Истото и јас го помислив и си го реков. Освен тоа, ако заборавил некој кондоми во туѓо возило или таблети, бездруго би се засрамил и би побрзал да си ги земе што поскоро. Сопругов е недокажан и тоа е многу посомнително одошто фактот што купил кондоми па и таблети, зошто кажува не се негови и притоа не дообјаснува чии се, од кои причини се таму каде што се, ниту пак ги вратил на оној кому му припаѓаат, доколку навистина некому му испаднале или ги заборавил во нивниот автомобил. Инаку кондомите и таблетите сами по себе ама апсолутно ништо не значат. Еден период од најмала дразба и иритација закачував кандида, дури и кога немав врски, па и бев невина. Миризливи влошки, одредени секојдневни влошки, промена на исхрана, студ, се ми е тригер. Сега од одамна сведов на минимум јх, може е тоа, може друго, ама не ми се јавува често. Кондоми за време на бременост е препорака од многу гинеколози за секој случај. Тука е проблем што сопругов е неискажан и мистериозен. Што се однесува до неверство, скоро 10 години сум во брак и лично не би простила. Кога можам јас да бидам верна, ќе може и тој. Нема гаранции, но мрско ќе ми биде да бидам интимна со него по тоа. Друго, таа некоја друга во вакви околности секако не би била рандом девојка, но некоја која претходно би ја познавал, што значи имало тек и развој на настани пред актот. Е, сега замислете си, таа некоја да е колешка од работа, која би ја гледал секој ден понатаму, макар и не го повторила актот? Не е сеедно. Секако, ова е мое размислување.
Да и кажел на пример дека ќе купи кондоми бидејќи сака неа да ја заштити во бременост, океј. Ама тие имаат односи без кондом, а таа ги наоѓа во кола...нели е логично да знае и за кондомите и за таблети кога веќе е со него? Друго, кој носи со него кондоми и таблети па уште и ги остава во туѓа кола?
Не би коментирала како да постапи членката нејзино е. Се додека не се најдам и јас во таква ситуација незнам како би реагирала. Но премногу е чудно и самото место на предметите во кола а не во домот. Само разговор ама сериозен разговор, таков изговор од типот не се мои, на другар се, јас не би прифатила.
Знае и она јасно и е а и на сите нас ни е јасно дека типот ја изневерувааа Е сега она шо не сака да го прифате тоа ок, нејзино си е Но..... Ке мине некое време и ке почне црвот да работи Ако закасни 5 минути од работа ке мисле дека е со некоја,нема да и крене телефон коа ке ѕвоне ке мисле дека е со друга. Ден за ден тоа ке и створе револт, сумња, психички ке се оболе и ке дојде неминовното развод
@macamaca24 После десетгодишна врска мислам дека веќе би знаела и како диши партнерот, ти најдобро знаеш дали лаже или не, и покрај тоа што сте тазе земени и бремена си, не се залажувај, вистината е вистина, а ти најдобро можеш да ја препознаеш. Ние тука може само да го полниме форумов и да си претпоставуваме.
Фала ви на сите за мислењата, дистанцата ја правам за да размислам што и како да истражам и да набљудувам понатаму. Секако дека нема да оставам така да остане..
Здраво. Има ли шанси некој да ми пише , доколку имала искуство и знае како да се преболи неверството , т.с. Како да ја убедам жена ми дека истиот проблем повторно не би го правел. А е и бремена и е пред породување , се трудев премногу (ЗАЛУДНО) ... такада ако некој има искуство во ваква ситуација нека ми пише... Фала ви ..
Не заслужуваш да ти прости. Ако е паметна треба одма да се разведе од тебе. Како вака не се трудеше многу да си го држиш во гаќи? Да изневериш бремена жена е нешто најдолно, си го пробушил и дното. Жената носи твое дете, ти без трошка грижа и совест, свесно си ја изневерил и уште бараш совети како да ја залажеш дека нема повторно истото да и го направиш. А ти ниту ја сакаш, ниту ја почитуваш жена ти. Ваквите ко тебе не заслужуваат да бидат родители. Што си се женел, што си правел дете кога не си верен, кога сакаш да се швалерисуваш? Се надевам дека кога жена ти ќе ти ги удри клоците нема да најдеш и друга на која ќе и го уништиш животот. Ама се надевам дека ќе се најде некоја ко тебе што ќе ти набива рогови, па да видиш како е.
Едно прашање, кај ти беше совеста, имаш совест воопшто ? Сам се лажиш дека повеќе не би изневерувал изгледа.
Не побарав КРИТИКУВАЊЕ , ако не си способна да дадеш СОВЕТ , не ни треба да одговориш во оваа тема ... уште во самиот почеток разјаснив дека барам совет а не критикување , за моиве грешки не треба ти да ме поднаучиш што и како , знам и самиот дека не ми требало вакво нешто не треба и ти мене да ме критикуваш. Пиши ми. Можам да ти објаснам по-опширно...
Само времето може да покаже и докаже дека не би ја изневерил пак, никој никогаш никому не би поверувал дека тоа нема да се повтори, после неверство цел живот се живее со сомнеж, времето не се враќа назад, гума за бришење нема, лек нема, совет нема.
Многу дрско од твоја страна. На форум си дојден така да очекувај и критики. На темата, јас да сум на место на жена ти, нема да ти простам.
Точно. Нов сум , не значи дека мора да ме критикува на ваков начин , како и да е ја побарав мислење/советување ... Затоа и реков , ако неможеш да помогнеш не се нафрлувај на темава...
Чоек, не можеш да очекуваш тапшање по рамо. Види, што и да те советуваме, одлуката сепак ја носи твојата сопруга. И најдобриот совет да ти биде даден не го менува фактот дека грешката е направена. Она одлучува. Ако ти прости гледај да не го повториш тоа.
Можда не сум се разјаснил како што треба па затоа не ме свати .. Проблемот е како да и ја ублажам ранава , како да ја смирам и.т.н. и.т.н. , сепак и затоа барам некакво мислење од женски тип..
Си и го уништил најубавиот период на жена ти.Си и ја уништил самодовербата.За тоа колкав стрес си и приредил а со тоа и ризик за загуба на бебето несакам ни да помислам.Место да се спремаш со неа за тековниот период ти како задњи кретен си го пикал у друга.Зошто?И сеа идеш тука како плачипичка бараш совет.Засрами се.И светот да и го дадеш на дланка сега е џабе.Свиткај си опашката и остави ја остатокот од бременоста да ги помине колку толку мирно.
Немој да ме сфатиш пoгрешно, нели е малку иронично, ја изневеруваш твојата бремена сопруга, и прашуваш на женски форум што да направиш за да ти прости сопругата, мислам прашуваш на женски форум... Не мислам дека постои жена која ќе го оправда неверството па дури и жената со која си ја изневерил сопругата да ја прашаш искрено, нема да може да ти помогне, едноставно нема што да направиш, еве јас ќе се ставам во пример, мене утре мојата сопруга да ме изневери никогаш нема да и' простам, и не би можел повторно да делам кревет со неа, ова е мое мислење, сепак може грешам не знам...