Штом сама ти признала се и се покајала значи дека немало љубов со него. Може осетила страст што со тебе ја нема, може и било тешко тој период па тој како што велиш лукав, итар и вешт со зборови ја завел. Но јас едно ќе ти потенцирам ова поцртаново од твојот коментар. Ете ти ја причината зошто таа потпаднала под негово влијание, ти си пишал можеби не и посветив доволно внимание од обврски. Ај пробај да го смениш тоа, значи почни да и обрнуваш повеќе внимание и да не се замараш за тоа да и правиш 24часовен надзор. Почни да ги менуваш работите помеѓу вас на подобро.
На работа пуштил некој муабет како случајно, веројатно сетил некој ама никој нема доказ, јас дознав кога ја притиснав и тоа голем притисок, ми кажа, ама никој не знае официјално , само јас , таа и тој знаеме а тој не знае дека јас знам, признавам дека ја сакам , се кае откако призна за сексот или тоа што требало да биде секс , а до тогаш не можев да видам покајание
Неверство никогаш не можам да простам без разлика дали е во брак или врска. Ако постои проблем тогаш се седнува на маса, се лоцира проблемот и се решава доколку е решлив. Не се разботи само за неверството како физички чин туку за неверство кое повредува. Кое после тоа неверство застануваш пред себе си и си изнаоѓаш прашалници зошто, се губи самодовербата, имаш чувство дека нешто погрешно правиш. И доколку се прости еднаш секогаш ќе има и следен пат.
Прифаќам дека сум дел од причината и јас, ама јас не бев толку со обврски не беше толку запоставена за да се фрли во друга прегратка И јас сум на истата мисла дека ако има еднаш неверство ќе има и вторпат, границата е од нула до првото неверство а потоа има стаклена граница
Можеби таа пак се осетила позапоставена отколку ти што мислиш. Сепак запоставеноста не е причина за она што го направила според мене, најдобро е уште неколку пати да си направите вие двајца најискрен разговор и да заборавите на се доколу вистински си и простил. Обрнувај повеќе внимание, посвети и се неа како што треба, а не само на обврските. Ама ако се измачуваш вака и сакаш 24часа да знаеш таа што прави многу тешко ќе биде и за двајцата, зошто ми личи дека ти си и простил на збор ама не си и простил целосно. Се гледа дека не ти е сеедно и тоа е сосем нормално, но реши што сакаш понатаму и направи така.
Затоа ти кажала, веројатно да не дознал никој немало ни да ти каже. Ти си знаеш дали ќе и простиш целосно или не, ама немој да дозволиш да и трлаш од нос се, на секое нешто да и спомнуваш ама ти изневери, оти тоа е најтешко. Ако си згрешил поправи си ја грешката, немој да дозволиш да подпадне повторно под влијание и да отиде пак во туѓи прегратки. Мажите, поготово оние од провинција, се многу тежок карактер, се ожениле и ја скршиле сијалицата, а внимание на жена мало па сутра. Не е дека ја оправдувам, ама не те оправдувам ни тебе.
Ете зошто ти кажала. Зошто на работа дознал некој од колегите, па од страв да не стигне до тебе информацијата, побрзала да најде начин од неа да слушнеш. Тоа што пред тебе се јавила и "го откачила" не ти е никаква гаранција дека е ставено крај на нивната комуникација. Велиш се кае откако ти кажала за сексот. Па таа и претходно знаела дека го имало тоа,иако не ти кажала за тој момент требало да се кае уште во моментот кога ти признала. Туку секс е посериозна работа од разговор или бакнеж па затоа и е страв и реагирала на тој начин кога ти го признала тоа. Дел по дел, почнува да ти ги признава моментите, којзнае дали ќе ти сподели уште што следно се случувало. До сега не сум имала искуство со неверство (дај боже никогаш да немам) и не знам како би постапила, така да не можам да те советувам во тој поглед. Ако одлучиш да и простиш и да продолжиш понатаму, прво ако е можно нека смени работно место. Второ види реакција со телефонот, ако го остава на маса и не се замара дали ти ќе го чепнеш значи раскрстила со него, ама ако го крие како змија нозе да не го фатиш ти, значи има нешто. Разговарај со неа што не и се допаѓа кај тебе, или општо во бракот, разговарајте за проблемите кои сте ги имале(тие кои му ги раскажувала на колегата) и пробајте да најдете решение да ги решите. На крајот на краиштата посвети и повеќе внимание.
