Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се задржи бракот после неверство?

Дискусија во 'Брак' започната од maca1987, 2 март 2011.

  1. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Мое мислење .......бидејки јас кога имав инфекција ги пиев тие флажил таблети и ставав исто така флажил вагиналети,а гинекологот исто така и на мм му ги препиша тааблетите за побргу да се излечиме......таа инфекција можеби ја добив од мм но тоа не значи дека бил со друга,инфекција се добива и од пешкири,промена на прашок,нечисти бричеви и така натаму. Во оваа ситуација јас мислам дека мажот ти те има изневерно но ТАБЛЕТИТЕ и кондомите му се дадени од љубовницата! НЕМА шанси да отишол и да си ги купил сам значи нема шанси......мажите не знаат кај има аптека а не па да си купуваат флажил табелти што ни пола од жените не знаат за што се користат А НЕ ПА МАЖ,така да најдобро да разговарате....
     
    На Miss666, thelittle17, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Ама вие и двајцата сте имале, т.е сте ја пренеле еден на друг. А во овој случај не се знае дали мажот има инфекција, а ако има тој најверојатно и жената ќе има оти имаат секс без кондом. А таа вика дека нема инфекција
    Не си паметен како да постапиш и што да мислиш во случајот
     
  3. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Eпа ја мислам дека со таа што спиел а сигурно редовно си се глеал со неа...и ја има пренесено...па таа сигурно е отиша на гинеголог и тој и го рекол истото како за мене и мм и оваа му ги има дадено да ги пие и на него и да си купи кондом за следен пат бидејки нема да бидат уште излечениии.....
     
    На MarijaMi90 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Ама ако ја пренел на или од швалерката сигурно и жена му ќе има оти и со неа има секс без кондом.
     
  5. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Епа не знам сеа дали имале односи и кога последно имале односи.....може кондомите си ги купил за со жена му да има односи бидејки знае што гомна изел и сеа да не и пренесе и на неа...ако пред тоа немале односи
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.676
    Пол:
    Женски
    Flagyl не се дава за потечен заб, се дава за габична инфекција.
    Комбиниран антимикотик со антибиотик, и не се дава само за СПБ, се дава и за други системски болести што врска немаат со секс.

    Нејсе, кога веќе ме вклучивте во темава, да си кажам и јас, верениците треба меѓусебно да си ја расчистат работата, а не по форуми да се бараат совети. А после десетгодишна врска и бременост, проблемот е недостигот на комуникација кај партнерите. Доволно кажува тоа.

    Не гледам зошто би било забрането било кој да коментира на темава, независно од брачниот статус, ама ќе кажам само дека ставовите и гледиштата се менуваат со текот на годините, едно мислите додека сте уште млади и необврзани, друго кога сте уште тазе венчани, трето кога веќе имате десетина години брачен стаж.
    Ќе сфатите што зборам кога ќе дојдете до тоа.
     
    На KittyCat:), Waverly Raven, MarijaMi90 и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Еве јас не сум млада пред брак сум и трудна сум, да ме изневери и да не го оставам? Нема да се деси.
    Со тоа само ќе му кажам- оди утре пак изневерувај ме, прај шо сакаш ја сум тука,
    ако веќе дошло до таа точка да ме изневери што барам јас повеќе со него?
    Ова му е 1000 пати во некој незнаечаен муабет кажано и на него и тоа го мислам.
    Само затоа што имам ќе имам дете со тој човек не значи дека треба да седам и да трпам се-како и он секако.
    Ако он не мисли на неговото дете, зошто би јас останувала со таков човек?
     
    На WildMk, Celltica, hermosa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Два пати по 9 месеци немав секс со Mr Right зашто такви ми беа и двете бремености, едноставно не можев да имам односи. Ниту ми пререкол, ниту помислил за нешто на страна, ниту во било кој момент сум се осетила несигурно поради тоа, ниту сум стравувала дека тоа ќе има последици по нас, ниту на било кој начин интимноста и блискоста помеѓу нас била ставена под знак прашалник. Ова што се случило е голем red flag, не е во ред, никогаш нема да биде во ред, и не дава никаква охрабрувачка основа за добар брак.
     
    На Idedemja, Leat, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе ви се молам. Додека бев бремена имав инфекција, маж ми доби Флажил а јас Еритромицин. И маж ми не си ја испи цела кутија, му стојат во фиока. И сега во таа фиока стојат и други работи како камагра и слични производи за либидо. Имав период кога не бев добра психички и без никаква основа се сомневав во секого и во сѐ. И будала како мене проверуваше секој ден во фиоката дали фали нешто од сето тоа. Немавме секс бидејќи доктор ни забрани. И не фалеше ништо, ама паранојата е страшна работа.

