човекот чува кодирани пораки ОД ДРУГА жена и притоа се слуша со неа. Па кој нормален нема да има испади? Мажов избрал да го скрши телефонот а не да и даде листа на повици. За каква доверба зборуваш? Не е тортурата виновна колку што е неверството. Дали ти би имала испади на љубомора така,без причина? Не. Епа и женава исто. Од друга страна, @mongolce е свесна за стојбата,дека знае да претера дека има патолошка љубомора... што правиме со мажлињава кои истото им го прават на жените а притоа не се свесни и уште жените им се цврсто унедени дека таквиот е во право и проблемот е во нив... Монголче штом посетуваш психолог остани на тоа не барај мислење овде.
И твојата љубомора е лоша. Језиво е некој цело време да ти дреме над глава, да те прати кај одиш, што правиш, со кого збориш, со кого пишуваш на фб, забрани за искачање и тн. Можеби и тоа го гушело цело време и се направил контра ефект. Не треба да бидеш премногу нападна. Дознај ја причината за неверството, а потоа одлучи се дали ќе се разведете или ќе продолжите. Но, ако продолжите, тоа ќе ти даде уште поголем мотив да бидеш љубоморна.
Најпрво тврдеше дека ги заклучил оти јас на најобични пораки реагирав бурно, таа му е колешка. А за разговорите вели свесен е дека било погрешно, ама не сакајќи никој друг да разбере се слушал со неа оти морал да се истиши некаде, а таа знаеше за нашите кавги од старт. Знам дека не е чиста работата и дека си давам можеби лажна надеж, ама пустото не е лесно да расчистиш така
Сега ќе излезе дека женава е крива, а не маЖето со кодирани пораки што изневерува! Море мрш таму остави го ти, зошто би ти бил потребен патолошки лажго! Стојам на тоа дека ни една љубомора не е без причина, тој си се швркал цело време, се слушал, овде жената крива оти била љубоморна! Бљак па уште го браните неандерталецот!
Членката кажа дека немала причина за љубомора претходно.А претходно се 13 години.Па сега замисли некој психички да те малтретира 13 години.Затоа што е жена секогаш треба да се застанина нејзина страна.?И со претходните партнери била иста. Читајте ја целата приказна,а не само тоа што ви одговара
Сигурна сум дека ја јадел некаков црв за да има љубомора! На крајот ќе излезе жртва изневерувачот и секако дека ќе ја убеди дека таа е за лекување. Обично така оди тоа..
Со сите партнери??Ние коментираме на тоа што се пласира овде.А членката се изјасни дека немала причина.Имала,немала тоа никој не знае-не живееме со нив.И јас колку што разбрав двајцата одат на брачно советување
Чекајте малку, како е членката крива за нејзината љубомора кога се испоставува дека сепак е оправдана? Јас сум против болна љубомора дефинитивно, и не мислам дека една врска/брак се гради без доверба, но нели мислите дека имало некои знаци кои ја натерале да се посомнева за така да реагира? И како после сите пронајдени разговори кои тој сеуште одбива да и ги покаже, таа е крива? @mongolce Ако сакате да имате нов почеток мора сите карти да се отворат па после тоа да одлучите како понатаму. Не може да одбива да ти ги покаже пораките а да бара да се смирите. 100% има нешто штом одбива. Не оправдувам љубомора без причина и верувам дека треба да работиш на себе, но во случајот твојата љубомора се покажа оправдана. Дали сопругот од цело семејство кое претпоставувам го има, роднини, пријатели, најде да раскажува приватни проблеми на колешката од работа, баш таа истата поради која и започнале сите проблеми? Ти му веруваш дека немал ништо со неа? Како па да не. Жал ми е, ама да дојдете пред развод и сеуште да не сака да ти ги покаже разговорите, не може а да не крие нешто. И дали ако имал нешто со неа ти сепак сакаш да се смириш? Нели мислиш дека довербата е изгубена целосно? Како би продолжиле понатаму? Верувам дека е многу тешка одлука, посебно после толку години заедно и затоа ако мислиш дека би преминала преку се, нема да ти речам да не му даваш шанса иако јас лично не би му дала. Ама постави му ултиматум. Нека ти покаже се, па после тоа продолжувате и ќе работите на бракот. Поинаку никако.
