Како да раскинам ?

Дискусија во 'Разделби' започната од sugar.kiki, 15 јуни 2010.

  1. sugar.kiki

    sugar.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    Во врска сме веќе 5 месеци.На почеток тоа беше една убава врска,можеби убава и интересна само затоа што многу малку време се знаевме пред да влеземе во врска.Се знаевме онака,него го биеше глас на фраер,мене на убава девојка во град,но не доволно добро. И пред 2 месеци почнаа кавги,љубомора,почна да ми забранува некои активности и сл. Се простив до моментот кога крена рака на мене.Навредувањата се дел од секоја кавга,а најлошо што не се заборава беше кога рече дека се срами од мене....дури и невистинито изгледа,но тоа е тоа....се зафркнав!
    е сега кажете ми како да раскинам?агресивен е,се плашам од реакцијата.
    ми требаат совети :(
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    почнале кавги, љубомора, забрана, навреди... па дури и физичи пресметки :^)

    ќе му кажеш фино лепо, не сакам да сме заедно ме повредуваш и навредуваш... заслужувам повеќе, а ти мене воопшто не ме заслужуваш :^)
    ако се плашиш дека може да ти се заканува... тогаш направи му го филмот како, ти пробај смени се па можеби пак ќе сме заедно ;) и отргни се од него.
     
  3. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    нешто што никако не смееш да го дозволиш е дечко да крене рака на тебе, тоа е како да му дозволуваш да те понижува, одма да ставиш крај на оваа врска тоа ти мој совет зошто колку повеќе чекаш толку повеќе ќе се каеш. Нема потреба да се чудиш како да му раскинеш, едноставно исчезни, не му одговарај на телефон, избегнувај ги местата кај што излегува... Ваков дечко не заслужува ни објаснување :worried:
     
  4. sugar.kiki

    sugar.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    финтата е што баш пред една недела се каравме,и јас бев таа што сакаше да стави крај и одма оп,кавгата престана и почна муабет дека се ќе се среди,дека двајцата сме виновни ова-она....и наредните неколку дена сме супер
    после е пак исто,секој трет ден сме налутени :o
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Немој да дозволиш така да крене рака на тебе , ако е машко не значи дека ти не му можеш ништо . Пробај убаво , фино , со муабет да му раскинеш , објасни му .. пробавме што пробавме .. не иде , нема потреба да се мачиме .. Да крене рака на тебе ?! Боже мој , има полиција . Ама не смее.Гледај ја сопствената среќа , гледај за себе. Сама одлучи , ние сме тука да ти помогнеме ;)
     
  6. sugar.kiki

    sugar.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    фала на сите,ќе гледам сите совети да ги применам и онака сум решена дека ова се последни денови од врската.и се надевам дека нема да биде тешко (иако знам дека ќе има кавга :( )
    дури после ќе прајме муабет за после раскинување...сепак поважна си сум јас пред каква и да било врска,нели?
     
  7. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    :clap: што си сфатила на време дека треба да бегаш од таква врска.
    е сега...како да раскинеш.... потруди се да бидеш најсмирена што можеш, ако почне да ти крева глас не пагај под влијание-искулирај го и само смирено, не е лошо местото каде што ке го правите муабетот да не биде скроз одсечено од цивилизација, одбиди се да не го провоцираш дека ОН е за све крив, употребувај реченици од типот-не е тоа тоа, ми треба време, не сакам врска сега...остави ме да си ги средам чувствата....бла бла некои такви глупости...да не биде ТИ си арогантен, ТИ не ме почитуваш, ТИ си насилен, ТИ не си внимателен, ТИ, ТИ,ТИ... ме сфакаш?
    Е сега, биди спремна и на тоа дека ке биде упорен, ке ветува многу, ке те гушка, ке сака да те бакне....само смирено.

    А кога ке си заминете по различни патишта-не одговарај на телефон. ништо друго нема да може да направи ;)

    Се надевам не задоцнив со советов :lol: Позззззз
     
  8. crissygirl

    crissygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
     
    На HuLi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sugar.kiki

    sugar.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    newring во право си..се каравме пред неколку дена и навистина јас бев таа што пресечи и што одлучи сето тоа да заврши...и веднаш почна со гушкање,умилкување и слично.и јас наивна,му реков добро последно нека е...ама гледам дека освен што немаме пак физичка пресметка и навреди,пак сме некако незаинтересирани,немаме излезено заедно 5 дена...мирна е ситуацијата,но тоа не е тоа :(
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Наместо да се замараш со тоа едноставно изчезни од неговиот живот и прекини секаков контакт, да неможе никако да дојде до тебе, продолжи си го животот најубаво како што знаеш самата, нема потреба да му објаснуваш и да му кажуваш дека е крај, смени си го и бројот ако треба, избегнувај го и ќе те заборави и тој и ти него, мислам дека така би било најдобро поздрав
     
