1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување?

Дискусија во 'Дете' започната од NotInLove88, 29 декември 2010.

  1. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Од неодамна дознав дека некаде во Македонија постои личност која крвно ми е во многу блиско сродство.Случајот бил пред 25 години,детето било дадено во дом за доенчиња ,пред некое време родителите пробаа да го пронајдат но информациите се комплетно затскриени,очигледно е дека во работата постои нешто матно...-значи незнаеме воопто никаква информација,само ги знаеме годините на детето и полот...Откако дознав не сум ни заспала,неможам да функционирам нормално, ме мачи проблемот ,а ги мачи и моите најблиски,незнам од кој агол да му пристапам на проблемот,пробав да се заангажирам и јас за да помогнам зошто лично и мене ме засега ...Доколку некој може некако да ми помогне ,да ми даде совет од правен,медицински или било каков аспект ве молам ,незнам ни сама што треба попрво,и јас сум изненадена ,шокирана и незнам ни како треба да одат процедурите ,и дали воопшто некогаш ќе се одмота клопчето од невистини ,и кога конечно ќе се добие разрешница на цела оваа неизвесност...Ве молам доколку знаете нешто во врска со вакви случаи помогнете ми ,ќе ви бидам благодарна ... :(
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!


    Мислам дека матни работи нема. Кога дете еднаш се даде на посвојување после никакви информации не даваат. НИКАКО. Мислам дека само залудно ќе барате.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Мислев матно во одговорите кои се одбиени во врска со случајот....а јас не сум крива за случајот ..ужасно е сознанието дека постои некаде личност ....неможам ни да зборувам премногу ми е тешко...
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Е тоа може да биде матно затоа што знам дека не даваат информации во никој случај. Детето е дадено и крај, не сакам да те разочарувам но тоа е вистината. :(
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    не верувам дека на лесен начин може да се најде таа личност.. за матно не постои ништо, само и од домот мислам дека не смеат да откриваат секакви информации бидејки не ја знаат вистинската причана заради која вие ја барате таа личност.
    а и добро ви текнало после цели 25 години да ја побарате.. искрено малце тоа ми е себично од ваша страна.. сега вас ви текнало дека треба да ја најдете, а кога нејзе сте и биле најпотребни каде сте биле??? сте се уверувале дека е удобно сместена во некое семејство? дека животот и е идеален?дека има се што посаква?.. зарем не мислите дека таа личност нема да сака да види никој да ваша фамилија? зарем не мислите дека со вашето појавување ке и ги отворите само старите рани?
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Но велешанке таа вели дека и е во блиско сродство а не од фамилијата и таа ништо не е крива ако дознала сега. Навистина жално што се случило така но не се ни знаат причините зошто детето е оставено. Веќе е доцна, и еден месец по оставањето да го побарале пак немале ништо да пронајдат.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.271
    Допаѓања:
    101.144
    Пол:
    Женски
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    не ја напаѓај жената кажува дека сега дознала дека та особа постои!!!

    Инаку мислам дека во домот треба да одиш и од таму да почнеш. Не знам конкретно да ти казажам но мислам дека она или он ако сакала даве најде и ако знае за вас ќе ве најдела вака не знам колку е паметно. Можеби не ни знае дека вие постоите и ќе и го превртите цел живот наопаку. Како и да одлучиш се надевам дека се ќе биде добро. А ако си храбра јави се во Sve za ljubav емисијата. Може дапомогне :)
     
    На MissElly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Епа погрешно мислиш, во таква работа нема ништо матно, јас студирам на правен факултет и би ти дала ваква информација. Во таквиот случај кога детето е посвоено постои забрана за утврдување и оспорување на потеклото на посвоеното дете.Тоа е законски утврдено и никој не може да го измени тоа ниту пак да дава такви доверливи информации едноставно забрането им е. Подобро ако можеш објасни го случајот на кои роднини и како и што е близината. Овде не тие го знае никој идентитетот слободно кажи да го разбериме подобро случајот и ако може да ти помогниме.
     
