Извини, ама те манипулира. Добро знаела што правела. Како тоа ја префрла кривицата на тебе, а нејзина е грешката? Па имала "женски тегоби". Има начини и без друг маж како да се задоволи. Јас не би простила вакво нешто. Сметајќи колку лесно си ѝ простил, многу е веројатно во иднина да се повторува.
Здраво. Се надевам дека ќе ти помогнам со совет. Си решил да и простиш за самиот акт на неверство, но како што и самиот забележуваш не е доволно да само да се продолжи понатаму како ништо да не било. Мора да разговараш со неа што било причината за да се направи неверството и да се работи на таа причина и да се разреши. Вие сте имале една реална причина - подолго време сте биле физички одвоени. До некаде тоа е нешто што придонело да се случи, ама очигледно дека не е само тоа причината. Еве и ти си бил во иста позиција како неа, исто толку време без неа, па не си ја преварил во тој период, како што самиот тврдиш. Тука ќе изнесам и свој личен став, не мора да се сложат сите со мене, потреба за секс мене не ми е доволна причина за неверство. Зар не постои самоконтрола на импулси или луѓево денес како ќе им дојде така прават? Многу ми е тоа примитивно. И секако не е оправдание јаката незадоволена желба ако се повторувало неверството. Ајде ќе разберам, има секакви околности, моменти на слабост, може еднаш секому да се случи. Човечки е и да се згреши. Но ако се повторува или ако се работи за паралелна врска, тука веќе многу свесно се прави тоа и веќе не е момент на слабост. Луѓе имаат секакви проблеми, од вакви како вашите со работа во странство, до здраствени проблеми заради кои апстинираат, па се воздржуваат од прељуба и одолеваат. Никој не бил во врска или брак цел живот. Секој имал периоди од животот кога не бил сексуално активен, па не се поболел и не умрел. Како тоа била принудена? Какви се тие женски проблеми што така се решаваат? Дошол нож под грло, демек? Изговори се ова.. Разговарајте за вистинската причина зад неверството, а не за деталите од чинот. Деталите ќе ви останат вечно во сеќавање, секако ќе бидат грдо и тегобно сеќавање, ќе се навараќате на нив и потешко ќе преболите ако сте решиле да преболите. А нема да го решат вистинскиот проблем заради кој дошло воопшто до неверство. Дур не ја адресирате вистинската причина за неверството и не работите на нејзино решавање, постои можност утре пак да се повтори. Довербата може да се обнови со тек на времето, ама не без ваша посветеност на решавање на проблемите во врската и изразена воља од двете страни.
Мене не ми е јасно зошто секогаш се алудира на тоа сека има или дека мора да постои "причина"?? Разберете дека има мажи, а и се повеќе жени, кои и да се сексуално задоволени од своите партнери се сексаат со други! Тука нема причина, туку желба за секс со друг партнер! Во врска со случајот, јас гарантирам дека прељубата не била еднаш и дека нема да застане тука и сега! Се друго е продавање слама!
Се согласувам со советите, меѓутоа јас не верувам дека доверба се стекнува повторно кога еднаш ќе се изгуби. Лично, секогаш би гледала на работите со доза сомневање. Впрочем, мислам дека затоа и имаш пишано на темава, инаку би ѝ простил и би продолжиле како да ништо не било. Постојат и такви случаи, не дека не. Ама тебе ти тежи, сакаш да ти вети, да те убеди дека нема да се повтори. Дури и да го добиеш тоа, мислам дека никогаш повторно нема да бидеш 100% сигурен дека ти е верна. Исто се согласувам дека многу е неверојатно ова да било само кратка афера. Зошто воопшто сама не ти признала, ако веќе носи грижа на совест (да речеме), туку ти самиот си сфатил дека била со друг како резултат на тоа што ја познаваш добро? И она што го "обожавам" во ситуацијава - префрлање вина. Класична одбрана со напад. Ја прави ситуацијата уште понепријатна.
@Xyz ABC батали ја, утре пак ќе си идеш, пак ќе има потреба? Кој варал еднаш пак ќе вара. Или купи и вибратор ако толку не може да се воздржи
Искрено да ти кажам, јас веднаш би се развел зошто? Затоа што не сакам таа да прави будала од мене, јас сум одлучил животот да го поминам заедно со неа, да и' бидам верен и лојален и никогаш не би ми паднало на памет да ја изневерам, а таа мене да ме изневери, зошто? Затоа што имала потреби, што би значело тоа за мене (во конкретниот случај за тебе?). Па ако така гледаме на работите и ти додека си работел во странство си имал потреби (тегоби како сакаш кажи го) НО, не си ја изневерил си останал верен и лојален на вашата љубов. Инаку ова истово важи и обратно и за мажите, некој ќе ја изневери сопругата па после ќе се правда пијан бил, изманипулиран бил итн., глупости, изневерувањето е свесна работа, ако ве изневерат партнерите тоа го направиле затоа што кај нив веќе не е толку силна љубовта која што ве споила, и сум убеден дека пак ќе ве изневерат во иднина, а простување заради љубов? Не дозволувајте да си играат со вас, не бидете наивни, тој/таа што искрено ве сака нема да ве изневери исто што впрочем вие не сте го направиле не сте ги изневериле вашите партнери, а секој може да изневерува ако сака
Она доби документи и е кај мене не би требало да бидеме повторно разделени.Најмило ми е што повторно ја чуствувам нејзината љубов треперењето кога ќе ја допрам се е како порано. Нејзините збориви се" било поминало сега сме заедно и ке бидеме заедно засекогаш" проблем ми е што ја крие особата со која била како да сака да ја заштити ,тоа ми дава чуство како да сака повторно да се случи.
Ај шо те изневерила пак уште се прави паметна и не ти кажува со кого те изневерила. Те врти околу малиот прст, а ти за жал ѝ веруваш. Ако толку тврди дека те сака никогаш немаше да те изневери, а ако била добра особа и ако барем малку си ѝ значел самата ќе ти кажела што направила од грижа на совест. Ама не, нејзе ѝ одговара еден дома пари да носи, другиот сексуално да ја задоволува. Си ја наредила работата убаво таа. Извини вака ама жена ти е манипулатор, не се понижувај ради неа, остави ја.
Абе било поминало, не е ова купив маица мала ми е па ај било поминало, брак е институција бе, 17 години брак, и ај било поминало.Не знам, ја не би прешла преку ова, плус моментот шо не кажува кој е швалерот, шо ако ти е другар некој или некој близок.Ја мислам дека треба да ја остаиш.
Mене како жена ме интересира какви се тие тегоби? Како тоа принудена била? Принудена може да биде само ако била силувана, недајбоже. Ти пријателе си простил ама не сакаш да заборавиш, ако си простил заборави и тоа е тоа, не барај рачки кај што си решил дека ќе ги нема. Или па си крајно наивен, јер мене како жена ова не ми проаѓа а камоли на маж ми.
Јас мислам дека кога веќе си и простил и сакаш да бидеш со неа (бидејќи сега откако сте заедно велиш се е совршено како порано) за мене е тотално ирелевантно со кој те изневерила. Еве ок и да знаеш кој е, што ќе ти смени во моментов? @Xyz ABC
Неизвесноста или љубопитноста убива недивербата и страво дека је се повтори расте. По целосно признание и искреност добррбата може да порасне
Да сега сме заедно. Како би продолжиле понатаму незнам сеуште имам голем пожар во градите сакам да си дадам сам на себе време да размислам добро прво да пробам да се смирам да не донесам избезана одлука.