Како да продолжам и покрај сите проблеми?

Дискусија во 'Психологија' започната од ice.rose, 4 јуни 2010.

  1. ice.rose

    ice.rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ми треба ваш совет,ваше мислење.Навистина не знам кому да му се обратам.Моите брат и сестра се мали ,а моите родители...па едноставно не сме толку блиски.Во последно време ништо не оди како што треба ;( .До сега секогаш сум имала одличен успех на училиште ама оваа година ја утнав...Едноставно работите не се како што беа откако почина баба ми...сите дома се нервозни,сложното семејство не е нешто со што можам да се пофалам.Се повеќе се разочарувам во моите другарки,ако воопшто можам така да ги наречам.А за љубовта да не ни спомнувам.Уште полошо премногу сум срамежлива,не се снаоѓам меѓу луѓе кои не ги познавам.Се чувствувам како да не сум доволно добра за ништо и се прашувам дали има смисла моето постоење,се сожалувам самата себеси.Едноставно не сакам да продолжам вака.Да,знам дека има луѓе со далеку полоши проблеми од моите,но можеби ја немам потребната сила и надеж за да го поднесам сето тоа... ;(
     
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    Прво нека почива во мир баба ти...
    Сфати ги и твоите родители, сите сте изгубиле некој многу близок за вас...сите сте тажни, но животот оди понатаму..

    А за твојот проблем со другарките, зошто не си запознаеш некои нови? Да пробаш нешто различно?
    И срамот така ќе ти се изгуби...А за такви прашања...нема кој ги нема поставено, сите ние сме луѓе од крв и месо, сите чувствуваме...па имаме и такви периоди на падови и воздигнувања во животот...
    Знам дека е тешко и апсурдно ако ти речам, тргни ја таа тажна фаца и стави голема насмевка на лицето... Но, запамти дека животот е краток, и треба да го искористиш максимално, не знаеш што може да се случи..како во случајов со баба ти (РИП) ...пробај да ги утешиш и твоите дома, па така и ти ќе се чувствуваш среќно кога и тие ќе бидат...
    (малку се испобунив, незнаев да кој проблем поточно да пишувам...ама се снаоѓам.. ;) )
    За другарките срце, сите се разочаруваат...нема искрен пријател сега, т.е ретки се таквите...
    Толку од мене...се надевам дека ти е подобро...
    Поздрав
     
  3. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Прво нешто сто приметив е дека за твои години доста зрело размислуваш и си емотивна личност. Вакви периоди секој има особено на твоја возраст кога се оформуваш како личност, поработи малку повеќе на самодовербата и сигурна сум дека ќе се чувствуваш подобро и не заборавај тоа што не не убива не прави посилни...
     
  4. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    Како личност и јас сум многу емотивна .... плачам секогаш кога ми е тешко дури и кога не се наоѓам во некоја многу тешка ситуација.Премногу се приврзувам за луѓето што ги познавам и сум многу повлечена и тешко ми е да стекнувам нови пријателства, не дека не сакам но некако повлеченоста е мој непријател, срамот исто така.
    Жал ми е за твојата баба :( но тоа е дел од животот, мора да го прифатиме.Има многу луѓе кои ги изгубиле своите блиски но сепак најдиле начин како да продолжат понатаму.Веруам дека и ти ќе успееш во тоа.Не мисли дека не си силна, негативните мисли може само повеќе да те депримираат.Многу пати сум мислела дека е тешко, околу мене сите се соочуваа со посериозни проблеми од моите а сепак успеваа да го извлечат најдоброто, да се насмеат и да продолжат понатаму.Се прашував дали сум само јас толку слаба и зошто сите околу мене изгледаа толку силни а само јас паѓав на секоја пречка.За среќ имав на кого да се потпрам и добив еден многу добар совет: Ти не си слаба само ти треба некој кој ќе те потсетува на тоа, некој кој кога ќе наидиш на пречка ќе ти рече ТИ СИ СИЛНА! зошто кога ќе те погледнат другите во тебе да не видат една девојка која и покрај сите проблеми продолжи понатаму со насмевка?Што мислиш дека сите ние сме силни? Не... воопшто не е така само што не го покажуваме тоа.
    Направи и ти така, ќе видеш дека со текот на времето се ќе си дојде на свое место.Биди силна!На крај ќе се испати верувај ми ;) ... Твоето семејство поминува низ тежок период исто така биди таму за нив ... потпирајте се еден на друг и помагајте си, а за пријателите воопшто да не се неривраш доколку во ваков момент ти свртиле грб тогаш не ни заслужуваат да ги наречиш другарки.Памти па врати... држи се до себе и верувај ми дека доколку веруваш во себе ќе успееш.
     
