1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се задржи бракот после неверство?

Дискусија во 'Брак' започната од maca1987, 2 март 2011.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Бракот е света работа,се основа врз база на взаемна љубов со надеж тие две личности да се надополнуваат да се радуваат па и да тагуваат со еден збор како две тела а една душа,ако се случи спротивното неверство никогаш не ќе можеш да си простиш прво себе си секогаш ке се прашуваш каде ти е грешката,зошто тој скокнал во кревет со друга, незнам недај боже да го доживеам тоа јас лично не би можела да продолжам да живеам а камо ли да ја делам истата постела со тој човек и колку и да го сакам па и да сум сама да немам каде да одам со таков човек дефинитивно не.Кога тој ми ја погазил љубовта,нежноста,вниманието што неуморно му го посветувам зарем вреди да се трудам да го задржам што ќе се случи ако го повтори тоа со друга жена. НЕ!Едноставно животот тече понатаму само што ќе се има вечна рана длабоко во душата и никогаш нема да се има доверба во ниту еден човек што ќе го сретнеш,а воедно секогаш ќе биде прашањето што да сторам за никогаш да не ми се повтори ова. нема БРАКпосле НЕВЕРСТВО :tmi:
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Зависи од карактерот на партнерот. Доколку не сте сигурни дека би можеле да живеете со такво сознание, подобро не се ни трудете да задржите таков брак-небрак.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Исто зависи и од тоа како сте дознале за неверството, колку време траело, зошто се случило и каков е ставот на личноста што изневерила.Кога ќе се разгледаат сите одговори со отворени очи и уши можеби ќе има основ тој брак да продолжи.Но секако желбата треба да е обострана и двете страни да се потрудат посвесно да учествуваат во тој брак.
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Последно време се' почесто и почесто слушам за оние отворени/слободни/нз ни јас како би ги нарекла бракови. Значи и мажот и жената си шврљаат на страна и свесни се за тоа и се као „се' е океј“ и не се ни трудат да се кријат од околина. И тоа го оправдувам, ама САМО доколку не размислуваат за деца. Зошто? Затоа што подобро е да си се најдат такви двајца со исти погледи кон тие работи отколку да залажуваат, повредуваат и рушат самодоверба на луѓе кои се' уште веруваат во традиционалните вредности на бракот како институција.

    Шокантното е тоа што во многу такви бракови веќе има деца. Е тука веќе ваква себичност не смее да биде дозволена. Треба да се мисли и на тоа дете, како ќе го прифатат во средината и тн. Барем нека се кријат...
     
  5. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Одговор на темава-никако!!!Јас не би простила,сигурна сум дека ќе се повтори
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Да советуваш никако не простувај , разведи се е многу лесно нели :!: ама ако има деца , убав брак години вложени заедно а не сум во кожата на жената туку така совеста не ми дава да речам разведи се . Сепак оваа одлука е на жената и не сме во нејзина кожа , познавам парови кои преживеале неверство и се посилини но знам и за луѓе кои иако се смириле едноставно не можеле да го повратат старото и џабе маката била , подобро веднаш да се разделеле . Но различни животни ситуации , различни луѓе , различни грешки. Не можам да солам памет , но знам со сигурност дека мора да е многу тешко и треба многу време и трпение да се врати бракот :) Ве молам воздржете се од коментари од типот- остави го не простувај , чим некој решил да проба сигурно дека има нешто за што вреди да се бори . Не дека го оправдувам неверството ,туку да не отежнуваме на жените кои и така се во тешка ситуација .
     
