Ми требаат вашите совети. Вчера раскинав 5годишна врска. Сега неможам да се изборам со тоа, тешко ми е, душата и срцето ме болат. Го сакам очајно, но неможам повторно да се вратам со него, затоа што тој крие многу работи од мене и ме лаже, а тоа неможам да го поднесам. Секогаш мене ме обвинува за се, и кога е нервозен од некои сосем други работи, тој секогаш се истура на мене. Неможам со него, но неможам и без него. Незнам како ќе продолжам понатаму без него.. Во тие 5 години цело време се каравме, дури и рака дигаше на мене многу пати. Неможев веќе да ги трпам неговите лажи и неговиот нервозен карактер и му реков дека веќе е готово. Тој знае дека јас многу го сакам и знае дека ќе го молам за да бидам повторно со него, и затоа го користи тоа. Ич не ме цени. Многу пати имам пробано да го откачам, и да бидам силна да го заборавам, но ниту еден пат не ми успеа. И секој пат се потешко и потешко ми станува. Едноставно неможам да се одделам од него, а не заслужува ни да бидам со него. Овие два дена имам огромна тежина на срцето, неможам да јадам, не ми се прави муабет со никој, и само плачам. Ве молам за помош, каков било совет би ми помогнал во овие многу тешки мигови. Кажете ми како да продолжам понатаму, како да успеам да го заборавам, како да си ја зголемам самодовербата?
Сега ти треба добро друштво,излегување со другарки кои се сингл,забавување,никако затварање дома,плачење и кукање.Потребно е да сфатиш дека е подобро сама отколку со некој кој секој ден ти го претвара во пекол.Направи некоја промена во својот изглед,дотерај се,знаеш како во една песна Да најбоље изгедаш кад се најгоре осечаш и ЗАБАВУВАЈ СЕ!
Види и сама кажа дека е нервозен и дека без причина тебе ти се истура, чак и неколку пати кренал рака, свесна си дека така неможе повеќе мој совет ти е да не се затвараш и да не плачиш излези со другарки, забавувај се, знам дека не е лесно, али потруди се како што ти кажа Ordinary дотерај се, среди се пушти си некое добро музиче и уживај. и самата кажа дека не те заслужува, немој да се боидуваш да го бараш, кога тогаш ќе свати дека ти си била едниствената што ги трпела неговите глупости и тој ќе те моли....
И покрај сите тие кавги и кревање раце врз тебе за овие 5 години, не ти омрзнал? Не смееш бре да дозволиш така да ти креваат рака, било кој, а најмалку не дечко кого го сакаш и кој треба да те штити баш од такви гниди. Па не знам кој сака нека е, нека проба нека крене рака, и веќе наредната секунда има истата да си ја бара во аналниот отвор. Да го молиш да се смирите е исто ко да го молиш пак да ти врзува шлаканици и да се расправа. Знаеш, за 20 години, многу е 5 години да истрошиш на таков. Четвртина од досегашниот живот. Свесна си дека не те цени, свесна си дека не те заслужува, свесна си дека врската нема иднина со физичко насилство и со караници, знаеш дека лаже и крие работи, па утре да не мислиш да имаш убав брак со некој таков? Па чуму ти е? За лепе очи? Штом ги признаваш сите недостатоци значи свесна си и си доволно силна да го откачиш, но проблемот е што не си навикната да си сама. Си се приврзала за него во кревки години и сега ти се чини којзнае што ќе се случи ако го снема од твојот живот. Верувај, по откачувањето ќе се чувствуваш олеснето ко за време на серка после тридневен запек. Многу убави нешта ќе се случат. Ќе бидеш своја, слободна и непонижувана, ќе најдеш дечко кој ќе те сака, почитува и вреднува. И најбитно - ќе си го зацврстиш карактерот и ќе се гордееш со тоа.