Долг период ќе се прашуваш и "мачиш" дали таа сеуште се слуша со него или не, иако работите може ќе се средат. Не може да ја пратиш 24/7,зошто ако сака, пак ќе најде начин да разговара,без ти да знаеш. Разговарај со неа уште еднаш отворено за се. Ако искрено се кае, вети и даде збор дека е готово, нема повеќе "такви авантури" тогаш и ти пробај да ги заборавиш твоите сомнежи. Пробај да ја придобиваш, излегувајте сами, шетајте, упатувај и убави зборови, одвоите повеќе време за вас, за да се врати страста и довербата помеѓу вас. Само немој на некоја следна караница и ситуација да и спомнуваш и плескаш за ова, спротивен ефект ќе има. Или скроз прости, и остави го овој период позади вас (ако искрено се кае) како лош спомен, или расчисти со неа со време, за да не се измачуваш и јадеш во иднина, и цел живот да живиш во сомнежи.
@Prilepchanec Не сакам да долевам масло на огнот, но најверојатно имало и секс. Начинот на кој ти кажала, малку по малку, според мене, укажува на тоа дека имало секс, но тешко и е да ти признае. Можеби баш после тој секс се покајала, сфатила што всушност прави. Ако имало подобро да ти каже. Ако си спремен да и го простиш тоа, разговарајте отворено и замоли ја да ти признае. Ако ја сакаш искрено најбитно е да сте живи и здрави. Неверства се случуваат на секој чекор колку и да не сакаме да признаеме. Секогаш ќе остане дамка, но се надевам дека со времето ќе избледи. Создадете нови моменти!
Тоа што ќе се случи еднаш не мора да се случи втор пат! Тоа што се случило двапати ќе се случи и трет, и четврт и петти пат... Тоа е моето мислење за неверство и општо за намерни и ненамерни животни грешки. Ај еднаш да погрешила личноста па извлекла поука дека не сака повеќе неверство, ама ако се повтори вторпат, третпат... немам начин како да оправдам некој кој упорно го повторува неверството. Не се кае, затоа пак и пак греши. Не сум се нашла во ситуација да треба да простам неверство, барем не сум се научила да сум била изневерена. И не знам како точно би реагирала, ама едно знам -јас сум од тие кои упорно ќе префрлаат за тоа неверство, ќе си го срушам и мојот и неговиот живот од внатрешен јад при помислата дека сум била изневерена. Доверба тешко дека пак ќе имам, спокој пак ич... ни јас ни тој нема да сме мирни после такво сознание. Мислам дека не би можела да простам неверство и затоа би сакала да се разделам со партнерот за негово и мое добро. И знам дека има и подобри начини да се надмине таква криза во брак или врска, ама за мене знам дека нема да можам да се носам со мислата дека ме изневерил. Па дури и да сум сигурна дека еднаш било и дека е покаен партнерот па нема да се повтори... Конкретно за проблемот на Прилепчанецот, мислам дека имало и секс ама нема храброст да признае жена му. Моја претпоставка е тоа. Ама и да имало и да немало во тој случај јас би се водела по тоа што сепак дошло до секс ситуација, Што ми менува мене што на дедото му паднал и не довршил кога жена ми допуштила да дојде до таму работава?!? Јас не би простила... Ама се дивам на луѓе кои можат после таков прелом во животот да се склопат и нормално да живеат.
А чекај, каква разлика има дали влегол пола сантиметар или 7 или 13? Мене повеќе би ме занимало дали било со кондом, оти ако било без , се ризикува нејзино, а потоа и здравјето на сопругот. Од каде таа може да гарантира со кого се плеска колегата настрана без кондом?
