Pa se soocija dvajcata mojot soprug se derese na nejze demek nemat da uspejt da ne razdelit i da ne izmisluvat deka bile zaedno deka ne postojt seks osven pisejnci i slusanje
Епа тогаш твојот сопруг бил жртва. Оваа со сила го натерала да пишува со нејзе и да имаат секс за да му го растури бракот. Не, иронична сум. Очигледно ти правеле сцени само. И на лице место да ги фатиш, слепа ќе те направат, нема да ти признаат. Манипулатор.
До двете девојки: Не барајте мислење овде. Тука само ќе слушнете како мажот е идиот, што уште чекате и сл. А и не можеме ние да кажуваме што да правите. За ова се седнува прво сама со себе. Ќе размислите што навистина би правеле, ќе ги разгледате сите опции, ама баш сите. Одлука на крај мора да донесете. Откако ќе бидете сигурни 100% во својата одлука ќе седнете со мажот и ќе барате објаснување доколку планирате да останете заедно. Ама без да дадете повод за кавга. Со кавга пак останува проблемот нерешен, секој на своја страна и во вас сомнежот ќе работи. Ако решите да се разделите само напред. Еве јас лично имав сомнежи многу. Неосновани беа. Па си ги расчистив. Едно само ми остана нерасчистено. Убаво се сеќавам дека маж ми требаше да оди трета смена. Јас веќе бев заспана, не сум сигурна, но како да го слушнав на телефон да спомнува име на кафуле. Утре дента гледам во телефон порака од моја другарка, го видела доцна навечер седнат во кафуле со уште двајца мажи и две жени. Кога му го кажав тоа збесна, се налути, не бил таму. Го помешале со друг, како сум можела да верувам во тоа, па зошто не го сликала, како така зборувала таа, која била таа што ми рекла. Се сомневав многу. Ден денес не знам дали бил таму или не. Ама еве зошто би криел не знам ? тоа ми остана нерасчистен сомнеж, но решив да не мислам на тоа. Можеби не било ништо важно, па ете кога првично негирал, не сакал потоа да каже дека бил навистина. Не знам. Но седнав и јас размислив, ете и да бил, што можам ? Ќе се разведам ? Не нема. Зошто да копам ? Не му знам лозинки на акаунти, ниту телефонот знам да му го отклучам. Не знае ни тој на мене. Ама ете еднаш го заборави телефонот дома, имаше пуштено цртан на детето, и јас максимално ги искористив тие 20 минути. Не најдов ништо. Само во search history видов нешто ама океј и јас демнам некогаш луѓе. Поентата ми е дека јас ако се сомневам и ако можам да откријам ќе ја мислам што ќе правам, ако не можам да влезам во траг веројатноста е дека не постои такво нешто. Па жена сум јебига, имам осет за такви работи. Ама да изигрувам полицаец не планирам да го гњавам. Ако само знае маж дека жената се сомнева ќе си ги покрие трагите и никогаш нема да биде фатен. Ако сакам да го фатам тој нема да знае дека следам. Ќе се наоружам со трпение и ќе одам до крај. Вие веќе сте почнале да го отплеткувате клопчето, разбирам нервоза, страв, но сте требале да почекате на договорена средба да им се појавите или ептен навистина нешто да фатите. Еве пораки за секс спомна едната девојка. Според мене тоа е доволно за понатаму да донесете одлука дали ви треба таков човек или не, односно дали можете понатаму или не.
Кој манипулатор. Ако сакал да го зачува бракот немало да пишува со други, дури и за секс да инсистира.
Сега видов дека си пишала и пред 8 години те изневерил. Сега пак. Мислам дека е јасно каков сопруг е твојот. Одлично те манипулира. Кој еднаш изневерил, пак ќе изневери.
Бараат мислење, претпоставувам дека сакаат да чујат мислење. Исто како што ти напиша што мислиш и како ти си постапила, така имаат право и другите, не знам во што е проблемот. Друга работа е што ќе се примени како совет. Тоа е твоја одлука, си одлучила да не мислиш на сомнежот кој те јаде зашто не планираш да се разведуваш. За некого ова е дилбрејкер, за разлика од твојата постапка, пошто априори си одлучила да не се разведеш. Фер е да им дадеш слобода на другите да се пожалат, истресат и да чујат дека вака посматрано од страна (објективно и без емоции) мажите им се идиоти. Некој ќе го прифати тоа, некој не.