Ај напиши си ги на лист добрите карактерни особини кај него, а од другата страна лошите. Или моментите кога те правел среќна а кога не. Или кога ти било убаво со него а кога не. Така секогаш кога ќе сакаш да го побараш, да го видиш, да се смириш со него, ќе се потсетиш само како ти било, дали си била навистина среќна и со кој уствари си била. да, можеби на почеток ќе ти биде тешко, 5 години се сепак, си се навикнала со него, ама издржи сега, за да бидиш среќна понатаму. Не е еден и единствен. Можиш без него. Не дозволувај ниедно машко да се однесува со тебе како што се однесувал тој. Тешко ти е, нека ти биде, стискај ги солзите во тебе, или па на крај краева исплачи се бе, потони во перница и викај, ама изджи. Излегувај со другарки, гледај филмови во друштво, прави нешто креативно, и обиди се да не мислиш на него. Не вреде мн мн уствари.
Се надевам дека ќе издржам овој пат. Се надевам дека времето ќе ги излечи раните. Сега почетокот е најтежок. И во право си calliope не сум навикната сама, бев цело време со него, заборавив и на другарки и другари заради него, толку ме обзеде љубовта кон него, и затоа сега ми е тешко. Али ќе помине тешкото, не губам надеж, само незнам кога ќе помине. Мора да издржам овој пат !
ке поминеееееееееееееееее нормално нема да може тоа за недела дена, неможе нит да го игнорираш ова, нормално е сега цело време да мислиш на него и да плачеш али со тек на време се помалку ке ти текнува на него и тогаш нормално ке осеќаш тежина исто така и на оние места кај што сте биле заедно али јбг ова ти е како некоја рутина далеку од очи далеку од срце затоа прекини секаков контакт со него за што побрзо ова да помине окупирај си го мозокот со други ствари
Спојлер Ех драга моја ,такви се љубовните маки...Како ќе продожиш понатаму?Ќе се подигнеш од пепелта кога ќе ти биде мака од се ,и од плачење и од осаменост и од тагата и болката..и тогаш ќе почнеш да се гледаш себе,и дека не бил само тој виновен за односите во вашата врска.И кога ќе видиш понатаму можеш само под земја или на површина ,каде што те чека некој...а тој некој си самата ти. Звучи чудно,но во тој момент кога ќе сфатиш дека само ти заслужуваш шанса,шанса да се засакаш самата себе.Да си простиш на себе,и ќе видиш дека едниствено само ти можеш да си помогнеш.И не се плаши од осаменоста,зашто стравот од неа е резултат на сопствената несигурност и недовербата во сопствените вредности. До тој момент,додека се ова не го сфатиш,ти посакувам да се исплачеш,истагуваш дај си на себе шанса да излезе горчината од тебе.И што е поцрно и потешко,во овој момент,во некој друг неочекуван,ќе го видиш светлото на крајот од тунелот.И тогаш се ќе се промени.Сјајно ,топло и полно со љубов.Ќе се откриеш сама себе.И колку е поголема болката и тагата од загубената врска,сразмерно таква ќе биде и радоста на откровението. Искрено се радувам на моментот кога ќе ја откриеш љубовта кон самата себе.Љубовта која толку време си ја барала во друг.Моментот е непроценлив. Можеби советов е исполент со премногу јас ...ама мене само тоа ми помогна во еден период од мојот живот.
Така, ќе продолжиш. Окупирај се со други работи, најди си нешто ново за правење, целото слободно време користи го за нешто и нема да имаш време да седиш и да размислуваш за разделбата. Оди на масажа, на козметички третман, излегувај со другарки, оди на одмор со другарки, шетај, читај, пишувај. Ќе помине, се поминува.
Ќе бидам кратка и јасна. За да опстои една врска, според мене, љубовта не е доволна. Таа е само темел на кој се гради, причина поради која се гради доверба, трпение, разбирање помеѓу двајца.
