, и мислам дека си свесна за тоа. Едноставно, зависна си од купување. И тоа се лекува, стручно лице може да ти помогне. Не е срамота да одиш на психијатар, затоа што реално гледано, навистина имаш проблем.
Вчера пак бев и купив два фустани и трењерки ама стварно беа евтини... Знам дека имам проблем ама не мислам баш за на психијатар да сум, на сестра ми и ги покажувам работите а таа вика "веќе не си ми интересна"... Решив веќе од утре да ги оставам картички шо имам дома па ќе видам колку време ќе издржам без купување. Фала за вашите одговори мислев ќе има повеќе такви како мене ама нешто гледам нема баш многу
Kako da prestanam da kupuvam nepotrebni raboti? Срцка уживај . И јас да имам повеќе пари и јас ќе купувам се што ќе ми текне. Вака со 500-1000 денари месечно не можам да го имам тој проблем.
исттото го правам, прво беше со облека и чевли сеа почнав и со телефони да се опседнувам ако не купам нешто во текот на денот, и цел ден сум на лева нога што викааат, некои ми викаат болест било тоа, али досеа лек за тоа не најдов хах., шопохоличар ,
Значи имало некој и како мене не сум сама ај ќе пробам да ги оставан кредит картичките па ќе ти кажам ако нешто се смени поздрав
Kako da prestanam da kupuvam nepotrebni raboti? Добро е ова што си побарала совет.Ама се додека самата не си речеш ќе престанам-нема да се одвикнеш од купување на непотребни работи ~ Се е до мислите. Еве еден предлог кој што ти го кажаа форумџиките погоре. Парите распредели си ги убаво и нека не ти останува за купување. Заборави дека имаш кредитна картичка,и немој да позајмуваш од другарки. Јас разбирам да си купиш нешто што е на попуст(нормално дека ќе купиш)ама ако знаеш дека нема ни еднаш да го облечеш, тогаш зошто си ги фрлаш парите низ прозор?? Можеш да направиш многу подобри работи отколу да купуваш се и сешто. Незнам што друго да ти кажам,ама гледај да пробаш да се контролираш и да престанеш да се расплинуваш со пари за глупости... Се надевам дека ќе успееш !
Kako da prestanam da kupuvam nepotrebni raboti? Твојава ситуација ме потсеќа на книгата и филмот Купохоличарката.Со оглед на тоа дека немаш контрола колку и што купуваш,најпаметно ти е со тебе да си носиш пари само за најосновни потреби и картичката да си ја оставаш дома.До негде и јас сум зависна од купување,ама никогаш не би купила нешто што ми е мало само зошто било на попуст.Секогаш кога носам доволно пари во мене си купувам нешто што ми се допаѓа без оглед на тоа што дома имам доволно гардероба за да отворам бутик,ама самоконтролата мора да постои
Леле е како? Последен пат купив патики 41бр а носам 37 само затоа што ми беа мнооооогу убави... А да не почнам да набројувам што друго непотребно имам дома... КОЈ Е СПАСОТ?
Хмм па малку да си ги разбистрела мислите, да помислиш дека не можеш да ги носиш па колку и да се убави? Не знам како е возможно некој да го направи ова, извини ако ова го сфатиш како навреда, не ми е тоа целта, едноставно не сфаќам како?!
Јас еднаш купив плутени сандали 38, а носам 36 и кога ги носев во дискотека идев ко саката некоја, ама па преубавиии сее Сакам да ги носам, ама ич не ми се удобни
Некои сметат дека тоа е затоа шо пополнуваш некоја празнина.Согледај во кои моменти те фаќа криза,види шо ти фали во животот. Поправи се,ти и само ти можеш да се промениш. Ако те фаќа криза,почни да правиш нешто друго,да се занимаваш со друго,или ако посакаш да купиш нешто оди-дари ги тие пари на некој,следниот пат пак исто. Издржи еден месец без да одиш во бутици или трговски. Смири тие страсти. Тоа е исто како да ги фрлаш тие пари во канта. И јас се искушувам некогаш кога ќе видам промоција или големо намаление ама не купувам одма. Излегувам од бутикот,ќе се прошетам низ парк,низ центар или ќе одам накај дома,ќе размислам убаво дали имам потреба од тоа,со шо ќе го комбинирам,дали беше стварно убаво или пак е само занес. Повеќето пати не се ни враќам пак во бутиците да ги купам тие работи,дека кога ќе размислиш убаво уствари и и немаш потреба од тоа парче облека. Со среќа и пазарувај умно
добро рече Анет,се работи за психолошки проблем,и јас го имам,купувам импулсивно,дур да пробам и да платам сум добра,и дома виси на закачалка или стои одредено време во кеса неизвадено..најболно е што сум свесна дека сум "мрдната"и пак продолжувам...и не го правам тоа кога сум нервозна или под стрес како најдобра анти-стрес терапија,тука кога сум разочарана ваљда тоа ми е наједноставен начин да се "исполнам",бегам од соочување со сама себе па си купувам мир преку парталите.. И не е никаква гордост ова гледам погоре некои се смеат дека си купиле број на чевли кои не е нивни,тоа е само едно парче а ова другово е секојдневие-болест.. Јас планирам да си чукнам за помош кај психијатар,за се има чаре,ако банкротирам па ке си отворам продавница за second-hand АМА необлечени..
А ја гледате ли емисијата "живи затрупани"на TLC телевизија,како купуваат и собираат непотребни работи и куките им се во хаос.Ужас
Ти веќе го направи првиот чекор и секоја чест за тоа.Си призна на самата себе дека имаш проблем,а тоа е половина лек. Немој сега да чекаш долго време за да посетиш психијатар/психолог. Со ваквиот твој став сигурно и многу брзо ќе го најдете и решението.Ти посакувам многу успех во борбата и среќа во понатамошниот живот