Значи глеј, двата случаи се сведуваат на шта би било кад би било, т.е. се хипотетички. Мојот е со претпоставка дека може да му попречи на детето гледање со таква особа, твојот е дека не може. Никогаш не можеме да се докажеме кој би бил правилен а кој не со оглед на тоа дека секогаш станува збор за детали и на секој се случуваат различни работи. Факт е дека може да дојде во ситуацијата кога и мојот и твојот случај би испаднале спротивно од хипотезата. Тогаш би се случило следново: 1. Во мојот случај, се случува подобро од очекуваното и детето може да расте правилно со изневерувачот и покрај тоа што јас сум сметала дека тоа не е возможно. 2. Во твојот случај, го доверуваш детето на некој несериозен човек што не може да исконтролира сексуален нагон, а не па дете. Детето се испушта од контрола и започнува несоодветно да се оденсува. Понатаму може да настанат уште многу проблеми кајо последица. Која е поголема штета и ризик според тебе? Според мене второто. Со мојот случај точно, може ќе ускрати среќата и можност да има 2 родитела, ама сум барем 100% сигурна дека еден ден тоа дете нема да снајдат неволји само поради незрело и неодговорно однесување на другиот родител. Секогаш се стремам да одам на посигурната варијанта, и затоа моите размислувања водат кон овој правец. На крајот на краиштата, ако толку му е грижа нека се погрижи да добие судско право, па лесно може да го изгуби ако не се грижи доволно.
1. Можеме да те оставиме на слобода затоа што можеби би била добра мајка и се да заврши добро. 2. Можеме да те пикнеме во затвор за да се осигураме дека нема да извршуваш криминал. Според постовите имам простор за сомнеж за твоето расудување, па најдобро да бидеме сигурни. Тоа е твојата логика искористена против тебе. Не треба да се бори за такво право, затоа што детето не е предмет или имот во твоја сопственост. Ти ќе треба да се бориш за забраната. Spoiler alert: Нема да успееш.
Тоа сакам да кажам од самиот почеток, дека чинот изневерување на сопружникот (или било кој проблем меѓу сопружниците) не е репер дека човекот е и лош родител. Нивниот меѓусебен однос не е тесно поврзан со односот родител-дете и тоа не треба да влијае на детето. За болдираното, прашањето е што е оправдана причина? Според мене, контактот на детето со родителот не смее да се ограничи исклучиво поради оваа причина од ниту една служба, а најмалку од другиот родител.
Случај 3. Детето да се посомнева дека ти му браниш да си го гледа таткото, да каже пред суд дека сака со таткото да живее, па да дојде ред ти да ги молиш и двајцата за да се гледате. Хипотетички случаи настрана, никој суд нема да одземе старателство поради не докажана теорија, при доделување решение пишува точно кој колку го гледа. Ако ти не постапуваш согласно решението, социјално и мвр ќе постапуваат. Ако толку тврдиш дека те интересира добробитта на децата, побарај студии има илјадници околу врските со родителите, пред и после разводот и нивното влијание. Вака само тресеш од инат.
Нема што да се дискутира. Детето не смее да се отргне од родителот. Партнерски однос е едно,родителски друго. Се друго се незрели муабети.
Не ми спомнувај после его и себичност кога ти во моментов ми пишуваш што ќе се случи на родителот. Мислев дека разговаравме како ќе влијае на детето? Се изборил доволно за правото кога му го ризикувал животот... Не би сакала да ја продолжам дискусијава бидејќи начинот на кој ми возвраќаш ми делува како воопшто да не разбираш што сакам да поентирам и се сомневам дека ми ги читаш мислењата. Плус, во главно возвраќаш за небитни детали наместо за главната тема да дадеш нормален контрааргумент. Но, не можеш да бидеш сигурна дека секогаш ќе биде како што било во твојот случај. Не знам конкретно што се одвивало, но верувај ми дека си имала многу среќа (во однос на родителот кој изневерил) бидејќи и покрај тоа се погодил да биде ок човек, затоа што тоа ретко се случува. Несреќа е тоа што од друга страна, другиот те злоупотребувал за да си ги нахрани егото. Но ниту еднаш не реков дека би го направила тоа заради личен мој интерес. Сметам дека би било најмногу во интерес на детето. Под оправдани причини сметам дека е доволно да имам до знаење дека другиот родител е нестабилна, злобна, неодговорна, насилна личност. Нешто негативно што би штетело на детето. Како може некој да се грижи за дете ако не може за себе да се погрижи? Сакала или не сакала јас никоја институција не би дозволува некое дете да има контакт со таков родител. Не е во ред што во секој случај го замислувате изневерувачот како најдобриот родител во цел свет. Да бил добар родител ќе му ја мислел на време кога го пикал кај шо не треба, со што можел да го однесе детето у оној свет ради некаква инфекција или стрес на жената. Неговата непромисленост и ризик да умре бебето е добро родителство, а тоа што мајката сака да го заштити детето од таква личност е криминално дело? И за крај ќе речам само едно: Подобро без родители, отколку со неспособни родители. Толку од мене.