  11. sugar.kiki

    sugar.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    така и ќе биде.не велам само колку да речам,веќе 10 дена знам дека е крај...само чекам утре да дојди :)
    фала мимс,држете ми среќа :*
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.419
    Допаѓања:
    5.376
    како прво 5 месеци сте во врска јас тоа не го нарекувам љубов, на ваков дечко и со кратка врска би му раскинала за 5 секунди. абе кој е он рака да крене :@ :@ и најискрено раскини му и немој да паѓаш на умилкувања и на зборови да се ќе биде добро. тоа некоја друга да лаже. во следната прилика на карање тој пак ќе биде агресивен подобро спречи отколку лечи бар води се од тоа ;)
     
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Биди јака , не потклекнувај на убави зборови .. минливи се . Тука сме сите за тебе :*
     
  14. sugar.kiki

    sugar.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    значи како и да е се согласуваме...фала ви на советите,ве сакам и ќе ви пишам што утре ќе се случи :*
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.366
    Допаѓања:
    7.828
    Пол:
    Женски
    Како да се пронаоѓам во приказнава само што мојата врска е мн.подолга од твојата :worried: Најубаво се се решава со муабет нели? Пробај со убаво,раскини и готово.Речи му дека не можеш да останеш со него на ваков начин и готово!Никој не може да оди со тебе кога ти не сакаш!
     
  16. HaiFa-GuCci

    HaiFa-GuCci Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Се плашам да му раскинам бидејќи пак ми идат помисла ке го изгубам како што го изгубив неговиот брат близнак. се однесуват многу добро со мене само што понекогаш не ми пишит цел ден.. не ме барат дур не легнам да спијам ке ми посакат сладок сон и толку а кога ке излезам ми велит зошто не ми кажа .. колку седеше со кој беше .. или пак малку да сум седела и да си одам дома два три пати ке ми речит така. од една страна го сакам убо ми е со него ама од друга страна сакам да сум со бившиот на кој веќе му реков "да" за да се смириме .. и тотално сум изгубена и се плашам да не дознајт бившиот за оваа работа.
     
  17. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    како да му раскинам??? идеме 7 месеци скоро ама врската веке не е тоа што беше.. се случи нешто и 2 недели не се гледавме , јас за тоа време искачав со брат ми, другарки, братучеди и едни другари на брат ми и.... оп се заљубив во еден другар негов :inlove: :| дечкото не е толку убав колку што ме заведе неговата насмевка :) :worried: не е се до убавината. сите знаат дека имам дечко а другарот на брат ми е слободен и тоа ми влева некоја надеж... знам дека воопшто не е фер што вака се случи додека тој дома лежи јас засакав друг и сега сакам да му раскинам ама на срцето неможеш да му кажеш :x 2 недели не се гледаме а јас не чувствувам потреба од него, не ми недостига и повеке сакам да го видам другар му на брат ми отколку дечко ми... што да правам/?? да му раскинам ли, зашто веке не го сакам како порано и љубовта ја подарив на некој сосема друг :worried:
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.052
    Штом е таква ситуација тогаш па вие веќе и не функционирате како пар.Може и он сака да раскине ама знаеш машките се кукавици големи кога е ова во прашање и оставаат така..Јас мислам дека треба да си продолжиш вака да не се замараш и да почнеш да си контактираш со дечково што ти се свиѓа...Да ти кажам од искуство немој ни да се оптертуваш со тоа дали си фер или не со дечкото дали треба да расчистиш очи во очи како е ред..пошто верувај 90% од нив најлесно им е да ги снема само. Ако ти се јави и сака да разговарате ќе му кажеш дека веќе не иде меѓу вас, дека си сватила повеќе ништо не чувствуваш итн.Едноставно искрено и отворено кажи му.А ако не се јави воопшто, терај работа ич не се замарај, кажи си сама на себе-Јас сум сингл лејди и продолжувам да уживам 8) . :D
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Ќе му раскинеш така што ќе го викнеш , и со фин муабет ќе му објасниш . Ќе му објасниш дека не е веќе тоа тоа , дека не си почувствувала никаква потреба да го видиш и дека најдобро е да останете другари . Така ќе можеш да почнеш нешто убаво со другарот на брат ти :)
     
  20. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    ама јуле тоа што не се гледавме 2 недели е од здраствена причина а не дека сме биле на пауза или слично... затоа малце се двоумам што да правам дали е во ред да му раскинам или да почекам уште некое време.. а да договорено е и за на одмор така да нека помине одморов па ке видам дали ке ја продолжам врскава или не... а твој совет е...? |(