Не уред е се сложувам потполно ама еве ако сака ја немам против да ми земе телефон и шо сака нека прае, па луѓе сме се гледаме околунас па ете ако решила шо е толку голем проблем не разбирам
Фала богу дека е приватност, ниту сакам да ми го зима, ниту му го зимам. Кој курац има да ми го зима телефонот? Дали мислиш дека доверба се гради врз основа на телефонот? Ако некој сака да направи нешто најмалку ќе најдеш нешто во телефонот. Не се правете прости. Пошто тоа е моја приватност, приватност со мои другарки, роднини, родители. Зошто да ми гледа по телефонот да ми чита некои доверливи работи што ми ги има доверено другарка ми, мајка ми, татко ми, итн? Не, не може да провери. Ако сака нешто ќе ме праша, а не да ми копа по телефонот. Глупости во боја.
Ама океј е братче да го земе,нека го земе. Ама ако сака да проверува разговори да ровари по телефон и да глуми Хорацио Кејн боље да не сме веќе заедно
Тој шо ја нема мувата на капата ништо не му прече Бато, ама ајде секој свој живот како им е убаво така нека живеат
Нема потреба да помисли да ми го земе телефонот, исто како што јас не помислувам да го земам. Јас кога се мажев не одев на карта да се дупам јас или он со други. Доверба не се гради врз телефон, ако некој сака да изневери ќе го направи тоа дур спиеш во кревет. Ровари си ти по телефони, далеку ќе стигнеш. После давање на пасворди оди пушти локација, па со кој си, што си, како си, зошто си облечена вака, така. Не се чувајте во златен кафез, слободата не се купува ниту со пари. Колку повеќе слободен, толку повеќе среќа.
Јас лично ни давам ни барам телефон. Д фак луѓе? 15 години со ист човек бев, еднаш не седнав да му копам. Ни на крај памет не ми паднало, ни па допрва би копала. Ако во некого немам доверба - нема да бидам со него, не ми треба доказ - толку е едноставно. Ако некој нема доверба во мене - нема потреба да се докажувам и правдам - секој по свој пат - баш толку е едноставно. Од толку работи на кои можам да мислам, ако треба да мислам дали се швалерисува партнерот - не ми треба да ми биде партнер.
Мој партнер така да скрши телефон наместо да ми даде да видам пораки...уште веднаш би било крај. Кај крши телефон па и пораките кодирани. @mongolce биди сигурна дека те има изневерено а за љубомората не се правдај тука и не барај мислење чим веќе работиш со психолог и си свесна.