Како да престанам да купувам непотребни работи?

Дискусија во 'Психологија' започната од lara-s, 5 мај 2012.

  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Мене ми се случува некогаш да купам нешто што подоцна не ми се допаѓа.
    Само јас си имам своја тактика која ја користам за да не берам глупости по дома.
    Кога гледам во продавница нешто убаво а се двоумам,се сликам со мобилниот. :D И другиот ден ја гледам сликата.Ако тогаш не ми се допаѓа значи не сум го посакувала доволно туку било само потреба да купам нешто. :) И искрено во последно не ми се ни случило да купам нешто кое не го носам подоцна.
     
    На Bellaa1234 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.699
    Пол:
    Женски
    Влагаш у маркет и си збориш сам со себе.
    Ми треба, ми треба,тоа не, тоа следниот месец,не е убаво, ми теба, тоа не.
    Да си зборуваш сам со себе е знак на надпросечна интелегенција.
     
    На tina2018, Lady D ❤️ и Sahlene им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.229
    Не сметам дека човек е посреќен ако поседува повеќе предмети.
    Мене лично ми создава само поголем хаос. Знам како да бидам среќна со помалку.
    Скоро никогаш не купувам непотребни работи, немам проблем со тоа. Ретко знам да се ,,почастам'' со нешто повеќе, обично некое парче облека плус или нешто од техника. Но внимавам да не фрлам пари на непотребни нешта и добро ми оди.
     
    На tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.041
    Оставајќи ја картичката дома и носејќи само малку кеш со себе во многу случаи мене ме спречило од импулсивно купување.
    Ама примерот горе каде членката купила чевли 41 број а носи 37, не ја гледам логиката туку приметувам опсесија за да се имаат убави работи
    Океј е да купиш малку поголема гардероба која лесно се средува на кројач, ама чевли?
     
    На simoncelicius, tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    11.662
    Пол:
    Женски
    Не го разбрав купувањето непотребни работи. Повеќе е опсесија, отколку реална потреба. Ако имам реална потреба, тогаш и купувам нешто.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    Јас имам се уште до некаде проблем со купување но само на облека и обувки. За др работи како козметика, шминка, домаќински работи сум минималист.
    Прв дел од проблемот ми беше полн плакар а немам што да облечам . Случајно наидов на некои видеа на YouTube за тоа и сфатив дека проблемот ми е што немам некои основи од облека како црна и бела маица итн. и купувам импулсивно, не размислувам дали нештото ми треба, е мој стил, се вклопува во останатите мои алишта и дали всушност имам нешто слично. Треба и да се размисли за сопствениот животен стил, дали повеќе време поминуваме дома, излегуваме, спортуваме и сл. Откако ја ги дополнив основните работи и донирав 9 големи најлони со облека и обувки веќе не купувам импулсивно. Но проблемот сеуште не е решен,вториот дел е тоа што сеуште на моменти немам што да облечам, но тоа е затоа што сум здебелена и всушност не се бендисувам во поголемиот дел од облеката, а не дека немам.
    Така да јас проблемите ги открив, сега уште да го решам, да ослабам некое кило или да се помирам и да почнам да се свиѓам ваква :)
     
    На simoncelicius и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Носам помалку пари со мене, само планирани за тоа што стварно ми требало во моментот. Ова ми помага. :D
     
    На Maca Macka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    23.895
    Пред да купиш нешто ќе си дадеш одговор на пар прашања: дали ова нешто ќе ми користи на некаков начин или само ќе ми стои во плакар/на полица/во кутија и непотребно ќе зафаќа место? Дали може да продолжам да живеам без тоа? Дали е подобро да си ги зачувам парите? Дали воопшто можам да си го приуштам?
    Има убави во имаше малку нешта. Да не си опколен со секакви глупости и пренатрупаност.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    4.226
    Не купувајте кога сте преморени или гладни. Имам забележано дека купуваме повеќе храна кога сме гладни, а помалку и повнимателно кога сме сити.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    23.895
    Авторот сака да каже: има убавина во имање малку нешта. :D
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    23.895


    Можеби советиве некому ќе му дадат насока.
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.