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    го има доживеано еден мој близок пријател и знам како му беше, затоа напаѓам, и не оправдувам отпосле барање на оставена личност..
    детството му беше ок, имаше работи кои ги сакаше, беше срекен..
    кога на своите 13 години дозна дека е посвоен почна неговиот пеколен живот, не можеше тоа да го прифати..не можеше да прифати дека некој што го створил и носел 9 месеци го оставил, а други луѓе го земале исчувале итн итн.. се чувствуваше толку виновно, чувствуваше како да е терет на луѓето кои го одгледале, запаѓаше во некои депресии, плачеше, пискаше.. не можеше да се смири..
    по некое време ок го прифати тоа, нејкеше да оди на факултет, бараше работа за да не биде терет, му тргна се ок, работеше, со родителите што го одгледале беше ок, ги сакаше почитуваше итн..
    на своите 19 години се појави една личност која испадна дека му е братучед, на почетокот се беше ок, станаа другари.. кога дозна пак почнаа кризите за него, не можеше да се помири со судбината, му се отворија старите рани.. низ пекол минуваше..
    значи знам зошто обвинувам, сум била сведок на патење на личност.. и затоа предупредувам дека не е во ред да се отвараат старите рани..
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Добро тоа да. И јас мислам дека не треба да го бараат а и да го бараат не верувам дека ќе дојдат до некоја информација. А за тоа што на нејзините блиски сега им текнало да го бараат и јас не го оправдувам. Нотинлоф ништо не е крива за тоа. Нека си се помират луѓето со судбината. Така требало да биде.
     
  11. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Доста креативни мислења добив од вас,но целта не ми беше шега или слична работа..Добро биолошките родители од правен аспект значи неможат да добијат пристап до информации...!!! Но во овој случај постои и трета страна потенцијални случаи кои можат да бидат решение на овој проблем.Одредено дете на слична возраст ги бара своите родители и преку некои сознанија дојдовме до него,но сепак тоа ги бара своите родители веќе една година ,сака да дознае кои се колку за да си ги дознае своите " корени"...Дали децата кои сакаат да ги дознаат своите биолошки родители можат да дојдат до информации и кои се начините?...а и логички ако мислевте дека јас сум мајката не можам да бидам ,зборувам за личност од 25 години ,а јас сум 22....)
     
    На figura му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Информации кај и да отидеш нема да ти дадат.
    Само доколку се работи за болест во семејството каде што некој што е во крвно сродство може да помогне, тогаш даваат информации за личноста со тоа што се смета дека може да помогне.
    Информации на друг начин нема да добиеш. Тоа е така со закон утврдено.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    dete/posvojuvanje-bioloski-roditeli-t2179/
    Eве една ваква тема. Провери да не има некој информација.
     
  14. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Ти благодарам ,баш сега разггледувам на таа тема :(
     
  15. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    606
    Посвојување. Биолошки родители.

    Мислам дека на децата треба уште од мали да им се објасни дека може една мајка да те роди, а друга т.е. други родители да те израснат. Доколку тоа им се објасни додека се мали, нема да го сфатат онака како што некој на 18 години би го сфатил (би се шокирал од веста, знаејќи дека цел живот имал родители кои ете ја криеле вистината од неа/го). Децата се многу попаметни и разбираат повеке од ние што мислиме.

    Ова го зборам од тоа што сум го видела до сега. Не живеам во МКД и знам дека кај нас работите се поинакви, но запознав една фамилија која што има посвоена ќерка. Девојчето има 7 години и знае дека била родена во друга држава и од друга мајка, ама за неа мајка е жената што се грижи за неа...и без разлика дали ке се случи нешто, да и зборат другите деца во врска со тоа, она нема тоа да го сфати трагично затоа што знае кои и се родители. Тие што се грижат за неа!

    Мислам дека доколку и јас би била во истата ситуација, иако не е лесно...би се одлучила за истото.
     
