Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се задржи бракот после неверство?

Дискусија во 'Брак' започната од maca1987, 2 март 2011.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Можеби детето било на “швалерот”…
     
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Помисливме и ние тоа ама дечкото рече дека долг период не се гледале туку го побарала кога била 2-3ти месец. Наводно сигурен е дека не е негово плус не барала ништо од него, чисто само ради секс се гледале. Болест.
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.707
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека секој избор е валиден и за некој прај смисла да остани во брак после неверство. Ама не сфаќам од поќе аспекти и ако има некој шо има простено неверство ме интересира:
    • Дали бракот е ист како претходно? Шо се сменало?
    • Према мене врска се заснова на доверба, дали работевте на враќање на та доверба и како?
    И неколку прашања за тие кои изневериле:
    • Дали го повторивте неверството?
    • Како работевте на врската со партнерот после неверството?
    • Дали докажување за доверба и можна зголемена контрола ви сметаше?
    Јас се делам од луѓе ако се осетам помалку сакано. Изневерување не е масивно црвено знаме. Линија после која нема назад ми е. Оти ако не можам да вервам, нема смисла да сме заедно за децата на пример. За децата поздрава средина е среќни и разделени родители, него несреќни, раскарани, кои се мразат.
    Инаку се сложувам. Жена побрзо би простила неверство од маж ради социјални норми. Зошто жената е учена дека мора да се мажи и да има деца и дека та е смислата на животот и дека без маж не можи да продолжи, додека мажите се учат дека можат сами и никој нив ништо не смеј да ги повреди.
     
    Последна измена: 26 јули 2021
    На Oneo, Celltica, Guns N` Roses и 7 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Тешко дека некој ќе ти одговори на прашањата.
    Не гледаш нови профили отвараат за вакви проблеми?
    Ептен е болна тема за разговор.

    Отстрана ако сакаш да ти кажуваме како изгледа.
    Ама сигурно и ти отстрана знаеш случај...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.707
    Пол:
    Женски
    Знам за од страна. И знам дека е тешка тема. И баш оти е тешка тема прво нека си одговорат пред себе прашањата. И ако некој можи, ептен, ептен ќе почитувам ако некој ми одговори. Од мене нема да добијат осуда, нема ни да реплицирам ако сакаат. Буквално сакам само да знам процес на размислување и носење одлуки.
     
    На Leat и WildMk им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    За првиов дел @Linda24 е потенцијален кандидат. Краток одговор има погоре. Ако одговори надолго и нашироко цел форум ќе ја нападне па сепак најдобро да не одговара.
    Нека направи некој лажен профил само за на прашањава да одговори, најпаметно така. :lol:
    За вториов дел @man97 е печен. Како што ти бараш нешто од нас еве и ние бараме од тебе нешто.

    Инаку имаше една членка што имале секс во бременоста ама сепак ја изневерувал, значи не е дека не можат без секс, има нешто повеќе кое само маж би можел да го објасни.
     
    На manako1, theowndemon и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    @man97
    Не можам совет да ти дадам пошто тоа ќе значи дека за неверство постои оправдание.
    Јас сум бремена и до крајот на бременоста поради тоа што ја носам ниско и плацентата ми е на преден зид несмеам да имам односи. Дали е тоа доволно добра причина да ме маж ми извара? Не дека не се плашам од ваквите како вас доморотци дека нема и он да потклекне колку и да ме уверува дека нема.
    Да се разбереме, не сум некоја што се вади на хормони и седи и плаче и се кара и урла и вика ама за воља на вистината после сите нервози постојат и такви денови кај што не знам што јас сакам а не што барам од него.
    Дали и тоа е доволно добра причина маж ми да ме извара?

    Седам и се мислам која е доволно добра причина и нема.
    Оправудање нема.

    Не знам каква е жена ти, што карактер е. Знам за себе. Никогаш ама апсолутно никогаш што и да прави како и да проба да се вади не би му простила неверство. Тоа дете не е само мое, тоа е и негово и ќе си остане негово до крајот на животот ама јас нема да му се вратам па секој ден пред врата да ми спие што се вика. Се работи за почит, и самопочит. И без двете сме ништо. А без маж сме многу.
     
    На Oneo, antigona light, Celltica и 15 други им се допаѓа ова.
  8. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Не гледа никој на гравче каков ќе стане човекот. Не се криви жените за нечии постапки. Ништо не може да се предвиди. Има случаеви најзаљубени на свет со години, па се дешава.

    Можеби најлогично кажано, за жал повеќето се таков склоп. И ги разбирам сите што се сингл, меѓу вакви шупелки многу е тешко да се најде некој со вредности.
     
    На DarkStormm, Осе, Arjanit2021 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    дека демек таа бремена со мажот не може да има секс (а пред тие 2-3 месеци можела) па барала некој друг за таа работа (facepalm)

    Никогаш јас не можам да го разберам маживе. Нив одење до работа од 8 саати и толку за нив денот е завршен преморени се леле мајко а за шетање по кафеани со другари и зјапање по жени никогаш не се уморни. А и жениве со кој памет дома Робинки додека тој Цацко си ужива оти бил преморен од 8 саати работа.

    Има и кај нас во фамилијава еден срам и јас и се чудам на жената најискрено не на мажот. Прво од свекрвата мачена па од свекорот па капак на се пред некоја година мажот донесе друга жена дома сакаше да се разведе.... А имаат две деца од кои едниот е возрасен 18годишен. По цели циркузи и бркање од куќи господинот реши да си остане во брак. Сега по година дена од тогаш мажот е во затвор. И викам жено јас да сум одамна ќе заминев. Па уште да одам по затвори и да прам церемонии.... Нека скапе Господ нека му ја даде казната.

