Потполно си во право. Но ете женски форум, гледам дека многумина застанаа да ја оправдаат жената, се каела, не знаела што прави и уште какви се други изговори. Да беше за маж сите ќе напишеа остави го, најдобро е да се разведете.
Јас не би пробала да го задржам. И да сум го варала јас, и да ме варал он. Едноставно ќе сакам развод.Кој изневерил еднаш, ќе го направи тоа пак.Дали на истиот/та партнер/ка или не, ќе го направи. Ако е маж ми крив, нема да сакам да мислам по цели денови дали пак ќе го направи тоа, па да го мислам кај е што праи..пошто искрено црвот си јаде.Еднаш ако влезе во душа или во мозок ќе јаде цело време малце по малцe. Не би сакала таков живот да водам.И да имам деца и да немам, исто би постапила. Пошто бракот според мене не е шала.Ако веќе се венчам со некој (од љубов зборам) нема да го варам, зашто да си ја растурам среќата за некаква си авантура.
Ситуација: тазе верени, невестата во 4 месец бременост наоѓа кондоми и флажил таблети скриени од мажот. 100% неверство... Тој не признава вели не се негови... Мислење?
Ти си невестата или некоја друга е?Ако прашуваш за трета особа немам никакво мислење. Ако прашуваш за себеси сепак постои можноста да му ги подметнат, да ги купил ама се уште да не ги употребил, да ги купил за со тебе ама откако си изреагирала да излажал дека не се негови, за кондомите зборам бидејќи не знам што се флажил таблети, ќе прогуглам сега. Самото ова што си нашла кондоми не е доволна причина за да го оставиш или да се разведеш. Од три реченици, посебно не странци како нас на фемина, не може ништо да се заклучи.
Да го оставиш, да не помислуваш брак со таков кој ниту те сака, ниту те цени, ниту те почитува, плус во очи те лаже. Довербата е изгубена и нема враќање. А тој што еднаш те изневерил уште милион пати пак ќе те изневери. Подобро да бидеш самохрана мајка, отколку во токсичен брак. Не си го уништувај животот со такво ѓубре.
Да се само кондоми би помислила дека или изневерува или има таква намера.Со таблети комлет изневерува сто проценти и не биди будала веднаш пакување куфери и правец судот за развод
Јас не би го оставила маж ми во случајов и да ме изневерил. Значи не може да го остави заради едни кондоми и флажил таблети. Прво треба да разговараат. Можеби човекот се уште не ги употребил иако имал намера. Можеби немале секс четири месеци и најпрво требало убаво околу тоа да разговараат, а не таа молчи, тој молчи и бара секс на страна. Ако се разведуваа сите за едно неверство, во случајов недокажано, сите ќе беа разведени, 99%. А жената кај трудна, не се знае хормоните какви и се, уште муабети од страна и фалат, посебно од типот остави го и разведи се. Нели прво се разговара па после се оди на брачно советување? Да не се лажеме, не е ни прв ни последен што изневерил бремена жена. Да бидеме реални еднаш засекогаш. Не велам дека е во ред да ја изневери ама мн често се случува, новонастаната ситуација е и за жената и мажот, со разговор не би дошло до таму, но ете сепак доаѓа. Да имаше некое стапче магија да залепи печат на чело на секој еден што изневерил над 90% ќе се со печат еднаш во животот. Може свекрвата ги подметнала.
Супер за тебе, ако замижуваш пред неверствата на мажот ти за да си само во привиден брак. Има и такви кои не прифаќаат да бидат изманипулирани, изневерени и направени будали од таканаречените мажи само за да се во брак. Прво сами не се почитувате, со тоа што кажуваш дека и да те изневери мажот ти не би го оставила, а потоа барате други да ве почитуваат.
разговор да ама кој нормален би признал? Џабе разговорот. Ама најдобар начин е во било кој случај тој што го нашол "доказот" да не прави излив на напади зашто така сигурно ќе добие одговор заснован на лага.
Чекајте малце Ако купил флажил значи имал проблем со инфекција најчесто кандида Ако он имал инфекција би требало да ти ја пренесе и на тебе бидејки велиш односите се без кондом Ако си немала ти инфекција значи немал ни он и флажилот не се негови Кондомите може и за вас ги земал Може па осетил чешање и си земал флажил и кондоми за да не ти пренесе тебе Чекајте малце сте научиле одма развод Не бега разводот
Како прво не ни знаеме дали воопшто биле отворени кондомите и флажилот ама ајде ќе ги разведуваме одма. Кога вие ќе најдете кондом и флажил разведувајте се одма по брза постапка, но не е убаво така и да советувате и да носите таков заклучок за развод на три прочитани реченици на форум.
Е ,ама ти Овде и на другите теми за брак главно даваат совети девојчиња што не се ни во брак а и прилично млади.Уште од одговорот ќе ги познаеш.Аууу да ме изневери ,правец суд и развод...Не викам дека не треба развод и дека е лесно да се премине преку неверство ама обично млади и кои не се во брак така скокаат , а не се ни свесни дека бракот а и разводот се доста сериозни работи за кои треба многу да се размислува и анализира. Не зборам конкретно за случајов туку општо за сите теми каде членки побарале вакви или слични совети.
Точно, го приметив тоа ама не сакав да искоментирам бидејќи секако нема да сфатат, а не прифаќаат дека не сфатиле бидејќи не знаат како е некаде таму во иднината ама како и да е ќе сфатат и дознаат еден ден, кога веќе ти искоментира да си кажам и јас.
Отпосле ми текна дека се верени ,и оф топик малку:мој бивш имаше кондоми во кола му најдов и не можев да бидам сигурна дали ме изневерувал сега тоа не е важно но ми остана во сеќавање
Ако решил некој да изневерува не му се потребни кондоми. Поголеми се шансите да изневерува доколку не му најдеш кондоми отколку доколку му најдеш. Човек што изневерува е претпазлив човек. Нема да му стојат кондомите на мегдан. Прво што ќе направи пред да влезе дома е да фрли се сомнително, да се истресе од влакна и да провери гаќите дали му се на лице облечени. Чист човек е сомнителен човек, а не човек со кондоми.
Може од кога е бремена немаат односи. А можеби тој во меѓувреме се швалерисувал без кондом и фатил некоја инфекција. Па затоа купил апчиња да се лечи и кондоми за следен пат. А ако имаат односи и во бременоста, не е лошо да се испита да не и пренел нешто. Да било така ќе и кажел. А не да негира дека не се негови. Носи негово дете во стомакот, а тој не може да се воздржи, па може да прави што сака, а она на тоа треба да замиже и да му прости. Која лудост. Тој што изневерува бремена жена не заслужува никогаш да си го види детето кога ќе се роди. Да, млада сум 23 год. имам, ама добро знам што никогаш не би простила, а тоа е неверство и насилство. Нема што јас да анализирам, да размислувам и да спасувам брак, кога тој не размислил пред да ме изневери. Тој ако не е свесен за сериозноста на бракот и си прави излети, зошто па јас да се правам слепа и будала во име на бракот?