Никако да не се задржи И темава не треба да постои Еднаш ако ве варале, пак ќе ве вараат Влага у крв Плус некој коа те сака, нема да сака со друг/а односи
Jas odluciv da se razvedam za brzo se vrakam Makedonija dosta mi bese lagi nepocituvanje trpi trpi nemozam jas nemozam da popravam nekoj sto utre zadutre mu ispadne sansa povtorno bi mi go napravil istoto vi blagodaram na vasite soveti pozdrav..
Dovolno trpev 17 godini da ne mi go rasturat brakot negovite roditeli trpi bratot trpimuja snaata za na kraj toj da unisti sve dosta mie ni prva ni posledna..
Кога ќе се случи неверство за мене е тоа крај на врска или брак (...без разлика дали ќе се повтори). Неверство и физичко насилство се единствени работи што не би можела да ги простам
Здраво. Накратко да раскажам моја приказна. Во брак сум 13 години, имам сериозен проблем со љубомора и сакам да контролирам, сум имала испади што не доликуваат на нормален човек. од пред некоја година почнав да се сомневам за колешка на маж ми и да му правам страшни тортури ( се срамам и до себе си што се имам кажано и направено). пред еден месец најдво кодиран разговор со неа на вибер, побарав да го отклучи, се направивме лом и го скрши телефонот укажувајќи дека му е доста од контроли и притисоци. работава во моментов е за никаде, не помага ни брачно советување. тој сака да почни од нула да се заборави се и да почниме со доверба и како ништо да не било. јас да престанам со испадите. но, случајно налетав на листа на повици, која не успаев даја прегледам цел и видов дека се слушале во перд кога не се работа, додека детево го носи на тренинг. се правда дека толку му било тешко што морал со некого да сподели, а бидејќи таа била личноста заради која почна се, разговарал со незе. се почувствувам отфрлен и несфатен од моја страна. одбива да ми даде целосна листа на повици и упорно ме моли да почниме од 0. ветува дека секој месец ќе ми дава детална сметка (свесна сум дека ако сака да комуницира со незе ќе најди начин) и дека јасно ќе и укажи дека од сега комуницираат строго професионално. се кршам на сто парчиња....не можам да ја извадам сликата од глава дека можи да продолжува со неа, а од друга страна не можам да поверувам, оти не знам погрижлив и одговорен татко и сопруг п.с. се колни дека физичко неверство немало и признава дека грешка е што воопшто зборувал со неа
Ако чувствуваш потреба да прегледуваш повици, телефони, мејлови, вибери немој да се мириш и продолжуваш понатаму. Во бракот треба да има доверба. Сама кажуваш дека си љубоморна, зошто? Најдете ја причината и обидете се да се договорите како ќе функционирате. Бтв некогаш емотивното предавство е поболно од физичкото.
Искрено ова ти што го правиш јас не би го трпела.Ако не правам ништо,и мирна ми е совеста,а сопругот љубомори без причина јас би се развела.Тоа е навреда и покажува какво мислење тој има за мене-никакво. Прашање е од каде доаѓа твојата недоверба и љубомора.И дали навистина има причина.Овој однос не е здрав и не знам како постои 13 години со толкава недоверба.
100 посто има нешто со неа. Ти седи сега мирна, не го притискај, не му збори ништо, нека си помисли он дека си се смирила и он ќе го спушти гардот и ќе прекине да биде толку внимателен, па земи следи го така еден ден кога ќе иде да се виде со неа, ќе ги фатиш, ќе го ишамараш, ќе му дајш документите за развод и ќе му земеш пола од тоа шо го има. Така се решаваат овие работи а не да се дереш како будала, ти да губиш живци а он да ужива.
Не е во ред толкава потреба за контрола ама не е во ред ниту неговото криење. Попрво одбрал да го искрши телефонот отколку да ти покаже зошто го заклучил разговорот, јас после тоа би ставила одма крај, а не почнување од 0. Не можеш да почнеш од 0 кога знаеш некои работи.
@mongolce Ужасна ти е туртурата, не знам како си можела да правиш таква туртура 13г и да не ти здосади. Камен да е ќе пукне од таква туртура, а не па човек. Јас мислам дека човекот си бара издувен вентил од тебе и го држи во брак детето, не знам што толку потреба имаш да контролираш се, а за жал не можеш. Ти 13г го контролираш него и сега гледаш дека имал разговори со колешка од работа, што бараш со човек 13г ако немаш доверба, зошто кога виде после целава ситуација со кршење на телефони не се разведе? Свесна си дека довербата е темел на една врска, брак? Свесна ли си дека од цела оваа туртура го тераш човек да го направи она што стравуваш да не е направено? Јас да сум на местото на мажот ти ни секунда не седам со тебе, одма ќе се разведам од тебе, а не да барам брачно советување и почеток од нула. Ако немаш доверба во него, разговарај па разведи се, не се малтертирај ти, а не малтертирај и други. Еден ни е животот.
Токму тоа му го кажав, повеќе ме боли што се зближил така со неа. Јас сум свесна за мојата болест љубомора и работам со психолог на тоа. Ама како да продолжам сега кога знам дека се во што се сомневав, испадна вистина.
Јас сум свесна за мојата болна љубомора, се борам со тоа и работам со психолог, не мора дополнително да ме осудувате. Доволно сум си казнета себе си. Пробавме со брачна терапија, тој не сака ништо од ситуацијата да се спомнува на терапијата, бара од мене да се правам како да не било и да се почни од нула. Ама замисли на еден забеган мозок како мојов кој не е мирен, некој му засилува анксиозност и му се инаети иако гледа дека го повредува. Од друга страна инсистира да остани со мене....знам дека сум крива за голем дел, ама решението не е да се сврти кон друга
Постојат две опции бил таков затоа си се сомневала.Втора,ти со твоето однесување си му станала одбивна па направил нешто.Како и да е,јас не гледам овде зошто би пробувале од нула.Ти после случкава ќе бидеш пољубоморна од претходно што си била
н не беше таков. јас љубомората ја носам цел живот и со претходни партнери (дечковци), само што сега алармантно почнав да работам на неа и ќе дадам се од себе да си помогнам пред се себе си, без разлика дали ќе останам со него или не. и би почнала од нула ако тој ми ја кажи цела вистина. инсистирањето негово да не кажува (дали е од инает или крие нешто), ме прави да не знам накај терам. а од друга страна инсистира да почниме од почеток и конечно да живееме
Па и мене некој без причина да ми прави испади, да сум верна да е се како што треба па од инает бе ќе го изварам или би му направила филм дека го варам. Бар нека не му иде џабе нервозата. Арно издржал типот со тебе 13 години.
Маж никогаш нема да признае неверство се додека не фатен на дело(со ретки исклучоци) И да почните,тебе секогаш ќе те мачи и нема да имаш мир.Верувам дека е тешко после 13 години да се стави крај.И после се пак ќе ти давал детални листи секој месец.Значи пак ќе биде истото,штом се бараат докази за верност.