  16. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    (28.10.1985 е датумот на кој е родено детето,и е машко,дадено било во домот за доенчиња во Битола,родено на 7 месеци);
    Јас сум пребродила многу работи до пред некое време бев доста болна и потресена поради неважни работи,почнав да се опоравувам од состојбата и дознав оваа работа.Наместо да ме дотолчи сознанието ми даде стимул да се борам со мојата состојба ,знаејќи дека некаде постои личност која поминала вистински пекол за разлика од мојата состојба.
    Личноста која ја барам ми е брат!!! Иако е постар од мене правиме роденден за неколку денови само разлика!! Отсекогаш чувствував огромна празнина и сега знам и зошто сум ја чувствувала ,сум имала и сонови дека имам некаде брат,незнам како но ми даде сила од една страна иако е доста потресно од друга страна,постојано мислам на него ме мачи помислата дека некаде имам брат ,а не го познавам ...Значи тој ми е биолошки брат од истите родители ,кои биле заедно во врска неколку години пред да се земат.Татко ми бил студент во периодот кога го имале а мајка ми била 16 години.Биле разделени 3 месеци ,тој бил доста далеку од неа и се немале видено и неможела да го исконтактитра никако дека е бремена (мислела дека е три емсеци бремена затоа што тогаш последно добила циклус,немала претходно ни стомак,ни знаци за бремност,и без да им каже да родителите незина тетка ја убедила да го абортира зошто ја натерала да мисли дека нема да може повторнод а го види одредне период и дека ќе почне да се забележува,во болница како и секогаш -неспособни и ставиле инексија за абортус и таа и предизвикала контракции и радила дете старо 7 месеци...Не можела ни сама да верува на фактот ,била избезумена ,не знаела што да прави -бвебето било во инкубатор неколку дена ,таа бикла сосема исплашена од целата ситуација и годините а и тоа што не знаел никој и го дал во домот на посвојување...) Татко ми се вратил по некој месец и повторно се вратиле заедно ,и по некое време се зеле (без воопшто тој да знае за ситуацијата ).Но проверила на болница и не нашла никаков траг од детето се исплашила и не кажала ништо за случајот се до шред некој месец.Кога била бремена со мене била болна,имала тумор од 5 кг во неа покрај мене на матката,ја оперираа од тоа,Постојано беше повлечена ,а таа во секој случај е вистинкс мајка секогаш беше тука за мене секогаш ми беше мојата закрила ,неможам да ја осудувам зошто знам низ што помина во животот,а тогаш биола млада,до пред некое време имаше повторно операција и од страв дека може да и се случи нешто нпишала писмо и во него оставила прамен коса за ако еден ден случајно ја нема ( што му се молам на Господ никогаш да не се случи )да го најдеме брат ми...Не можев никогаш да ја разберам тагата во незините очи ,но сега ја свајќам затоа и го правам ова...Таа ми е мајак и многу ја сакам ,знам дека ќе го сакам и брат ми иако не го познавам ,се надевам дека некој ден ќе го запознаам.Татко ми кога го прочитал писмото од мајка ми почна да го бара насекаде,пробавме милион начини,но едноставно неможе.Таа незнае дека знам ,несакам ништо да кажувам зошто е во состојба во која не сакам да ја повредам ,а и јас сум под огромен стрес но заради неа и заради сите ќе го пребродам..Животот до пред некоја година ми изгледаше беспрекорен ,но сега се чувствувам поразено,но ќе се борам против се зошто ми е потребна сила јас сум доста чувствителна и се си земам при срце,можам да замислам како само му било на тоа дете додека јас сум се радувала ,а тоа било некаде тажно ,или пак како било кога дознало (ако дознало) дека е посвоено...Не мислам дка сум себична што сакам да ме прифати зошто ни јас самата не можам да поверувам дека сето ова ми се случува....Што и да е се надевам дека ќе дознаам еден ден кој е зошто крвта нее вода и ме влече постојано мислам и плачам,!!!

    -Еве по чиста случајност зошто верувам во судбина ,не очекувам да се случи чудо но никогаш не се знае Господ е голем и верувам дека ќе му даде здравје ,среќа и се што му е потребно каде и да е ;( ;( ;( !!!
     
    На figura, N.Kety, nenuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување!!

    Леле ми се преврте желудникот кога те прочитав.... ;(

    И се сетив на една моја другарка..(која незнае од каде потекнува воопшто, и неможе да дознае, незнаат ниту нејзините родители кои ја чуваат.... Се сеќава бледо на некои случки...но да не одолговлекувам..

    Те молам кажи ми дали е женско 87 годиште од прилика?
    (ни таа не си го зне датумот на раѓање :| )

    ЕДИТ: Сега го прочитав предходниот твој пост, дека бараш брат внушност... Sorry...
     
  18. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    не ,машко е и роден е 85 година,.... ;( Знам и мене сеуште ми е многу нереално ,како во сон да ми се случува ова...
    Многу жалам за твојата другарка ,и претпоставувам како може да и биде ,зошто откако го дознав ова уште повеќе сочувствувам со сите кои се во таква ситуација без да си ги знаат родителите,а имаат желба да откријат кои се !!
    (И со ова не алудирам на тоа да си ги заборави тој родителите кои го посвоиле ,и не сакам тоа да се случи, сакам само да го познавам кој е )
     
  19. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Искрено NotInLove88, се наежив целата додека го читав твојот пост.
    Најпрво посакувам мајка ти да се опорави.
    Се надевам дека ќе го најдеш брат ти, ќе се запознаете и ќе си воспоставите добри односи еден со друг. Јас незнам како можеш да го пронајдеш или да добиеш информации, но сакав да ти напишам само да не се откажуваш и да бидеш упорна, а упорноста верувај ќе ти се исплати.
     
    На NotInLove88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77

    Ти благодарам,тоа ми е една од најголемите желби веќе подолго време за мене беше претешко да поверувам што се се случувало низ животот,мислев дека толку комплициран не може да биде ,но ќе го пребродам ова и ќе излезам посилна од сето ова ,се се случува поради одредена причина се надевам дека се ова на добро ќе тргне ,а и дека ќе го пронајдам брат ми и се ќе заврши добро ,Дај Боже ,само на добро тргне , !!
     
    На ilina-m и gami им се допаѓа ова.