  5. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    34
    Кога ти го читав постот ајс.роуз се пронајдов до некаде. Што значи дека и јас го имам истоиот проблем се ближи крајот со другарките, не сум сврзана со родителите... Но секогаш има решение :) ... Биди силна, пробај да правеш муабет со родителите, излегувај почесто со другарките (доколку продолжат исто така подобро остани сама и оди во потрага по ново друштво :) ). Престани да мислеш на проблемите и фати малку книга :) Неможеш да учиш поради тоа што цело време ти се вртка во главата :) ... Ке се среди се со текот на времето биди сигурна во тоа :)
     
  6. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    37
    Исто се случува со мене ;( само кај мене почина вујко ми но тој пред да умре многу често ме сонувал и во бесвесие му се извинувал на моите дека мене ме испуштил мене не ме спасил требало да ме дигне но не го сторил тоа и јас тогаш си ветив сама на себе дека покрај секој пад ке продолжувам знам тешко е има дома секакви конфликти се караме се не му е по кејф ако напрајш зошто си напрајла ако не напрајш зошто не е напраено во лубовта не ме оставаат да сум со тој со сум тој што го сакам највеке но ветуването морам да си го исполнам а помалите брат и сестра леле страшно ме нервираат :devil: секоја прилика ја користат да ме кодошат и се шо било и шо не било кажуваат :@ али животот оди понатаму и брзо поминува во нерви и карање не треба да ти отиде уживај си :rofl: и не се нервозирај за другарки нема злато во денешно време :( тоа многу го мразам ама да си најдеш неколку луге блиски на кои мозеш да им веруваш не видов колку години имаш ама верувај со тек на време ке се отстрамиш јас многу се срамев сега и тоа ми помина ептен сум си опуштена :rofl: дури и ми завидуваат како не ти е страм
     
  7. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    офф .. и јас имам премногууу проблеми .. но со самата себе :(
    Се некако мие жими мајка како работите да неможат да ми тргнат све ми стои во место , како некој да ме турка наделу да ми ја одзема среќата да ми го попречува патот неможам да тргнам едноставновно заглавиф а тоа откако се скраф со мојот дечко подовна ги изгубиф другарките ( мислам јас се скрав со нив бидејќи сватив колку се лицомерни и завидливи а такви не ми треба ) .. а сега останав скрозз сама :/ ... живоотот полека ме уништува се затворам во себе немам со кого да испаднам навечер додека сите жетаат а тоа ми е најголем проблем .. што немам ниту една другарка до себе тие ми беа единствени но веќе ги нема :( .. проблем врз проблем неможав веќе :(
     
  8. Pink--Starr

    Pink--Starr Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0

    немаш поим во колку слична ситуација се наоѓаме...навистина имам само 15 години, но цел свет ми се руши ;(
     