Еве, поминаа веќе две недели, и сеуште имам преголема тежина на срцето, сеуште се затварам и плачам и мислам дека никогаш нема замине тагата. Навистина се чуствувам осамено. Почнав да излегувам со другарки и другари, одевме на ноќно капење, седевме на тераса додека не се раздени па си одевме.. и навистина убаво ми е со нив, и не мислам на ништо друго, но, кога ќе си тргнам накај дома ми се враќаат сите мисли и повторно почнувам да плачам. Незнам што да направам веќе. И кога излегувам со другарките, мора да ми излезе Тој пред очи, и тогаш во тој момент ми доаѓа да се извикам на цел глас и да прснам на плачење. Али, тоа е тоа, во мало место живееме, и кај и да одам секако го среќавам Него. Многу ми е тешко и ми доаѓа да пукнам од мака и нервоза. Пред неколку дена дури и легнав на инфузија, затоа што многу нервози ми се насобраа, почнаа да ми се тресат и раце и нозе и мораа да ме смират. И јас го делам тоа мислење со тебе gingerchild, не е доволно љубовта, треба и доверба и разбирање, јас му верував и го разбирав за се, а тој никако не се потруди да ме разбере мене. Секогаш кога имав некои други проблеми и кога ми беше тешко, му се искажував и сакав во тие моменти да ме утеши, но тој само ќе ми речеше "Јас имам поголеми проблеми од твоите и не ме нервирај повеќе" и толку. Не ме ни сослушуваше и уште потешко ми стануваше, затоа што немав никој друг на моја страна за да се искажам и да ми помогне. Тој ми беше се. Незнам до кога ќе бидам ваква несреќна.. И како да продолжам да си го живеам животот, кога знам дека во ова мало место, каде и да одам, ќе ми излегува тој пред очи.. цел живот ќе се појавува од некаде.. Навистина, сакам да дојде тој ден, да го видам и да не почуствувам ништо за него, да не постојат овие чувства во мене.. да го гледам само како странец.. Феминки навистина сум ви благодарна, се чуствувам посмирено кога ги читам вашите совети и мислења.
pred tri meseci isto i jas prekinav vrska od godina ipol znaci identicna kako tvojava i znaes kako preboliv pocnav da izleguvam so drgarkite da zapoznavam novi luge da se zabavuvam najmnogu sto mozam i ete se pojavi segasnoto decko i mi pomogna da prebolam bidejki toj e takov za kakov sto sonuvav me tretira kako princeza.. izleguvaj devojko ne e kraj na svetot sigurno ne ti bil prv a nema da ti bide ni posleden uzivaj kolku sto mozes najmnogu
Всушност крајот на една врска е почеток и будње на спомените.. во почетокот ке те боли ке станиш на сабаље и се ке ти биде црно ке си викаш во себе зошто живеам зошто се будам.. дефинитивно тое е најгрдото чуство од сите ке те боли мнг ке те боли ке ти доаѓа да пискаш да викаш да плачеш... Но како што минуваат деновите неделите месеците сите тие работи ке почнат да избледуваат само треба време верувај дека тоа е ЛЕК за се ! секогаш кога ќе ти фали кога ке посакаш да го гушнеш да е покрај тебе сети се само колку е голем идиот колку не те заслужувал...биди среќна што си се спасила од него, замисли дека можело да биде и полошо. Затворање дома никако не му давај да биди среќен што успеал да направи таков човек од тебе излегувај флертувај и биди сигурен дека господ ти чува нешто многу подобро за тебе
Кога бар би имало одговор на ова прашање. И јас сум во прилочно слична ситуација и единствениот совет што можам да ти го дадам е да си го потсобереш она малку достоинството што ти останало и да научиш као повеќе да се почитуваш.... И од тука почнуваш да градиш понатака. Еве што направив јас: Ослабев 10 кг (и повеќе, но ми е страм да кажам). Почнав да вежбам. Прочитав куп книги. Слушам нови бендови и нова музика. Идам на изложби и концерти. Ама... Ова груткава во градиве си стои.