Воопшто не долеваш масло на огнот, призна дека имале обид за секс но иако пробувал да влезе во неа не успевал доволно од немање доволна ерекција, влегол во неа колку било можно еднаш немало акција заради опаѓање на ерекцијата но и тоа било секс , влегол во неа зазвонил телефон излегол и толку, но мене друго ме мачи , секс како секс дали го имало повеќе од еднаш не знам и не е толку битно, побитно е што целосно се препуштиле со емоции во бакнувањето, а бакнувањето ствара љубов, е тоа ме мачи, дали таа има внатрешно расчистено со него, ми тврди дека да, пред три дена пред мене се јави да му каже дека нема повеќе слушање ( гледање немале од март ) ама со слушање немале расчистено а пред мене му кажа дека нема повеќе контакт и да се дистанцира од него, ама дали беше искрено, дали можам да и верувам, бакнувањето е многу полошо од секс, бакнувањето создава емоции и љубов , ти благодарам за одвоеното време и за советите Обидот бил со кондом Ти благодарам што одвои време за мене, ме мачи дали било само страст искажана низ бакнување или почнала некоја љубов таа е 33 тој 56 има и тој фамилија, низ долги разговори и носење заклучоци и кажував дека немала иднина со него што немало да биде случај ако бил некој кој е во приближни години на неа и не бил женет, таа за небитна банална расправија побарала утеха кај него кој верувам дека вешто ја искористил и ете таа попуштила, првиот пат се виделе демек ја тешел но искористи ситуација на нејзина слабост, не велам дека таа не е виновна, и таа си признава, ако таа не прифатела за да се видат немало да се видат сите останати гледања се само формалност а само на првиот пат има бариера, баш вчера вечер зборувавме долго, и доловив една ситуација, што ако те побара ? Дали ќе кренеш телефон и ќе ми скриеш? Ми вика дека ако тоа се случи нема да му се јави, или ќе му се јави кога јас ќе бидам тука за да слушнам, но ми вели биди сигурен нема да се јави повеќе бидејќи пред три дена му се јавив и му кажав готово е ( пред мене се јави), Јас и велам ти му кажа пред мене така, но тој не знае дека ти ми призна се , него му е чудно зошто ти наеднаш без објаснување му прекинуваш комуникација, уште еднаш ми потврди дека нема да се јави, е ако е така и викам сега има два моменти: 1. Ќе ти се јави, можеби по неколку дена можеби по една или две недели и ќе побара поопширно да му објасниш зошто ненадејно прекинуваш, или 2. Нема да ти се јави воопшто И викам тврдиш дека нема да се јави, дека фаворит ти е таа опција, ми потврди уште еднаш, Добро и викам , но ако биде првата опција тогаш тој има чувства за тебе , си оставила белег кај него , свесен е дека прави нешто забрането но сепак сака за последен пат да те слушне па можеби и да те види за да се разделите конечно ако ти психички си се решила на тој чекор, НО ако биде втората опција тогаш тој немал чувства за тебе, те искористил во целост, ти створил лажна слика дека е искрен со тебе со цел да има секс, но бидејќи не можел а бил упорен се надевал дека еднаш ќе има ерекција и ќе има секс и уште се надева, те искористил потполно сакал да биде со помлада, и викам дали уште си сигурна дека нема да те побара? Само ме погледна и во нејзините очи видов нешто што никогаш такво нешто не сум видел, мислам дека и доловив ситуација со која свати дека стварно згреши, видов како и се наполнија очите, и викам единствен искрен дел на телото се очите , се оди преку нив и тие се сведок на се и затоа не знаат да лажат, дали сега очите ти се наполнија оти тој не би те побарал а со тоа и не бил искрен со тебе и те искористувал а ти си дозволила мислејќи дека е искрен или очите ти се наполнија оти свати дека згреши, после ова ме гушна и бакна и ми кажа дека ме сака, и ми рече дека ,,како можев да не знам што имам покрај мене, како не видов колку многу ме сакаш, мислам дека стварно допрев со долгите мои зборувања до неа, искрен да бидам се сомневам дека ќе се слушне пак без мое знаење ете потсвеста така ми работи заради ситуацијата, пресно е уште , ама сепак се надевам дека не може тоа да го одглуми, таква емоција не се глуми, ти благодарам уште еднаш за одвоеното време а одручек продолжуваме со расчистување на нејаснотиите
кога јас би се запрашала за ситуацијава би простила и можам да живеам со тоа,можам да живеам со него да е присутен тука заради децата но само како татко на децата. Јас после таков чин никогаш нема да можам да легнам до него нит па да имам нешто интимно со него. Да знам дека допирал друга не можам да дозволам мене да ме допира. Одвратно ми е.
