Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се задржи бракот после неверство?

Дискусија во 'Брак' започната од maca1987, 2 март 2011.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.754
    Допаѓања:
    169.041
    Пол:
    Женски
    Немој на дистанца. Прво ради себе. Едино дистанца е прифатена ако ти треба време да се смириш пред да разговараш ама немој. Трудна си. Ќе те јади од внатре. Подобро да знајш шо и да е. Ако сметаш дека имате проблем и покрај негово негирање ( ова откако ќе разговарате двата со сите карти отворени) , оди на брачен/ семеен терапевт. Ќе видите таму со трета страна присутна - зошто ти мислиш дека швеља, зошто тој негира, дали сепак ја збора вистината, како понатаму.

    Се надевам се ќе е во ред. Лесна бременост. Шо ќе пишам надолу не е за тебе туку во контекст на другото пишано. Те молам известувај како ќе биди. Се најдобро.

    Сега сакам да прокоментирам општо за изневерување зошто видов многу од тој аспект прокоментирале. За мене, изневерување не е само секс настрана туку изневерување на доверба, лажење. Ако ме излажеш еднаш, ќе има два пати, три. Дали било то денес да ме излажиш дека не ебеше на страна, па за причина зошто остана поќе на работа и сл. Јас после то не можам да вервам. А партнерска врска се заснова на доверба. Ако некој ме изневери нема да има време да ми објасни колку му е тешко. Гајле ми е. Јас сфаќам дека сексот е нагон и телото ни бара. Ама исто така сме свесни суштества и знајме дека нашите активности носат последици. Накратко, некој шо макар еднаш ќе изневери, не ме почитува, не можам да му вервам. Ќе велев јака ви душа на тие кои би простиле ама нема да речам. Оти не сфаќам. Ко, чим сме свесни дека има изневерување, место да простиме лаги, можи брак да се отвори: "злато, во 5 години имаш дозвола за 3 излети". И нема изневервање, нема лажење. Не знам. Мислам гласно.
     
    На pikabu5, manako1, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Јас па почнувам да мислам вие сте простиле неверство или изневерувате па мислите дека секој би простил или секој изневерува. Не дека судам, ама не можете да очекувате другите да сакаат исти работи како вас или да мислите дека само зошто вие сте имале таква ситуација и сте поминале преку тоа, дека сите би поминале. Бракот е многу индивидуална работа за секој пар, па не може да генерализирате. И во право е членката погоре, не е проблемот зошто органот го брцал во друг орган, туку за воопшто да дојде до тоа имало поголем проблем и порано Никој ама баш никој не станува сабајле и си вика денес ќе пробам со некој друг еднаш и готово. Ако било еднаш, немало ни да се дознае. Во најголем дел од случаите штом сте дознале тоа си датира од порано, е сега како ви е прикажано вас тоа е друго. Многу ретко изневерувањата се нашол рандом женска и завршиле работа и секој свој пат. Обично тука има допишувања, флерт, приближување, значи некој процес што се случува и пред сексот, а најверојатно дури седи со вас на тросед. Ако тоа вас ви е ок супер, терајте, ама мене не ми е.

    Никогаш нема да сфатам правдање неверство кога жена ти или девојката ти е бремена, за да направиш нешто такво треба да си амеба и јас лично не би сакала животот понатаму да го поминам со едноклеточнен организам без способност да разликува помеѓу добро и лошо. Тоа е истиот прототип на човек како оние од темите за совети, што и рекол на породената жена дека е дебела. Баш истиот тип. Бремената и породената жена треба да ти се во твои очи најубави, твое дете носела, твое дете родила. Ако немаш во таква состојба за неа почит, за регулар живот ич да не збориме. Па уште ако има секс и со жена му во тоа време, да не зборувам дека се работи за човек на кој пенисот му е побитен од здравјето на нероденото дете.
     
    На thelittle17, manako1, flower30 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Зато сите треба да се искрени:
    Јас сум ваква стока
    Јас сум ваква стока

    Мојме заедно, или не?

    А не ветувања на брда и долини и после ку*ац.
     
    На thelittle17, Осе и Milobebence им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.331
    Допаѓања:
    126.094
    Пол:
    Женски
    Бракот е меѓу двајца,не тројца,не четворица.Двајца си дале ветување.
    Маж/жена кој/а си ја/го сака и почитува жената/мажот не ја/го изневерува ниту еднаш.Та, и да се јави некое несогласување,разговараат за тоа и идат на советување кај стручно лице.Ако не бива,се разведуваат.
    Тој/таа што изневерува не умее да сака,умее само да ја залажува и повредува другата страна.
    Ако повредената страна остане во брак,си наштетува себеси и на детето доколку го има.
    Го игнорирате и ризикот од СПБ.
     
