Форумџика на годината 2020

Како да раскинете по безболно- прв дел

Дискусија во 'Разделби' започната од AdoLf, 12 јуни 2011.

  1. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Здраво почитувани форумџии, јас сум AdolF, и да машко сум, значи од машки аспект до сите девојки како би било по пријатно раскинувањето. Да почнеме!
    Прва работа: За да раскинете прво треба што е можно по прецизно да го утврдите типот на врската, дали е муваторска, краткотрајна, долготрајна, затскриена или јавна врска и/или изневерувате или изневерува со вас друг!
    Ако е муваторска е секогаш најлесно. Значи се оддалечувате и ги прекинувате средствата на кумуникација со личноста, дали тоа било телефон(не му кревај), фејсбук(не му враќај)-исто важи и за други социјални мрежи или ако често се гледате речете само дека згрешивте или почнете да не влегувате во дискусии со таа личност и правете само едно ЗДРАВО, шо би се рекло.
    Ако е краткорочна што подразбира до месец и пол до два МАКСИМУМ, најдобро би било да и соопштите на личноста дека се било авантура и дека сте се втурнале во врската од радозналост и дека сте и благодарни за тоа што го сторила за вас во изминатиот период. БИТНА РАБОТА ако сакате да останете во контакт со личноста нека биде само едно рака кревање или најдругарски поздрав никако не полемизирајте и не дебатирајте можете да дадете погрешен знак дека сакате да ја возобновите врската, ова е од лично искуство :).
    Ако е долготрајна врска сите мислат дека е најтешко, но ако сте стварно одлучни да прекинете тогаш е најлесно и најбезболно, повторувам ако сте ОДЛУЧНИ ако не сте тогаш во вториот дел темава(наскоро) целосно ќе го обработиме.
    Значи Одлучни: Единствен начин е да ги користите аргументите што ве сипровоцирале на ваков потег и стрикно држете се до нив- АМА СТРИКНО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    не забегувајте од нив и користете ги само нив како аргумент и ништо друго- АМА НИШТО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    затоа што машкиот ум е способен за манипулација на ситуација многу повеќе од женскиот- сум го студирал ова ДОКАЖАНО, и просто ќе ве збуни и навлече во друг правец (истово е можно и кај манипулатори во краткотрајни врски но поретко), после тоа најполезно е да се прекинат секакви контакти со особата барем извесен период до два месеци па потоа е можно пријателство но никако не другарство!
    За крај значајно е дали е врската од јавен или таканаречен таен карактер(знаат уште 3-4 луѓе), во глобала муваторските се тајни а останатите се од јавен тип врски, и важат истите правила само што во врска од јавен карактер не можете да се потпрете на посредници затоа што имаат различни мислења можат да ја поколебаат вашата одлучност па дури и штета да ви нанесат, а додека во затворен круг можете да побарате помош од лице кое после вас е најдобро информирано за ситуацијата.

    Во вториот дел повеќе за триаголниците и како да излезете од нив и поколебливите во долготрајните врски, вашите коментари и искуства се повеќе од добредојдени и би користеле на сите.
    Ви благодарам за коментарот, повеќе за другово утре!
    П.С. Се извинувам за дактило-дидактички ненамерни грешки-ојдов да учам психологија :D
     