    Глупи се советите од типот да се разведе, да се спакува. Јас велам разговор ама сериозен и со остар тон нека му каже дека ако не добие објаснување ќе си замине. Е ако пак се глупира со не знам чии се, тогаш нека си фаќа врата. Бидејќи мажи како мажи прво избегнуваат да одговорат. Ако мораат ќе кажат. Ама не мора да значи дека ќе признае неверство, може да е скроз друга работа.

    Се сеќавам додека ми беше дечко мојот сопруг секоја вечер имавме секс. Една вечер гледам не посака, така 2-3 дена и ми стана чудно, го прашав, ништо вели онака немам желба. Не поверував ама почекав, ако изневеруваше ќе гледаше утредента да надомести за да не се сомневам, ама не бре, недела помина. Јас секако не знаев што да мислам. Седнав на муабет и му кажав дека треба да ми каже што е причината за да не мислам на се и сешто. Прво вртеше, ваму таму, ова она. На крај призна дека има здравствени проблеми. Не сакам да кажам што точно, но му намалува либидо и му го уништува имунитетот. Се уплашил што осеќа пецкање и на проверка бил, од намален имунитет имал инфекција, му препишале маст и целиот како попарен по цели денови тмурен. Откако слушнав се изнасмеав бидејќи бетер од жени се денешните мажи, нежни и се нешто загрижени, ама битно крие да не му падне машкоста.
     
    На MarijaMi90, WildMk и Осе им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не штима ништо во приказнава. Ако му се препишани за било што, зошто прва реакција му е да каже дека не знае од кај се. Зошто не би кажал дека му се препишани?
    И како додаток на тоа се кондомите, а тие не користат кондоми. И тие изгледа сами си го нашле патот кај него.
    Ако не ја вара тогаш не знам што објаснување може да има. Може е клептоман па собира рандом ствари и срам му е да признае.
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, minne992 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Прво да се разбереме, не секогаш такви работи се препишуваат само затоа што некој изварал и закачил нешто, може да е од пад на имунитет, не доволна хигиена ( да не се правиме-машките 90% од времето не го ни тресат после мочање) и од 1000 други работи, посебно ако си тррудна можеш многу лесно да закачиш инфекција па да ја пренесеш на мажот/дечкото, а они како под дифолт од не голема едуцираност на оваа тема одма помислуваат дека е тоа од тоа што ти си била со некого или дека ти ќе го мислиш тоа ( чест на исклучоци) јас не користам кондоми па има дома кондоми па никогаш не сум се посомневала дека се искористени или дека оди на друго место тие се од порано кога користевме и едноставно стојат. Јас не велам дека ја изневерил ама секако треба да го стегне да види што е работата.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Клемптоман бе :D :D најлогичко ми е ова . Ме насмеа искрено.
     
    На MarijaMi90, DarkStormm, Kalina J. и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Скроз си ја промашила поентата. За што се може да се користат е тотално небитно.
    Зошто едноставно не го каже тоа. Имам проблем со тоа и тоа, ми ги препишаа. Неговата автоматска реакција е одрекување дека не се негови и не знае од каде се. Мене ми изгледа како 100% да крие нешто.

    Секако дека треба да разговара пак со него, ама ете се прави наудрен и негира.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Објаснив зошто голем број на мажи лажат за такво нешто, поради неинформираност каде што мислат дека ако примаат нешто такво или им се појави инфекција значи под дифолт дека ја добиле преку сексуален пат :D
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Разбирам, ама ми нема логика. Преферира жена му да мисли дека ја вара, ама скраја да е да и каже што проблем има.
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Ами ако е жената будала и има седум години па не знае кога маж лажи, нека му верува дека не се негови!
    Мои не се сигурно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Не велам дека е така, може ја вара може не, ние тука може само да нагаѓаме, сепак она е со него толку време и најверојатно знае на што е способен.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    О Боже Господе, не ви е арно денеска :D

    Иронично, нај на место мислење има девојка која мислам дека не е мажена. Може сум грешка, ама ете. Видиш имало рационални немажени :D

    Вие што се правите дека можда нејќел да ја нервира ау, со рака нечиста фатил доле, не знам што доверба имате стварно во партнер :D Тоа е другата страна на спектарот од параноична недоверба :D

    Иначе не викам одма да се разведе, тоа го викам само кога е малтретирање во прашање, ама дека озбилно му смрди работата, смрди.
     
    На Idedemja, Nausicaa, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Почекај да напише некоја на форумов дека користи флажил за инфекција и да праша дали е тоа "нешто страшно" бидејќи секак ке се истажи овде :D
     
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Страв ми е да кажам, да не ме избркаат од темата. :bandit::D
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.