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Многу зависи од карактерот на човекот јас зборев лично за мене...Знам ќе му речам ајде ти простувам поради децата нели?Ама никогаш нема да заборавам.Јас треба да живеам со тоа секој ден...
    А и моите родители останале во брак поради децата(нас) па секој ден им беше пекол...Знам како е затоа одма реков дека нема да му простам!А децата(јас и сестрами) еве здрави живи сме омаживме,пак они двајца останаа и?И децата трауми и родителите за никаде...За тоа глеј си го својот живот кој заслужува нека биде во него да бидеме реални.Извинете сите за долгиов пост
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Неверство и физичко малтретирање се две работи заради кои веднаш би го прекинала бракот !!! Ни разговор ,ни објаснување ,ништо не би прифатила.Во истиот момент би се спакувала и себе и децата и би си заминале.Не гледам зошто би остана со некој кој се испразнил на страна или не дај боже ми ја залепил некоја.Глупост ми е и тоа да се остане во брак заради децата.Па заради истите тие деца и тој не требал да го стори истото.Мојот сопруг го дели истиов став и тоа го разјаснивме уште пред да стапиме во брак.
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не се однесуваше мојот пост за тебе , ги замолив сите . Всушност жената не бараше совет дали да прости или не , веќе простила како што разбрав бараше совети и подршка како да се справи со ситуацијата и да си го врати бракот , јас бидејки не сум била во таква ситуација нема да отежнувам со осудување , само знам никогаш не вели никогаш ;) (многу е лесно од страна да се збори )
     
  10. Milicka77

    Milicka77 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Здраво!Нова сум на форумот,поздрав до сите..Би сакала да споделам слично искуство.Сексот ни бесе редок па имав причина да се сомневам.Почнав да го проверувам тајно и пред неколку месеци го фатив мм како си пишува со друга ,но не ми призна дека имал нешто освен пријатели.Работи во друг град и понекогаш спие таму (мора поради работата),а таа другата баш од тој град. :@ Јас утредента и се јавив и ми вика демек соработка имаме ,јас сум мажена како така смеете,сега ке го раскинам договорот со неговата фирма и ќе му ја кажам прицината на газдата негов па нека го избркаат...бла,бла...И кога му кажав дека и се јавив и што таа ми рече(за договорот за работа)ми вика добро нека го раскине.Ама кога би било така тој би требало да ме искара демек како така си се јавила сега може да летам од работа и сл.,но не рече ништо.Апла им беше договорена работата. ;( Од тогаш наваму ми вели дека не се слушал повеке,грешка демек ова ,она,но кога спие во тој град излегува,демек со колеги,некогаш не е достапен(полнач заборавил),не ми крева некогаш(се успал демек)и сл.Е оттогаш сексот е почест,но пред некој ден најдов картичка за моб во неговиот џеб,му кажав, си ја нашол демек :o и звонам на бројот (стигна порака за испуштен повик на таа картичка),но никој не ми крева а упорно звонам.Е сега незнам што да правам.Несакам да го изгубам имаме детенце мало,заради детето едно,друго заради моите мислам дека не би го издржале тоа,и трето го сакам сеуште иако ме тишти тоа и нон стоп мислам каде е , со кој е.Сакам пак да ме засака.Ваше мислење ако може?Фала и поздрав
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Значи мора да бидам директна, ама кога ќе прочитам вака какви се' не ѓубриња рани земјава ми се плаче ;( (извини).

    Велиш поголем дел од денот не се гледате, работи во друг град и сл. Значи не постои сигурен начин ти да го натераш да не те изневерува, ако така си е програмиран, дури и мед и млеко да ви е во бракот, ќе го прави тоа. Она што можеш да го направиш, а очигледно и го правиш е да се трудиш времето кое ќе го помине покрај тебе и детето да му биде што попријатно, да се погрижиш малку за сопствениот изглед, да се потсетиш и да ги практикуваш навиките и постапките кои го натерале да се вљуби во тебе затоа што штом оформил дом со тебе некогаш сигурно постоело тоа, а можеби дел од тоа се'уште и постои.

    Кога ќе биде послободен, предложи му да одите на некое место да се одморите малку, оставете го детето кај роднини барем за неколку дена и потсетете се на таа возбуда која постоела во вашата врска (почеток на брак како помлади, а и се'уште сте млади). Можеби тоа ќе го направи едвај да чека да си доaѓа дома од работа. Можеби ако успееш да ја вратиш возбудата во вашиот брак од порано ќе му ја оттргне идејата да биде со друга. Мора секогаш да се одржува баланс меѓу пасивниот и емотивен дел од вашиот однос и оној страствениот.