    На tigrica92 и awayfromyou им се допаѓа ова.
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    820
    хахаххахаах некој е гадно изнервиран :D :D :D
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.599
    јас имам врска негде околу 3 месеци и не ми е исто многу ми е здосадено.. дечко ми примети дека не сум иста и сега се труди ептен.. се плаши да не ме изгуби и цело време ми се јавува и ми кажува колку ме сака.. едноставно немам срце а нема безболно раскинување ама сакам по добро да ме памти.. сакам да искочам фер.. совет?
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    11.512
    Пол:
    Женски
    Реално да зборуваме, не постои безболно раскинување, секогаш едната страна ќе биде длабоко повредена. Но кога веќе се доаѓа до тој степен, тогаш треба да се внимава и на чувствата на другиот кој е засегнатиот во целата ситуација. Зборувам во свое име, сум се нашла и од едната и од другата страна, но секогаш ми било потешко да раскинам, отколку да ми раскинат. :whew:
    Проста причина за тоа мое размислување е токму пронаоѓањето вистински начин како да го направам тоа - едноставно секогаш сум поаѓала од самата себе си, па и тоа е најверојатно најисправно, да оставите некого на начин на кој би сакале вас да ве остават. :wasntme:
    Не сум имала обичај да се расправам за време на раскинувањето, со цел да не ја збунам спротивната страна, бидејќи после може ќе мисли дека сме раскинале поради кавгата,а не поради фактот дека не го сакам и ќе сака да се помириме.
    Најнеизбежен момент- чувството на вина (не знам зашто сум си го наметнувала). Врските постојат да би можеле да се прекинат, затоа се викаат врски,а не „веридба“ или „брак“ (иако сега и браковите лесно се растураат), само што во врската е дозволено, ако не сте задоволни од партнерот, па нека е и најмала ситница, може да го оставите ( е сега во брак тоа не иде толку лесно) ;)
    Битно е да се биде истраен во намерата, бидејќи понекогаш се случува и убавината, добрината или солзите на партнерот да не предомислат, а со тоа само се удолговлекува она што на крај сепак ќе се случи,а така станува само потешко.
    А тоа дека можеме да останеме пријатели-искрено за мене е чиста глупост! :!: Најубаво е да не се ни пуштам во таква авантура и на тој начин ќе си олеснам и себе си и на бившиот.
    И неможам да му кажам на некого: „ Те сакам,ама те оставам...“, зашто реално, нема да го оставам ако навистина го сакам или „ Не е до тебе, до мене е...“, па тоа е јасно, нормално дека е до мене, кога јас сум таа што сака да ја прекине врската. |(
    И најнеблагодарната тактика - провокација на партнерот тој да ве остави вас, која претставува краткотрајно решение, зашто партнерот после се покае зашто ве оставил, па сака повторно да се врати, зашто мисли дека ако ви прости, после се ќе биде во ред. :x
    И пред да се прекине една врска треба убаво да се размисли поради кого таа се прекинува, ако е поради самите себе (сте се оладиле спрема партнерот, не ви е убаво), тогаш ок, но во повеќето случаи,ако врската се прекинува поради партнерот (пример тој треба нешто да смени кај себе), подобро разговарајте
    со него, бидејќи се додека мислите дека проблемот е во партнерот, раскинувањето може повеќе да ве повреди вас отколку него.
     
    На FBI, sesilija и BlackXSs им се допаѓа ова.
  5. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    mozebi malku ke lichi krimilanski i zlobno no ako ne sakate da custvuvate griuza na sovest ke mora da go napraite slednovo: dokolku nekoja poznanicka e zainteresirana za decko vi vednas pomudete i ednostavno snajdete se so nekoja devojka koja ke prifati da go izvrsi slednovo da go smuva a vie da slikate znaci odednas da go fati i vo toj moment da slika nekoj ili vie ;) potoa slikite besno pokazete mu gi na vasiot decko na koj odamana sakate da mu raskinete i krajj ;)
    p.s znam deka e mn zlobno i deka mozebi pak ke custvuvate griza na sovest mozebi navistina me sakase mozebi ne trebase taka da storasm no toa e sepak mislam deka pomognav :)
     
    На tigrica92 и DirtyQueen им се допаѓа ова.
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.092
    :lol: ова што го пишала girl in love ептен ми наликува на амерички стил
     
    На Blondy.92 и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.035
    Не на амерички туку на пубертетски недоздреан муабет |(
    Поглупаво нешто немам прочитано... не е злобно патетично е.
    Раскини кажи му у фаца дека е крај и готово |(
     
