Па,што? Не ни рекла Реинбоу дека не смееме да коментираме во вакви теми.Ако рече,ќе престанеме. А,и личности што не се во врска/брак имаат претрпено штета поради таквото однесување на некој.Семејства се распаѓаат,животи се уништуваат... Се верил со една/се венчал со една. Што ја залажал ако му се шара? Неверството е едно од најгадните постапки на човекот.Кој изневерил еднаш,огромни се шансите дека ќе изневери уште еднаш.Човек кој простува неверство ем не се почитува себеси,ем се залажува.
абе ке и кажел па ке си помисле нема да ми верува ај да не ја нервирам скришно ке си купам таблети Незнам навистина може е вака а може и така Ама одма развод не Нека си отворе очите малце
Брак? Сериозно разговарате дека сте во брак, а со мажи кучиња кои изневеруваат? Која е таа будала која ќе умира да спасува брак, за тој што го зела за да е во тој истиот брак, не ја ферма ни два посто. Се надевам дека нема вака да ги учите вашите ќерки да бидат потчинети и понижени утре само за да бидат во брак со некој кој иницијално не знае која е дефиницијата за брак!
Не си само ти ,и уште неколку членки имам приметено што најчесто ги оправате брачните проблеми а сте далеку од брак. Затоа и не коментирам а веројатно затоа и други не коментираат по темите за брачни проблеми, затоа што вака како тебе ,милион пати ќе ме цитираат да ми кажат дека развод одма и сега мора и како можам да и дадам некој друг одговор Еве ,веќе скокнаа да ме цитират како што и реков претходно Можеби и треба да размисли @RainBow дали смеете да коментирате некои ситуации.Затоа што доста често има и реални проблеми а вие одговарате како по шема во ист глас. Но ,сепак форум е,нема и зошто да се брани де.Секој нека си коментира.
Секс има, инфекција не е пренесена засега... Флажилот е до пола употребен.... Едино што не се знае е од кога датира доказниов материјал? Но пред брак постоеше 10годишна врска, така да.....
^ Значи бракот настанал преку ноќ само поради бременоста, апропо десет годишната врска. Сигурно кондомите и флажилот не се од таа врска, али ко за утеха ај...
Значи ова е форум и за да напишеш мислење во некоја тема не се потребни критериуми од типот: не си во брак не коментирај , немаш деца не коментирај и сл. во врска со прашањево , изгледа многу сомнително посебно после одговорот дека кондомите не се негови. Одговоров ми личи како од некој тинејџер, кој очајно смислува "логичен одговор" за неговата лага да звучи уверливо. И да, тој што простува неверство во име на бракот воопшто не се почитува себе. За неверство има едно и единствено решение: развод без изговори заради децата не се разведуваат и сл.
Не постои идеален брак. Ќе пораснете, ќе разберете. И не зборам за неверство, општ е муабетов-идеален брак не постои, никогаш не е само мед и млеко. Како дете, секогаш ќе го гледаш бракот на твоите како не идеален, или во најголем број случаи. После, можеби ќе увидиш и дека не бил толку лош. Се во свое време.
Што ви е со мислењава дека тие што не се во брак не треба совети да даваат затоа што не се во брак и општо не само за оваа тема, ако немаш деца не си компетентна да даваш совети за деца и во многу други теми, нели е ова форум во кој секој може слободно да си го искаже своето мислење. Вие што сте во брак смеете да давате совети, на тие што не се во брак или што се сингл? Убаво пиша @cresa-jagoda добро знам во животот каква личност сакам покрај мене, знам преку што би поминала а преку што не. И не барајте едноставно мислења ако не можете да прифатите мислење спротивно од вашето. Ако простувате неверство, ваше право, ваш карактер, ваш проблем, ама не кажувајте за другите дека не знаат како би постапиле оти вие сте само вие. Стварно сте безобразни со вакви коментари. И да тие што простувате неверство во брак, илјада пати сте простиле и неверство во врска и при тоа свесно сте влегле во брак во кој што знаете дека кога тогаш ќе бидете изневерени, и не е до бракот туку до карактерот.
