Нема да биде истата врска ако се смирите ке биде бетер.Знам дека сакаш да му се јавиш и милион прашања во глава што ги имаш да ги расчистиш али издржи ако не изгаси го тел за полесно да ти биде,а после такво кажување од него дека нема иднина за вас он нема да се јави. Пријатели после врска нема да успе нема пријателство после врска.Еден ден можеби ќе му биде криво али касно ќе биде.Имав таков се беше мн убаво со мајкаму се знаев со сестраму и одеднаш прекина,за валентајн ке идел со другарите ке пиел лооол дечко и си викам ок нема пров се дотерав со другарки во дискотека сиг дома нема да седам по некое време дознав дека не сакал сериозна врска сакал да биде слободен не бил спремен на ништо,тешко ми беше мајками ме прашуваше што се случи.Али помина а веќе две год ја имам најголемата среќа дечко кој ме прави среќна,се грижи за мене. Затоа не се нервирај не тагувај кога најмалку очекуваш ќе се појави подобар. ова што било стави го во минатото и не се враќај
Немој да му се јавуваш, не го барај и батали го еднаш за секогаш. Секое чуство се оладува со тек на време. Не велам дека на почетокот нема да ти биде тешко ама за месец-два ќе ти стане подобро. Прво следува тешкиот период кога мислиш дека неможеш понатаму без него, потоа некако постепено се помируваш со она што се случило за на крај веќе да стигне оној момент кога и да имаш повторна шанса да бидеш со него, нема да сакаш. Во врската треба да се ужива, тој треба да те направи најсреќна а не да страдаш поради него. Мене не ми е јасно како после такви киксови не ви се намалува љубовта кон некои типови кои воопшто не ве почитуваат? Да ми каже дека сака да оди и со други девојки а јас да се трескам по него? Па уште во истиот момент врз него ќе го истурам целиот бес, во фаца ќе му ги плеснам сите најлоши работи кои си ги заслужил и повеќе очите нема да ми ги види а не да се секирам за него. Батали го, многу подобар ќе најдеш па тогаш и самата ќе се чудиш како си можела да бидеш со овој.
Ситуацијата е деликатна...бевме заедно подолго време, никогаш не сме паузирале или раскинале, многу се сакавме, но раскинавме затоа што припаѓаме на различна религија, тој ги почитува неговите и престанавме да се гледаме, пробавме нешто скришно, но не оди така премногу лаги и останато, си ветивме дека нема никогаш да се заборавиме и дека ќе се сакаме, се правевме заедно искрено жално е што така заврши, јас пробувам да го одбегнам да не се слушаме за да не ми е на мене потешко, но сепак уште секој ден ми пролетува низ мисливе... Навистина не знам како да го заборавам, ми давале совети да се вратиме и да се криеме, но јас тоа не го можам едноставно не се чувствувам удобно во сите тие лаги, да ќе кажете ако се сакате се ќе направите, но не ова навистина и не е до нас. Како да се справам со неговото заборавање?
Зезната работа е тоа со друга религија. Прво запрашај се само едно - дали вреди се во твојот живот да заборајш и да смениш религија, да се откажиш од твоите и другарките заради него? Ако до толку го сакаш да без размислување речиш - да, продолжи со него. Ама, не заборавај дека кога ќе згусни или ќе сака да официјализирате брак или било што - ќе мораш да смениш религија, заради неговите се разбира. Јас бендисвав еден од различна религија - ама тој се тргна навреме од мене, изгледа премногу се плашеше да навреди било кој од неговите. Одигра така заради неговите и почитта кон нив. Дали него ќе му се исплати не знам, ама тоа е. А ако веќе во мислите почнуваш да гледаш и други мажи, макар и минимално, откачи се. Едноставно е - зошто мислиш на други ако го сакаш него само? Земи и убо искалкулирај си
Zdravo mi treba sovet iamam 15 godini zapocnav vrska sto traese 4 meseci nbo moite doznaa i ne mi dozvolija samo zatoa sto toj e albanec i ja sum muslimanka no sepak.. i sega i na dvajcata ni e tesko mora da se razdelime a nema da go izdrzime toa..premn se sakame a nemozam da prodolzam nikako
Проба па виде дека не можеш или мислиш дека не можеш? Секој може без секој, никој не е незаменлив. Најчесто родителите се во право иако децата тоа го увидуваат покасно. Мали сте за такви проблеми.
Јас и дечко ми раскинавме. Јас сакав, јас раскинав.Едноставно знам дека заслужувам повеќе.Тешко ми е, цел ден плачам ама тоа е..продолжуваме понатаму.