Обично никогаш не мудрувам али ќе ви го дадам пример за тоа како стојат работите. Коа имаш работа со мажи прво што треба е да се обратиш кај ветеринар -мајка ми Сеа вака...Највеќе што сакаме на светот е да бидеме сакани и некој да сакаме.Љубовта е многу релативна работа еднаква и праведна за сите.Штета што само со една особа ќе може да ја одржуваме во баланс и да трае долго доволно за да не бидеме повредени.Доаѓаме до моментот во кој понекогаш се дешава да исфикрисаме љубов која не постои и едниот партнер (безразлика на полот) дали затоа што е несреќен,нашол нешто подобро,има каприц или се плаши да не биде повреден се повлекува.Тука неможеш ништо.Тука се дешава една многу зезната работа "Kако јас ќе продолжам понатаму?" зависно од тоа колку сте биле заедно и за какви чувства правиме муабет продолжувањето понатаму е исто така многу релативно,од психолошка страна гледано тоа е само убедување на самите себе,но зошто тогаш плачеме кога сме сами,нели нема смисла? Се у свему СИТЕ ШТО СТЕ ПОВРЕДЕНИ не се форсирајте да го заборативе,да имате тон други дечковци и сами да се повредувате,земете си време месец,два,три,седум зависно бодете со игли,палете слики знам дека звучи налудничаво но ако целиот бес и тага не излезе од вас доаѓа до едно чувство на омраза која не води никаде барем на на убав пат.Одкако се тоа ќе помине таа личност веќе не ви значи ништо,чувствата ги нема.Има само добра лекција и сега сте многу посилни и помудри.И да никогаш кога ќе се опоравите не му дозволувајте да се врати,запамтете тешко ви било да пребродите тој/таа не заслужува повеќе внимание!
Јас сеуште се опоравувам, па незнам колку разумен совет можам да ти дадам. Мораш да сфатиш дека животот не завршува со крајот на една врска. Потребно е време за да ги прифатиш промените што ти се случиле, па затоа ти е толку тешко да преболиш. Ама како што си се навикнала со него, ќе се навикнеш и без него. Најважно е да останеш присебна, секогаш и секаде. Немој да се запоставиш себеси, дотерувај се ако треба и повеќе од вообичаено, направи некоја промена на себе ако сакаш, сето тоа ќе ти помогне да си ја одржиш самодовербата. Кога ќе ти биде ептен тешко, потсети се на неговите лоши страни, на лошите моменти во врската. Да сфатиш дека заслужуваш подобро.
Пред 3 месеци се преселив во друг град..Имав врска совршена, да не кажам ја најдов сродната душа. Кога решивме да се преселиме тој ме убеди дека врските на далечина може да успеат, има начини да бидеме заедно... Пред некоја недела ми кажа како многу ме сакал ама му било тешко без мене. не бил навикнат на такви врски и само ќе сме се мачеле...Бла бла... Се согласив и го пуштив. Ме немаше некој ден и се појави. Како демек се кае, неможе без мене, незнае што да прави, збунет е...Сака да контактираме, а не сака да продолжиме... И ајде сега што да правам јас
Искрено Ирелевант јас не верувам во врски на далечина и се си мислам дека далечината, еднаш евентуално ќе си го направи своето. Не знам што добро ќе имате од контактот, јас мислам кога тој не сака да продолжите подобро е да не контактирате колку да си земеш простор и да го заборавиш. Во спротивно, од мое искуство, би ти било потешко. Но тоа е до мене, сепак јас сум таков карактер што кога ЗНАМ дека едно поглавје од мојот живот е готово едноставно продолжувам напред и назад не се вртам. Не те познавам и не знам како би ти било подобро, во секој случај, мој совет е да го заборавиш и да продолжиш понатаму. Па кажи што одлучи.
RebeKah-Девојко само забава....Уживај во животот....Излегувај со пријателки,пријатели,флертувај и почекај некое време па ако засакаш некого влези повторно во врска...Со среќа и уживај во сингл-деновите Спојлер Мое мислење