Се ежам од мислења од типот - Не си компетентен да коментираш на темата ако не си искусил, ако не си во брак, бла бла... Од кај знаете кој што искусил па да ви дава право да се дрзнете да пишувате такви работи кој каде смее да пишува ? Безобразни сте. Колку што знам ова е форум и секој има право да си го искаже своето мислење и дури иако го нема искусено на своја кожа можеби бил сведок на ист или сличен случај па од таму ќе даде мислење и како би постапила. Лично јас не би простила неверство од многу причини но за тоа друг пат. Искрено, не знам како некој може да прости неверство. Ама секој си ја одлучува за себе.
Чекајте малку, флажил не даваат и за воспалени непца? Ми изгледа како да недостасува доверба помеѓу двајцата. Јас еве да најдам кондоми дома и флажил нема одма да му се фрлам на мажот дека ме вара. Гарант нема да им придадам никакво значање и нема да помислам на ништо, туку ќе ги поминам ... може глупа сум.
Флажилот се антибиотици со широк спектар на делување и да се користат за превенција од сексуално трансмисивни болести. Затоа што ги сокрил од нејзе и паднало сомнително. Не знам зошто некој би криел дека зема антибиотик .
Флажил не е антибиотик, туку антимикотик. И не се дава за превенција, туку за лекување на габични заболувања. Не само сексуално преносливи.
Не е прашањето дали изневерува или не. Туку како стигнале тие кај него, ако не се негови. Каде се најдени. Што бараат тогаш кај него. Стварно чиви се тогаш? Флажилот не е само за кандида наменет. А кондоми, ако немаат секс со кондоми, не ја разбирам логиката што купил. Освен да има закачено нешто, па да не го гризе совест, си купил кондоми за секој случај да не и префрли на вереницата. Како и да е, тука никој не може да ти каже што може да значи, бидејќи од штурите информации значи дека има/имал инфекција. Провери го рокот на пакувањето. Обично траат по две години. Туку, што се однесува за оние што не се во брак и ги нападнавте дека немаат право да коментираат. Точно е дека треба да почуствуваш и да искусиш за да знаеш. Но, иако се раѓаш празна табла, во текот на животот се стекнуваш со индиректни и директни искуства кои се двигатели и носители на своите понатамошни одлуки. Сето тоа може да остане фиксно или да претрпи промени, но се додека не се најдеш во конкретна ситуација, ни тој во брак, ни тој вон брак, не би знаел како ќе реагира. Еве јас како личност во брак, би се посомневала, нормално нема утредента папири за развод да дадам, ама со оглед дека навистина се грижам за своето здравје, да дознаам дека имам СПБ, а не е од мене, би се развела. И ќе одговара за тоа.
Хммм... Прво кога прочитав си реков 100% вара. Што знам, еве не се негови ама чии се? На свекорот? На брат му? Фали инфо. Плус информацијата дека му ги нашла подразбира дека биле скриени. Не знам што повеќе и треба. И мене мајка ми кога ми ги наоѓаше цигарите, не беа мои. Од друга страна, на мм да му се препишани Флажил ваљда ќе знам Ако со години имаме секс без кондом и сега од никаде се појавиле дома кондоми сомнително е. Јас би се сомневала сигурно да најдам такво нешто. Да сум трудна веројатно и ќе се спакувам.
Пополека со разводот, ништо не се знае. Он ако има некоја инфекција, а имаат секс без кондом, сигурно и нејзе би ја пренел, а како што пиша членката нема инфекција Да имале со кондом, би се посомневала дека изневерува. Дали има некое необично однесување, нешто што би те натерало да помислеш дека те изневерува? Претисни го малку да ти каже чиви се
Јас да имам инфекција па и на малото прсте од ногата буквално само маж ми би знаел. Членкава не знам дали е матичниот гинеколог, уролог или нов адвокат? @Annath Да не се дава флажил и за потечен заб случајно?