  9. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    Исто и мене .. се обидувам да најдам некој пријатели било кој и какви само да има некој со кого би се дружела и испаѓала .. но попусто сите изгледаат исти ии колку тие бегаат од мене толку и јас од ниф :/ бидејќи навистина не постојат вистински луѓе :/
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.663
    Стрелките на часовникот одат само напред.никогаш назад...така е и со животот...Проблеми сите ги имаме...јас да знаеш какви сум имала од најголеми загуби до неправди,моменти кога мислев се се руши ,нема излез,си реков кеај за мене....но животот ни е дар,и токму во таквите ситуации треба да докажеме дека сме благодарни на тој дар...Неможе се да биде бело-тоа е јасно,животот е црно бел...Од твоите проблеми-има и поголеми да знаеш...ти само чекори храбро низ животот,не потклекнувај на ништо,крени ја главата и еден ден ќе се смееш....После дожд-секогаш доаѓа сонце,тоа да го знаеш ;)
    A за пријателите ич не се секирај...и ние бевме 10 другарки па во комуникација сме само три ;) Никој денес не ти исли добро,треба да знаеш дека другарство денес ретко постои...па како и се друго што е,само прави лице и смешкај се на сите,не барај најверни другарки-тоа побарај го во самата себе и во најблиските...за почеток почни од некои први братучеди ако го имаш....покрени и ти иницијатива...замижи и покани некого на кафе...
    Сфати ги родителите-и треба да им бидеш подршка...и јас поминав низ таква загуба -уште поголема,верувај претешко е...сепак тие те сакаат и дај им период да се средат,биди им ти подршката и потоа се ќе биде во ред....good luck
     
    На Dreamer и MalaTaa им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.176
    Допаѓања:
    16.572
    Пол:
    Женски
    Така е во животов, имам и јас приметено, кога ќе тргне на лошо-тргнато е. :@ Таков е периодот и самото тоа што ти не си го предизвикала, не ти овозможува ни да го смениш. Надевај се на подобро утре и ќе видиш, се ќе се среди за помалку отколку што сега мислиш.
     
  12. crnobelisvet

    crnobelisvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    prvin ke moras da gi svatish tvoite roditeli,a ne treba vedas da pagjash vo depresija bidejkkji zivotot e pred tebe..i jas se imam nekogas taka pocuvstvuvano deka nisto ne mi odi,deka se mi se rushi, no ne e taka veruvaj mi,se chuvstvuvash kako celata da si pokriena so temni oblaci no pobaraj na okolu i ke pronajdesh svetlina,zapoznaj novi drugarki,izleguvaj pocesto,smej se,nemisli na tazni raboti..potrudi se da gi razveselish tvoite doma i porazgovaraj so niv,poveke ke se zblizite :) a,za uchenjeto ne beri gajle..se ke se sredi :)
    [mod-kirilica:3jgowmzs][/mod-kirilica:3jgowmzs]
     
  13. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Зошто?зошто мора да се оди напред и за да стигниме до розата треба да поминиме низ трнчиња.Зошто наједноставно е да крениш рака од се,а да не се избориш.И зошто кога сите врати се затворени,сепак не се заклучени.
    Напред девојко :makeup: главата горе и радувај се на секој нов ден ;)
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.693
    Мора да продолжиш напред и покрај сите проблеми. Мора да останеш со крената глава и да не се навраќаш во минатото, туку да мислиш на иднината. Запомни дека нема среќен живот, туку има само среќни денови. Цел живот е пред тебе, а мора да постојат и проблеми кои не прават посилни личности. Животот оди понатаму, а после дождот доаѓа сонце. :)
     
