Е ова би ти било само влошување на состојбата а и доказ на твојата прекумерна љубомора. Ти имаш проблем со него не со неа.
Ќе бидам директна, зашто гледам 2 страни се вергла за љубомората твоја. Тоа секако ќе си го решиш. Човек што разговара со колешка после работа често, секогаш кога има слободно време и има кодирани разговори(само не ми е јасно зашто не ги брише муабетите) не само што таа колешка му е швалерка за бејсик потреба секс, туку е и емоционално внесен во врската. На тебе е дали ќе се разведеш или ќе си живеете така засекогаш.
Иако жената си кажа дека е свесна за проблемот и почнала да работи со психолог ја направивте партали, сите сме свесни дека таква патолошка љубомора не е во ред, свесна е и она. @mongolce за твој раат и мир, не барај совети тука, работи интензивно со психолог, на вас останува како го решите проблемот дома.
И што ќе постигнеш? Што ако си имаат отворен брак, што ако мажот знае и си тераат нивни правила.. и на крај зашто побогу да изиграваш психо. Па бетар ќе му потврдиш на твојот дека си патолошки љубомора. Не ти е она проблем, пробелм ти е твојот.
За да докаже дека нејзината љубомора е оправдана.Не сака ни да остане со него па ни да се разведе.Јас не можам ни него ни неа да ги сфатам зошто се во брак.Најверојатно како и сите заради децата
Знам ама еве ја убедуваат овде дека има и за што. Само мене ме интересира што ќе беше ако маж го напишеше ова.Дека и прави сцени 13 години на сопругата и е посесивно љубоморен.Имаше да го растргаат жив.
Јас не би ја трпела ни година дена а не 13. Не го правдам дека има љубовница, ама да ми прави сцени некој 13 години и да си бил верен ќе ја изварам, и ќе си одам. Колку да не биде џабе нервозата де.
Изневерена си милион посто и тоа не еднаш Остај шо те праат психо луда дрндрн тоа батали го Одговори си дали сакаш да продолжиш со маж ти после неверство негово Тоа е најбитно П.с иако го скршил телефонот вибер контактот е сеуште заклучен и скриен И на друг телефон може да го отвори
Мислам дека твојата контрола, љубомора или како и да ја викаш, произлегува од сомневањето дека маж ти прави нешто што не е во ред со колешката. Најверојатно потсвесно и ти било јасно, само не си сакала на глас да си го кажеш и да се соочиш со тоа. Довербата не се гради со : ај ќе заборавиме на се', ќе почнеме од нула. Туку баш од хаосот во кој што сте сега, треба да почнете полека да одите кон стекнување доверба. Ама не може да ја прескокнете и заобиколете ситуацијата. Ако и двајцата не сакате да работите на тоа, тогаш мислам дека нема потреба што понатаму да разговарате за да останете заедно. Маж ти треба да биде искрен, без детски приказни ќе ти давам листата на повици да ја гледаш. Па и телефонот го скршил... Крие нешто повеќе од тоа што ти кажува, зошто би со скршил. Не е тинејџер казнет па да се однесува така. Само ќе си го трошите времето, нервите и ти пак секој ден ќе бидеш на штрек дали тој е променет, ќе му ги анализираш потезите, па дали дава знаци дела прави нешто и тн и тн. Едноставно тоа не е живот кој би требало да се живее. Не може да има друг телефон, број или да комуницира преку некоја 5та апликација со некој? Глупости живи. И да, не верувам дека сами би можеле да ја решите ситуацијата доколку сакате да останете заедно. Ви треба брачен советник, и те како.
