Nisto so distanca nema da postignes, De malce stegni go da propee, kondomi u kola tukutaka nema da ostai nekoj random covek
Флажилот оделе гратис со кондомите во аптека, или обратно, промоција, кога се залепени со лента, понекогаш и со машничка. @macamaca24 Јас сум член на една фб група за природен пораѓај после царски ама неколку пати до сега се случило некоја бремена да пише како открила дека маж и ја изневерил/ изневерувал. Во текот на бременоста нашле порака на вибер, вац ап, кондоми и слично и не се разведуваат одма како на фемина туку одат на разговор кај брачен советник. Разговорот е почетна точка, опција. Макар и најпрво сама да поразговараш со психолог или не знам со кого се разговара, па потоа и двајцата. Сепак подобро што си ги видела отколку никогаш да не ги видиш и да не знаеш. Да е мојот маж би помислила дека и претходно ме изневерувал во десетгодишната врска ама сега бидејќи бремена затоа со кондоми и флажил. Разводот не би зависел од последново неверство туку од се целокупно врска, брак, се. За насилство, еден шамар да ми удри одма би се развела ама за неверство не би се развела одма.
Ама тоа е до тебе. Ти би простила неверство, ете, сметаш дека вреди. Има жени што би, има жени што не би простиле. Јас да осетам такво нешто, не би простила. И не би ми простил да е обратно. Го гледам бракот како "светиња", сме се договориле усклучиво за моногамија, работкме на него, па ако еднаш се скрши тоа, за мене е завршено. Нема јас веќе што да се трудам онаму кај што друг решил да плука.
Живо ме занима дали истиве коментари ќе ги добиваме и ако пример мажот нешто се повреди па мора да лежи 9 месеци и не смее никаква активност, а жената во тоа време си шврља на страна. Прво тоа нема да се случи, 90% од жените ќе бдеат над нив и ќе се осигураат за тие побрзо да оздрават. Во останатите 10% мажот да разбере и да пише на јавен форум/фб/кајидае уште сега можам да ги замислам етикетите и коментарите. Таа жена ќе биде јавно линчувана, ќе се покае што некогаш се родила. Тек па ако е бремена со еден, а ради хормони збудалени спие со други, ќе се потепаме кој прв повеќе да ја навреди и да ја распне. Еден едини маж што би ја оправдал во ваков случај не познавам. Па ни жена.
Иако не се знае дека е неверство баш во прашање, ама оправдување за неверство или ај да се смират топките на психолог оти тој нема почит и ја изневерува жената која носи негово дете? Но веј. Маж кој изневерува жена дури е бремена не ја заслужува ни жената, ни детето. Мене ми е тоа дно дна. Да се немало основна почит. Немој некој да ми кажи дека не можи да се воздржи период од односи, секој можи не се умира.
Ништо необично не сум забележала, од 24 часа 20 сме заедно поради работата, навечер не излегуваме одделно... Во односот нема некоја промена од претходно...
Во право сте за се', вие кои не сте во брак. Ама во пракса, не е како во теорија. Во пола од браковите што ги знам имало неверство... барем еднаш, барем од еден од партнерите. Не сме сите моногамни. Системот е така дизајниран: Да има брак, во кој се очекува моногамност. Големи очекувања - големи разочарувања. Мислам дека те изневерува. Оди избуричкај му во мобилниот.
Колку пати ќе пишеш дека би опростила неверство?!? Не гледам либералност во таа реченица, туку очај. Прво, ретко кој може да начека некој ако изневерил само еднаш. Изневерувањето е обично сериски, не завршува на еднаш. Второ, чинот на секс воопшто не е проблем, туку ефектот кој го предизвикува после него. Како би можела доверба да имаш воопшто во личност која се решила зад твој грб да се дупи кај стигне? Уште како во случајов, да начекам апчиња. Ти ќе станеш токсична, параноична, што ќе резултира со тоа и врската, т.е бракот да се одликуваат со овие епитети. И да, секогаш, ама секогаш изневерувањето е знак дека постои голем проблем. Така да, ти колку сакаш опростувај, врската не ти чинела ни претходно, а нема ни да ти чини после тоа. Како си кажувате, јас би простила. Да, ако си смотана и без гордост. Или евентуално да си жена на некој таму фраер, што имате мутуални интереси, не љубов, од тој брак. Од премногу љубов и разбирање, не се простува. Никој со сила не натерал некој да стапи во брак. Не ти се свиѓа, не влагај воопшто, се предомислуваш, поштеди ми го времето. Што знам, гад ми е, бил со некоја, па со мене. Од кај да знам таа што микробиологија носи во своите гаќи?!? Одвратно и неприфатливо.