  15. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    Tи Благодарам за советот Маца :) ии баш се те сватиф .. навистина е така :) Нооо малку ми е глупо кога ќе ги видам сите заедно а јас настрана сама .. ете имам уште една другарка но има дечко ии уште две но се помали од мене .. сега за сега сум со нив .. ама кога ќе дојде време за испаѓање на викенд тоа ми е најголемиот проблем немам ни со кого ни каде :/ .. мислам дека еден дечко во оваа ситуација ми е најдобро да најдам .. ама ете сите ги одбивам наоѓајќи им некоја маана :)
    Не велам дека сум толку падната во депресија но само ме мачи таа мисла како без моите другарки .. иако знам колку ме изневерија повредија и излажаа :/ ..му нема крај на тоа лицомерство .. а највеќе се нервирам како добро го сокриваат тоаа .. сите ги сакаат со сите срце - мрце а уствари тие самите не се сакаат :/ ... Јас го сватиф тоа но малку касно, а уште потешко ми е на некој близок да му го докажам тоа нависитна добро владеаат со другото лице :)
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.663
    ^ Денес се функционира така-лицемерие и лице правење...мораш да останеш со ладна глава кон се...инаку,тешко тебе,ако се доживуваш со емоции...но може проблемот да е и до тебе-оти велиш дека на сите дечковци им наоѓаш маана-запомни дека никој не е совршен ;) ,ако имаш другарки со кои си искачаш-што дека се помали,вклопи си се со нив,па нека пукнат од мака старите другарки ]:) Сигурно си мислат дека си сама,дека пак ќе ги молиш,ама ти изненади ги со ново друштво,со голема насмевка и крената глава 8)
    Сега мислиш дека да најдеш дечко е најдобро решение...убаво е да го имаш,ама не и да си само со него...ние жените неможеме да функционираме без трачарско кафе,макар и лицемерно-ме сфаќаш нели :lol:
    Така да потруди се да му дадеш шанса на некој дечко,а и да се преиспиташ ти-да го изнајдеш проблемот и решиш,good luck ;)
     
  17. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    Токму тоа и го правам .. си испааѓм со ниф секако со крената глава , среќна и весела како секогаш .. иако знам на душа како ми е :) .. а тие зачудено ме гледааат без да си прозбориме .. а за дечко би размислила доколку наидам на некој соодветен :) .. сега гледам малку да оладам од се .. да си најдам некоја занимација да прошетам па за понатаму ќе видиме сепак фала :)
     
  18. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    285
    Читајки го овој пост се пронајдов себеси во некои делови.Но сепак велат за да го видеш виножитото најпров мораш да го почуствуваш дождот.Мој совет се да мислиш позитивно не сепак да бидеш спремна за лошото.Во ваквите ситуации јас го гледам позитивното еве имам кров над глават ,имам храна , здрава сум имам семејство.Пробај така и ти.Следната година учи повеќе , а со другарките било каков проблем да имаш разговарај отворен и кажи им што мислиш.Додека во врска со родителите пробај малку да се зближиш ,бидејки родителот во вакви ситуации може да ти помогно најмногу :)
     
  19. Zemun117

    Zemun117 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека треба да најдеш ново друштво,и треба да се соочиш со фактот дека животот е суров ! Подобро да умираат старите отколку младите,подобро да оди по тој редослед,јас ја изгубив мајка ми уште кога бев малолетна ,тешко се снаоѓав во тие моменти но можам да се пофалам со моите другари ! тие беа околу мене и после долго време кога зборувавме за тој период ми рекоа дека сум изгледала како жив мртовец тие 2 3 месеца и очекувале секој момент да дигнам нож на себе, ноооо ... времето лечи се ! :)
    Глава гордо напред и гледај пред себе ! :)
     
  20. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    1
    Најпрво ви благодарам!
    Инаку со старите пријатели веќе не разговарам така одлучив јас .. бидејќи секогаш беф повредена од нив .. и секој ден ми беше уништен немав волја за ништо .. едноставно ми го уништуваа животот а додека јас плачев тие се смееја :) Епа мислам дека е крај за тоа .. сега се здружив со други девојчиња комшики .. другарки од основно и со нив исапаѓам не сум којзнае колку блика а и Нејќам :) така е подобро ..и едно научив дека светот се врти и мн работи ќе стасаат кај мене ии многу ќе заминат .. се надевам само дека нема да ме разочараат овие другарки а ни јас нив .. ии дека нема да се појави лицомерие помеѓу нас тоа е ужасно :)