    На manako1, TashSefton, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.048
    Пол:
    Женски
    Имаше и една друга тема, го правдаа неверството пошо имало и полоши работи од него. :D

    Никако нема да задржам брак, нема ни да се потрудам. Ниту за едно, ниту за 10 деца! Не заради сексот на страна, туку заради тоа што ќе ми се скрши светот, довербата, се што сме имале и изградиле. Нема да можам да легнам до него, а не пак да живеам со него како претходно. Знам дека не треба да се има апсолутна доверба во никој и колку помалку очекувања толку помалку болка. Ама тоа е нешто што не можам да го практикувам во ова што го имам сега. Пошо само по себе се наметна некако, да имам апсолутна доверба после се што имаме изградено и створено заедно. Па дури и да сум без очекувања и апсолутна доверба, можеби ќе си ја минимизирам само болката, ама не и одлуката за развод. Можам сама, можам и без него, макар и 10 деца имала. На кои, секако дека нема да им дадам пример дека е во ред да се прости нешто што е толку подло, кукавички, дно дна. Па уште и во бременост, без да мисли на последиците! Леле озбилно, апсолутно нема шанси после такво нешто да биде се нормално. Енергијата што ќе се шири после тоа, ќе биде токсична за децата. Јас не можам.

    И јас да мислам дали ќе растурам брак? Што не мислел тој пред да си го извади? Скроз мислам се што веќе кажа Грим. И така.
     
    На thelittle17, pikabu5, x.Daisy.x и 21 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Никој не игнорира ништо... само се обидуваме да се соочиме со реалноста.
     
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    А како ќе изброиш дали биле 3 или 30? А и ако еднаш му дадеш зелено светло, ќе си се опушти без да брои.
    А и за мене нема разлика дали бил 1, 3 или повеќе излети. Не би можела да го прифатам тој факт дека бил со друга, додека е со мене. За мене единствено прифатливо е нула излети и никако поинаку. Ако му одговара добро, ако не, секој по својот пат.
     
    На pikabu5, mssuniquee, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не е до броењето, јас бар не го сфатив така, туку барем ќе знаеш дека договорот на бракот е да има излети и тоа ќе го знаеш и очекуваш и најбитно сам си на чисто со тоа. Постојат луѓе со таков договор и ок, ако они двајца функционираат така, нивен живот. Ама не може да се очекува сите баш така дека треба да функционираат. Некои луѓе едноставно се моногамни и не сакаат такви врски или бракови :)
     
    На Luna91, fana, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.754
    Допаѓања:
    169.041
    Пол:
    Женски
    Па не можиш. Само поарно дозвола дај му да не те лажи, ко веќе си спремен да простиш. То со три пати алудирав на мислења од страните назад. Иста реакција имав ко тебе. Како ќе знајш дека се три пати. :D
     
    На Осе, baby-star, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    За оние кои не се моногамни, препорачувам отворен брак. :angel:
     
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    А што препорачуваш кога мажите сакаат секс на страна, а не сакаат жените да им имаат секс со друг?
     
    На Nausicaa, Осе, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Секоја за себе.
    Јас неќам така.
    Или и јас, или никој.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Епа нормално дека не сакаш, ама мислам 90% се такви. Да може они да си имаат излети, ама дома верни да им бидат жените.
     
    На pikabu5, WildMk, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  14. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Јас не можам да сфатам како би легнале покрај маж кој изневерил и како би имале доверба пак во него? Уште помалку па како секс со таков човек.
    За мене простување на неверство е непочит кон самиот себе првин.
    Ама да беше жена одма ќе беше немајка, најголема курва и сл. А мажот ако нека брцни некаде (facepalm)
     
    На pikabu5, mssuniquee, manako1 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.331
    Допаѓања:
    126.094
    Пол:
    Женски
    Е,ајде,де.
    Демек,мажот е маж,главен е.Ќе му падне ако не му се дозволи исто како кога бил дете што му давале појше да јаде од женските деца,за да не му падне. :rofl:
    Чим вара,не ја сака,бе.
    Ама,го игнорираат тоа.
     