Добро,де. Ама,ако се на некој друг,зошто тој не се јавил да си ги побара? Глупо е да се прости неверство.Тој што изневерил еднаш,може изневерил повеќе пати,ама само еднаш е фатен.Повредената страна не се цени себеси и само си штети со простувањето.
Епа ако можат да се пијат како бомбончиња чему тогаш доктори,испитувања и чуда? Ајде тогаш да се фрлиме на пиење ако оделе гратис со кондомите. Туку нели тие идеа на рецепта?
Леле ама ја нападнавте џокерче. Смотана била, ваква онаква. Де пополека со навредите. Дај претисни го жити сѐ. Ако не се негови, чии се? Мора да ти каже.
Можеби така размислувам затоа што познавам многумина кои изневериле. Не спијам на тоа уво дека ретко кој изневерува, а најчесто изневерува оној кој за партнерот вели ,мене никогаш не ме изневерил,. Јас за мене си кажав дека нема да се разведам ако маж ми има секс со некоја друга. Ако тоа трае подолго значи не е до тој еден секс туку до бракот и тука веќе може да почне да се размислува за развод. Да се разведуа на секое изневерување веќе ќе беше настанат општ хаос во светот.
Тоа што многумина изневериле не треба да биде пандан за успех на еден брак како се справил со криза. Факт е дека не знаеш како тој брак понатака функционира. Само афектираните знаат низ што минуваат и како го одржуваат тој брак, претпоставувам дише на шкрги. И не секој изневерува! Постојат луѓе чии семејни вредности се поголеми отколку самото еднократко или повеќекратно моментално задоволство. Нема да одам со глава во ѕид и да мислам дека привлечноста и љубовта останува иста со текот на годините, но почитта и она што си го ветил кога стапуваш во брак по логика на нештата е двигател кој го одржува тој брак со истиот дух со кој е склучен. Навистина не ја разбирам придобивката од двете страни кога некој изневерува. Единствен бенефит има што сигнализира дека бракот има проблем. Ама може и да се дискутира за тој проблем, а не ко животиња да грмнеш да дупиш, оти бракот ти е срање. Ако така гледаме и јас сум сведок на такви бракови/врски, едните завршиле со разделба, оние што моментално траат, не се воопшто пример за брак. Напротив, веќе отворена пандорина кутија, не се затвара, прашањето е само дали може да живееш со тоа? Ако можеш, алал ти вера. Животот е краток за да се ,,изневерувам" себе си со цел да спасам нешто веќе мртво.
Ниедно изневерување не е случајно. Жал ми е кога читам дека некои би опростиле неверство мислејќи дека само еднаш се случува. Кој изневерува еднаш, ќе изневери пак 10000%. Па колку и да го сакам, колку и време да сме заедно ако ми направи нешто зад грб, чао. Барем до толку се ценам себеси. Нема да се тешам дека мажот на Славица изневерувал па ете ги пак заедно, битно кај неа се враќал. Па во секој втор брак имало неверство, леле каков успех. Во кој век живееме бе луѓе? Вакви мислења нормално ми е да чујам едино од баба ми генерацијата, не од млади луѓе. Што демек машко е си бара, океј е да си ебни настрана? Да беше жена во прашање ќе беше најголемата к*рва, ороспија, распуштеница. Истите тие мажи да дознаат дека жена им пошла со друг забите ќе и ги искршат. Живео феминизам.