И детето не заслужува да го види. Ја изневерил додека била бремена. Не е обично неверство во друг период од животот. А ако има односи и со жена си без кондом, тогаш може да и пренесе некоја инфекција, а тоа да биде кобно за нероденото бебе. Така да, штом ако тој не мислел на последиците, не му било гајле ни за здравјето ни за чувствата на жена си, нема ни да го види детето. Макар тоа личело ко борба преку детето. Подобро да не фигурира како татко, отколку да има таков татко.
Се надевам дека сѐ помалку луѓе има што вака размислуваат, особено за болдираното. Не мешајте деца во брачните релации, решавајте ги самостојно без децата да сетат нешто. И да, детето заслужува да има двајца родители, ако некој нешто не заслужува тоа сигурно не е детето.
Сигурно детето не заслужува во близина да има никаквец каков што е тој. Доста се водите по површински фрази како оваа, детето заслужува двајца родители итн. Да заслужува, ама родители во вистинска смисла на зборот, не колку да се брои.
Каква врска има тоа, можеби ќе биде одличен и посветен татко. Утре да се разведам со сопругот, никогаш нема да забранам со децата да се гледаат. Прекрасен родител е. Ако му се деси да ме превари мене, апсолутно не значи дека е лош татко. Не е фразата површна, напротив многу валидна. Доволно лошо влијае по психа на деца, играње со емоции, за преку нив да му се наштети на едниот или на другиот родител. Родителско право се одзема по друг основ, не превара.
Ама,и тоа што едниот родител го изневерил другиот родител може лошо да влијае врз детето и таквиот родител е лош пример за него.Маж што вара бремена жена не мисли ни на детето. Ради ова некои сметаат дека не треба да го гледа детето.
Проблемите и кавгите меѓу родителите не се и на детето, и ако му мислат добро на тоа дете, ќе си ги стават на страна и само меѓу нив. Ако мислите дека го казнувате таткото за неверството преку детето, можеби ќе страда таткото, ама најмногу ќе страда детето. Каков таков, родител е и за детето ќе биде еден и единствен татко, и секоја емотивна блискост и подршка може да значи многу за развојот на детето. Кавгите, суетите пренесени од родителите на децата за нешто што треба да е само меѓу нив освен штета на психата ништо добро не носат. Замисли му кажуваш на дете дека не може да си го види таткото затоа што те изневерил тебе, ќе си мисли дека татко му намерно и него го отфрлил затоа што не го сака, па ќе има проблем со самодовербата цел живот. Тежок и горчлив знае да биде животот за некои, не значи дека треба и децата да си ги огорчите.
@nextredstyle За да не биде лош пример, да нема кавги пред децата, ако не може да се надмине проблемот (барем јас не би можела преку неверство) и за да нема токсична средина за децата, а која би влијаела и на мајката како нивни пример, постои развод. Релацијата родител - дете може да продолжи. Проблемите на возрасните се само тоа, проблеми на возрасните, не на децата. Јас се согласувам целосно дека таткото, најмалку што може да направи за децата, е да ја почитува нивната мајка. Тоа превара секако не е. Ама, вакви меѓубрачни односи, решавања проблеми, се држат на страна од децата, во нивна корист. На децата треба да им се стави до знаење, дека љубовта на родителите спрема нив, е непроменлива и покрај разводот. Не смее да им се делува по психа, доволен е самиот развод. А уште помалку пак е во ред, да се искористуваат децата за свои цели. Родителско право се одзема на пример за правата дефиниција за neglect, психичко и/или физичко насилство... А за тоа, врз основа на докази има кој да одлучува. Не е по желба и не треба да биде.
Одличен, посветен татко кој си го сака своето дете не ја изневерува својата бремена жена. Ако и пренесе некоја инфекција која може да биде кобна по животот на нероденото бебе, не гледам тука некој одличен, грижлив татко. Туку еден себичен кој гледа само за своите желби и потреби не мислејќи какви можат да бидат последиците. Еве не мора инфекција да и пренесе, ама кога жената ќе дознае за неверството, тоа е голем шок и стрес. Па не дај Боже може да го изгуби бебето. Вие гледате ли тука некој грижлив татко? Јас не гледам. Не се работи за обично неверство. Туку за неверство на бремена жена. Наместо да и биде најголема поддршка во текот на тие 9 месеци него му е побитно да се швалерисува. Ко да ќе умре без секс, ако сопругата не смее да има секс во текот на бременоста. А да не зборам што некои си имаат паралелно секс и со бремената сопруга и со швалерка. Па на што личи тоа? Исто така ако некој е веќе во брак, родени се веќе децата и ја изневерува својата жена и за него ќе кажам дека не е добар татко. Затоа што со неверството свесно ризикува да им го уништи животот на своите деца. Свесно ризикува да се распадне тоа семејство, жена му да се разведе од него кога ќе дознае. Не е повредена само жената со тоа неверство, туку и децата. Им го расипуваш редот и мирот на тие деца, само затоа што не си можел да живееш моногамен живот, а си се одлучил да се жениш и семејство да создаваш. Истото важи и за жената. Затоа секој пред да влезе во брак треба да се преиспита каков живот сака да живее. Ако не може да биде посветен родител и сопружник воопшто нека не се жени/мажи.