    А не би ти било лоша идеја некако да успееш да добиеш информации каде работи и како му изгледа работниот ден. И во иднина се' додека немаш нешто конкретно: сниман телефонски разговор, сочувани пораки и тн, никако не му давај до знаење дека знаеш нешто затоа што ќе стане уште попретпазлив и потешко ќе можеш да извлечеш од него дали/што крие...

    И онака, совет плус. Нз колкаво ви е детенцето, ама јас ти препорачувам како што тој излегува со колеги и сл. и ти да почнеш полека полека да си го будиш социјалниот живот кој претпоставувам мајчинството го ставило малку на стенд бај. Опушти се малку, дружи се со пријателките, нека ти се врати малку насмевката на лицето.
     
    На imelda и danichap им се допаѓа ова.
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во ниеден случај нема да простам неверство, па каков пример ќе им дадам јас на моите деца? Немојте да сте среќни???? Трпете лага и болка??? И утре кога ќе почнат да разбираат мама и тато нон стоп ќе се караат а тие ќе имаат трауми а тие ќе мислат дека е поради нив. Среќно дете не е само она дете кое ги има и двајцата родители, а уште помалку среќно е ако има 3 родитела.
    Направил фраерот деца, се оженил и бравооооо он сега ја завршил должноста па може да прави што сака. Ако бракот е свет, ако не е лесно да се разведеш, што има свето во прељубата???? Лош пример за децата во секој случај, мама седи дома чува дете а татица голем маж ужива е браво бе!!!
     
    На SimonaTino и AIT им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ниту пак јас, но има луѓе кои можат да поминат преку тоа. А и Миличка е очигледно растена во попатријахална фамилија во која e учена дека бракот е лесно да се заврши, а тешко е да се сочува. Сепак, таа најубаво си знае. Можеби е добар кон детенцето и му удоволува, нејзе не ја малтретира и не е насилен со неа, им овозможува комфорен живот, нема пороци како коцкање и пиење, па не сака заради некоја простакуша која немала попаметна работа отколку да се меша во туѓо семејство да го изгуби сето тоа. Причини зошто некој би го оправдал тоа има многу, а јас лично не би. Мојата гордост не би дозволила такво нешто. Санки јас неам хормони и не паѓам во кризи, па чекам да ми поминат и не се залетувам како денес да е последен ден.

    На темава сум како АИТ - насилство и неверство се двете Н што не ги дозволувам во мојот брак.
     
    На SimonaTino и AIT им се допаѓа ова.
  14. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Искрено според мене, не постои начин да се задржи бракот после неверство.

    Замислете заљубени сте, се’ ви е “совршено“, деца, дом, “хармонија“, и одеднаш дознавате дека партнерот ве изневерил. Целата таа тн совршеност паѓа во вода. Барем мене се’ би ми се срушило.
    И не постои начин, постапка, време, зборови или било што на светот што ќе направат да заборавам, простам или преминам преку тоа.
     
  15. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Јас имам речено се ќе простам но неверство НЕ! И според мене бракот после неврество не може во никој случај да се задржи, и тоа поради многу причини. Некој ќе рече ами поради децата не можам да се разделам, а тоа е најлошо за децата, мислите тие не сваќаат дека мајка му и татко му не се сака, не се во хармоничен брак, дека се што граделе е срушено, тие сето тоа го СВАЌА и ќе се затворат во себе како секое друго дете ќе сакаат мајката и татко то да ги поврзат и кога нема да успеат ќе се разочараат и подоцна ќе пораснат како комплексирана и личност која е со нецелосно изграден карактер. Па затоа според мене е подобро родителите да се разделат и така детето полесно ќе свати и побрзо ќе се прилагоди на ситуацијата.
     