    На Luna91, IRBBB, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам флажилот се дава со лекарски рецепт така што чудно ми е што одат у пакет со кондом. :wasntme:


    Туку, мене навистина не ми е јасно како може да прости некој неверство.
    Било емотивно, било само за one night stand, сепак неверство е неверство посебно па ако сопругата е бремена.
    Е тогаш, нема да дозволам ни мене да ме види а не пак детето.
    Партал некој, жената бремена дома го чека он си го брца у други, смрдеж.
    Па не знаел од каде се кондомите и флажилот, на комшијата сигурно не се.
    Ќе трпете некое време после ќе ве читаме у теми за развод како не можете повеќе да трпете.
    Или пак ќе се навикнете на тоа, само за да не се разведете пошо народ ќе збори? (facepalm)
    Толку ли немате самопочит? свое јас?
    Толку сте очајни да не останете сами?
     
    На pikabu5, Someday, manako1 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Чеки мацку.
    Кај ги најде во кола? Од страна паднати или во фиока?
    Ама пак неможе туку така да му испаднат на човек.
    Се осеќа, ќе си го собереш пак ако ти паднат нема така да ги оставиш.

    Сега како што држиш дистанца од нигде никаде гибни му го телефонот.
    Неочекувано додека му е у раце пружи рака земи го.
    Седни денеска и цел ден само за тоа напни го додека не ти објасни убаво.
    Ова е сериозно неможеш туку така да оставиш.
     
    На nextredstyle и bicycle им се допаѓа ова.
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Никако и никогаш не би преминала преку фактот на неверство.

    Па уште овде мислења како во некоја група на фб, многу жени се жалеле на неверство, па никоја не се разведувала ради тоа?!

    А кои би биле причините за развод?
    Евентуално тие што имате бракови од интерес, можеби можете да замижувате тој некој да ве прави будали каде ќе стигне, ама дека во таков брак постои љубов, почит и разбирање мало морген.

    После свекрвите криви ќе ви се, а на Стојко што не му стои мирен во гаќите тоа не ви смета.
     
    На pikabu5, flower30, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  19. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Моите мисли, преточени во твои зборови :)
    Дечки, мнооогу е смешно она “ако се деси само еднаш, не би се развела”.
    Никад, НИКАД не се дешава само еднаш. А тој момент кога ќе дознаете, е само tip of the iceberg. Прво: на сексот му претходи и буквална и фигуративна предигра. Значи, постои контакт и воспоставена хемија. Треба ептен да е тапа сексот, за да не се повтори :) Кога хемијата ескалира, тоа 99.9% не завршува со само one night stand. И друго: и во случај кога се работи за one night stand со одредена особа, бидете сигурни дека ќе се деси и друг, и трет, со други особи. Сериски one night stands. Секој со својот праг на толеранција и ставови, но ве молам, без релативизирања на ставовите на членки кои се’ уште не се во брак, или се’ уште не се нашле во ситуација со неверен партнер.
    Едноставно, постојат луѓе кои никогаш не би го ставиле животинскиот нагон пред својот брак. Ете мене лично не ми е ни јасен тој израз “животински нагон”, зашто не сум го имала ни кога сум била сингл. Мислам, што значи тоа? Си шеткаш лабаво еден сончев ден и здогледуеш “неодолив” тип и одма го лепиш за ѕид, соблакаш гаќи:D и се фаќате за работа??
    Нејсе.. избегав пд темата..

    Девојче, не се дистанцирај. Едноставно leave his ass. Флажил се лекови шо се пијат во одредено време и во одреден број на денови. Дадени му се да ги пие (мужи не разликуваат кафетин од тик так бонбони, така да не, не си ги купил сам поради некаква си мистична инфекција за која ти ништо не знаеш, за да “не те секира”, (ко шо пишал некој претходно).
     
    Последна измена: 12 јуни 2021
    На Just.do.it, pikabu5, Nausicaa и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Еве јас не би сакала да доживеам неверство и не би простила од овој поглед на работите, али пак со изјави не знам како можете да простувате, не би одела. Не знаеме како другите функционираат и како размислуваат, што им е битно и зашто се омажиле, или ожениле.

    Јас сум во брак ради довербата, сигурноста и почитта што ја осеќам. Тоа ми е примарно, башка сум малце себична ко особа, не ми се дели таквото на маж ми и затоа сметам дека не би простила тоа примарното да ми се наруши.

    За членката што се сомнева на неверство, јас не би седела мирна, би нашла начин да дознаам што и како е точно работата. После како ќе се реагира и што ќе се прави е друг муабет. Али не може тоа прашање онака да си виси во воздух и да се заташка зашто ти е страв што е точното.
     
    На felisitas, Milobebence, pikabu5 и 5 други им се допаѓа ова.