Па и не баш...Еве денес требаше да ни бидат 6 месеци ама тоа е.Цел ден сум како мртва ни јадам ни пијам.Спомените ме убиваат некогаш..
Денес раскинав скоро 2 годишна врска,премногу ми е тешко незнам што да правам,но морав да раскинам бидејки не бев среќна во врската и не ми беше убаво..но и тој е многу повреден пореди тоа што искрено ме сакаше и се правеше добро секогаш беше тука за мене да ми помогне во секое време,но ете дојде и тој ден кога требаше да раскинеме..и сега незнам како ке го преболам,премногу ми е тешко,но и нему му е тешко.Ве молам помогнете ми,кажете ми што да правам за да го преболам..
Како бе така се сакате,се чувате, а мора да раскинете ?? Зошто?? У секој случај мој совет Лекот се другите луѓе. Гледај да бидеш со што повише луѓе, излегувај, иди на некоја авантуристичка тура, запознај нови особи. Ако се затвориш дома сама, ќе те убие психата.
Дај си време. Ако ти се излегува, излегувај. Ако ти се седи дома, седи дома. Ако ти се плачи, плачи. Сите велат оди излегувај, шетај, запознавај нови луѓе, мене првата недела од кревет не ми се стануваше, и во ред е тоа и таков период мора да помине. Не можеш да се журкаш кога не ти е дојдено до тоа. Но, се постепено ќе биде, дај си време тоа е најважно. Тешко е, но по некој период полесно ќе ти е.
Но премногу се каравме,љубоморевме и двајцата,еве се нервози имавме,и дури и јас не бев среќна во таа врска,и одлучив да му раскинам..но тој многу се повреди,незнам како ке ме преболи..јас ги имав изгубено чувствата кон него,и така лесно ке го преболам,но за него незнам..
Како тоа го сакаш , се сакате а не сте среќни заедно, малку чудно! Двајца што се сакат никогаш не се не среќни!!! Љубомората, карањето постои во секоја ако го нема тогаш што ќе ти е таа врска, мислаам до одредена граница де Ти сама си сакала крај, не би требало тешко да преболиш, затоа што ти сама си одлучила дека таа врска не те прави среќнаа, тогаш не жали и гурај напред, барај нешто што ќе те прави среќна , немора нов партнер, нешто поразлично од сега ..
Ние не раскинавме мирно. Он ме изнавреди.Ме скрши.Кај мене па уште и сестра ми кога му крена од мој телефон се дереше.Многу силно дури и другарка ми и сестрами се стресоа.Психопатско понашање. Ми се врати моментот кога порано бегав од еден никаков кој ме малтретираше психички и позната ми беше таа сцена. Пред тој ден ми рече крај јас досега само попуштав и сакав да бидам само среќна ама после она вчера дерење, закани дека ако не му ги вратам неговите работи оти не сакав да ги враќам тој ден он вика ќе те најдам у град и ќе те скршам. Едноставно не го препознав.Дури и мајкаму ја чув на телефон како му вика престани.Го одбив да излезам со него таа вечер оти он кажа крај и сакав крај.Реков не.И он се изналути и ме извреѓа.Демек он се ми пружил се а јас така сум враќала.Хаха. И толку. Да, бесна сум ама неможам да опишам како се осеќам кога ќе помислам на убавите спомени и денови.Кога ги бришев сликите плачев.Синоќа излегов ама не е тоатоа.Се забавував ама како? До пред некое време заедно се правевме.Неможам да опишам што.Оти нема да разберите.Ќе речите не си детенце да се понашаш така.Ама едноставно тој го сакаше тоа му бев мила и секогаш ми ги кажуваше тие надимци слатки. Ама реков што кога е он нездрав. Мора да се отргнам.Ќе најдам подобар. Попуштав оти мислев ќе се смени.Оти не сакав друг да ме гледа така како он знаеше.Оти имавме поразлична врска. И сега како да продолжам? Не дека не ми се живее или нешто слично.Ама сакам да не ги памтам убавите работи оти ќе плачам а не сакам. Значи матури,свадби,дипломски,одмори,идење одење дома, спиење,седење заедно,запознавање со родители.Он си дозволи да ме вреѓа и да не се потруди воопшто да ми докажи дека му значам. Хаотичен е постов ама имам разни емоции сега.Не знам каде терам.Сите ми викаат опушти се тој губи не ти.Знам, така е ама како? Тажна сум.Скршена.Болка имам огромна.Оти си дозволив да бидам третирана вака.Отинсе заљубив