  16. Milicka77

    Milicka77 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Фала за советите.И јас пред да се омажам сум викала неверство не простувам ,ако друго е во брак и со дете.Тогаш ти не се ставаш во прв план,туку го ставаш детето.Се надеваш дека проблемот ќе заврши и дека не треба одма да ставиш крај.Не треба одма да донесеш заклучок дека треба да се разведеш.Што ако се реши проблемот?Зошто да избрзам и да го оставам детето со еден родител?...Тоа се прашања кои ти се вртат во главата.Инаку одевме 7 год и во брак сме 6 год,не ме тепа,не се пијанчи,помага по дома,плата носи дома,и со овие работи се тешам.Се беше ок ,освен оваа последната година.Од така сум воспитана,никогаш не сум и нанела срам на моите дома ни како мома,па се плашам дека ова сега за нив би било удар.Тие незнаат ништо,и знам дека би ме подржале да сакам да се разведам,но знам дека тоа ќе ги скрши засекогаш.А вака...јас се кршам...пропаѓам...плачам и кога никој не ме гледа и навечер.Понекогаш размислувам да го заплашам и да си одам на некој ден,но си викам што ако тоа го сака,ако не дојде по мене,ако му се бендиса сам...Ми вика ти си замислуваш дека не те сакам,ти сакаш романтики,јас не сум таков,окапан сум од работа.А кога одевме како беше романтичен му викам,ми вели еее тогас помали сме биле,не сме имале обврски никакви...А некогаш знае да покаже љубомора,каде беше,со кој беше,да не лажиш.... а многу почесто е незаинтересиран,отсутен...
    Извинете за долгиот пост но ми олеснува кога има со кој да споделам она што ми тежи.Дали има некој со искуство да ми кажи како поминало,дали се средило,што да превземам,или некој совет од машко како да се понашам со сопругот дали ладно или .....Фала

    Уште нешто да напомаенам,не седам дома,одам на работа,излевам со другарки се дотерувам не му е тоа проблем.Но еднаш при првата кавга кога го фатив за пораката ,му реков дека ако продолжи вака ќе ме даде на друг :doh: и дека поради неговото игнорирање сум помислила и тоа да го направам :!: (секако не)и дека дури и ја знамособата со која би го направила тоа(нема врска,тропав у нервоза само).Е тогаш почна демек ааа така ти си најде резерва ,па почна да плаче,демек ме сакал,демек само сумљам без потреба и такви глупости.
     
  17. AlalVera

    AlalVera Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    51
    Срце. :) Не знам како изгледа неговата приказна, ама не е ни важна во случајов. Секој меѓусебен однос, без разлика дали е брак, бизнис, што и да е, се темели или барем би требало да се темели на фер однос. Ако еден го прекрши тој однос, тогаш треба да му се врати мило за драго.

    Стисни заби и почни и ти да излегуваш. Многу е полесно да се направи маж љубоморен отколку обратно. Ти се бендиса некој, легни го. Ако не, испи три текили на некој шанк, сликај се со мобилен и објави на фејсбук. Пишувај срциња на фејсбук на некој рандом сељак. Ако маж ти не се врати дома да те моли у рок од 7 секунди, пљукни ме.

    Кога ќе дојде, ако си паметна, ќе му речеш „ти чувај го детето“ ја имам договорено со колеги денеска, тројца се, не ги знаеш, ќе разговараме за работа, кај еден од нив дома. Guy wanna be cool, u be cooler.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milicka77

    Milicka77 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Благодарам АлалВера за времето одвоено и мислењето.Бев излезена пред нова год.со колешки и колеги од работа(и тој со неговите колеги).Кога си дојдов вечерта ,си дојде после мене заматен и почна да ми лафи каде беше,со кој,ме изневеруваш ли?Немој да разберам оти не знаеш со колку јас само можам да ти вратам...Бла,бла.. Па имаш шанса да ми кажиш ако имало нешто да не разберам од друг и да биде полошо...Па потоа ајде секс имавме(истата вечер) кој што беше многу добар :P и на сред секс збори дека подобар од мене не наоѓаш...бла бла.