    Од лично искуство со еден дечко уз муабети во друштво му се испушти - сакав да ја изневерам.- а јас присутна. Вие не знаете колку заболе. Па недај боже да ме изневерат и да простам. И на Бога цел живот ќе се молам да не добие божја прошка
     
    На DarkStormm, Осе и Leat им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.707
    Пол:
    Женски
    Не, ако неќат стварно неќам да прозивам и да "морат" да одговорат. Ако некој, некогаш, се најди мислењето еве го седи, цитирајте ме. Еве ако е утеха за некој да се охрабри да пиши, учам партнерска терапија и релации, морам се убо да сфатам оти утре, задутре ќе имам такви клиенти и неќам да имам bias. :D Ќе отворам и ЛП ако сакате пишете ми и така. Ако сакате да прашам нешто од после, кажете ми. Ако сакате ништо да не кажам, океј е. Нема ништо да кажам.
     
    На IRBBB, gjoker4e и WildMk им се допаѓа ова.
  11. kikica14

    kikica14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти одговорам на овој дел, во брак сум веќе 10 години. Првата година од бракот го изневерив сопругот со бившиот. Тој дозна, ми прости. Причина според него дека ме сака премногу. После тоа тешко беше пак да ја добијам неговата доверба, ми требаше доста време, оставив се на времето. Сега сме во среќен брак со три дечиња и најискрено никогаш повторно немам помислено да го изневерам пак.
     
    На elimkd, Arjanit2021, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Зошто го изневери?
     
  13. kikica14

    kikica14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Уште го сакав бившиот и маж ми тоа го знаеше, ама со сплет на околности се земавме. Повеќе препишувам и на луди млади години, тогаш мислев дека се што лета се јаде. После тоа сфатив што грешка направив, ама веќе беше касно. Имав голема среќа што ми прости и што продолживме напред. И да, го сакам сега сопругот повеќе од се на светот.
     
    На elimkd, WildMk, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе прашам неколку прашања ако сакаш одговори, ако не сакаш не мораш.
    Претпоставувам таа прва година се уште немавте детенце така? Ти си имаше поприлично слободно време кое наместо давајцата да си го посветувате повеќе еден на друг со сопругот ти идеализираше дека се уште го сакаш бившиот и го изневери и ти ли го исконтактира бившиот прва, т.е. свесно ли посака да изневериш или ете по сплет на околности се случи?
    И најмногу ме интересира откако сопругот ти прости и си вративте доверба дали веднаш забремени?

    Ме интересираат одговорите бидејќи поттикната од животите на славните личности гледам вака пребродуваат најчесто и јавно, светски обзанането неверство, пр. Бекамови итн. Бијонсе-Џеј Зи...
    Во блиска околина не знам детално ама претпоставувам за некои брачни парови дека вака по неверство залечија рани со добивање на дечиња да прикажат во околината дека ништо не им може едно обично неверство, а како им е внатре во бракот тие најдобро си знаат. Еве кај тебе е убава приказната и јас спомнав и знам за ваква иако мажот беше тој што изневеруваше и во мои очи има нималку почит. (особено што сопругата беше бремена кога ја изневеруваше)
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    @man97 а што ако еве се смирите, ти станеш импотентен од икс причини а она е во цутот на сексуалноста, и ти дојде вака ти каже : Имав секс со друг зашто тебе не можев? Ќе и простиш??
    Јака и душа на таа жена.
    Искрено се надевам дека не си пренел нешто. Болесници бе, трудна жена да вараш.. Јаки мажи. Мрш.
     
    На Oneo, Luna91, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Абе пи*ки!!
    И тоа со мали букви. Кај зеле жена, па кај и трудна па и со друга ќе оди мочкото.

    Здрав, разумен, искусен маж, со нормални принципи, норми и морални вредности не би ја изневерил својата сопруга, па камоли и бремена.

    Подолу од нула се вакви мочковци, па уште прашува на форум како кутрата жена да го преболела неверството???
    Секакви болесници постојат!
     
    На Oneo, marchi-cool, Luna91 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    Мене да ми е нема да ме види веќе. Детето нема да му бранам, јебига негово е, и не би се борела преку дете, ама мене очи нема да ми види. Стока непрокопсана, го брцал кај ќе стигне па сега ќе ми плаче тука како да ја вратам!!! @man97 Што не мислеше пред да го ставиш во друга дека имаш трудна жена дома? Биди маж сега, сноси последици. Ама ти не ни знаеш да бидеш маж, зашто прав маж не вара жена, па и тоа бремена.
     
    Последна измена: 27 јули 2021
    На venus♡, Sofi.ja, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.622
    Пол:
    Женски
    Искрено ме радува што гледам како на нож го дочекавте сето ова. Се надевам дека ќе сте родители со поинаков ментален склоп од овие што се постара генерација, каде бракот мора да се зачува по секоја цена и дека не вреди ради неверен маж 'да си го растуриш бракот'.

    Аман учете ги ќерките нека не ги трпат вакви, потчинети, послушни и да голтаат кнедли.

    На човек кој не бил покрај сопругата кога најмногу и требал нема што да му се простува.
     
    На Oneo, Hellobeautiful, marchi-cool и 24 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    Да бев од тие досега ќе бев мажена со еден кретен.. А бе не вреди животот да си го уништиш за 50 грама месо.
     
    На venus♡, cresa-jagoda, winnie02 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Ама пак вака, кажа дечкото и ја дувна, кажа и девојчето, не се дообјасни. Терајте до крај со муабетиве не не' оставајте на средина. Одговорете ни на прашањата, не интересира, да ги дискутираме до крај ствариве.. :lol:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.