Прво не Јуле, Џули ..Вака тогаш ако е друга причината остави некое време и оди на одмор..Таму можеби ќе се сменат работите се надевам на подобро..Ќе размислиш убаво тогаш и ќе видиш дали уште чувствуваш нешто или не..Па и откако ќе се вратите, едноставно дај си шанса.А ако осетиш дека навистина веќе не е тоа тоа тогаш по враќањето ќе си седнеш и ќе му кажеш искрено се. Не очекувај тек така лесно дека ќе те остави и дека лесно ќе помине ама ако решиш цврсто дека на оваа врска треба да и се стави крај подобро со време и да дојде до тоа.Со среќа па извести што ќе се случи
хехе ок џули сори иначе фала за советов и ке ве известам кога ке се вратам... мада може таму убаво ке ми биде со него ама кога ке се вратам пак и кога ке го видам другарот на брат ми е тогаш... а се надевам дека на одмор додека ке бидам со дечко ми нема да ме убива мислата на другиов се надевам дека нема да мислам на него додеека сум со дечко ми...
Хелоу,јас пак да пишам по подолго време...ја отворив темава тогаш кога ми беше најтешко и кога ми требаше совет.Сакам да ви кажам дека мојот проблем скоро целосно се реши.Врската ни беше добра,но пак имавме кавга,овој пат без насилство,само со викање и навреди...овој пат и јас не изостанав Се искаравме,и кога ја смиривме топката јас реков дека сакам да се разделиме,му посакав се најдобро и баш како што рековте мили мои ПОЧНА ДА МОЛИ!!! Како мало дете молеше,а не е мал 2 часа не беа доволни и се разделивме.Отидов на одмор со другарки 5-6 дена и уште вториот ден ми ѕвона...ѕвонеше секој ден ама ништо.Поминаа 2 недели и направивме муабет,во тие две недели видов човек кој сфатил дека нешто изгубил,кој ме барал насекаде,прашувал насекаде,а јас не бев тука Правевме муабет пред два дена...маратонски муабет од 4 часа,ама смирено,без нервози,без викање,со цвеќе за извини.Не му беше прв пат да заплаче пред мене,но сега видов дека солзите болеле повеќе отколку мене се друго.Се смиривме и еве два дена за сега сме супер....се надевам дека вака и ќе продолжиме На вас сите форумџики ви благодарам за советите За сите вас еве од искуство ви кажувам дека од искрен муабет за една врска нема ништо поубаво.
Да, така сега мислиш, ама кога по 5 месечна врска се осудил да крене рака на тебе....за понатаму не знам што те очекува. Не утре или по 1 недела ама по 1 месец сигурно. Може да звучи заостанато ама таквите никогаш не се менуваат, верувај ми. Што побрзо раскинеш тоа подобро за тебе. Ако не прекинеш сега после многу повеќе ке се каеш. Знам многу слични приказни и ниедна не завршила среќно. Може звучи грубо ама тоа е вистината. Сепак ти си знаеш и ти си таа која ке одлучи, јас само ти го кажувам моето мислење. Па што и да одлучиш, среќно!
јас женски му раскинав на мојот сега сум срекна што сум сингл во потрага сум по нешто ново и повредно... позз и ве сакам сите
jaс додека да ви дадам совет вие сте испораскинале и сте живнале пак .. иначе со среќа на сите, само пазете што правите во иднина да не летат и глави
Како да му раскинам!? Во врска сум 11 месеци и 2 недели. Пред едно 6 месеци пробав да прекинам, ама се смиривме затоа што молеше, плачеше, замараше со пораки итн.. Секој момент очекував повик од амбуланта! Мојата причина беше пошо ми се здосади, а и уште не сум за сериозни врски. Сега неможам јас да му раскинам, поради неговата реакција. Којзнае што ќе му биде овој пат. Ми треба помош за да го натерам ТОЈ да ми раскине. Идеи?
Како да му раскинам!? Кажи му дека не ти даваат мама и тато да одиш со него! Абре девојче животот е убав, ако несакаш нешто како може со сила да биде. Не се и не го филмај туку едноставно расчисти си.