Ако целосно го одделиш детето од родителот, ќе му направиш attachment disorders, шо ќе ги носи цел живот.
Какви вредности може да му пренесе особа што ја варал жена му додека чекал да се роди? Да го подучи да биде женкар? Него уште тогаш не му било грижа, а не па кога ќе се роди...
Нема врска. Познавам луѓе што се израснати од еден родител и се многу подобри и понормални личности од луѓе израснати во типично семејство.
Ама тоа е однос кон сопругата, не кон детето. Има една изрека: Жените стануваат мајки кога ќе зачнат. Мажите стануваат татковци, кога ќе се роди бебето. И најчесто е така. Ти го носиш во себе плодот и ти се врзуваш со него инстантно. Мажот не може да ги разбере тие чувства затоа што му се страни. Кога бев во 12 недела прокрварев. Се' испадна во ред, ама јас се преплашив. Маж ми ми рече: Абе и да се случи нешто, можеме да имаме друго. Ќе го заколев! Му реков: Ова го сакам! Не сакам друго! Да израснат со еден родител не е страшно, да бидат целосно одделени, без контакт со еден од родителите може да направи огромни проблеми во психичкиот и емотивниот развој на детето. И не се очигледни, ко шо си мислиш.
Но, еве веќе се случило, треба уште повеќе да се повредуваат децата? За пренесување на инфекции, да се согласувам дека е страшно, што не значи дека не се пазело, ние може да си претпоставуваме тука и да правиме најлоши сценарија. Сепак, сведоци сме на неверства секој ден и не живееме во идеален свет. Некои луѓе едноставно не се родени моногамни или не можат да живеат во семејна заедница/ тешко се справуваат со таков живот, што не значи дека се лоши родители, апсолутно. Кога доаѓа до развод на брачните партнери од било која причина, разводот не треба да биде и со децата. Има безброј студии околу ова, не е дали нас нѝ се допаѓа и што мислиме околу тоа, туку што е докажано најдобар интерес за децата во вакви случаи.
Без разлика на ова. И јас да би имала дете, не би сакала да има контакт со некаква неморална личност, сепак децата учат најмногу од родителите. Една од тие личности е токму таков случај, и баш поради слична причина како оваа што се дискутира (таткото подоцна и се оженил повторно). Свесна е за се' што се случува и ниту сака да има контакт со него, ниту го сака како личност (да не речам дури го мрази). Од друга страна и мајка и' исто така се премажила, и пресреќна е со тоа семејство. Нормално си живее, пресреќна е, успешна е, никој не би помислил дека семејството и' се распаднало. Јас бев изненадена кога дознав, бидејќи таквите личности претежно ги замислував како ти што ги опиша.
Ако е доволно возрасно детето да може да одбери што сака, а што не, друго е. Ама да ја одделам од татко и' оти мене ме повредил, нема шанси.
И ти мислиш дека нема последици живеењето со омраза кон родител? Можеби стварно заслужил да го мрази, но не може да ги споредуваш сите со тој еден случај што ти го знаеш. И може нормално ти стои од страна, само тој што е одделен од родител знае вистински како му е.
Е заради ова сум во отворен брак. Донесов одлука уште кога се запознавме да му кажам какви ми се преференциите, за да може да донесе информирана одлука, дали сака да биде во таква врска, или не. Им фали искреност на партнерите. И тоа многу! За глупости се лажат. Јас сум ваква стока - ти си таква стока. Можеме заедно да живееме, или не?
Се согласувам и јас не сум за децата да се мешаат во личните односи на родителите. Ама настрана од тоа, секој треба да си процени дали е за брак или не пред да влезе во истиот. Не може не сум роден моногамен да е оправдување за неверство. Ако веќе сакаш да не си моногамен, разведи се, ако на другата страна не и одговара немоногамен живот. Не мора да го комплицираш животот некому и да му приредуваш драми и стресови. Немам и никогаш нема да имам разбирање зошто неверството скоро никогаш и не е случајно или еднаш. Не дека нема случаи, ама обично кога е неверство во прашање, има подолг процес кој претходел на тоа. Така да непресметливост, пијан/а бев, само еднаш беше, не сум роден моногамен и слично се само изговори, барем за мене лично.
Искреност им фали. Уште пред брак, да си кажи секој што и како очекува од бракот. Може и ќе се погодат двајца кои не се моногамни по природа.