@mongolce Моја билиска имаше слична ситуација одамна, ја имам веројатно и споделено на форумов негде. Имаа отприлика 10 години во брак и мали деца кога се случи ова. Таа цел живот беше таква - слично како тебе. Љубоморна на начин што цело време контролираше ама тоа замотано во грижа и љубов кон другиот до степен да се угуши во врската. Знаеш, кога се слушаат по стопати на ден демек од што не можат еден без друг. И покрај таква суперконтрола испадна дека маж успеа да најде време и место за колешката од работа. И таа мажена со дете. Му нашла детална листа на повици од мобилниот, приметила дека еден број се врти често и љубомората ја тераше да истражи. Бројот бил во именикот кај него со лажно име мемориран. Го прашала за него маж и и дал некое глупо објаснување зошто жена се јавува на бројот од колегата (демек жена му по грешка, нешто). Го провери бројот на вибер и и даде профил со слика од колешката, ја истражи уздуж и попреку. Пукна тиквата, го фати во лага. Прво беше овој муабет истиот - дека сакал да разговара со неа, да си олесни кога биле некогаш потскарани да си каже маките, дека немало физички ништо и дека не се во контакт повеќе зошто тој бил решен да си седи мирен. Се наврати женава на сите чудни моменти кои ги имала во бракот, недојаснети траги кои ги наоѓала, се наврати на списокот на повици и ги поврза точките. За чудо големо, за едно изгледа не лажел - комуникцацијата им прекинала некое време пред да го открие. Тој никако не признаваше дека имало нешто сексуално ама емотивната измама неа ја болеше уште повеќе. Зошто требало да биде побарано утеха на туѓо рамо кога имал мака. Што беше полошо, и во убавите моменти кога биле заедно или биле на одмор, тој место со жена му си разговарал со колешката, не само кога се карале. Се разделија еден период, секој во различни станови. Женава го најде мажот на колешката, му се јави и му кажа што открила и во што се сомнева. И тој прво што и кажал е дека и тој се сомневал за жена му. И земал број од него и договорил средба со него. За среќа само со разговор поминала средбата и без тепачки, со акцент на тоа дека имаат деца и едните и другите и дека треба да си се приберат и да си мислат на децата. Инаку за тоа што имало меѓу нив двајца, истата приказна му ја кажал и на нему како и на жена му -дека не била сексуална врската. И дека повеќе не комуницираат и дека нема да комуницираат. Жената по извесен период му прости, зошто тој ја премоле да се врати и да се смират и зошто си ја докажа одлучноста да не му се повтори. Не почнаа од нула, туку напротив убаво го запамтија тоа и двајцата. Таа на почетокот од помирувањењто имаше огромен проблем да прејде преку преварата, нон стоп и се враќаа мислите на тоа што било и ја облеваше тага, недовербата пак и се враќаше. Никогаш не докажа дека имало и секс, но самата велеше дека емотивната измама боли и повеќе. Со тек на време се помалку мислеше на тоа што поминаа. Еве ги сега се уште заедно, бракот им е посилен од претходно и децата се веќе пораснати. Така да не е работата дали да се остане заедно после неверство, туку дали ќе се смени нешто во врската за да таа потрае. И таа стана посвесна дека го гушеше и дека беше љубоморна и дека коренот на проблемот од таму влечеше. Не дека само тој требаше да направи промена кај себе за да им успее бракот.
По ова што го кажуваш, излегува дека другарка ти ја убедиле дека таа е виновна(поради љубомората) за неверството на маж и. Сум имал љубоморна бивша и не ми паднало на памет да разговарам за тоа со друга жена(мажена) да ми олесни. Ако ми требало да зборам со некој со другар би зборел. Уште помалку да почнам секс да имам со друга жена на која би го растурил бракот.
За љубов и војна двајца треба. Нема тука еднострана вина. Ако градиш врска на недоверба, тоа и ќе добиеш. За неверството тој сам решил да го направи, секако. Ама таа сама ја направила својата врска токсична.
сепак според мене ако партнерот ја прави врската токсична истата треба да се напушти а не да се користи како оправдување за неверство
Неретко афера може да зацврсти брак. Ама за тоа треба двајцата да бидат со екстремно висока емоционална интелегенција и желба да го спасат односот.
Извини ама ова нема никаква врска со емоционална интелигенција, туку другарка ти е глупа ко стап, и исто така ова е многу лош совет шо го даваш.
Зашто мене ми реплицираш? @Cosmic Girl постирсше за другарка и. А инаку да, има случаи кои афера има спасено брак. Ама да не навлагам во детаљи.