1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да раскинете-втор дел

Дискусија во 'Разделби' започната од AdoLf, 16 јуни 2011.

  1. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Поштовани форумџии!!!!!!! :) . Вториот дело од темата што ја почнав пред неколку дена конечно дојде на дневен ред.
    Веднаш да почнеме :rock:
    Овде ќе се задржиме на љубовните триаголници, малку ќе спомнеме и како да ги препознаете и како да излезете од нив, ама и како да раскинете долготрајна врска(нормално напомена дека ова се само совети) и нормално ако пишете некој проблем дека ќе можам(се надевам) некако да ви помогнам. Во глобала...
    Љубовните триаголници или ансамблот на втора виолина на сите ни е добро познат е сега како да го препознаеме и како да излеземе од него.,
    Е вака: Прво треба да имате цврсти докази дека сте во еден, сомничавоста и немањето меѓусебна доверба во врската ги исклучуваме од случајот и таков вид на офанзива без докази може да растури добра врска или во најмала рака пауза и големи расправии и главоболки во врската, овде ќе се препознаат многу...
    Ако сте сигурни дека сте дел од еден односно дека вашиот партнер ве изневерува а е во врска со вас пред се е понизно и болно, мора да соберете сила и пред се да сте одлучни дека сакате да ставите крај на тоа. Едноставно само треба да дознаете која е другата личност дали ви е позната или непозната особа па дури и во чести случаи блиска до вас или партнерот. Контактот и напаѓањето што е најчест случај на инфилтраторот е сосема погрешно. Вие треба да се соочите со партнерот, а не со третото лице , тоа нема да реши ништо, ги изнесувате аргументите низ призма на самоувереност и давање до знаење дека тоа колку и да ве повредило кај вас преовладува лутината и бесот, а не солзите и емоциите. Треба да дадете до знаење дека сте цврста и одлуча особа со свои стандарди и стрикно да потенцирате дека не губите вие туку напротив. Во овие дискусии не ја спомнувајте третата личност туку цело време посветете се на себе и вашето его. Муабети од типот како си можел, зарем со неа, таа е к***а нема да имаат никаква поента и оставаат простор за противречности. Важно е цело време да го гледате партнерот во очи и да ги прикриете емоциите(колку и да се силни во моментот) и да не дозволите да ве прекинува во зборувањето, со што ќе ја запечатите својата доминација и ќе дадете до знаење дека од вас може да се очекува и неочекуваното.

    Втора работа се долгорочните врски чии разделби се најтешки и најболни но како што во повеќе наврати потенцирав одлучноста и самодовербата секогаш треба да ги користите како адути. Исто и овде емоциите треба да изостанат, да се користат аргументите кои ве испровоцирале на ваков потег НО НИКАКО ДА СЕ КОРИСТАТ АРГУМЕНТИ ОД ПОСТАРА ИСТОРИЈА НА ВРСКАТА, да се користат свежи моменти, со што нема да оставите простор за фидбек. Тоа дека сте давале шанси и претходно ако е точно можете да го спомнете но не и да се навраќате во целост на настаните(нели треба да потенцирате одлучност а не колебливост и двоумење). Тие пак колебливите што не знаат дали да прекинат прво треба да размислат дали вреди да се остане во врската т.е дали треба да се прекине, во долготрајните врски секогаш има кавги и расправии, мали прекини, но нив треба да ги изоставите во концепирајнето на аргументите. Користете што е можно повеќе напад и не се бранете тоа може да ја однесе дискусијата во друг правец па дури и да ја намали жестината.
    Кажете дека сте го планирале прекин подолго време и никако не спомнувајте дека сакате некој друг(па дури и да е така 8) ).
    Се надевам дека малку помогнав...
    Се пишиме... :$ . Поздрав ;)
     
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Почитуван (веројатно) форумџија,

    Во мојата двегодишна врска имаше неверство лани, кое го простив, и настана пекол. Сега, има друг проблем. Немам доверба. Бевме раскинати од неделата, во вторникот ми се јави и ми рече дека се јавува да ми каже дека многу ме сака. Вчера (среда) го обновивме контактот и ми рече дека треба да оди во странство (соседна земја) со некои луѓе. Дојде да се поздравиме, пак те сакам ова-она и дека за 5-6 дена се враќа и продолжуваме заедно. Со него дури и имаше човек, со кој демек ќе патуваат, а требаше да соберат уште еден. Рече ќе пише кога ќе стигне. Не пиша. Јас пишав дали стигнал, по извесно време добив потврда на деливери дека ја примил пораката, ама не пиша пак. Се јавив, беше недостапен. Мене ова ми личи на повторно неверство, дека отишол некаде со некоја, зашто последните 2 недели поради кавги се видовме само 2 пати. Посоветувај ме, сакам да ја прекинам врската, не функцинирам веке. Вчера ме молеше да имам доверба, ама јас ја немам. Не можам веќе. Решив да раскинам. Како да ја склепам пораката, зашто мислам дека нема ефект од разговори кога ќе се врати. Како да напишам?
     
  3. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Ако сметаш дека е така работата тогаш си во право дека не треба да чекаш да се врати за да му се објаснуваш што како па да копаш стари рани, најдобро ќе ти биде да напишиш една порака во која јасно ќе му кажеш дека довербата во него веќе одамна ја немаш- а за тоа нели имаш и докази, и дека лукаво било што така пробал да си игра со тебе и со твоите чувства, објасни му дека не им веруваше на муабетите уште од средата и дека сепак сомнежот што си го имала него колку и да не си сакала има поткрепа. Ако навистина те сакал ТРЕБААТ ДЕЛА А НЕ ЗБОРОВИ, а делата кај тој човек ги нема.
    Немој да му ја спомнуваш првата порака затоа што кога ќе ја прочита втората ќе сака да се РАЗЈАСНИТЕ, макар што нема тука многу за разјаснување очигледно,е тука можеш да го закопаш и само да му ја спомнеш првата порака и како на неа не ти вратил, а втората ја прочитал.
    Потоа што и да прави мој совет ти е да го избришиш за век и веков- па не е ни прв ни последен.
    Запамти дека само на љубов треба да се возврати со љубов-СО СРЕЌА И БЕЗ НЕРВОЗИ 8)
     
  4. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот. Уште пред да видам што си ми напишал, јас ја пратив втората порака во која јасно пишав дека е крај. Не напишав ни причини, ни тоа дека се сомневам дека е со друга, туку едноставно дека не сакам веќе да сум со него и дека не сакам контакт никаков повеќе. И навистина така се чувствувам, празно. Кога даваш, а не ти враќаат глупаво е дури и солза да пуштиш. Тоа веќе не е мој проблем. Јас сум направила многу за таа врска, а од него добив само слатки зборови (лаги). За жал, имам известување дека пораката не ја добил, но како и да е, ниту пишувам, ниту имам намера да се замарам, а нема ни да одговорам кога ќе се врати и ќе ме бара (а 100 посто ќе бара, тој што седи на 2-3 стола, секогаш моли и кука, тоа му е напамет научено). За такви кои се расфрлаат со зборови и лаги, најголема казна е кога ќе нема кој да им ги слушне.
     
    На AdoLf му/ѝ се допаѓа ова.