Со овие докази кондомите и таблетите можна ситуација би била мажот да има некоја инфекција што не ја закачил од друга жена па пробува да се лечи со таблетите и планира да има секс со сопругата со кондом, но изговорот не се мои... ако планирал да и каже дека сака да имаат секс со кондом зошто веднаш не и кажал туку создал огромен сомнеж, а најверојатно и со причина. Што и да била причината освен неверство и на другар му да биле, ќе кажел за да го спаси бракот, не? Едит: Ако навистина не се негови, реакцијата би била не знам од каде дошле тука, зависи кај се најдени во јакна, во ташна, во соба, а и се приметува по реакцијата, но ние тука на форумов немаме доволно информации и можеме да нагаѓаме.
Da sigurno ke ima vospaleni nepca i gnoj i nema zena mu da primeti aj da ne se zalazuvame nz mazive vas doma ne vi kazuvaat koga gi boli zab i ke idat na zabar ili skrisum.odat pa antibioticite gi krijat po fioki
Не може дома да имаш нешто а да не знаеш од каде ти е. Значи или е мое или е на сопругот, освен ако не живеат во заедница. Не сме по 15 години па ајде не се мој на другар му ги чувам кондомите, мислам Јас не би преминала преку тоа додека не разрешам од каде се нашле дома таблетите и кондомите. Ако планирал да има секс со сопругата со кондом би и кажал кога е ги нашла, инаку како ке се скрие да го намести кодомот.
Го лижи фланжилот. човече, ако тој трудна ја изневерува и и донесе некоја болест, и жената ја става во ризик и нероденото бебе. Свесен ли е што прави инфекција кај бебе? Јас за неверство би му простила, ама да е толку глуп да закачи инфекција и да му наштети на бебето... ноу. Толку глуп човек не смее ни да се жени ни да се размножува.
Секс еден, жими мајка. големото чудо. Ако му е мерак, нека ја опне некоја, нека дојде да се пофали. Повеќе би се разочарала ако ми крие, отколку да каже, не можев да се воздржам, ја опнав, отколку да откријам сама. А ако сум трудна и ми крие, и ми направи ризик да закачам инфекција и детето да ми умре, за јајца ќе го обесам и ќе го оставам. Многу значение давате на инцидентен секс. Изневерување со врска со друга, е сериозно. Значи бара повеќе од едноставно физичко задоволување и мерак, туку не е во ред целата врска. Чао тогаш.
Тогаш пак не е инцидентно, пак укажува на лоша врска и брак и толку ќе биде. Инцидентно се може да се деси. Вие па што уште не сте имале брачен партнер, мислите така се раскинува, како у врска. И ајмо, следечи. У брак имаш милион ситуации поради кои еден секс ти е толку минијатурен, неприметлив... дури и би го зезала за таква ситуација. Врска се раскинува навреме. По 9 и кусур години и заедничко живеење раскинав заради неверство. Ама брак не поебувам за еден секс, да ми прости софрава. Кога има дете е поинаку плус. Ако е се океј, а ебнал нешто на страна еднаш, на здравје нека му е. Ако е повторлива работа, значи дека лош е бракот, и доста е од лош брак.
Буквално истото го пишав. Од клиника го знам случајов кај што закачил сифилис, тој дури не влезе во втор стадиум не се познава најчесто, го дал на жената, од тука фетусот конгенитален сифилис, дефект во развојот и спонтан на крај. Да ми го убие детето некој оти е тежок идиот и да му простам??? Јас ни за еднаш и да не сум трудна не би простила, секој како сака, ама па бремена ваков циркуз да ми направи мислам дека ќе полудам начисто. Некој да си брка ергенски живот дури дома жената носи нивно дете ми е најдно нешто што може некој да го направи. Ми нема подолно и поподмолно.
Извини што вака ќе ти се вмешам, и твојот сопруг го дели истото мислење. Што ако ти посакаш инцидентно некогаш на страна? Како размислува тој? Зошто едно е само на едниот да му се прогледува низ прсти, а друго е и двајцата да имаат излети, тоа значи дека однапред си се договориле.
Не заслужува да е родител врска неам, не сум прашала, не ми притребало, од кај да знам. Никогаш не сум била ни у проближна ситуација. Кога некој ќе ми пише на фб или кај и да е, и ми се пушти, прво на маж ми му кажувам,па зафрканции паѓаат на моја сметка. Имало и кога ќе ми пише некој, јас не знам што да одговарам и маж ми ми кажува. Ние сме другари, не сме ривали, нема тајни.
До три секса на страна Ќе простам. Кажано му е и нему. За појќе од три ќе си ставам прст на чело. Он немал да ми прости ни едно. Па од пусти страв мислам дека нема да мрдне ни еднаш Ќе видиме Времето ќе покаже
Баш ми е мило што имате отворен однос во смисла за се можеш да разговараш, те имам читано и во други теми и до некаде карактерно ме подсетуваш на моите, особено за советите кои ги даваш. Но во ситуацијата на девојчето не верувам дека е ни малку наивна. Напротив станува збор за очигледно изневерување, а он редовно и со вереницата и надвор си има односи, а како што разбрав она е бремена. И пред мене напоменаа што значи инфекција за мајката и нероденото дете и колку тоа може фатално да заврши. Убаво е што дадовте совети кои се другите намени за лекот, ама навистина е невкусно што коментиравте дека не би сте се разведиле, ако е вака, ако е така, па и доза на исмевања. Не зборувам за тебе, туку и за сите останати што коментиравте. Прво, тоа не е вашиот партнер и не е ваш однос, а второ и многу поважно дечкото има инфекција и ја сее наоколу, инфекција која може да заврши фатално за мајката и нероденото дете. И како таа би останала во врска со него, кога тој свесно и наштетува и на неа и на нероденото дете? Бидете малку реални со советите, знам дека е тешко да си самохран родител, ама во случајов подобро самохран отколку со идиот во брак. И не почнувајте со тоа не си во брак и немаш право да коментираш, како да ние што не сме во брак во пештера живееме.
Материјалот беше најден во кола, која ја возиме јас или тој ама превезуваме и други луѓе поради работни обврски. Остана на тоа дека не се негови, ама јас сум на дистанца сосема... Само сум во недоумица од кога се..
Со дистанца нема ништо да постигнеш, се додека не седнeте и не разговарате како луѓе. Факт е дека се нечии и дека некој тука лаже. Која е причината не знам, ама затоа се разговара. Дистанцата нема да го реши проблемот.