Јас да сум на местото на маж ти би се развел од тебе без око да ми трепне а не да те молам и да почнувам од 0. Немаш право да му приредуваш нервози и стресови, ај ако не и муабет да прекине да прави и да стави фластер на уста за ти да бидеш задоволна. Разберете веќе еднаш дека тој кој решил да оди со други женски ќе најде начин и време без разлика колку и да го контролирате. Уште повеќе инает ќе го фати. Не ви се сопственост ако сте во брак. Помирете се со фактот дека може ако сака да најде друга и може да се разведе. Со сила убавина не бидува. Мислам ти си знаеш, твојот однос према него си е твоја работа. Ама ако му прекипе некој ден од испадите да не те читаме после по други теми. Од примери што ги знам, најмногу се склони кон изневерување мажи чии жени сакаат да ги стискаат, контролираат и секојдневно да ги испитуваат. Јас мислам дека не те изневерува ама сепак се пази од тебе оти и за обичен муабет да е ти ќе правиш драми.
Ама она е цел живот така. Еве пишала и со други дечковци била љубоморна. Извини ама еден дечко да има испади на страна ќе речеш оправдано е што е љубоморна. Ама сите да ја изневеруваат за да има причина за љубомора некако не ми е верно. Она едноставно нема доверба во нив.
Маж ми е тип на човек кој секогаш сака да е чист и безгрешен пред другите. Нема да дозволи да се разведеме и другите да разберат дека тој ја усрал работава. А другата е мажена со дете, па ако се разведе не знам баш дали би бил со незе
Нема збор. Има луѓе кои се љубоморни и без причина и кои треба да работат на себе, затоа и и посочив дека на проблемот за кој е свесна дека го има, треба да работи, прво лично за себе, бидејќи потенцира дека сака да контролира и дека од секогаш била љубоморна во врските. Ама исто така таа веќе има докази од разговори и кодирани пораки меѓу нејзиниот сопруг и баш личноста на која се сомневала. Пораки кои тој сеуште одбива да и ги покаже, а се на раб на развод. Ако беше чист досега ќе и ги покажеше и ќе имаа можност да работат на бракот. Наместо тоа тој само ја моли да се смират...
Дали е она опсесивно љубоморна нема врска со фактот дека тој имал кодирани разговори со колешката (кои бај да веј не сакал да ѝ ги покаже на жена му, а зошто ако нема што да се скрие) и плус ѝ се јавувал телефонски во период кога жена му не е до него. Да не се заебаваме сега, да, постојат болно љубоморни личности, можеби она генерално во животот во нејзините љубовни врски прави од мравка-слон, ама ова не е тоа.
Јас незнам како премижувате на кодираните пораки шо не сакал да и ги покаже и затоа го скршил телефонот.... Па ќе и давал листа на повици секој месец, yeah right.... он ќе си земе друг телефон или картичка за да комуницира со госпожата. Од толку многу луѓе он баш за неа се фатил да и кажува шо му е тешко, да се жали од жена му дека била љубоморна а знае дека жена му е љубоморна баш заради неа.... Тука 100 посто има нешто.
Да, не треба да е човек болно љубоморен, а членката работи на тоа колку што прочитав. Но мажот ги дава сите знаци дека има нешто, и има право да се сомнева таа без разлика колку љубомори, бидејќи нејзиното нема врска со тоа што тој прави. И "да не се трпи" не треба да е изневерена, туку да ѝ кажи отворено дека нештото не оди. За мене после неверство нема "зачувување врска/брак", тука е крајот, така да тоа и би го советувала.
Сега е таа на дневен ред. Во иднина може ќе прави муабет со друга колешка која нема да е мажена и со дете. Друго ми е зборот. Или треба да се прифатите меѓу себе такви какви што сте и да поработите на довербата или пак да не бидете заедно. Што сакаш да постигнеш? Да не смее ниеден збор да размени со друга жена? Тоа што крие од тебе муабети крие оти бега од расправии. Гарантирам дека и да бил муабетот од типот здраво, како си и што има ново ти пак ќе си правела проблеми. Маж кога притиска и ограничува жена тоа се смета за насилство и така е. Епа и обратното важи. Претеруваш и мислам дека не те изневерува ама си има муабет со неа. Или да речеме дека те изневерува и лаже, па тогаш ти не би требало да сакаш да бидеш со таков. Мој став е дека брак не треба да се зачува по секоја цена.
Сакав ова да го кажам но еве те подржувам, типов искочи јагненце. Женска интуиција не е за потценување, затоа и реагира членката така. Каков е тој изговор ти ми досаѓаш па еве сега ќе зборам скришно со колешки. Зошто не збори со колеги, пријатели?! Баш е зацапан со колешката па и заклучени пораки, па и слушање надвор кога жена му не е во близина. Не ја гледам потребата на мажов со колешката.
Можеш и со нејзиниот сопруг да поразговараш дека твојот има кодиран чат со жена му, дека крши телефон да крие докази и дека само она му е доволно блиска за тешки разговори. Нека не те прават будала што си љубоморна, нивниот престап е далеку поголем