Забрана на детето да се гледа со едниот родител затоа што го изневерил партнерот? Ахам. Цело судство ќе застане на твоја страна оти чувствата тебе ти се повредени, без разлика што закон не е прекршен. Се надевам стварно нема некој таков затуцан закон
Да се биде искрен пред себе и пред парнерот нема врска со отворен брак и не ги мешајте тие термини. Ако се партнерите искрени меѓу себе а пред се, пред себе и ако знаат што сакаат во животот многу работи би биле поедноставни. Некој едноставно не е за брак, ама побогу 30 години има, има врска подолга од година дена, што чека.. Треба свадба да се има, да се продлжи лозата, да се направат трошоци за пред народ. Ајде ќе стават потпис. После 6 месеци се земени, што чекате ајде дете.. А едниот или и двајцата се осеќаат под притисок во тој брак. Да не се потпишале може немало да има притисок да ги гуши па да имаат излети. Ама како таа/тој да признае дека не е за брак. Дека не сака да биде патријахално врзан за некого. Живееме во Македонија. Тоа е.
Тоа е зошто дозволуваат да им се мешаат во приватност. Да не е дозволи мешање нема да имаат притисок. Напнуваш за брак и дете, прекинувам контакт и готово. Кога се стапува во брак проблемите се решаваат внатре ако не можат да се решат постојат стручни лица, а не да се мешаат 10 лози од тетки стринки итн.
Не зборувам за проблеми во брак, туку притисоци пред брак! Од страна на околина, воспитување, па ајде мајка ти да те види невеста, па ајде да си дочекаат старите внучиња. А децата било машко или женксо ете не се за брак!
Така е Нена. Кога ме побара дечко ми за жена, автоматски се мислеше дека свадба ќе правиме. Прифатив, иако сакав по мој вкус свадба, со малку луѓе и на отворено, на трева да биде. За музиката да не коментирам колку се напнував. Закажавме и ресторан, но со реновирањето се оддолжи и се наближуваше датумот и пресековме ние двајца - го откажавме датумот. Свекорите малку пожалија што нема прописна свадба да се прави, јас осетив олеснување . Правевме венчавка регистрација и ручек со 12тина души. Свекорот за да надохнади еднаш рече - ајде за детето ќе правиме поголема веселба, мислејќи со тапани и ора. Јас му викам прв роденден ќе му биде, а не свадба, не може така. Па ради коронава пак беше со малку луѓе и без ора и тапани. Сакам да кажам дека треба меѓу младите да има договор, а не свекори да ми одлучуваат како да изгледа и како да организирам моја веселба. И нивни желби да задоволуваме, а мажот ќутук.
јас не мислам така. Ако јас "заборавам" дека сум мажена и заминам со друг на некој начин ги заборавам и децата со тоа и тие се изневерени. Ако не го почитувам мажот со одење кај друг не ги почитувам ни децата.
И како тоа значи дека треба да продолжиш да ги изневеруваш децата со тоа што ќе немаш контак со нив? Како тоа ќе им влијае? На веќе изневерена доверба, на детето да му се направи дополнителна, а со тоа и ризик фактори од неколку аспекти, на пример социјални и емотивни. Затоа треба да им се стави до знаење, дека љубовта кон нив продолжува и нема никогаш да престане. Продолжување на односите на детето со двајцата родители, е она што го спречува ризикот од нарушување на развојот на детето. Многу е стресно за детето кога се зборува негативно за еден од родителите, кога се употребува детето за манипулативни игри и редови слични наративи, а најчесто за сопствени цели. Во најдобар интерес за детето е да не биде вовлечено во дополнителни конфликти кои следат за време на или по разводот. Толку е!
Тешко врска/брак после неверство. Моногамија е old fashioned и тешко изводлива одамна. Не сме родени со еден партнер да умреме, и секој ден сѐ повеќе се докажува таа теорија во пракса како точна.
Повеќе би рекла дека не е реална, само е наметната како општествено уредување. Никогаш луѓето не биле 100% моногамни. Историјата тоа ни го кажува.
Во брак сум 17 години последните 3 години јас сум на работа во ЕУ таа во мкд се гледавме ретко јас се вракав 3 пати во мк таа довагаше 2 пати далечината уште повеке ја засили нашата љубов.Затварањето на границите не остави подолг период да не се видеме 8 месеци. Сега сме конечно заедно . Малку по малку во разговори од околу на таа тема сватив дека била со друг .Бев упорен и ми призна дека се случило за време на короната неможела да издржи имала женски тегоби . Сега не сака да разговара наа таа тема префрлувајки ја кривицата кај мене дека и јас сум бил тука со други ГАРАНТИРАМ ДЕКА НЕ СУМ. Она ми е се никогаш не сум ја изневерил или малтретирал . Добро ја познавам и покрај тоа што со денови со солзи заспивам со солзи се будам верувам дека била принудена не се налутив веднаш и простив . Сакам само да ми признае се како да разговара со најдобра другарка (или како во исповеданица во црква )со тоа да ме убеде дека нема да се повтори и да започнеме повторно да ја изградиме довербата.
Ако било само поради тегобите, како случајно нашла доброволец за да и' ги олесни? Преиспитај ја ситуацијата, не дозволувај да те манипулира.