Затоа слушај ме и батали ја.И да е тешко, ја не би и` верувала не знам, да не искочи дека те терам на развод ама боље варијанта е, чим после 17 години и` текнало тоа, кој ти гарантира бе дека нема да го повтори?Ја не им верувам на луѓето што изневеруваат.А башка да не биде ,,cheat me once shame on you, cheat me twice shame on me" Земи размисли, сепак ти си ја знаеш најдобро, ама ја така ќе стравувам пак да не го напраи истото, црвот си го праи своето
Не знам, генерално не размислувам за неверство во бракот, размислувам за оставање ако имам големи проблеми. И се надевам дека истото го мисли партнерот. Неверството не би ми пречело доколку е договор, јас сум во странство, ти работи си таму, ја ќе си работам тука, после продолжуваме како да не било ништо (знам вакви примери). Се друго ми паѓа во вода. Не знам дали би продолжила, ако се деси еднаш зад грб, ќе се деси пак. Еднаш мајмун, засекогаш мајмун.
Размисли си. Ама без доверба и со постојани сомнежи, нема да има смисла бракот. А кога веќе си и' простил, фер би било да се отворат картите и се' да ти признае.
Има шанси и да и' простиш и да заборавиш и да ја вратиш довербата. Ама за тоа треба соработка од двете страни. Мора да ти одговара на прашањата. Сигурна сум дека милиони ги имаш. Таа сака само да и' прогледаш низ прсти, ко ништо да не било. Седни ја и кажи и' како се чувствуваш, за што размислуваш и што очекуваш. Ќе видиш како ќе одговори на барањата и ќе знаеш дали вреди да се бориш (ако и таа се бори), или не. Ти посакувам многу среќа
Тоа и се обидувам но секогаш погрешно ме сфака почнува да плаче како да ја малтретирам со тоа . Незнам како и во кој момент да започнам со разговор секогаш е исто.
Почни и ти да плачиш. Тебе не ти е тешко? Сака да избегне разговор, затоа плачи. Кажи и' дека нема да сменат ништо нејзините солзи. Само со разговор се решаваат проблеми. Смирен и отворен. Никако поинаку.
Ќе пробувам да разговараме . Моментално вртам кругови на голем кружен тек со многу излази. Ако ја пратеш темата ќе забележеш дека сите ме насочуваат кон излазот на кој пишува развод но тој пат е еднонасочен и нема назад. Животот е една комлексна ситуација во кој се случуваат многу добри работи,но и падови.
Единствено може да се поправи вашиот однос,или целосно да се уништи.Јас имам идеја,прави се дека знаеш кој е тој ,речи и како само можеше со него ,направи позагрижена фаца и сама ќе ,,пропее,.Не и попуштај лесно,стави и до знаење дека може да те изгуби.Нема оправдание, неверство е неверство.И јас имам врска на далечина ,и мислам дека таа нема оправдување
Те молам не го дефинирај нејзиното неверство како "пад", "тегоба", *додадипожелба*. Неверство е неверство, зошто ублажување и sugar coating? Тоа е неприфатлива работа за повеќето. Убаво си кажа самиот, олади си глава и размисли како ќе продолжиш понатаму. Ете прочита наши мислења, биди малку насамо од сите и донеси одлука. Едно нешто многу ме интересира. Како повторно ја гледаш со истите очи и после се? Како можете да спиете заедно и да велите дека се е ок, исто како порано? Не сакам да наметнувам мислење и да сугерирам било што, ама зарем општествово падна толку ниско да толерира вакви работи? Запрепастена сум, проштевај. Уште побитно што ме интересира - да беше обратно, каква ќе беше нејзината реакција?
@Xyz ABC Другарче којзнае со какви очи те гледа сега таа тебе. Може кога сака да те излаже, да ти ја каже вистината и како ништо да не било. Оставаш впечаток дека си мек и затрескан до небо а таа лукава ќе го искористи тоа. Ако веќе толку сакаш да продолжиш со неа, мој совет е да се поставиш построго и да и дадеш до знаење дека ќе биде крај наредната грешка.
@Xyz ABC Прави како што ти мислиш дека треба. Остави ги мислењата мајмун си, те лажела, нема да ја оставиш... Никој од нас не ти е во кожа. Лесно е да рипаме сите од страна, ама човек на своја глава кога осети е друго. Најлесно е разведи се. И да се разведеш можеби уште потешко ќе ти биде ако не си расчистиш во душата мирот. Најпрво пронајди си мир во себе. Седни ја и разговарај таа плаче, плачи и ти. Тебе па лесно да не ти е. Таа е кукавицата не ти. 17 години не се малку. Ни 7 не се. Што мислите дека во бракот се е брда и долини? Секогаш пеперутки во стомак? Жалам ама реалноста е многу поинаква. Да лагата е најлоша и за мене ама не можеш на некој да кажеш туку така разведи се. Сите вие си куцкате и си велите абе ајде овој будала, го лаже па и уште се мисли. Додека не расчисти тој со себе најпрво дали и простува, дали и верува, дали ќе му помогне кога ќе разбере која е личноста.. Може после развод да се чувствува во уште поголема дупка. Јас да бев на твое место ќе барав време да си размислам без неа. Да видам како ќе функционирам. Како понатаму. Ама тоа сум јас. Никој од нас не знаеме како ти е тебе. Колку години сте, имате деца? За некои одлуки без деца полесно се донесува одлуки ама сепак твое е како ќе одлучиш.
Кој еднаш ќе изневери, секогаш ќе го прави тоа.убаво ти рекоа членовите. Не биди рогоносец. А ако ја изневереше ти, дали таа ќе ти простеше?
Аууу Маж ако изневери, жената е 'за греота'; а жена ако изневери, мажот е 'рогоносец' Кај така златна?