Прв знак дека нешто е вистина е кога манипулатор соочен во разговор доживува тантрум како одбрамбен механизам Тие само на вистина реагираат вака Тоа е така бидејќи едноставно ја потценуваат интелигенцијата на партнерот. Односно мислат дека се препаметни и дека вешто сокриле. Истовремено, такви мразат да бидат јавно разоткриени. Па намерно започнуваат кавга, ја префрлаат вината, дефокусираат, проектираат итн. Ако одлучиме да игнорираме, не значи дека ништо не се случило.
Nikakva zrtva ne bil toj poso sve toj zapocna svesno ni so sila ni go natera nekoj sakase pa ja molese 5 meseci da imaat seks Tocno ama gospodinot so nadez deka nemat da doznam jas makedonina toj germanija i si uzivase Da pred 8 godini isto i toa vo puf plateno so pari da ima seks I jas se plasam veke da mu veruvam ednostavno nemozam da zaboravam nisto i na kraj pak sum jas kriva pak jas ne mislam na idninata od decata demek toj se pokajal sega sakat da zaboravam sve i da odime napred zgresil moment na slabost slabost sto traese 5 meseci i ako ne doznaev jas ke traese i godini
Добро бе жено на кој начин уште сакаш да ти нацрта тој идиотот што го нарекуваш маж, дека не те ферма ни два посто? Епа вие само замижвајте и простувајте утре и дома ќе ви ја донеси швалерката и ќе ти речи оти ти си крива!
Не дозволувај да ти ја заебава психата. КОЈ ИДИОТ! Тој не мисли на иднината. Ако мислеше немаше да иде со други. Не паѓај на неговите манипулации!!!
Мислам дека е најпаметно пред да си го искажете проблемот да пишете не ми треба совет туку чисто дојдов тука да се олеснам.Каков совет какви бакрачи сакал секс и уште седиш со него ради децата.Кога веќе се решавате да останете ради децата ќутете не се карајте барем изглумете пред децата.А не ради нив го трпам а децата постојано патат зошто вие сте решиле секој ден да му мавате по нос зошто така направил.
Слобода да се изразат да. Не забранив и совет да побараат меѓутоа од каде ние би знаеле ? Како стојат работите меѓу нив ? До каде е некој спремен да оди ? Знаеш колку пати јас така охрабрена од некого сум носела погрешни одлуки ? Секако да се истресат, може. Но јас од лично искуство се што сум пишала на форум некој го користел против мене, т.е. го извадил од контекст, донел заклучоци за мене врз основа на само еден искажан став или една ситуација.
Не забрани, ама почна со едно ептен неокеј предупредување Зарем на жена на која муж ѝ ја вара со години, за што самата пишува и раскажува, треба да ѝ се каже да внимава да не биде охрабрена да донесе погрешна одлука? Како е тука развод погрешна одлука? За каков брак зборуваш, за каков однос, за каква динамика, ајде малце конркетно? Што ќе ѝ пишеш ти на жена која со години е манипулирана и варана од маж ѝ, да размисли? За што да размисли?
Охрабрување да се остане по секоја цена во брак, ма каков е тој брак со маж кој паралелно има секс со друга? Како може некоја да биде лажно охрабрена или изманипулирана да донесе погрешна одлука? Каква црна одлука, брак со таков варач се знае дека е осуден на пропаст!
Не знам што не е океј. Една претпазливост треба, не повеќе. Не советувам ништо. Не сакам да имам влијание врз нечија голема одлука. Баш од причина што не ја знам цела приказна. Не можам да кажам да остане во брак со манипулатор и изневерувач, но не можам да ја храбрам да се разведе, не знаејќи детали. Мора да размисли. Сама да донесе одлука. Многу често сум слушала тажни прикаски за изневерени жени, ама после сум разбрала дека тие уствари први се посрале во бракот или многу полошо го докрајчиле.
Жената сподели детали, секако дека ќе постапи како што ќе одлучи на крајот на денот, ова драматично споделување мислење значи дека ти непотребно се наоѓаш на форумов, тука сите споделуваат искуства и мислења, со дисклејмер дека крајната одлука е на човекот кој побарал мислење. Крајно нелогичен ти е ставот, барем потруди се малку поозбилно да го оправдаш, или па ич не се огласувај на темава.