Како да му раскинам!? Искрено ако некој сака да си наштети не го кажува јавно тоа го прави без да знае никој. Мислам дека треба искрено да разговараш со него да му кажеш дека не си за сериозна врска дека сакаш со побрзо темпо да го живееш живото итн... Незнам што си чекала до сега и не си му раскинала, сега уште потешко ќе му биде колку повеќе време поминува се потешко ќе биде реши си го проблемот навреме да не навлегуваш во доплонителни проблеми, а најлесно за да се задржи некој вика ќе си направи нешто секој без секого може така да не верувај во тоа многу. Тој фактичи на тоа те држи, денес никој со сила не може да го држи.
Како да му раскинам!? Gizelle мила, пред три дена незнаеш што поклон да му купиш, сега незнаеш како да му раскинеш, а знаеш ли со сигурност што сакаш ?
Како да му раскинам!? Леле тема за што?? Како да му раскинела, нејќам со тебе и чао пријатно, а не уште 6 месеци се думаш како да му раскинеш, па ако е лабилна личност нека се фрли и под воз. А иначе за поклон што се одлучи? Најубаво да му раскинеш за годишнината, поубав поклон здравје !
Како да му раскинам!? Убаво ти кажуваат другите феминки,ако не сакаш не сакаш цао пријатно...со сила убавина не бидува,и не се замарај. на наједноставен начин и без комплицирање,така е најдобро,ПРОВЕРЕНО.кажи му директно и не потпаѓај под такви изговори ќе се убијам,ќе си наштетам,како да не,така се прават тие само.
Како да му раскинам!? Девојко, мислам дека пред се` треба да бидеш искрена со него. Да го седнеш и да му свртиш убав, здрав муабет, да му го образложиш тоа што ќе му го кажеш и да му дадеш јасно до знаење дека ти повеќе не сакаш ништо со него. Одбирај зборови и начин на кој што ќе му го соопштиш истото, мене ми требаа некаде околу три месеци за да му раскинам на тогашниот дечко, спремав говори по дома, но кога дојде тој момент заборавив на сите тие глупости, само ја отворив душата и дозволив се` што мислев да излезе од мене. Не очекував дека толку добро ќе го прифати кажаното, но ете, сфатил типот уште од дамна дека нешто не иде како што треба. Верувам дека и твојот сфатил, а исто така верувам и дека не се работи за толку нестабилна личност. За мене тие луѓе, краловите на драмата се неподносливи, повеќе се јаки на зборови отколку на дела. Може ќе слушаш разни муабети првите неколку дена, ама потоа ќе олади. Сигурна сум и затоа мислам дека за таа работа не треба воопшто да се грижиш, ни прв ни последен оставен на светов. Само храбро, со среќа.
Како да му раскинам!? Само да ве известам дека немав храброст да му раскинам, па малце ќе мамам.. Му побарав пауза и не планирам да се смирам. Не реагираше многу страшно, само малку се лигавеше. Фала за советите
Како да му раскинам!? Инаку 2 другарки сме под исто име, и едната тема е за неа, а другата тема е за мене
Како да му раскинам!? Епа ете така директно. Ќе плаче, ќе моли, и ќе му помине. Искрено ( од искуство зборам) не паѓај на такви евтини финти, верувај кога ќе сфати дека не може да те врати со плачење и ѕвилење и мрмкање - ќе си најде друга. Ако не ти е убаво, чао, пријатно, и за друг пат за да не се најдеш во такви драми, ако си знаеш дека не сакаш сериозна врска - ќе му кажеш на човекот до тебе гласно и јас, да си знае и да не си прави фантазии.
Како да му раскинам!? Еј не те сакам појќе. Ама не плачи. Види ме. Грда сум (ќе мораш да лажеш ). Поуба ќе си најдеш (овде можеби лажеш, а можеби и не). Чао.! Евентуално гушни го за крај. Ама само ако многу плаче или ти побара. Со среќа.
Како да му раскинам ? Вака , сакам да му раскинам но незнам како...имаме раскинувано многу пати и смирувано..излезе едно момче во кое се заљубив и веќе се мував сонего и ептен ќе сум среќна ако сум со него.ако може да ми дадете некој прелог како да му кажам детето ќе ме почека неколку дена само ми рече , дајте некој предлог песни или некои реченици некои совети , но не да е многу директно..фала многу !!
Како да му раскинам ? Мислам дека треба да бидеш директна и јасна во намерата, а не да околишаш како "киша око Крагујевца". Штом не сакаш да бидеш со него кажи му го тоа!