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.296
    Значи поглупава работа од тоа да не ми враќа некој на чет или да не ми враќа на смс или да не ми крева на мобилен немам чуено. Многу ги мразам тие потези кога треба “сам да си сфатиш“. Па, за што ни е устата- за да збориме. Јас искрено секогаш си кажувам кога ќе дојде до некој степен на оладување. Нема што да изигравам “пантомимичар“. Повеќе ги ценам луѓето кои кажуваат директ во фаца. Колку и да е болно- ќе помине, кога-тогаш. И онака цел живот е падни-стани ;)
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    5.324
    Пол:
    Женски
    за безболно да му раскинам, ќе ми треба 20 дена подготовка.
    за тоа време ќе се ставам „специјален режим“ на исхрана.
    ќе се направам 100 кила, ќе „прилагодам“ имиџ, ќе натегнам хеланки и миничи и кога ќе му раскинувам ќе го боли од радост а не од тага .. 8) :lol:

    шала на страна..

    неможе да се знае што за еден човек е безболно, секој е различен,она што за некого е безболно можеби за мене е најболно.. има ли безболен крај ? дури и ние ако сме го ставиле крајот на врската пак е болно..
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Nema raskinuvanje koe sto ne e bolno, kolku i da se trudime da ne e bolno ako sme mu znacele na partnerot i ne sakal za nego toa e najtragicnoto nesto sto moze da se sluci.... sepak tuka sleduva "mozeme da ostaneme drugari" no sepak dobro od tvoja strana sto si se potrudil da dades sovet
     
  11. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    А што кога имате долга врска и сакате да ја прекинете, но не сте доволно одлучни?!
    Што е до мене, јас би раскинала уште сега. Ќе ми биде тешко зошто сепак сум поминала година и више со тој човек и не сум навикната да функционирам без него, ама знам дека ќе ми пројде. Причината поради која сакам да раскинам е во најмала рака себична, и се плашам дека дечко ми нема да гледа на тоа како мене. Едноставно сфатив дека не сакам да си ги поминам најубавите години во една таква сериозна врска. Не сакам, и тоа е тоа. Правење планови за иднината прво ми изгледаше интересно, сега ме плаши, побогу уште средно немам завршено!Од друга страна пак, знам дека ќе го скршам максимално ако го оставам, зошто сме премногу блиски и поврзани, не знам како ќе го поднесе тоа.
    Моментално сме на пауза неколку дена, и очекував исходот од неа да биде моја одлука за тоа што ќе правиме понатаму, а деновиве(можеби и денес), ќе се видиме а јас уште не сум одлучила. Дополнителен притисок ми ствара тој одмор за кој пекавме и двајцата и едвај чекавме да дојде, а сега јас не знам дали воопшто сакам да одам. Се мислам кога да му кажам се, дали да му шлапнам се во фаца пред одморот кој знам дека со душа го чека, или со сила да отидам и да ги поминам тие верувам мачни 7 дена?
    Луѓе, кажувајте нешто зошто јас сум збуносана скроз.
     
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.599
    леле знам како ти е верувај. и јас поминувам низ истото абе немам срце да го оставам, од околу му кажувам дека има нешто што ми фали а он упорно се труди да ми го пружи тоа што ми фали, упорно ми вика дека ке биде се во ред и дека ме сака! е тогаш како да му раскинеш? абе малце да имав храброст ама немам..
    мој совет до тебе е да раскинеш, како што викаш и на одмор ако идеш ке идеш со сила објасни му, речи му дека за него си била најсигурна и за твоите чуства но испадна дека не си била најсигурна. ако имаш храброст слободно најди ги правите зборови ако треба напиши на лист и неколку пати повтори си во себе но направи го тоа за да не се мачиш себеси ни него ... кажи му дека го правиш ова заради тоа што го сакаш и не сакаш да испаднеш идиот и да направиш грешка или да бидеш со него заради навика или сожалување.... подобро е така .. знам дека не е лесно ама ете мене ми треба уште време да соберам храброст :(
     
  13. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Раскини му знам дека е тешко, ама нема полошо да одиш со некого од навика.Тебе нема да ти фали тој туку секојдневието со него...навикната си тој да е до тебе како фигура! И немаш потреба да одиш со него на одмор со сила така ке се мачиш и тебе а и него.. :$
     