Јас не знам зошто си толку наивен Прилепчанец? Зарем тебе љубовта до толку те заслепила па сега секој нејзин крак, момент на лудило глумење и полнење на очи тебе ти ја дава цела сигурност дека многу те сака "ама ете згрешила"?! Извини ама мислам од што премногу ја сакаш самиот си наоѓаш илјада можни солуции дека сепак таа е "невина"! Ниту е малолетна, ниту е силувана, своеволно возрасна жена од 33 години со маж и две деца се впуштила во авантура со дедото, за кој патем ти си мислиш дека "арам да му е него, тој е крив" ја насамари, а оваа пак дете и се излажа за лижалче. И каква разлика ти прави тебе дали влегол до пола или цел, самиот акт на криење, секојдневно слушање со него и љубење нека ти е доволно јасен знак дека таа сакала врска со него, не само секс. А самата врска зачинета со емоции. Јас сум тотално сигурна дека да не дознаеле кај нив на работа немала никогаш да ти признае, како што претпоставувам дека нивната врска не е завршена. Во секој случај клучот е кај тебе, јас не би простила ваков низок и понижувачки удар по никоја цена!
@Prilepchanec ваков човек како тебе не се гледа секој ден браво на таа цела сила што можеш да го издржиш ова!
Го почитувам твоето мислење, во право си целосно, точно е дека ја сакам, но можеше да не признае ако сака, на работа излегол само муабет а никој ништо не видел или пак нема доказ, не го обвинувам него а таа е невина, отворено и кажувам дека таа е виновна а и таа признава, но и јас признавам дека имам дел од вината, можеби за нешто што го немало кај мене свесно несвесно го побарала кај него но тоа никако не било толкава причина да заврши со секс, решив да и дадам втора шанса, можеби не треба, ете заради љубовта, но сега ја изгуби довербата, а тоа може да биде проблем понатаму за кавги, се надевам дека е вразумена и дека искрено сака да имаме нов почеток, ќе покаже времето, деновиве и ќе замине од работа, искрено се надевам дека свати внатрешно во душата дека згреши и се кае. СЕКОЈ ТРЕБА ДА ИМА ВТОРА ШАНСА, тоа е човечки, затоа и дадов втора шанса Душава моја знае како ми е, и како издржувам, сепак ти благодарам
Па и не е за браво. Втора шанса за неверство нема, затоа ја губиш довербата. Јас не простив, ама не бев мажена. Ти си знаеш, ама не биди будала пошто гледам дека си добар човек. Ќе најдеш некоја што ќе те цени.
Jas ne bi my prostila ,pa makar cel zivot da ostanam sama.Sepak sekoj si znae za sebe ,koj Kako go pominuva seto toa,jas ne bi pominala nekoj da me ponizi,a poslem da spie pa so Mene .Bljak
Давате втора шанса на што? Ве промашиле со првиот куршум, ајде сега со вториот. Љубовта не дава шанси. Љубовта е или сакаш или не сакаш. Или можеби изневеруваат за да видат колку ве сакаат. Имате проблем, монотонија ама се кажува. Не лицемерно да се легне со некого, па после се кае. Не се кае, тоа е лага. Нашла нешто што немаш? А зошто не се обидела да го има тоа со тебе? Затоа што не сакала. А кога не сака да прави работи со тебе значи и нема љубов. Ниту простувам, ниту барам простување.