1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да продолжам и покрај сите проблеми?

Дискусија во 'Психологија' започната од ice.rose, 4 јуни 2010.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Eве видиш?на почеток на темата беше песимист а сега размислуваш оптимистички.Тоа ми се допага 8)
    Секаде има падови и успони.Ако на се се гледа така нема да можеш глава да дигнеш.Јас имав еден период во кој не се пронаогав себеси но стиснав заби и решив да продолжам сама колку и да ми е тешко.
    За дечко велиш на сите им наогаш маана,ама никој не е совршен ама еден ден ке дојде таков како што ти е потребен,ке може да те чува и да ти го покажува правиот пат.

    Со срека :*
     
  2. princess.angie

    princess.angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Нели ти спомнав дека се наоѓаме во речиси иста ситуација... Исто и кај мене, сега сум со другарките од маало, и покрај се тие не ми свртеа грб. Со старото друштво не се ни поздравувам, ма да морам да признаам дека не е лесно зашто градов е мал, и еј ги има на секој агол.... хехе Ама решив и јас едно нешто: колку тие беа лоши спрема мене, сега јас толку ќе ги игнорирам. И на крај сите ќе дознаат која сум всушност. Ми требаше време да станам, но сега сум посилна од било кога. Девојки вашите совети се стварно од голема помош.
    А, и уште нешто... За дечкото да го преболам ќе ми треба малку повеќе време, иако пројдоа веќе 2 месеца, уште кој ќе ми текне солзи само ми течат...Ве молам немојте да ме осудувате, зашто малечка сум, само 15 години, ама паметна сум, се ќе си дојде на место... ;)
     
  3. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    За дечко само немој да се нервираш .. штом тој змаинал подобро и да не се враќа, а тоа секако дека ќе го заборавиш и тоа мноогу лесно :) .. истото се случи со мене кога и да го споменеаа јас неможев да си ги задржам солзите .. но еве денес послем 10 месеца го мразааам од дното на душата бидејќи пред два дена моите стари другарќи објавиле линк како демек кучка таква наква ( секако тоа само да ме повредат .. бидејќи знаат колку мразам такви лажни гласини да се движат низ градов ) а тој на таа објава коментиралл секакви глупости лагии се на еден куп .. кога видоф помислиф дека цел свет се срушил .. замислете поминаа 10 месеци послем него а јас од тогаш се имав измувано само со еден :) .. и тоа беше грешка скоро присила јас нејќев но ете сепак се случи .. седев дома толку викенди сама .. и на крај испаднаа верзии како јас сум одела на кафиња со тој со ној .. навистина УЖАС! |( ... а тоа само да ме повредат аа тој од љубомора и сеакко од задоволство кажува секакви лаги :) .. мислам си се пронаашле .. само се чудам како додека одевме тие не живееја со него скоро ич не се поднесуваа никако а сега се BEST FRIENDS :) .. навистина неможам да се изначудам .. само едно знам дека ме понижувааат ме прават ороспија бидејќи знаат колку сум чена и поштена и колку мразам такви работи .. но само за да ми наштета ( се извинувам на изразите ) .. но Кругот се врти .. се ќе се наплати .. затоа јас си уживам ии не се замарам со нифф .. со комшивките си испаѓам па и на работа си тргнав таму едно момче ми се допадна нооо .. се полека и по ред .. СЕ ЌЕ СЕ СРЕДИ :D
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи истото. Имав загуба на многу блиска личност од семејството. Мајка ми и татко ми беа избезумени, сестра ми малечка. Од тогаш се се поремети. Се заеба хармонија, се заеба среќното семејство, се отиде у пропаст од како се деси тоа.
    Ги изгубив сите пријатели, немав никој, бев сосема сама и почнав од нула.
    Одлучив дека едноставно треба да продолжам да живеам, иако околу мене вриштат еден куп смрачени фаци, се дрзнав на големи промени и ги направив истите.
    Скоро пет години од кога се случи сето тоа, јас сеуште не можам целосно да се опоравам, еве си признавам. Влијаеше на моето психичко здравје, физички, и на мојата самодоверба.
    Сеуште не поминал ден а да не се сетам на се што се случи, најверојатно дека сета таа атмосфера дома ме тера да не го заборавам истото, ни за секунда...
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Кога живееме во таква амтмосфера,колку и да сакаме за жал не успеваме да го надминиме тоа.Кога сме надвор од дома можеби забораваме длабоко во нас на тоа,но за жал кога ќе се вратиме дома пак ни се враќа сето лошо назад.И јас поминав низ нешто слично,имам кажано и во др.тема низ што немам поминато.И двајцата мои родители се починати,значи со тоа дојдоа еден куп проблеми од кои што ми се чинеше гла нема да кренам.Застанав и си реков дека нема да дозволам со тоа да си го уништам животот и дека ќе дадам се од себе за да успеам да преминам преку се и да станам зрела и јака личност.Не е лесно,знам но,пред се треба да се има јака волја и доверба во себеси за да се премине преку се.Сепак еден ден ќе ни се наредат и нас коцките ,само да сме упорни и да не губиме надеж.
     
  6. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Како јас да се читам во ова што си го пишувала.Твоите сега се во тешка ситуација и потребно е да помине време за да преболат.Пробај да не се караш со нив, да бидеш смирена и немој ништо при срце да ставаш.
    И јас сум во ваква ситуација, и јас немам никој овде, никаде не излагам, додека другите излагаа јас се откажував од македонија и си вадев документи, додека сите се запишуваа на тука јас се запишав надвор од овде..Останав без никој, никогаш не сум ни имала некој овде секогаш сум била омразена и гледана чудно, но знам дека тоа се само малоумни што незнаат да живеат.
    Фокусирај се само на себе само така ќе успееш.
    И нема другарки денес, а за љубовта не брзај сама ќе дојде кога ќе треба.И јас многу избрзав, дозволив да идам со психички и физички болен човек што не беше за мене, фамилија од толку ниска и бедна класа што само џаболебари и нема никаква иднина, дозволив на тие малоумни луге да им се понижам.Имав уште врски но ќе се најде вистинскиот.
    Одвој си внимание за тебе, прави нешто продуктивно, и онака во државава нема некој случувања, јас немам излезено со месеци, не сум ни тука, сега сум дојдена заради некој обврски и после воопшт нема да доаѓам.Гледај само напред така само ќе успееш. Излагањата и друштвото нема да те направат успешна.
     
  7. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Машки
    Истово си го поставив денес, во парк, главата в раце....

    Како да издржам, до кога ќе има падни-стани-падни-падни-стани....