    Е сега ме буни тоа што ми прави топло ладно цело време.Дома исклучува музика на мобилен па демек ее не приметил дека се исклучила :fubar: Па има денови кога е се развикан и не ме погледнува,се е изговор изморен сум.

    Дали ти би се заинтересирал(мислам во кој смисол би се заинтересирал повеќе за неа) како машко зошто пример жена ми ме игнорира, дај да видам што ја запоставив,да не ја изгубам или би сакал да ти оди по газот и да се прави како се да е у ред.

    Фала и поздрав
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Миличка77, мое мислење е дека тој ќе е „врзан“ за другата се` додека му е убаво со неа, за жал. Во моментот кога ќе им почнат проблемите во нивната „врска“, тој ќе се освести и ќе се врати кај тебе, т.е. својата фамилија.
    За џабе ќе се дотеруваш за него, за џабе ќе активираш односи и активности кои реално, тој можеби и не ги сака со тебе, туку со неа, па повеќе ќе си му терет, отколку „возобновување на страста“...

    Лично јас, би ризикувала и би му дала ултиматум - или ќе се среди во однос на мене, што подразбира никакви сумливи активности и моменти, а уште помалце тајни броеви и жени, или може да си оди кај неа, и тоа е тоа, тука завршува нашиот заеднички живот. Би била јако самоуверена (макар и лажно), во меѓупериодот би излегувала со друштво, без глупирања и пијанства (јас не сум за враќање мило за драго, честа и почитта сакам да си ги задржам) и би била смирена, макар и со Дијазепам :)

    Ризикот постои дека може и да не те одбери тебе, ама искрено, веројатноста е мноооооооогу мала, зошто вие сте 13 години заедно, и имате злато кое ве поврзува, а тоа е појако од било кој таен секс. Е, ако случајно ја одбери неа и ве остави вас - тогаш подобро и што си заминал, зошто ти со него би имала само нервози, стресови, нарушени денови и немир во душата, па ќе ти дојде нешто ко Спасение....

    Мој предлог ти е - стисни заби, и ако првичен озбилен и по малку претечки разговор не вроди со некаква промена, да му објавиш дека не планираш да си ничија замена, и тоа што си потпишала венчаница не значи дека цел живот треба да го трпиш, посебно Не ако не те почитува, прво како човек, после како жена.

    Со среќа, и смирено само. Со тесси се согласувам во делот дека треба да го следиш БЕЗ веднаш да му викаш, за да можеш да го набљудуваш еден подолг период, без тој притоа да се чувствува дека треба да се крие и маскира дополнително....
     
    На vlubena, mimiiiii, SimonaTino и 7 други им се допаѓа ова.
  20. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Јас не се согласувам со Алал Вера дека треба да легнеш со некој само да се одмаздиш или пак незнам објавување слики на фб ,со тоа би се деградирала себеси ,а и со тоа што ќе го направиш мажот ти љубоморен незначи дека ќе престане да те изневерува туку ке му биде само криво да има некој нешто што нему му припаѓа.Од друга страна може да има и контра ефект зборувањето дека ке направиш нешто со некој колега ,бидејќи така само ќе му ја олесниш грижата на совест дека ете и ти си го преварила него па сте изедначени.
    Јасно е дека ти и покрај се ти би му простила и би си го зачувала бракот ,е тоа е она за што треба да се разговара.
    Јас да сум на твое место отворено би седнала со него и би му рекла : добро јас знам дека ти ме изневеруваш не ми треба твоето оправдување ,мислиш да останеш со таа жена и да се разведеме,или ќе се обидеме да го сочуваме семејството.Дади му на знаење дека доколку не ја остави таа жена ти ке бидеш решена да си одиш ,и дека можеш и без него да го живееш животот ,но нека биде сигурен дека доколку и таа е омажена а тој разведен сигурно не би го оставила мажот да биде со него.
     
    На Kaja991, vlubena, Ariel и 3 други им се допаѓа ова.