  14. mackaa.t

    mackaa.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    3
    Koга и да сакам да раскинеме не ми дава не ме пушта да одам ке застане пред мене и на сила ке ме фати не ме пушта,следен пот планирам порака да му напишам и да не му кренам на тел.ни на фб да не му одговарам
     
  15. petkovska97

    petkovska97 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Здраво.. Вака идеме со дечко ми 2 месеци.. Јас кога се фатив со него мислев дека се ќе биде онака.. авантура да се рече.. Но јас го сакам бившиот, неможам да издржам да идам со него а да мислам на бившиот.. многу ми е тешко.. сакам да му раскинам но он многу ме сака,затрескан е во мене.. Сакам да му раскинам но незнам како да му кажам глупо ми е да му речам " Го сакам бившиот " .. ај ве молам за совет како да му раскинам,како да му кажам не сакам да го повредам :(
     
  16. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    674
    Јас се гледав со едно дете 4 месеци и оп една сабајле станав ми текна дека не е за мене и дека неможам да го поднесам му ѕрнав бидејќи не е од мојот град и му викам абе слушај ае повеќе да не се глеаме , досадно ми е и плус не си за мене :wasntme: молеше , се репкаше одземи но ништо не помогна :devil:
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  17. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.174
    не ја гледам логиката во тоа,да се раскине безбoлно...секое раскинување боли :D
    секогаш би ја кажала вистината и вистинската причина за раскинување,наместо да му матам очи :rofl:
    мој совет за вас е секогаш да бидете искрени со партнерот :)
    верувајте,поднеднакво боли.
     
    На Oag8 и owl-ribbon им се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    21.924
    Се сложувам дека нема безболно раскинување. Немојте никако да наоѓате безболни причини, нешто што нема да го боли.....Нема нешто такво, се ќе го боли, ако ве сака и сака да биде со вас. Така јас се зафркнав со бившиот. Прво му побарав пауза, зашто не знаев што сакам, помина некој ден од паузата и сфатив дека не го сакам и дека ми пречи во животот. И понесена од мислата да не го повредам, кога раскинувавме му кажав дека го сакам, ама дека не можам да бидам со него. Без некоја добра причина поради која ќе му стане јасно дека не можам или не сакам да бидам со него.
    На типот му беа неразјаснети работите (нормално нели, бевме во врска година и пол), освен тоа она моето дека го сакам му даваше лажна надеж и почна да ме прогонува. На почетокот така по малку, со тек на време се опседна..... :| Нон стоп ми се јавуваше, ме молеше да се смириме, ми плачеше на телефон, на фб, на ѕкуре, абе цели 2 години (може и повеќе :?: ) не ме остави на раат.....Ако му кренев некогаш ми плачеше и ме прашуваше „зошто ми раскина кога ми кажа дека ме сакаш? Како можеш да раскинеш на некој кој го сакаш?“ И не знаев тука што да му кажам, и го игнорирав максимално. Во меѓувреме почнав со сегашниов дечко, па заедно ја трпевме тортурата на бившиот.

    Затоа, мој совет од лично искуство е дека треба да се каже вистинската причина. Може повеќе ќе го боли во моментот кога ќе раскинувате, но ќе знае дека е готово и дека нема пак да бидете заедно, и многу побрзо ќе се помири со тоа. А вака ако му дадете лажна надеж, а човекот ве сака.... :worried: Не е фер никој да биде излажан и да не ги знае вистинските причини за прекинувањето на врската. Помислете само како би ви вило да сте на негово место :!: :doh:
     
  19. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    68.018
    Пол:
    Женски
    насловот на темава ми е како америчка идиотска книга,одговорот-не постои такво нешто(за жал),од проста причина што сме човечки род и сме топлокрвни(особено ние македонците),така да и да не си заљубен во партнерот,ке ти биде во најмала рака непријатно за време на разговорот!
    и не мислам на детска љубов од основно,а уште помалце за прекин преку телефон или фб :x
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Oag8

    Oag8 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    безболно раскинување? пф пф пф....
    сега што треба,јас му му матам тука за тој да не се повреди?
    не го сакам веќе и готово,што има тука :D